Првата детска амбасада во светот е основана на 29 Април 1992 година во Скопје, како светска асоцијација и прва регистрирана меѓународна, непрофитна, непартиска и невладина организација во Република Македонија за заштита на правата на детето. ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со седиште во Скопје е меѓународна, невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација за грижа, заштита и унапредување на правата на децата. Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е основана од: Гордана Пирковска-Змијанац и Драги Змијанац во Скопје на 29.04.1992 година. Детската амбасадата Меѓаши се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на детските интереси и преку збогатување на животот со содржини кои детството го прават сигурно и творечко. Го зајакнува НВО движењето за правата на детето развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето.

Амбасадата со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Taa го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи на злоупотреби и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата.

Првата детска амбасада во светот е членка во многу домашни и странски организации и тела, меѓу кои: Граѓанска платформа на Македонија, Куќа за човекови права на Македонија, Коалиција за правично судење,, Global March Against Child Labour, Defence for Children International, Child Right’s Information Network, Child Helpline International, European Foundation for street children worldwide, EUROCHILD, UNITED, и многу други.

Досегашни Деца Амбасадори и Конзули на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши: Калина Мрмевска, Мирјана Бошевска, Ѓакуш Кабаши и Стефан Плескоњиќ 

Оваа меѓународна организација, која е Амбасада на Првата детска земја во светот - Меѓаши, делува преку своите Амбасадори, Генерален Конзул и Конзул, трајни претсавници и почесни членови на Колегиумот, Детски дипломатски кор, Генерални Козулати, Конзулати, Конзуларни одделениа, и Канцлеарија во земјата и во странство, како и преку членовите во Македонија и во светот.


Амбасадор на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши е г-дин Коле Ангеловски. Дете амбасадор е Стефан Плескониќ Основачи nа Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија се Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац Извршен директор, м-р Драги Змијанац

Членови на Колегиум; Коле Ангеловски, Марија Доневска, Драги Змијанац, Ана Битољану, Реџеп Раими, Методија Најчески, Евридика Шашкова, Роза Василева, Благоја Чорески, Милица Панева, Зумрета Јакупи, Гордана Пирковска Змијанац.

ЦИТАТ ОД П О В Е Л Б А НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ “М Е Ѓ А Ш И” Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководители. Тие се еден народ кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања. Тие се народ кој најмногу страда во воените судири и човековите трагедии. ДЕЦАТА СЕ САМО ДЕЦА. “СИТЕ ИДЕАЛИ НА СВЕТОТ ПОБЕЗНАЧАЈНИ СЕ ОД СОЛЗИТЕ НА ЕДНО ДЕТЕ”. Првата светска амбасада на децата “Меѓаши”- Македонија имаа свои симболи(знаме, грб, химна и маскота). Идејата, името (ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ) и маскотата “БУШАВКО” се заштитени во Министерството за развој на Република Македонија-Завод за заштита на индустриска сопственост(жиг.бр.863,864и865/94)

Повеќе информирани за нашите активности и голем број на статии на македонски јазик за Првата детска амбасада во светот - Меѓаши може да прочитате на следните линкови http://www.childrensembassy.org.mk/default-mk.asp http://www.facebook.com/pages/First-Childrens-Embassy-in-the-World-Megjashi-Republic-of-Macedonia/122833937782558

Ве молиме посетете ја нашата YouTube канал и таму може да погледнете 378 видеа за работата на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши и да видите повеќе за нашите активности http://www.youtube.com/user/Megjashi/videos