Даниел Јовески (28.10.1987) е македонски продуцент, режисер и музичар.  Има дипломирано во 2012 при Универзитетот ФОН - Американски универзитет на Европа - отсек "Детектив".

Започнува со музика во 1997 година каде најпрво ја изучувал хармониката па потоа да ги совладува и другите музички интрументи: гитара, пијано и други удирачки и дувачки интрументи.  Во своето музичко студио работел со доста македонски познати  и нови артисти како Тони Зен, Ѓоко Танески, Аго, Сленг, Боби Мојсовски, Петар Маркоски, Перо Пандилоски, Urban Minds, и други.   Имал неколку гитарски соработки студиски сесии за композоторот Дарко Димитров и за Роберт Билбилов. Како автор 2009 година учестува на македонскиот избор за песна за евровизија со песната Генгста Оро со групата Сленг каде високо котираше со гласовите од телеволтингот 2ро место, а на фастивалот заврши на 5то место. Како продуцент и аранжер победува на Охридски Трубадури 2010 година со Ѓоко Танески и песната "Ќе направам магија", на истиот фестивал освојува втора награда со бендот Stuck On и песната Барам Утеха. Освојува и други награди и на други фестивали за најдобри дебитанти итн.

Во 2011 започнува кариера во видео продукцијата како продуцент, режисер, директор на фотографија и монтажер во Македонија, а во 2013 започнува кариера и во Албанија. Во периодот од 2013 остварени се многу бројни соработли со албански артисти, а секоја година неговата работа таму е вреднувана со престижни награди на фестивали за музички видеа на албаскиот пазар во кој се натпреваруваат најдобрите видео продукции од Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија за во разни категории и тоа: награда за најдобро видео, најдобра режија, најдобра приказна, најдобро видео за дует,  награди со највисок рејтинг. Во 2019 има номинации со неколку видеа на фестивалот во Србија MAC (Music Award Ceremony)  и освојува награда со Лозано за најдобро етно поп видео за песната "Мајко". На македонскиот пазар соработувал со следните артисти: Влатко Лозаноски - Лозано, Елена Ристеска, Ареа, ДНК, Нокаут,Роберт Билбилов,  Дуке Бојаџиев, Мики Јовановски Џафер, Антониа Гиговска, Тони Зен, Tyzee, Ѓоко Танески, Камелеон, Ѓорѓи Крстевски, Ламбе Алабакоски, Викторија Лоба, Магдалена Цветковска, Либеро Бенд, Ален Хасанович, Александар Јосифовски, Николче Мицески, Јане Рафаиловски, Александар Јовевски, Елена Велевска, Сузана Гавазова, Џамбо Агушев, Љубојна, Ристе Ристески,Наташа Малинкова,Балкан Бенд, Backdoor Band, Martin Mila, Cindy, Goran Papaz, Damjan Pejcinoski, Mila Moskov, Masha, Мими Јовановска, Мартина Блажеска, Боби Мојсовски, Денис Мурат, The Hounds, Боби Павловски, Мартинијан Кириловски, Мите Столков, Филип Божиновски, Shine, Емил Арсов, Теа, Анита Мицова, Виктор Ангелов, Перо Пандиловски, Стојне Николова , Димитар Митровски итн. Во 2020 започнува кариера на српски пазар во соработка со еден од најдобрите режисери на тој пазар Харис Дубица со спот за легендарните Црвена Јабука и Жељко Самарџич, па продолжува со Дадо Полумента, итн... На албански пазар соработувал со следните артисти:  Elita 5, Redon Makashi, Rosela Gjylbegu , Vullnet Ibraimi, Tuna,  Mahmut Ferati,  Kastriot Tusha, Dani - Ramadan Krasniqi , Adem Ramadani, Duli,  Piro Cako, Enis Bytyci, Elita Rechi, Blero, Venera Lumani, Lind Islami,  Mateus Frroku, Korab Shaqiri, Senad Rrahmani, Uran Dervishi, Nita Rechi, Arta Memedi, Exception, Laura Krliu, Leonora Ajdari, Adis, Ylli & Bajram, Agim Bend, Adnan Kamberi, Beti Zylali, Gramos Aliu, Stefan Marena, Agertina Muca, Kepurdhat, итн. Остварил соработка и со Fatman Scoop еден од најдобрите амеркички хип хоп артисти кој сорабптувал со David Guetta, Maryah Cerry, Lil John итн.

Photography: "2013 Cover photography for the book Wonderful Macedonia"  поддржано од Министерство на Р. Македонија - Иво Јанкоски "Трето Уво" . Монографијата е публикација поддржана во годишната програма на Министерстовото за култура, а се состои од луксузно печатена книга од 230 страници во колор, како и видео-запис во ДВД издание со истата соддржина.


Номинација во категоријата најдобро поп видео избрано во топ 3 видеа од селекција од 3000 видеа кои беа работени во период 2018-2020 година - "AMVA 2020 SHOW" во Србија.

Во 2022 година започнува видео соработка со артисти од Бугарија за продуцентската куќа "Hit Mix Music": SANDRA ft. LEO , Tereza , DEA x VESSOU.

Во 2022 година, Даниел Јовески станува сопственик и извршен директор во "Sustain Production" - Охрид, Македонија. продуцентска куќа за производство на филмови, видеофилмови, телевизиска програма, снимање на звучни записи и музичко издаваштво.

Во 2023 година во соработка со најголемата балканска музичка платформа IDJVIDEOS, работи видео спот за Марија Микич - Прозор.

Во 2024 година режира музички видео запис за Тропико Бенд од Србија за песната насловена "Мој Београде".