Здраво! Јас сум Марија Антониева. Родена сум на 09.02.2003. Живеам во Скопје, Македонија. Многу сакам да пишувам поезија. Мојот мотив се секојдневните настани, чувства, случки од животот, но личноста која ме поттикнува во сето тоа е мојата наставничка Матилда Бајкова. Таа ми предава Македонски јазик. Да не беше таа, моите творби ќе останеа само празни зборови напишани на лист хартија.Еве неколку мои творби:


                                    ГЕСТОТ И ГЕНЕЗАТА
                                  СОЗДАВАЊЕ НА ПРИРОДАТА

                                      На црна основа,
                                 Без  ниедна бела точка,
                             Пополека почнаа да се насликуваат
                         Линии, тенки и дебели да се разликуваат.
                                   Нежни и силни форми,
                                     Во различни бои,
                                   Еден човек со брада,
                                    Кој на облак стои.
                                       Жолта боја
                                    На еден круг нави,
                                  За тој круг во иднина
                         Топлина и светлина на светот да стави.
                                     На едни измешани
                                   Дебели и тенки линии,
                                  Црвена боја им нафрли,
                              За во чест на љубовта да бидат
                               И насмеаните срца да ги китат.
                                       Со зелена боја 
                                 Половина рамнина ја прсна,
                           А другата половина со сино ја прели,
                                 А низ неа бранчиња бели.
                                     И трака на се околу
                                    Боја тој човек стави,
                                    И одмори во еден миг,
                               За потоа да создаде еден лик.
                                          На тој лик
                                         Име му даде,
                                      Живот да се вика.
                                 И  му нареди да ја поправи
                                       Шарената слика.
                                       На сликата веќе 
                                      Ништо не беше диво.
                                        Се беше реално
                                        И се беше живо.
                                                


                                        НАПИШИ МИ ПИСМО
                                        Кога далечината
                                  нашите две срца ги раздели,
                                   небото на две го подели,
                                 тагата на ѕвездите ја додели.
                                         Кога погледите 
                                   не се сртенуваат повеќе,
                                     се дават очите сјајни,
                                    оставајки безброј тајни.
                                       Тогаш моето срце
                                     тронка светлина бара,
                                     за тронка надеж лута,
                                     за мала среќа се кара.
                                   Небото во целина го сака,
                                 а ѕвздите од среќа да сјаат.
                            Погледите бар уште еднаш да се сретнат,
                                  очите од љубов да светнат.
                                       Напиши ми писмо,
                              бар за сигрно во солзите да пливам,
                                 за вечно во тагата да летам,
                             за секое утро на тебе да се сетам.
                                       Напиши ми писмо,
                             за  љубовта бар уште малку да трае,
                               мала надеж и светлина да најде,
                                 за спомените да не се кае.
                                       Напиши ми писмо,
                                 за да знам дека името мое
                               со лист хартија си го поделил,
                                и вечно нему си го доделил.
                                      Напиши ми писмо,
                                нека заврши сета оваа лага,
                                  лага од надеж составена,
                               на големи искушенија поставена.
                                И за да животот го продолжам,
                                    иако со солзи и тага,
                                       напиши ми писмо,
                                  па макар и полно со лага.


                                       ЗВУКОТ НА ТАГАТА
                                    Воздухот звук испушта, 
                              Преовладува со просторот во срцето,
                                   Ветува многу за иднината,
                                  Но и слугува на судбината.
                                   Звукот полека навлегува,
                                     Навлегува во очите,
                               Солзите ги пушта да се тркалаат,
                                       И вир да направат.
                                     Да почувствуваат студ.
                                      Милостлива насмевка
                                      Се скрила на усните.
                                 Се бори со звукот на тагата,
                                 Но пополека ја губи снагата.
                                        Звукот на тагата 
                                   И надвор почнува да владее.
                               Во листовите, во утринските роси,
                                 Во дрвјата и во цветните коси.
                             Тишина, тишина го завзема просторот.
                               Нема звук на тага, ниту на среќа,
                                Ниту на солза, ниту нанасмевка.
                                         Душата мирува.
                                       Срцето се одмора.
                                 Се подготвува за вечниот сон.
                         За вечното мирување, за вечниот небесен ѕвон.
                                     И конечно крајот дојде.
                                     Очите се затворија.
                                  Се затворија полни со солзи,
                                   Но и со насмевката тајна.
                                 И верувајте, ќе биде трајна.