Корисник:Dentedeleone/Дјук Елингтон
Едвард Кенеди „Дјук“ Елингтон (29 април 1899 – 24 мај 1974 година) ― американски џез-пијанист и композитор.[1]
Роден е и израснал во Вашингтон, а кон средината на 1920-тите се преселил во Њујорк и се стекнал со популарност во САД преку настапите на неговиот оркестар во Cotton Club во Харлем.
Кон крајот на 1930-тите, Елингтон започнал речиси триесетгодишна соработка со Били Страјхорн, кого го нарекол придружник во пишувањето и аранжирањето.[2] Со Страјхорн, искомпонирал повеќе свити и многу кратки дела.
Иако се смета за клучна личност во историјата на џезот, и според мислењето на Гунтер Шулер и Бери Кернфелд, „најзначаен композитор во овој жанр“, самиот Елингтон ја прифатил фразата „вон категорија“. Елингтон бил познат по неговата инвентивна употреба на оркестарот, или биг-бендот, како и по неговата елоквентност и харизма. Во 1999 година постхумно добил Пулицерова награда - Специјална награда за музика.[3] [[Категорија:Носители на Легијата на честа]] [[Категорија:Добитници на Пулицеровата награда]] [[Категорија:Носители на Претседателскиот медал на слободата]] [[Категорија:Добитници на Греми за животно дело]] [[Категорија:Добитници на Греми]] [[Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките]] [[Категорија:Американски филмски композитори]] [[Категорија:Починати во 1974 година]] [[Категорија:Родени во 1899 година]]
- ↑ „Biography“. DukeEllington.com (Official site). 2008. Посетено на January 26, 2012.
- ↑ Hajdu, David (1996), Lush Life: A Biography of Billy Strayhorn, New York: Farrar, Straus & Giroux, ISBN 978-0865475120, p. 170.
- ↑ "The 1999 Pulitzer Prize Winners: Special Awards and Citations". The Pulitzer Prizes. Retrieved December 3, 2013. With reprint of short biography and list of works (selected).