Irena Celebic
Олга Панго (17 ноември 1971 година, Скопје, Македонија) е македонска балерина, кореограф и балетски педагог
Член на ЦИД – УНЕСКО – Интернационален совет за танц, под покровителство на УНЕСКО
Биографија
Олга Панго е една од најпознатите реномирани македонски балерини и кореографи. Oд 2016 година таа e уметнички директор на балетот при Македонската Опера и Балет. Својата кариера во светот на танцот паралелно ја гради како балетски уметник, раководител на Балетот при НОБ, но и како кореограф и балетски педагог, давајќи свој значаен придонес во развојот и афирмирањето на балетската уметност. Балетската едукација ја почнала во 1980 година во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ каде што ги завршила своето основно и средно балетско образование. Својата кариера како балетски уметник продолжила да ја гради во Балетот на НОБ. Паралелно го надградувала своето школување и во 2004 година дипломирала на Академијата за музичко и танцово искуство (АМТИИ) во Пловдив, Бугарија, а во 2005 година магистрирала на истата академија со класификација балет-мајстор, педагог, кореограф.
Работно искуство
Работното искуство од најрани години го гради во својата матична куќа НОБ. Дел е и учествува во сите аспекти на развојот на балетот како уметност, како балетски играч, но и како педагог градејќи идни генерации успешни балетски уметници со кои ги споделува своето знаење и искуство и го води македонскиот балетски ансамбл со прецизна визија за развој на оваа уметничка професија.
2017 година – уметнички раководител на Балетот при НОБ
2017 година – в.д. директор на НОБ
2016 година – уметнички раководител на Балетот при НОБ
2019 година – учество на конференција и гала-концерт по повод 70 години Република Кина
2019 година – член на жири на ГИДС во Венџој, Кина
2017 – 2018 година – претседател на жири на балетски натпревар во Келн, Германија
2017 година – член на жири на балетски натпревар на фестивалот за танц во Реџо Калабрија, Италија
2017 година – член на жири на „Пловдив опен“, балетски натпревар
2015, 2019 година – претседател на жири на „Скопје опен“, балетски натпревар
2010 година – педагог, репетитор и кореограф во НОБ
1990 – 2010 година – солист во Македонската опера и балет
2007 година – балетски педагог во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“
2004 година – учесник во НВЕ (NWE) програмата за развивање сценски уметности во Скандинавија
2002 година – оценувач и заменик-претседател на Македонскиот центар за танц
2001 година – основач на „Денс инфинити“, здружение за развивање на балетската уметност
1996 – 2004 година – асистент на едукативната програма на Неделата на модерен балет на „Охридско лето“
Кореографии
Со своите кореографски дела таа остава посебен, препознатлив печат и преку своето творештво го унапредува современиот кореографски израз. Нејзините кореографии се дел од репертоарот на МОБ и ја афирмираат македонската балетска сцена во регионот остварувајќи многубројни гостувања надвор од земјава.
Кореографии на балети и драми
„Божиќна приказна“ – „Денс инфинити“, Скопје, „Трио“ - А. Меола, АМТИИ, Пловдив, „Откровение“ – Моцарт, АМТИИ, Пловдив, „Јас Исидора“ – балет, К. Букле, „Многу врева за што било“ – драма, НТ Битола, „Г. Министер“ – драма, МНТ, Скопје, „Баханали“ – драма, НТ Велес, „Врати“ – балет, Ј. Ибрахим, МОБ, „Невидлив град“ – Европска унија / Арт медија, „Цветна улица“ – Детски драмски театар за деца и младинци, Скопје, Академија „Завршна уметност“ – УТМС, „Лабин и Дојрана“ – Скопје, потсетување на 26 јули, „Прометеј“ – Турски театар, „Бура“ – Шекспир, Црногорскиот народен театар, „Отело“ – Турски театар, Скопје, „Ромео и Јулија“ – Истанбул, Турција, претстава „Земја на сонцето“ за Светскиот куп на ФИФА, „Коцкар“ – Народен театар Битола, „Пролет во јануари“ – Градски театар, Истанбул, Турција, „Ана Каренина“ – Народен театар од Нови Сад, Србија, „Рајмонда“ – Национален балет Варна, Бугарија, „Петото годишно време“ – монодрама, Народен театар Велес, „Госпоѓиците од Авињон“ – балетска претстава НУ Национална опера и балет, Скопје, „Ричард III“ – драма, Народен театар Нови Сад, Србија.
Кореографии во мјузикли, кабаре и оперети
„Животот е кабаре“ – мјузикл, „Арт медија“ и Македонска опера и балет, „Хераклеја и Лициниј“ – музичка драма, НТ Битола, „Свирач на покривот“ – мјузикл, НТ Битола, „Женска музичка драма“ – Турски театар Скопје, „Кабаре оркестар“ – кабаре, Албански театар, Скопје, „Чикаго“ – мјузикл, МНТ / МОБ, „Мама миа“ - мјузикл, МНТ, „Животот е…“ – кабаре, „Арт медија“, Скопје.
Кореографии во Национална опера и балет – опери
„Боеми“, „Џуџето“, „Лучија од Ламермур“, „Цар Самуил“, „Плаштот“, „Бал под маски“, „Јованче и Марика“, „Дон Џовани“, „Атила“, „Веселата вдовица“, „Орфеј“, „Хофманови приказни“, „Симон Боканегра“, „Адријана Лекуврер“, „Змејовата невеста“, „Магбет“, „Евгениј Онегин“.
Гостувања
Архус, Данска; Варна, Бугарија; Подгорица, Ц.Г.; Белград, Србија; Лајпциг, Германија; Солун, Грција; Европска културна престолнина Бургас, Бугарија; ЕКСПО Лисабон, Португалија; Tајван; Eсен, Германија; Саем за танц, Диселдорф, Германија; Саем за танц, Mосква, Санкт Петербург Русија; Tрабзон, Турција; Драч, Албанија; Истанбул, Турција; Прага, Чешка; Бијариц, Франција; Милано, Италија; Брајтон, Англија; Ринкобинк, Данска; Трабзон, Турција.
Награди
Како балетски уметник, кореограф и раководител на балетот при НОБ има освоено многубројни награди како потврда за нејзиниот уметнички талент и уникатен визуелен израз
1989 година – Сребрена плакета на сојузен балетски натпревар во Нови Сад, Србија 1988 - 1990 година – Бронзена плакета на сојузен балетски натпревар во Белград, Србија 1990 година – Прва награда на Републички балетски натпревар во Скопје, Македонија 2006 година – Прва награда за кореографско остварување за претставата „Јас Исидора“ на театарскиот фестивал во Трабзон, Турција 2008 година – Награда за кореографија и сценски движења во претставата „Женички“ на 43. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ 2011 година – Награда за кореографија и сценски движења во претставата „Кабаре Оркестра“ на 46. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ 2017 година – Награда „Златна бубамара“ за најпопуларен мјузикл „Чикаго” – Скопје 2017 година – Награда за кореографија и сценски движења во претставата „Отело“ на 52. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ 2017 година – Интернационална награда „Златна оревокршачка“ за достигнувања во балетот од Festival Internazionale della Danza e delle Danze, Италија 2018 година – Интернационална награда за најдобра претстава од фестивалот Grugliasco in Danza, Италија. 2018 година – Afife, награда за најдобра претстава во цела Турција за претставата „Ромео и Јулиа“, Турција 2019 година – Награда „Златна бубамара„ за „Ана Каренина“, најпопуларна балетска претстава, Скопје 2020 година – Специјална награда за кореографија за претставата „Ана Каренина“, Фестивал на професионални театри на Војводина, Р. Србија 2023 година – Награда „Златна бубамара„ за најпопуларна балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“