Angelovska Aleksandra
Повеќејазичност
Повеќејазичност е постапка на користење или промовирање на употребата на повеќе јазици, било од еден говорител или од заедница говорители. Во светот луѓето кои говорат повеќе јазици го надминуваат бројот на луѓе кои говорат само еден јазик. Водена од потребата за глобализација и културна отвореност, повеќејазичноста станува социјален феномен. Благодарение на слободниот интернет пристап до информациите, изложеноста на поединецот пред повеќе јазици е се почеста и почеста и со тоа произлегува потребата да се стекне со знаење на се повеќе и повеќе јазици.
Луѓето кои говорат повеќе од еден јазик истотака се нарекуваат и полиглоти.
Лица кои говорат повеќе јазици
Поопширна дефиниција за лице кое говори повеќе јазици е лице кое може да комуницира на повеќе од еден јазик, било тоа активно (со зборување, пишување или потпишување) или пасивно (со слушање, читање или сфаќање). Поконретно, термините двојазично и тријазично се употребуваат за да се опишат споредливи ситуации кога се употребуваат два или три јазици. Лицето кое говори повеќе јазици најчесто е познато како полиглот. Поли (грчки: πολύς) значи „многу“, а глот (грчки: γλώττα) значи „јазик“.
Луѓето кои говорат повеќе јазици се стекнале и одржувале барем еден јазик за време на детството, т.н. прв јазик. Првиот јазик (понекогаш познат како мајчин јазик) се стекнува без формално образование, многу оспорувано со механизми. Децата кои на овој начин се стекнале со знаење на два јазика се нарекуваат симултани билингвисти. Дури и во случај на симултани билигвисти обично едниот јазик доминира врз другиот.
Друга можност е тоа детето да може природно да говори три јазици имајќи мајка и татко кои говорат различни јазици, а да расте во средина со трет јазик. Пример за тоа може да биде татко, кој говори англиски, оженет со мајка која говори мандарински-кинески, а со семејството да живее во Хонгконг, кадешто јазикот на зедницата (и прв јазик во образованието) е кантонски. Ако детето уште од рана возраст оди во кантонски основни училишта, тогаш ќе резултира тријазичноста.
Во лингвистиката, стекнувањето на првиот јазик е тесно поврзано со концептот „говорител на родниот јазик“. Според широкото гледиште на лингвистите, говорителот на родниот јазик има некои аспекти на ниво на вештина кое ученикот на вториот (или следниот) јазик тешко може да ги постигне. Според тоа, описните емпириски истражувања на јазиците обично се вршат само со информанти, говорители на мајчин јазик. Сепак ова гледиште е прилично проблематично, особено затоа што се повеќе говорители кои не говорат на мајчиниот јазик, очигледно не се вклопуваат успешно во општествата во кои не се зборува на нивниот мајчин јазик, но всушност тоа може да биде културолошки и лингвистички важен придонес (како на пример, писатели, политичари и уметници) за нивниот немајчин јазик. Во последниве години лингвистичкото истражување се фокусираше на употребата на широко познатите светски јазици, англискиот како лингва франка или распределениот заеднички јазик на професионалните и комерцијалните заедници. Во ситуациите како лингва фрака најчесто говорителите на заедничкиот јазик практично зборуваат повеќе јазици.
Дефиниција за повеќејазичноста
Една група академци расправа за максимална дефиниција, што значи дека говорителите се умешни со еден јазик како што се со другите јазици и имаат многу поголемо знаење и контрола врз едниот јазик како што имаат врз другите јазици. Друга група академци расправа за минималната дефиниција, која се основа на употребата. Според оваа група туристите кои успешно комуницираат со фрази и мисли, а не го зборуваат течно јазикот може да се сметаат за двојазични.
Сепак со овие дефиниции може да се појават проблеми, бидејќи тие не прецизираат колкаво знаење на јазикот е потребно за личноста да се класифицира како двојазична. Како резултат на тоа што многу говорители не го достигнувваат максималиот идеал, оние кои учат јазици може да се сметаат за непотполни и при проширувањето на своето знаење, па учењето на јазикот може да се смета за неуспешно.
Од 1992 година, Вивиан Кук(Vivian Cook) раправаше за тоа дека многу говорители на повеќе јазици се некаде помеѓу двете минималната и максималната дефиниција. Кук овие луѓе ги нарекува по-компетентни.
Учење јазик
Едно гледиште е тоа на јазичарот Ноам Чомски (Noam Chomsky) каде што тој човекот го нарекува „уред за стекнување јазици“ – механизам кој овозможува поединецот правилно да ги пресоздаде правилата (граматиката) и некои други карактеристики на јазикот кои говорителот ги користи пред ученикот. Според Чомски, овој уред исчезнува со текот на времето и не е вообичаено достапен за време на пубертетот, кој што тој го користи за да ги објасни слабите резултати кои ги имаат некои адолесценти и возрасни при учењето на аспектите на вториот јазик.
Ако учењето јазик е когнитивен процес, а не уред за стекнување јазици, како што сугерира училиштето предводено од Стивен Крашен (Stefen Krashen) тогаш би имало само релативни, не категорични, разлики помеѓу двата вида на учење јазици.
Во своето истражување Род Елис (Rod Ellis) нагласува дека колку порано деца учат втор јазик толку се подобри во однос на изговорот. Генерално европските училишта поради поврзаноста со соседните земји со различни јазици уште рано на учениците им нудат часови по втор јазик. Повеќето европски ученици сега учат најмалку два странски јазика, тоа е процес кој е силно поткрепен од Европската унија.
Врз основа на истражувањето на Ен Фатман (Ann Fathman) за односот помеѓу возраста и продуктивната способност за стекнување на втор јазик, врз основа на разликите во годините постои разлика при случајот на учење на англиската морфологија, синтакса и фонологија, но редоследот за учење на вториот јазик не се менува со возраста.
Луѓето кои имаат повеќејазично потекло ќе откријат дека нивниот мајчин јазик влијае на нивниот втор јазик на која било возраст.
На часовите по втор јазик учениците често ќе се соочуваат со тешкотии при размислувањето на јазикот цел, бидејќи тие се под влијание на нивниот мајчин јазик и култура. Роберт Б. Каплан (Robert B. Kaplan) мисли дека трудот на странските ученици на часовите по втор јазик е надвор од фокусот, бидејќи странскиот ученик употребува реторика и низа мисли кои ги рушат очекувањата на читателот на мајчиниот јазик. Странските студенти кои веќе ги совладале синтаксичките структури, сеуште покажуваат неспособност да напишат соодветни теми, семинарски трудови, тези и дисертации. Роберт Б. Каплан опишува два клучни збора кои влијаат на луѓето кога тие учат втор јазик. Логика кај народот, наместо логичното чувство на зборот, кое во основа е реторичко и е унапредено надвор од културата; не е универзална. Потоа реторика која исто така не е универзална, но варира од култура до култура и дури од време на време во дадената култура. Наставниците по јазици знаат како да ги предвидат разликите помеѓу изговорот и констукцијата во различни јазици, но тие може да бидат помалку јасни кога станува збор за разликите помеѓу реториката, која е присутна во начинот на кој тие го употребуваат јазикот за да остварат разни намери особено при пишувањето.
Споредба на говорителите на повеќе јазици
Дури иако некој мошне добро владее два или повеќе јазици, неговата така наречена комуникативна компетенција или способност можеби нема да биде избалансирана. Лингвистите се одликуваат со различни видови повеќејазична компетенција, која што може грубо да се подели во две категории: • За сложените двојазичари, зборовите и фразите во различни јазици се исти поими. Тоа значи дека „chien“(куче) и „dog“(куче) се два збора за истиот поим за говорникот на француско-англискиот јазик од овој тип. Овие говорители обично течно ги зборуваат и двата јазика. • За координираните двојазичари, зборовите и фразите во умот на говорникот се поврзани со нивни посебни поими. На тој начин двојазичниот говорник од овој вид има различни асоцијации за „chien“ и „dog“. Кај овие лица едниот јазик, обично првиот јазик, е подоминантен отколку другиот и првиот јазик може да се искористи за детално да се разгледа вториот јазик. Овие говорители се познати по тоа што користат многу поразличниа интонација и изговор и покажуваат чувство дека имаат различни ликови поврзани со секој од нивните јазици. • Подгрупа на вториот е споредниот двојазичар, за кој типично е да биде ученик на вториот јазик.
Разликата помеѓу сложената и координираната двојазичност веќе е под контрола. Кога студиите се извршени од говорители на повеќе јазици може да се забележи посредување меѓу сложената и координираната двојазичност. Некои автори сугерираат дека разликата треба да се прави само на ниво на граматиката, а не на вокабуларот, други пак го користат терминот „сложен двојазичар“ како синоним за некој кој научил два јазика уште од раѓање, а други предлагаат целосно намалување на разликата.
Многу теоретичари дури сега почнуваат да ја гледааат двојазичноста како „спектар или континуитет на двојазичноста“, што релативно еднојазичиот ученик го доведува до мошне умешен двојазичар кој ги употребува и двата јазика на високо ниво (Гарланд, 2007 година).
Когнитивна способност
Двојазичарите кои се мошне вешти во два или повеќе јазици изјавиле дека имаат подобрена извршна функција, различна организација во некои котикални области, и дека во споредба со еднојазичари се подобри во некои аспекти при учењето јазик.
Исто така постои и појава позната како одделна двојазичност или полујазичност. Доколку стекнувањето со прв јазик е прекинато и недоволно или внесувањето на јазикот е неструктуирано поради вториот јазик, како што понекогаш се случува со децата емигранти, говорителот може да заврши со два јазика совладани под еднојазичниот стандард .Писменоста игра важна улога при развојот на јазикот на овие деца емигранти. Оние кои пред пристигнувањето се писмени на нивниот прв јазик и кои имаат поддршка да се држат до писменоста, во најмала рака може да го совладаат и да се држат до нивниот прв јазик.
Рецептивна двојазичност
Рецептивни двојазичари се оние можат да го разберат вториот јазик, но не го зборуваат. Рецептивната двојазичност може да се појави кога детето мисли дека јазикот на заедницата е попрестижен од јазикот што го зборуваат во рамките на семејството и тогаш тоа одбира со неговите родители да разговара само на јазикот на заедницата. Семејствата кои го прифаќаат овој начин на комуникација може да бидат многу функционални иако тие не се гледаат како двојазичари. Рецептивните двојазичари можат многу брзо да постигнат течен изговор доколку се во ситуација кога од нив се бара да зборуваат на наследениот јазик. Рецептивна двојазичност не е исто како што е меѓусебната разбирливост, таков е случајот кога говорител на мајчин јазик шпански може да разбере португалски, или обратно, бидејќи тоа се должи на големите лексички и граматички сличности помеѓу шпанскиот и португалскиот јазик.
Дефиниција за „јазикот“
Не постои јасна дефиниција за тоа што значи да се „зборува јазик“. Туристот кој може да води едноставен разговор со келнерот може целосно да се изгуби кога станува збор за актуелни теми или употреба на повеќе времиња. Дипломат или бизнисмен кој на странски јазик може да се справи со сложените преговори можеби не е способен точно да напише едно едноставно писмо. За четиригодишно француско дете обично ќе се каже дека „зборува течно француски“, но можно е тоа да не се справи толку добро со граматиката како што би се справил просечен странски студент на јазикот, а може да има и многу ограничен речник и покрај совршениот изговор. Од друга страна пак прилично заемно е тоа дека дури и виско образованите лингвисти може да зборуваат јазик (јазици) за кој се експерти, но со различен акцент и дупки во нивниот активен вокабулар кога станува збор за секојдневни теми и ситуации. Бидејќи развивањето на течноста при изговорот бара подолго изложување на дадениот јазик, барањата за распростанетост на полиглотизмот мора генерално да бидат сфатени, што се однесува до умешноста со основните комуникациски вештини заедно со граматичките правила и (можеби) обемниот вокабулар на јазикот цел, подобро од нивото на течниот изговор на мајчиниот јазик. Во историските времиња пред аудио и видео снимките кои можат да се искористат за да се олесни изложеноста пред вештачкиот јазик, би биле потребни сосема невообичаени околности за поединецот да постигне високо ниво на флуентност при изговорот на повеќе јазици. Иако е можно човек сам да ги научи граматичките правила и јазичниот вокабулар, како поединец можеби воопшто нема да биде способен да комуницира на јазикот, ниту да го разбере јазикот кога некој го изговора, а не е ни во состојба самиот да го изговори истиот. Дополнително на тоа не постои јасна дефиниција за тоа што значи „еден јазик“. На пример, научниците често не се согласуваат со тоа дали шкотскиот јазик е посебен јазик или дијалект на англискиот.
Друг пример за тоа е личност која научила пет различни јазици како што се француски, шпански, каталонски, италијански и португалски, сите припаѓаат на тесно поврзаната група романски јазици, таа личност постигнала нешто помалку тешко од личноста која научила хебрејски, кинески, фински, навахо и велшки, ниту еден од нив не поврзан еден со друг.
Исто така она што се смета за јазик може да се менува, често тоа е поради политички цели, како во случајот кога српскохрватскиот беше составен од јужнословенските дијалекти, а по распадот на Југославија се раздвои во српски, хрватски, босански и црногорски, или во случајот кога украинскиот како руски дијалект беше отфрлен од страна на рускиот крал за да се обесхрабрат националните чувства.
Многу мали независни национални ученици денес се принудени да учат повеќе јазици поради меѓународните интеракции. На пример во Финска од сите деца се бара да научат најмалку два странски јазика: двата национални јазика (шведски и фински) и еден странски јазик (обично англиски). Исто така многу фински ученици избираат и други јазици како што се француски, германски или шпански. Во некои поголеми држави со повеќе јазици како Индија, учениците редовно учат повеќе јазици врз основа на тоа во кој дел од земјата живеат. Во главните метроа на Централна, Јужна и Источна Индија, многу деца можат течно да зборуваат четири јазици (мајчиниот, државниот, националниот (хинди) и англискиот јазик). Според тоа дете на гуџартски родители кои живеат во Бангалор својот мајчин јазик (гуџарти) ќе го зборува дома, а државниот јазик (канада), хинди и англискиот во училиштето и околината.
Повеќејазичноста кај заедниците
Распространетата повеќејазичност е една форма на јазичен контакт. Повеќејазичноста беше многу почеста во минатото отколку што е вообичаено: во древните времиња кога повеќето луѓе беа членови на мали јазични заедници беше неопходно да се знаат два или повеќе јазици за трговија или други зделки надвор од нивниот град или село и тоа денес добро се држи во места со голема јазична разновидност, како што е Субсахарска Африка и Индија. Лингвистот Екехард Волф (Ekkehard Wolff) проценува дека 50% од населението во Африка е повеќејазично.
Во повеќејазичните општества не мора сите говорители да зборуваат повеќе јазици. Во некои држави може да има повеќејазична политика и да се признаат неколку официјални јазици, како во Канада (англиски и француски). Во некои држави пак одредени јазици може да бидат поврзани со одредени региони во државата (на пр. Канада) или со одредени етнички групи (Малезија/Сингапур). Кога сите говорители зборуваат повеќе јазици, лингвистите ги класифицираат заедниците според функционалната дистрибуција на јазиците кои се влкучени: • диглосија: ако постои структурна функционална распределба на вклучените јазици општеството се нарекува „диглосик“ (diglossic). Типични области на диглосик се оние во Европа каде што регионалниот јазик се користи неформално, обично усно, во текстови, додека државниот јазик се користи за поформални ситуации. Добро познати примери се Фризија (со фризиски и германски или холандски јазик) и Лусатија (со лужичките јазици и германскиот јазик). Некои писатели ја ограничуваат диглосија во ситуации кога јазиците се тесно поврзани и едни со други можат да се сметаат како дијалекти. Истотака ова може да се забележи во Шкотска каде што во формалните ситуации се употребува англискиот јазик. Како и да е во многу области при неформални ситуации Шкотите преферираат да избираат јазик. • амбилингвизам: регионот се нарекува амбилингвистички ако не се почитува оваа функционална распределба. Во една типична амбилингвистичка област е речиси невозможно да се предвиди кој јазик ќе се употреби во дадена околност. Вистинскиот амбилингвизам е реткост. Амбилингвистички тенденции може да се најдат во мали држави со многукратна наследност како Луксембург, каде што наследена е комбинација од француска и германска култура, или Малазија и Сингапур кои ги осигуруваат културите на Малазија, Кина и Индија. Амбилингвизмот истотака може да се манифестира во посебни региони или поголеми држави кои имаат јасно доминантен државен јазик (било тоа де јуре или де факто) и заштитен јазик на малцинството кој е ограничен во однос на распределбата на говорителите во земјата. Оваа распределба е особено нагласена кога иако насекаде се зборува на локалниот јазик постои разумна претпоставка дека граѓаните го зборуваат подоминантниот државниот јазик ( на пр. англиски во Квебек наспроти Канада; шпански во Каталонија наспроти Шпанија). Исто така оваа појава може да се појави во граничните предели каде што има мнногу прекугранични контакти. • двостран-лингвизам: ако во некоја мала област може да се слушнат повеќе од еден јазик, но поголемиот број зборуваат повеќе јазици, кои имаат малку контакт со говорителите од соседните етнички групи, таа област се нарекува „двострано-лингвистичка“. Пример за тоа е Балканот.
Повеќејазичноста помеѓу говорителите на повеќе јазици
Кога двајца ќе се сретнат почнуваат преговорите. Ако тие сакаат да изразат солидарност и сочувство тогаш тие имаат тенденција да бараат заеднички карактеристики во нивното однесување. Ако говорителите сакаат да изразат дистанца или одбивност кон лицето со кое зборуваат, точно е спротивното а разликите се бараат. Како што е опишано во социолингвистичката комуникациска теорија (Communication Accommodation Theory) овој механизам се однесува и на јазикот.
Некои говорители на повеќе јазици употребуваат code-switching термин што го опишува процесот на „размена“ помеѓу јазиците. Во многу случаи code-switching е мотивиран од желбата да се изрази лојалност на повеќе од една културолошка група, што важи кај многу емигрантски заедници во Новиот Свет. Исто така code-switching може да функционира како стратегија каде недостасува познавање на јазикот. Ваквите стратегии се заемни ако вокабуларот на еден од јазиците не е многу разработен во одредени области или ако говорителот не го развил познавањето на јазикот во одредени лексички домени како во случајот на емигрантските јазици.
Code-switching се појавува во многу форми. Ако говорникот има позитивен статус кон двата јазика и кон code-switching, може да се најдат многу врски, дури и во истата реченица. Ако, пак, говорителот не сака да користи code-switching, како во случајот на недоволно познавање на јазикот, тој свесно или несвесно може да се обиде да ја камуфлира неговата намера со конвертирање на елементите од еден јазик со елементите на друг јазик. Ова резултира кај говорители кои употребуваат зборови како courier noir ( што буквално значи пошта која е црна) на француски, наместо соодветниот збор blackmail (што на англиски значи уцена), chantage.
Понекогаш може да се развие и пиџински јазик. Пиџинскиот јазик всушност е фузија на два јазика кои се заемно разбирливи и за двата говорители. Некои пиџински јазици се развиваат во вистински јазици (како што е папиаменто на Курасао) додека други јазици остануваат како сленгови и жаргони (како што е хелсиншкиот сленг, кој повеќе или помалку е заемно разбирлив за Финците и Швеѓаните). Во други случаи продолженото влијание на јазиците еден на друг може да има ефект на промена на едниот или двата јазика до точка каде што може да се смета дека е создаден нов јазик. На пример, многу лингвисти веруваат дека окситанскиот и каталонскиот јазик биле формирани поради тоа што населението зборувало на еден окситанско-романски јазик кој бил соодветно поделен во политичките сфери под влијание на Франција и Шпанија. Украинскиот јазик се смета дека е различен од рускиот што делумно се должи на големиот број заемки во вокабуларот од полскиот јазик во минатото и заемки од турскиот јазик од неодамна. Јазикот јидиш е сложена мешавина од стариот германски со хебрејски јазик и заемки од словонските јазици.
Двојазичната интеракција може да одвива и без размена на говорителите. Во одредени области не е невообичаено за говорителите да користат различен јазик во рамките на истиот разговор. Овој феномен е пронајден и во други места во Скандинавија. Повеќето говорители на шведски и норвешки и на норвешки и дански меѓусебно може да комуницираат без да ги зборуваат нивните јазици, додека неколку можат да ги зборуваат двата (луѓето кои се наоѓаат во ваквите ситуации често се прилагодуваат на нивниот јазик, избегнувајќи зборови што не се наоѓаат во другите јазици или зборови кои не би можеле да се разберат). Користењето на различни јазици обично се нарекува non-convergent discourse (двојазичен разговор), термин воведен од страна на холандскиот лингвист Рајце Јонкман (Reitze Jonkman). Исто така оваа појава е пронајдена во Аргентина, каде што пошироко се зборува шпански и италјански, што доведува до случаи каде детето со родител од Шпанија и родител од Италија расте потполно двојазично, со неговите родители зборувајќи само на нивниот јазик, но сепак и со познавање на другите јазици. Друг пример е поранешната држава Чехословачка, каде што двата јазика (чешки и словачки) беа во општа употреба. Повеќето Чеси и Словаци ги разбираат и двата јазика, иако тие би користеле само еден од нив (нивниот мајчин јазик) при зборување. На пример, во Чехословачка е вообичаено да се слушне како двајца кои зборуваат на телевизија, зборуваат на различен јазик без тешкотии при меѓусебното разбирање. Оваа двојазичност сеуште постои, иако почна да се влошува по поделбата на Чехословачка.
Повеќејазичноста на јазично ниво
Модели за описменување на мајчиниот јазик
Социополитичките аргументи како и аргументите за социо-културниот идентитет можат да влијаат на писменоста на мајчиниот јазик. Додека овие две групи можат повеќе да влијаат врз дебатата за тоа на кој јазик треба да научат да читаат децата, соодветно е поголемото нагласување на јазичните аспекти на аргументите. Покрај политичките немири предизвикани од оваа дебата, истражувачите подолжија да се залагаат за јазичната основа. Ова образложение е врз основа на работата на Џим Куминс (Jim Cummins) (1983година).
Последователен модел
Со овој модел децата стекнуваат писменост на нивниот мајчин јазик се додека да дојдат до „прагот“ на владеење на писменоста. Некои истражувачи сметаат дека децата на тригодишна возраст веќе ја имаат основната комуникативна компетенција на првиот јазик (Кеслер, 1984 година). Децата може ќе поминат низ процес на секвенцијално стекнување на јазикот, ако тие на мала возраст емигрираат во држава каде се зборува на друг јазик или ако детето дома зборува исклучиво на неговиот наследен јазик додека тој во училиштето постојано е изложен на настава на друг јазик.
Фазите низ кои минуваат децата за време на секвенцијалното стекнување на јазикот се помалку линеарни отколку при симултаното стекнување на јазикот и тоа кај децата може многу да варира. Секвенцијалното стекнување на јазикот е многу покомплексен и подолг процес иако не постои идикација дека децата кај кои што не се одложува учењето на јазикот завршуваат со помалку знаење на јазикот за разлика од симултаните двојазичари, се додека тие добиваат адекватен придонес на двата јазика.
Двојазичен модел
Со овој модел истовремено се учат мајчиниот јазик и јазикот на заедницата. Резултат на тоа е предноста за писменост на двата јазика. Сепак наставникот мора да биде добро упатен во двата јазика и во техниките за предавање на вториот јазик.
Координиран модел
Овој модел утврдува дека треба да се вложи исто време во одделната настава по мајчиниот јазик и наставата по јазикот на заедницата. Часовите по мајчин јазик сепак треба да се фокусираат на основната писменост додека часовите по јазикот на зедницата треба да се фокусираат на вештините за слушање и зборување. Да се биде двојазичен не мора да значи дека некој може да зборува, на пример англиски и француски јазик.
Резултати
Истражувањето на Кумин (Cummin) заклучи дека развојот на компетенцијата на мајчиниот јазик служи како основа за владеење на јазикот, која може да се префрли на вториот јазик – основна заедничка хипотеза на владеење на јазикот. Тој со неговата работа тежнееше кон тоа да ја надмине перцепцијата, проширена во шеесетите години, што учењето два јазика го прави за две спротивставени цели. Се верувало дека двата јазика биле меѓусебно исклучиви и дека учењето втор јазик бара елементи за заборавање и динамика на првиот јазик со цел да се прими вториот јазик (Хакута, 1990 година). Доказот за оваа перспектива е зависен од фактот дека некои грешки при стекнувањето на вториот јазик се поврзани со правилата на првиот јазик (Хакута, 1990 година). Допрва треба да се истражува како оваа хипотеза се држи под различни видови јазици како што се романските јазици наспроти незападните јазици.
Уште еден нов развој кој има влијание врз лингвистичките аргументи за двојазична писменост е времето кое е потребно за да се стекне вториот јазик. Додека порано децата веруваа дека се способни да научат јазик во рок од една година, денес истражувачите веруваат дека во и низ академските рамки потребен е временски период од околу 5 години (Колие(Collier), 1992година; Рамирез(Ramirez), 1992 година).
Сепак еден интересен резултат на студиите направени во раните деведесети години потврди дека студентите кои успешно ја завршиле двојазичната настава ја извршуваат потеоретски (Колие, 1992 година; Рамирез, 1992 година). Овие студенти покажуваат покогнитивна еластичност вклучувајќи подобра способност за анализа на абстрактни визуелни модели. Студентите кои следеле двонасочна двојазична настава каде што се бара еднакво владеење на двата јазика исполнувале многу повисоко ниво. Примери за ваквите програми има во националните и интернационалните училишта.
Повеќејазичноста кај компјутерите
Повеќејазичноста (или „m17n“) кај компјутерските системи може да се смета за дел од континуитетот помеѓу локализацијата („L10n“) и интернационализација („i18n“): • локализираниот систем е приспособен или конвертиран за одредени локации (различни од оние за кои првично бил развиен), вклучувајќи го јазикот на интерфејсот, влезот и приказот, како и функции како време/датум приказ и валута; но секој систем подржува само една локација. • повеќејазичниот софтвер поддржува повеќе јазици за истовремен приказ и влез, но генерално има само еден кориснички интерфејс јазик. Поддршка за другите локални функции како форматите за време, датум, број и валута може да се разликува според тоа како системот се стреми кон целосна интернационализација. Општо земено повеќејазичниот систем е наменет за употреба во специфични локации иако овозможува повеќејазична содржина. • интенационализираниот систем е опремен за да се употребува во голем број места, тој овозможува соживот на неколку јазици и карактерни правци во корисничките интерфејси и прикази. Особено системот не може да се смета за интернационализиран во целосна смисла освен ако интерфејс јазикот е избран од страна на корисникот.
Преведувањето на корисничкиот интерфејс обично е дел од процесот на софтверска локализација, кој исто така вклучува адаптации како конверзија на единици и датуми. Многу софтверски апликации се достапни на повеќе јазици, кои се движат од неколку (најзборувани јазици) до десетици за најпопуларните апликации (како канцелариски паркети, веб прелистувачи итн.). Поради англискиот статус кај пресметките, што развојот на софтверот речиси секогаш го употребува, па така скоро сите комерцијални софтвери првично се достапни на англиска верзија и повеќејазични верзии, доколку постојат, може да се произведат како алтернативна опција базирана на англискиот оригинал.