Корисник:Тиверополник/Книга:Историја на Русија

Историјата на Русија започнува со онаа на Источните Словени. Првата источнословенска држава, Киевска Русија, го примила христијанството од Византија во 988 година, со што започнало создавањето на руската култура во следниот милениум. Киевска Русија како држава се распаднала по монголската инвазија во 1240 година. Во текот на овој период, голем број на регионални градови, како Новгород и Псков, се бореле да го наследат културното и политичкото наследство на Киевска Русија.

По 13 век, постепено Москва станала доминантен центар во поглед на културата и моќта. Во 18 век, на територијата на поранешното Големо московско војводство се создала големата Руска империја, која се протегала од Полска на запад до Тихиот океан на исток. Експанзијата на западните сили во Русија придонеле за поттикнување на национализмот на неруското население во империјата и до создавање на идеи за одвојување од империјата. Кметството било укинато во 1861 година, но укинување било постигнато преку неповолни услови за селаните и истото послужило за зголемување на револуционерната свест на населението. Во периодот меѓу укинувањето на кметството и почетокот на Првата светска војна во 1914 година, биле спроведени т.н. Столипинови реформи, преку кои биле воведени значајни промени во економскиот и политичкиот живот во земјата , но за дел од населението истите се покажале како доста неуспешни.

Руската револуција од 1917 година била поттикната од тешките економски услови во земјата, преку автократскиот систем на владеење, кое донело до победа на социјалистичката и либералната партија. Од 1922 до 1991 година, историјата на Русија се темели на историјата на Советскиот Сојуз. На почетокот, Владата во Советскиот Сојуз ја сочинувала една партија, чии членови биле Болшевиците, а која подоцна прераснала во Комунистичка партија на Советскиот Сојуз. Меѓутоа, кон крајот на 1980-тите години, слабата економска политика која била спроведувана во Советскиот Сојуз, довела до распаѓање на државата.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, на крајот од 1991 година, Русија повторно стана самостојна држава, каква што е и денес. Со стекнувањето на независноста, Русија била призната како правен наследник на Советскиот Сојуз. Сепак, Русија го изгубила својот статус на велесила, соочувајќи се со сериозни предизвици во нејзините напори да го изгради новиот економски и политички систем. По укинувањето на социјалистичкото планирање и централната државна сопственост на имотот, Русија се обиде да изгради пазарна економија, која често доведуваше до поразителни резултати. Денес, руското општество се заснова на многу политички и општествени елементи, карактеристични за царска Русија и Советскиот Сојуз.

Рана историја

уреди

Прасловенски жители

уреди

Во праисториската епоха, огромните степи во јужна Русија биле населени со номадски племиња. Во класичната антика, народите населени во Понтиските степи биле познати како Скити. Остатоци од овие одамна исчезнати степски цивилизации биле откриени во текот на 20. век во Ипатово, Синташта, Аркаим, и Пазирик. Во втората половина од 8 век п.н.е., грчките трговци ја пренеле класичната цивилизација во Танаис и Фанагорија.

Градот Гелон бил опишан од страна на Херодот како еден од најголемите во тоа време во Европа. Меѓу 3 век п.н.е. и 6 век п.н.е., на овие простори опстојувало Боспорското царство, управувано главно од грчките колонии. Царството се распаднало по инвазијата на номадските племиња. Хазарите биле турски наорд, ми се населиле и владееле на територијата меѓу Каспиското Езеро и Црното Море до 8 век. Познати по своите закони, толеранција и космополитизам , Хазарите биле глвната трговска врска меѓу балтичките земји и Абасидскиот калифат во Багдад. Тие станале големи сојузници на Византија и воделе неколку успешни војни против арапскиот калифат . Во 8 век, Хазарите го прифатиле јудаизмот.

Раноисточни словени

уреди

Русите се словенски народ, чија прататковина (според некои научници) се смета дека биле Припјатските блата. Раните Источни словени постепено се населиле во Западна Русија во два оравца: првите се населиле од Киев во околината на денешните градови Суздал и Муром, а другите од Полоцк кон Новгород и Ростов. По 7 век, дел од Источните словени се населиле во делови од денешна Западна Русија и постепено започнале со асимилација на Фино-унгарските племиња, како на пример Мерјаните, Муромијаните, и Мештераните.

Киевска Русија

уреди

Викиншкото племе Варјаги во Северна Европа создале едно од најцивилизираните општества во тоа време. Во средината на 9 век, тие започнале да се преселуваат од Балтичкото кон Црното Море и Каспиското Езеро. Според Првиот руски летопис, Викингот Рурик бил избран за првиот владетел (Голем кнез) на Новгород во околу 860 година, пред неговите наследници да се преселат на југ кон Киев, каде претходно веќе владееле Хазарите. Така, во текот на 9 век била создадена првата источнословенска држава која се викала Киевска Русија , која се наоѓала по должината на река Дњепар. Киевска Русија го контролирала трговскиот пат на кожа, восок, и размената на робови меѓу Скандинавија и Византиската империја, по должината на река Волхов.

Името „Русија“, заедно со финското 'Ruotsi' (што значи „Шведска“) и естонското Rootsi (исто така „Шведска“), според некои научници би требало да се поврзат со Рослаген. Оваа етимологијата на името Рус се дебата на голем број на историчари. Според некои пак, Рус доаѓа од иранскиот јазик. До крајот на 10 век, нордиското малцинство се соединило со словенското, , кои пак исто така паднале под големо влијание на христијанска Византија и честите кампањи наложени од страна на Константинопол Во тоа време, Византија доживувала голема воена и културна преродба. И покрај нејзиниот подоцнжен пад, нејзината култура имала постојано влијание на развојот на Русија во текот на натамошната историја.

Киевска Русија одиграла голема улога за воведувањето на православното христијанство , издвојувајќи ја византиската од словенската култура. Христијанството, официјално било воведено во 988 година, односно по официјалното крштевање на Кнезот Владимир. Периодот на владеење на Владимир I Велики (980-1015) и Јарослав I Мудриот (1019-1054) го претставува периодот на Златното владеење на Киевска Русија. Неколку години подоцна, бил создаден првиот законик наречен Руска правда. На почетокот, кнезовите на Киевска Русија го следеле примерот на византиските императори, одржувајќи ја црквата под своја контрола од што произлегла и тесната поврзаност и во наредните векови меѓу државата и црквата.

До 11 век, особено за време на владеењето на Јарослав Мудриот, Киевска Русија се одликкувала со развиена економија и со големи достигнувња во архитектурата и литературата. Во споредба со европските јазици, рускиот јазик не бил под голема сенка на грчкиот и латинскиот јазик. Ова се должи на фактот што црковнословенскиот јазик бил користен директно во литургијата. Во 11 век, Куманите основале држава во јужниот степски дел на денешна Русија, покрај брегот на Црното Море. Нивните чести напади на Киевска Русија го отежнал процесот на интегрирање на сите руски Словени. Многу често бил напаѓан и градот Киев.

Киевска Русија како држава се распаднала во 1240 година, главно поради конфликите меѓу членовите на кралското семејство за заземање на тронот. Киевската доминација слабеела во корист на Владимирско-суздалското кнежество на северо-исток, Новгородската република на север и Галициско-волнското кнежество во југо-запад. Оваа територија, конечно била заземена од страна на Монголците по нивната инвазија на Русија, по која била формирана т.н. Златна Орда. Галициско-волнското кнежество повторно било окупирано во времето на постоењето на Полско-литванската унија, додека монголската доминација над Владимирско-суздалското кнежество и независната Новогордска република го означил почетокот на современата историја на Русија.

Создавање на Киевска Русија

уреди

Племенското име Рос за прв пат го споменува историчарот Јорданес во VI век. Тие во почетокот ја признавале врховната власт на Остроготите. „Во готскиот јазик називот Росоман значи човек од племето Рос“. Племенското име Рос за прв пат го споменува историчарот Јорданес во VI век. Тие во почетокот ја признавале врховната власт на Остроготите. Териториите на племето Рос се наоѓала блиску до територијата на Остроготите. Во еден анонимен сириски извор се вели дека племето Рос живеело северно од Сирија. Тие не живееле војнички живот и не јавале на коњи. Територијата на која живеело племето Рос била од езерото Ладога до устието на реката Дњестар и од Карпатите до реката Волга, а во потесна смисла областа околу Киев, подрачјето околу реката Рос западниот дел од Перејеславското кнежевство и југозападниот дел на Черниговското кнежевство до градот Курск на реката Сејм. Во некои извори Русите се нарекуваат и Роди или Родијци според името на богот Род. Внатрешна Русија покрај племето Рос ја сочинувале и племињата Полјани и Северјани. Полјаните ја населувале територијата околу Киев, а северјаните по течението на реките Десна и Сејм. Во VI век било формирано сојуз на овие три племиња кој што траел до 8 век. На чело на сојузот се наоѓал заеднички војсководач или кнез. Во периодот од VII до IX век територијата на државата се проширила кон териториите на племињата Драговичи, Древјани, Полочани и Новгородци. Први познати владетели на Киевска Русија биле кнезовите Дир и Асколд. Тие се сметале за потомци на кнежевскиот род што го основал Киј. Во време на овие кнезови Русите војувале со Византија во 860, 866, 874 година. Нови походи кон Византија биле за време на кнезот Олег 907 год. и кнезот Игор 941 год. Додека Русите војувале со Византија северните руски области биле нападнати од Норманите кои успеале да принудат одредени племиња да им плаќаат данок но набрзо биле протерани во Шведска. Во времето на кнезот Олег се случило повторно обединување на „Внатрешна Русија“.

Киевска Русија во време на Олга

уреди

Кнегињата Олга ја превземала власта по смрта на нејзиниот сопруг кнезот Игор. Владеела од 945-964. Таа владеела во име на нејзиниот малолетен син Свјетослав. Таа го задушила востанието на Древјаните и го убила нивниот кнез Мала и некои древјански благородници, го запалила главниот град на Древјаните и други населени места а голем број од населението ги продала како робови. Древјаните биле принудени да им плаќаат данок на Русите. Потоа тргнала во поход кон Дуљебите кои живееле во горниот тек на Западен Буг каде што навлегувале Пољаците. Во 957 година Олга заминала за Цариград . Таму го примила христијанството и го променила своето име во Елена. Исто така го обновила договорот што го склучил кнезот Игор. Ова нејзино покрстување бил нејзин личен чин но сепак ја потикнал мисионерската дејност на византиската црква во Киевска Русија. Меѓутоа меѓу Русија и Византија сеуште владеела недоверба.„Констан Порфирогенит му давал упатство на својот син Роман во кое го советувал да ги одржува добрите односи со Печенезите, степските соседи на Русите, бидејќи само со подржување на притисокот на Печенезите на Русија може да се спречи тој народ да ги загрози интересите на Цариград“. Од друга страна и Олга сметала дека црковното влијание од Цариград претставува опасност за нејзина та држава и побарала од Отон I да помогне во ширењето на Христијанството. Меѓутоа пред да дојдат германските мисионери во Киевска Русија се подобриле односите меѓу Киевска Русија и Византија. Било обновено ширењето на Христијанството преку Цариград. Новиот византиски император Роман I побарал од кнегињата Олга да испрати воена помош во борба со Арапите. Таа му испратила помош а со тоа дошло до подобрување на односите меѓу Византија и Киевска Русија.

Киевска Русија во време на Владимир

уреди

Во 964 год. синот на Игор и Олга Свјетослав станал полнолетен и ја превзел власта владеел до 972 год. Тој бил многу воинствен. Ги проширил територите на руската држава. Загинал во борба со Печенезите 972 год. По неговата смрт дошло до борба за власт меѓу неговите синови Јарополк, Олег и Владимир. На крајот власта ја земал Владимир (980-1015). Тој ја продолжил политиката на татко му .Војувал против Полска и успеал да ги обедини сите источни Словени во една држава. Во остварувањето на овие планови му помогнало примањето на Христијанството. Христијанството го примил од Византија. Византискиот император Василиј II побарал помош од Русија за борба против узурпаторите Варда Фока и Варда Скилир. Кнезот Владимир му испратил 6000 војници. Kако награда Василиј II му ја ветил неговата сестра Ана за сопруга но под услов да го прими Христијанството. Тој го прифатил барањето. Била формирана руска црква на чело со руски митрополит кој бил потчинет на рускиот патријарх. Самиот кнез се пoкрстил во 988 год. и наредил сите поданици во државата да се покрстат. Покрстувањето на Киевска Русија му помогнало на кнезот Владимир да го зацврсти единството во државата. Исто така му помогнало и да ја централизира власта како и во борбата со неговите браќа. Тој во почетокот сакал да создаде единствен пагански пантеон од сите словенски и несловенски племенски божества. Подигнал пагански пантеон во Киев и Перун бил поставен за врховен бог. Меѓутоа и покрај тоа се задржал племенскиот партикуларизам. Но сепак Христијанството со својата црковна хиерархија му овозможило на кнезот Владимир да ги обедини сите поданици во царството. Од друга страна покрстувањето на Киевска Русија било од големо значење на Византија. Со тоа се проширила нејзината свера на влијание си оглед на тоа дека најголемата источноевропска држава потпаднала под црковно влијание на Византија. Во почетокот со руската црква управувале митрополити испратени од Цариград. Во Киевска Русија започнале да доаѓаат образовани луѓе од Цариград .Започнале да се градат храмови и да се отвараат училишта. Првата митроплија во Киев била формирана во време на кнезот Асколд, а за време на Владимир биле основани епископии во уште осум други градови.Владимир на црквата и доделил една десетина од неговиот имот и од имотот на неговите бојлари. На преминот од XI во XII век била воведена редовна црковна десетина од приходот на целото население. Руската црква имала потреба од црковни книги на словенски јазик.Биле донесени книги од Македонија и Бугарија. Започнала да се развива преведувачка дејност а исто така била создадена и црковна литература на словенски јазик и кирилско писмо. Во време на Владимир државата се проширила на запад до руско-полското етничко подрачје, на исток до несловенските племиња.Зацврстувањето на христијанството придонело во изградување на феудалниот систем во Киевска Русија.Зајакнала центалната власт.Киевскиот кнез ја носел титулата „велики кнез“ а локалните кнезови ја признавале неговата врховна власт.Великиот кнез поседувал многу имоти и собирал данок од потчинетите земји. Во почетокот данокот се плаќал во натура а потоа во пари. Две третини од данокот биле за државата, а една третина му припаѓала лично на кнезот. Населението покрај плаќање на данок имало обврска да служи во војската. Населението имало статус на слободни луѓе, но имало обврска да плаќа данок на државата. Аристократијата се состоела од бојлари, од припадници на кнежевската војна дружина и од управници на градовите, а некогашните народни собранија биле заменети со совети на кнезови. Постоела и соседска општина, која што била управувана од старешини наречени старци. „Општината под управа на своите старешини (Старци) собирала данок од поедини домови и го доставувала во собиралиштата“.

Киевска Русија во време на Јарослав Мудриот

уреди

Во време на Јарослав Мудриот (1019-1054) продолжило со издигањето на Киевска Русија.Киевска Русија станала една од најнапредните држави во Европа. Својата сестра Марија ја омажил за полскиот кнез.Неговиот син Всеволод го оженил со ќерката на византискиот император Константин IX Мономах.Тој водел борба против одредени феудалци кои сакале да се осамостојат.Таков бил случај со неговиот брат Свјатополк. Тој исто така се плашел од барањето на Новгород за автономија Тој постигнал договор со собранието на Новгород со кој тој ја осигурал приврзаноста кон централната власт.Но сепак со посебна повелба ја гарантирал автономијата Новгород.„Кнезовите на Новгород при стапувањето на должноста морале да му се заколнат на повелбата на кнезот Јарослав“ . Потоа влегол во конфликт со својот внук Брајчаслав .После неуспешниот обид да го порази со оружје тој направил спогодба со него во која тој ја признал врховната власт на Киев но ја сочувал внатрешната самоуправа.Јарослав ја зајакнал позицијата на Руската црква .Во 1037 по повод победата над Печенезите ја подигнал катедралната црква Св.Софија. Исто така бил основан и манастир наречен Киевската лавра кој станал културно жариште.Во 1051 год.кнезот Јарослав без да побара дозвола од цариградскиот патијарх за митрополит го поставил рускиот свештеник Иларион.Тоа било прв обид за осамостојување на руската црква од врховната власт на Цариградската Патријаршија.Со јакнењето на христијанството се зајакнувал и културниот живот на Киевска Русија.Биле преведувани книги донесени Македонија и Бугарија.Биле преведувани книги од грчки на старословенски јазик.Се создала руска црковна книжевност.Се развило и пишување на летописни записи во Киев и Новгород .Се појавиле првите житија како:биогафија на убиените Свјатополкови браќа, Борис и Гилеб. Во 1036 година излегол првиот дел од списанието „Руска правда“.

Во време на кнезот Владимир Мономах (1113-1125) црквата исто така имала голема улога.Важна улога заземале црковните имоти кои што биле во сопственост на манастирите и високото свештенство.Слободните селани биле должни да плаќаат данок, да вршат воена служба и да извршуваат други должности во полза на кнезот и државата.Црквата и свештенството го помогнале зацврстувањето на власта на кнезовите и бојларите а тие за возврат и давале богати подароци кое се состоело претежно во давање земја.

Монголска инвазија

уреди

Монголската инвазија на Русија претставува инвазија која довела до распаѓање на Киевска Русија. Во 13 век, Киевска Русија се соочила со инвазија од страна на Монголците која инвазија довела до разрушување на голем број градови меѓу кои и Рјазан, Коломна, Москва, Владимир и Киев. Во 1223 година, земјата била поразена во битката кај реката Калка 2 Ивазиите продолжиле и во 1230-тите, а на 4 февруари 1238 година, Монголците го запалиле градот Владимир, а истото го направиле и со другите поголеми градови во североисточна Русија. Русите, исто така доживеале пораз и во битката кај реката Сит, по која Монголците се насочиле кон Полска и Унгарија. Монголците до тој момент ги имале освоено поголемиот дел од руските кнежества. Единствено Новгородската република ја избегнала окупацијата и продолжила да се развива во склопот на унијата Ханза.

Во текот на инвазијата, повеќе од 500.000 луѓе загинале или биле убиени, што претставува 7% од тогашниот број на население во земјата. По падот на Хазарите, на територијата меѓу реките Волга и Кама била создадена Волшка Бугарија. Во 10 век, населението на Волшка Бугарија го примило исламот, со што се олеснила трговијата со Блискиот Исток и Централна Азија. Во пресрет на монголската инвазија од 1230, земјата била окупирана од Златната Орда, при што од населението се создале денешните Чуваши и Казански Татари.

Бату хан

уреди

Во есента 1236 година, монголеките орди со околу 35.000 стрелци, ја преминале реката Волга и ја нападнале Волшка Бугарија. По една година тие успеале да ја заземат целата нејзина територија.

Во ноември 1237 година, Бату хан ги испратил своите пратеници кај Јуриј II кој одбил да ги прими. По само еден месец, ордите најпрвин го опседнале градот Рјазан, а по шестдневна крвава битка градот бил срушен до темел. По ова следувало и пустошење на Коломна и Москва, за да на 4 февруари 1238 година под опсада биде ставен градот Владимир. По само три дена градот бил заземен и срушен до темел. Дел од кралското семејство загинале во пожарите.

Бату хан продолжил со ограбувањата на четиринаесет градови во денешна Русија. Малиот град Козелск бил целосно уништен, притоа загинале 4.000 негови жители. Од поголемите градови, недопрени останале само Новгород и Псков. При опсадата на Новгород, монголите и покрај напредувањето, неочекувано се повлекле.

Во летото 1238 година, Бату Кан го уништил Крим, а во 1240 ордата навлегла во Киев. По ова следувал напад кон Полска и Унгарија. До 1242, Бату хан веќе ги контролирал Австрија и Далмација, за да стигне веста за смртта на врховиот хан Угедеј. Како потенцијален негов наследник, тој се вратил во Централна Азија но не станал врховен хан. Во 1242 година тој заминал во градот Сарај на реката Волга, основајќи ја Златната орда.

Влијание

уреди

Влијанието на Монголската империја на територијата на Киевска Русија било огромно. Културата на Киевска Русија била речиси уништена. Постарите руски центри како Киев и Владимир по војната не биле долго време обновени, а поновите градови како Москва, Твер и Нижни Новгород започнале да се натпреваруваат за хегемонијата на монголската доминација во Русија. Иако руската војска ја поразила Златната Орда во битката кај Куликово во 1380 година, монголската доминацијата на руска територија продолжила до 1480 година.

Големо московско кнежество

уреди

Големото московско кнежество било средновековно руско кнежество кое постоело во периодот од 1263 до 1547 година. Оваа кнежество било наследник на Владимирско-Суздалското кнежество а претходник на Руското царство.

Кога монголците ја нападнале територијата на Киевска Русија, Москва претставувала безначајно место во Владимирско-Суздалското кнежество. Иако во зимата на 1238 година ја опожариле Москва, московската област пружила одредена сигурност од монголските напади. Киевска Русија започнала постепено да се распаѓа на неколку мали кнежества. Така кон крајот на 12 век Владимир се поделил на Ростовско, Перејаславско, Јуриевско и Страдодубско кнежество. Во втортата половина на 13 век настанале Суздалското, Костромското и Московското кнежество.

Московското кнежество се појавило за прв пат во еден летопис од 1147 година, додека во 13 век пак, во времето кога започнало да се распаѓа некогашното Ростовско кнежество меѓу потомците на Всеволд III, Московското започнало да се создава. Во околу 1260 година, синот на Александар Невски, Даниел Александрович ја основал новата московска династија. Во тоа време, тоа кнежество било сеуште мало. Во времето на Данаил, таа започнала да се проширува, со кое започнал процесот на соединување на руските земји под Москва.

Московското кнежество, главно поради својата географска положба привлекувала голем број на доселеници. Кнежеството било полно со шума и било заштитено од напади на соседните кнежества. Трговијата овозможила зголемување на материјалното богатство на земјата. Московскиот кнез во тоа време се ставил во служба на Златната орда.

Даниел Московски

уреди

Даниел Московски бил кнез на Москва во периодот од 1263 година. Тој бил син на Александар Невски и прв кнез на Москва.

Данаил бил најмладиот син на Александар Невски, големиот кнез на Владимир, Новгород и Москва. Според традицијата, неговиот татко ја разделил својата територија на своите синови. Тој, како најмал го добил најмалото и тогаш неважно кнежество Москва кога по смртта на Невски, Даниел станал официјален владетел.

Во првите осум години управувал неговиот чичко Јарослав III. По смртта на Јарослав, Даниел водел војни против своите браќа Димитриј и Андреј III за управување на големото кнежество Владимир. И покрај неуспехот во овие војни, во 1300 година го заробил кнезот на Рјазан и добил територијални проширувања а во 1302 година починал Иван Переславски кој не оставил наследник, туку во својот тестамент напишал дека му ги отстапува неговите територии на својот роднина од Москва.

Во 1303 година Даниел починал.

Јуриј III

уреди

Јуриј III Данилович Московски бил најстариот син на Даниел Московски, кој по неговата смрт освен престолот ги наследил и војните со Монголите и Андреј III, големиот кнез на Владимир-Суздал. По неговата смрт, Јуриј ја сакал титулата на Переславлското кнежество. Од друга страна пак, Михаил II го опседнале Переславл и Москва, а самиот Михаил заминал во Златната орда каде му била потврдена титулата кнез.

Јуриј продолжил да управува со Москва. Во 1302 година го убил заробениот кнез на Рјазан, Константин, по кое го зазел Можаиск. Во 1314 година склучил договор со митрополитот Петар и со Новгород против Михаил. Во 1315 година го зазел Сарај, престолнината на Златната орда, и по две години го убедил на Узбек хан да го подржи во неговите претензии кон тронот. Тој се оженил со сестрата на ханот и се вратил во Русија со значителен број на монголска армија. И покрај тоа, во 1317 година бил поразен а неговиот брат Борис и неговата сопруга биле заробени. Јуриј успеал да побегне во Новгород и се обидел да склучи мир, но во Твер неговата сопруга починала неочекувано. Тој на Узбек хан му објавил дека неговата сестра била отровена по наредба на Михаил II, по кое Михаил бил повикан во Сарај и погубен.

По ова, во 1319 година Јуриј се вратил во Русија и бил прогласен за голем кнез налагајки Москва да плаќа годишен данок од рускиот вазал. Во тоа време, кнежеството доживеало голем развој придобивајќи огромно богатство. Во меѓувреме, синот на Михаил, Димитриј заминал кај ханот и го убедил дека Јуриј не плаќал данок, по кое тој бил повикан во Сарај, но пред да дојде од заседа бил убиен од страна на Димитриј.

Иван I

уреди

Иван I Даниловиќ Калита бил малиот син на Даниел. Кога починал неговиот постар брат Јуриј, тој не оставил наследник па во 1325 година тој станал негов наследник, кое било потврдено и од страна на монголскиот хан. Тој продолжил со борбите против големиот тверски кнез за наследството на Владимирското кнежество. Во негово време со помош на Златната орда бил заземен Владимир и во 1331 година тој го присоединил Владимир кон својата територија. Тоа станало кога помалите кнежества како Твер, Новгород и Рјазан одбиле да плаќаат данок на Златната орда. По ова следувало предупредување од Златната орда дека неговите територијални претензии треба да престанат.

Немајќи избор, остатокот од своето владеење Иван го провел мудро користејќи ја својата финансиска моќ. Москва и понатаму продолжила да плаќа годишен данок а од друга страна пак, дел од малите кнежества плаќале на Московското кнежество. Тој многу бргу успеал да го прекрши договорот за проширување на своите територии со Монголците. Иван I успеал да го убеди на рускиот патријарх Максим да ја премести својата престолнина најпрвин од Киев во Владимир, бидејќи градот бил разрушен претходно од страна на татарите. Наследникот на Максим, Петар ги помагал московските кнезови во борбата со Твер, и долго време живеел во Москва каде ја изградил Успенската катедрала. Изградба на соборниот храм започнала на 4 август 1326 година, а катедрала била завршена и осветена на 4 август 1327 година. Во тоа време градот Москва станал главен град на Владимирско-Суздалското кнежество, а подоцна и на Киевска Русија.

Иван I продолжил со проширување на своите територии преку купување на неколку области како Новгород, Владимир и Ростов.

Симеон Гордиот

уреди

Симеон Ивановиќ Гордиот бил првиот син и наследник на Иван Калита. Бил оженет со Марија, керка на големиот кнез Александар Тверски.

Симеон Гордиот ја централизирал власта и го засилил своето влијание врз кнезовите во идната Русија. За разлика од мирољубивата политика на својот татко искажана преку органичување на својата територија од проширувње, Симеон веднаш откако дошол на власт започнал војна против Новгород. Бидејќи бил сојузник со Златната орда, Симеон ја централизирал својата власт и го зголемил влијанието си меѓу останатите руски кнезови. По десет години го нападнал Смоленск. Овој напад не му се допаднал на Литванското војводство, гледајќи во Москва идна голема опасност. Во 1341 водел војна со градот Торжок, по која дополнително ја засилил власта си во Новгород. Починал во 1353 година во времето на Црната смрт заедно со своите два сина. Тој е погребан во Архангелската катедрала во Московски кремљ.

Иван II

уреди

Иван II Убавиот бил вториот син на големиот кнез Иван Калита и го наследил поголемиот си брат Симеон Гордиот, кој како кнез починал од црната смрт заедно со своите синови, на тој начин неоставајќи никакви наследници. Пред да стане кнез, тој раководел со градовите Руза и Звенигород. Тој успеал да ги одржи и зачува блиските односи на кнежеството со Златната орда, но не успеал да ја зголеми територијата на кнежеството.

Во ова време сеуште се водела битка околку доминацијата на Московското кнежество над останатите кнежество во денешна североисточна Русија. На Иван II од голема корист и помош му биле московските бојари и свештенството. Од втората сопруга Александра Ивановна Велеминова, ќерка на тогашниот градоначалник на Москва, Иван Иванович имал неколку деца, од кој еден и и неговиот наследник Дмитриј Донски.

Димитриј Донски

уреди

Св. Димитриј Иванович Донски бил син на Иван II, а бил принц од Москва од 1359 година и принц од Владимир од 1369 година, па се до до својата смрт во 1389 година. Тој бил првиот принц од Москва кој војувал со Татарите, а поради неговата победа над нив во битката кај Куликово во 1380 која се водела по течението на реката Дон, Димитриј го добил псевдонимот Донски.

Донски е признаен за светец во Русија, и неговиот ден се чествува на 19 мај.

Димитриј го преземал тронот како принц на Москва на само 9 години. За време на неговото рано владеење мошне активна била владата на чело со московскиот митрополит Алексеј. Во 1360 годна најголемото достоинство помеѓу руските принцови, принцот од Владимир го трансформирало во хан на Златната орда по Дмитриј Константинович од Нижни Новгород. Во 1363 кога принцот бил сменет, Димитриј бил крунисан за принц од Владимир. Три години подоцна, тој склучил примирје и сојузништво со Димитриј Константинович и се оженил со неговта ќерка Евдоксија. Во 1376 година нивните здружени војски ја уништиле Волшка Бугарија.

Најзначајно од неговото рано владеење е започнувањето на изградбата на Московски Кремљ којшто бил завршен во 1367 година. Новата тврдина му овозможила градот полесно да ги одбие опсадите, а особено оние на Алгирдас од Литванија, во 1368 и 1370 година. Третиот обид во 1372 година завршил со примирјето во Љубуцк. Во 1375, Димитриј преговарал да ги реши конфликтите со Михаил II Тверски под влијание на Владимир во свооја корист. За време на неговот владеење многу принцови од северна Русија му се придружиле против ордата. За време на своето владеење со Москва, Димитриј Донски двојно ја зголемил територијата на кнежеството.

Триесетгодишното владеење на Дмитриј Донски претставува почеток на крајот од монголското владеење од денешни делови на Русија. Монголските сили биле ослабнати поради граѓанската војна во Монголија и династичките борби за престолот. Дмитриј ја искористил таквата предност и својата борба против Монголите ја започнал со битка против Татарите.

Дмитриј е првиот руски владетел којшто извојувал победа над Монголите. Монголскиот генерал Мамаи, пратеник од тронот се обиел да го казни Дмитриј за зголемената моќ којашто ја употребил во битките. Во 1378, Мамаи испратил монголска војска, но таа била поразена во битката кај реката Вожа. Две години подоцна, Мамаи лично предводел војска во походот кон Москва. Но, Дмитриј го пресретнал и го поразил во битката кај Куликово. Битката се војувала по течението на реката Дон, па поради тоа тој бил наречен Дмитриј Донски. Поразот на Мамаи му го одземал високиот углед на тронот, па тој бил симнат од генералот Токтамиш. Монголскиот Кан го оддржал правото над некои делови од Русија, но затоа му дозволил на Дмитриј да може да собира данок во деловите каде што живеело монголско население. Тој ги задржил добрите односи со Златната орда и бил назначен за Голем војвода од Владимир. По неговата смрт во 1389 година, неговиот син Василиј I ги наследил неговите титули без согласност со монголскиот Кан.

Василиј I

уреди

Василиј I бил најстариот син на Дмитриј Донски и Големата принцеза Евдокија којашто била ќерка на Дмитриј Константинович од Нижни Новгород. По смртта на неговиот татко, тој станал голем кнез на Москва и Владимир без да почека потврда од страна на Златната орда, на која бил вазал. По опсадата на Москва во 1382 година, тој останал заробеник во монголскиот дворец, до успешното му бегство во 1386 година. Ова бегање на крајот му било простено главно поради нападот на Тимур врз Златната орда.

Василиј I продожил со поврзувањето на руските земји. За да ја намали опасноста од можните напади на Златната орда, во 1392, Василиј склучил сојузништво со Големото кнежество Литванија и се оженил со Софија Витовтовна, единствената ќерка на кнезот Витаутас Велики. Веднаш по ова, тој во 1392 година ги освоил градовите Нижни Новгород и Муром, а од 1397 до 1398, истото го сторил и со градовите Калуга, Вологда, Велики Устјуг со територијата на која живеел народот Коми. Крајот на независноста на Новгородската република бил проследен со еден значаен настан. Кога новгородскиот кнез сакал да се спротистави на московската армија која се приближувазла кон градот, неговите бојари му сопштиле дека е најдобро да тој ја признае власта на Василиј, и му дале на знаење дека нема да го подржат при определен напад. Присоединувањето на Нижни Новгород и дало можност на Москва да се зацврсти во областа на средна Волга. По четригодишен успех, Василиј I решил да прекине со војувањата и да се препушти на собирање финансии за идни походи. Во 1395 година одлучил повеќе да не плаќа данок на Златната орда. Истата година, Тимур ги нападнал словенските територии. Тој особено напаѓал во регионите по течението на реката Волга, но не подготвувал напад на Москва. Тимуровиот напад и послужил на Русија да ја загрози Златната орда, која во наредните 12 години била во состојба на анархија.

Постојаното ширење на земјата во првите десетина години од управувањето на Василија довело до голема грижа кај соседите, особено кај кнезот на Литванија кој претходно како сојузник, започнал да зазима неутрална страна. Така, во 1403-1404 година Василиј ги изгубил градовите Смоленск и Вјазма. По овој пораз од Литванија и крај на нивното сојузништво со Москва настапила Златната орда која во 1408 година со својата армија пристигнала дури до реонот на престолнината Москва. Поради ова напредување бил побаран мировен договор според кој московскиот кнез бил повторно обврзан да плаќа годишен данок на монголскиот хан, а и самиот Василиј морал во 1412 година да замине во престолнината Сарај за да му се поклони.

Василиј II

уреди

Василиј II Слепиот бил најстарото дете на Василиј I и Софија. Тој бил роден по 25 години брак на неговите родители. Во времето кога неговиот татко починал, тој имал само десет години. Бидејќи не бил способен да владее бил поставен регент кој владеел во негово име. Како крајот на регенството се приближувало, така неговиот чичко Јуриј започнал да се спротиставува организирајќи побуна во 1430 година. Така земјата била воведена во граѓанска војна. На крајот како посилен останал Јуриј кој ја освоил Москва и се крунисал за голем кнез во 1433 година.

Новиот владетел не се осудил да го погуби на Василиј туку го испратил во малиот град Коламна. По ова следувала нова побуна, овој пат од страна на Василиј кој во 1434 година успеал да победи а Јуриј во истата година починал. Голема помош на Василиј му пружил неговиот брат Димитриј. Истовремено граѓанска војна имало и во Златната орда која во тоа време конечно се распаднала. Еден од хановите успеал да го основа Казанскиот каганат по кое следувал напад на Големото московско кнежество и неуспешна опсада на Москва во 1439 година. По оваа неуспешна опсада, Василиј тргнал во противнапад, кој завршил катастрофално. Московската војска била поразена, а кнезот бил заробен. Тој во затвор поминал околу пет месеци. Кога бил пуштен, неговата земја започнала да плаќа голем данок на каганатот.

Искористувајќи ја оваа можност, Димитриј Јуријевич извршил државен удар во 1446 година, а самиот Василиј го ослепил, чин кој според руските закони Василиј го направил неспособен да владее. По ова, Василиј бил пратен во провинциски град.

Без разлика што бил ослепен, Василиј имал доволно пријатели кои започнале да прават завера за враќање на власт. Така, во 1448 година Василиј станал по трет пат голем кнез на Москва. Остатокот од своето владеење било проследено преку отстранување на малите моќни феудалци кои одиграле голема улога во неговото отстранување од власта. Суздал, Псков, Киров и Новгород станале вазали на Мсоква.

Василиј починал на 27 март 1462 година. Самиот кнез своите најголеми успеси ги доживеал во времето кога бил слеп поради кое бил наречен Василиј II Слепиот. Негов наследник станал синот Иван III.

Иван III Велики

уреди

Во текот на 15 век, големите кнезови на Москва се обиделе целото население на кнежеството да го стават под своја контрола. Најуспешен владетел од овој период бил Иван III, кој ги удрил темелите на новата руска држава. Иван постојано бил во конфликт со својот голем ривал од северозапад, Полско-литванската унија, борејќи се за придобивање на полузависните кнежества кои се наоѓале околу реките Дњепар и Ока. По долга војна, тој успеал да и порази и припои кон државата, Новгород и Твер. Како резултат на тоа, Големото московско војводство во време на владеењето на Иван III се проширило и зафаќало поврѓшина три пати поголема отколку во времето на неговиот претходник. За време на неговиот конфликт со Псков, еден монах по име Филотеј му напишал писмо со пророштво дека градот ќе биде наречен „Трет Рим“. До такви тези се дошло по падот на Константинопол и смртта на последниот христијански крал на Византија, бидејќи до 1453 година, седиштето на православната црква се наоѓала токму во центарот на византиската престолнина.

Членовите на Тјудорската династија и другите „нови монарси“ во Западна Европа го признале апсолутниот суверенитет на Иван над сите руски кнезови и благородници. Одбивајќи понатамошна соработка со Татарите, Иван III во својот поход, целосно ја поразил Златната Орда. Тој и неговите наследници се обиделе да ги заштитат јужните граници од нападите на Кримските Татари и другите орди. Иван III во светската историја е познат и како Иван Велики, голем кнез на сите Руси“, понекогаш е нарекуван и „обединувач на сите руски земји“. Во негово време биле изградени и реновирани голем број на објекти, од кој најпознат е московскиот Кремљ.

Иван III Василевич е роден на 22 јануари 1440 година од страна на Марија Јарославна, ќерка на кнезот Јарослав Боровски, во екот на граѓанските војни помеѓу неговиот татко, големиот кнез Василиј II Слепиот и чичко му, Димитриј. Во 1446 година Василиј бил заробен и ослепен, а Иван некое време се криел во манастир, а потоа, исто така, бил фатен од противниците на својот татко. Тој бил верен од политички причини за Марија Борисовна, ќерка на големиот кнез на Твер, и во 1452 година се оженил за неа.

Во последните години од владеењето на татко му Иван Василевич добил одредено искуство во управувањето. Во 1452 година формално бил поставен на чело на походот против Галич Мерски на север, а во 1458 година учествувал во војна против Казанско ханство. По смртта на Василиј II на 27 март 1462 година Иван III станал голем кнез на Московското кнежество. Во 1463 година Иван III го освоил Јарослав, а во следните неколку години водел неколку војни кои привремено го неутрализирале Казанското ханство. Во 1467 година неговата сопруга починала, оставајќи го со еден син, Иван Младиот. Во 1469 година тој добил понуда од римскиот папа да се омажи за Софија Палеолог која била ќерка на Тома, брат на последниот византиски император Константин XI Драгаш, кој по падот на Константинопол во 1453 година живел во Рим, заедно со своето семејство. Во 1472 година двајцата се венчавале во Москва, каде таа го прифатила името Софија.

Според различни проценки, за време на владеењето на Иван III Московското кнежество ја зголемило својата територија повеќе од четири пати. Ова се случило на сметка на соседните руски кнежества, како и на областите на исток, населени со угро-фински народи. Еден од првите значајни чекори на Иван III е освојувањето на Новгород, кој од неколку века бил самоуправуван како аристократска република. Загрижени од порастот на кнежеството, жителите на Новгород склучиле сојуз со полскиот крал Кажимеж IV. Иван Василевич го искористил ова како основа да ги обвини за ерес од православието и во 1470 година започнал војна против Новгород. По неколку успеси на московските војници, Новгород бил принуден да склучи мир, откажувајќи се од сојузот со Полска и отстапувајќи значителен дел од своите територии во корист на Москва. Во следните години Иван постојано барал повод за конечна послушност на Новгород. Во 1477 година тој започнал нова војна и на 14 јануари 1478 година го зазел градот. Востанијата во 1479-1488 година биле задушени со егзекуции на видни аристокрти.

Во времето на Иван III кнежеството успеало да ја отфрли зависноста од Монголската империја, која владеела два века. Во 1480 година, тој одбил да го плати редовниот данок на Ахмат Кан, владетел на Големата орда. Кога Монголите ги собирале своите сили и се упатиле кон Москва, Иван Василевич побегнал и во бегство бил додека ростовскиот епископ не го обвинил дека му било страв да се соочи со ордата. Во октомври двете армии се сретнале една против друга на двата брега на реката Угра. Монголската војска го чекала доаѓањето на литванските сојузници. За разлика од Куликовската битка, Русите не се осмелиле да нападнат. Откако Кримското ханство, сојузник на Москва, започнало воени дејствија против Литванија, Ахмат Кан решил да се повлече. Во 1481 година Ахмат Кан подготвил нов поход против Московското Кнежевство но бил нападнат и убиен од Ивак, хан на Ногајската орда. Во 1487 година Иван III дури успеал да го стави под вазална зависност Казанското ханство. Тој ги задржил сојузничките односи со другиот голем муслимански сосед, Кримско ханство. Преку неговиот владетел Менгли I Гирај тој воспоставил дипломатски односи со Отоманското Царство и во 1495 година во Константинопол пристигнал првиот руски амбасадор.

Со зајакнувањето на кнежеството, тоа постепено стекнало голема слава во Европа. Освен со Ватикан, во тоа време биле воспоставени дипломатски врски со Светата Римска империја, Унгарија, Молдавија. Иван III склучил унија со данскиот крал Ханс, насочен против Шведска. Тој ја иградил во тврдината Ивангород, која се покажала како особено корисна во подоцнежната Руско-шведска војна. Понатамошното проширување на московските права на запад било олеснето по смртта на Кажимеж IV во 1492 година. Новиот голем кнез на Литванија Александар бил доста нерешителен и се обидувал да се заштити од нападите на Москва женејќу се со Елена, ќерка на Иван III. Сепак агресивното однесување на дедо му продолжило и во 1499 година кога двете држави биле повторно во војна. Во 1500 година Литванците претрпиле пораз кај Ведроша, а во 1503 година Александар склучил мир, според кој ги отстапил Чернигов, Новгород Северски, Стародуб, Гоме, Брјанск, Торопец, Мценск и.т.н.

Управувањето на Иван III е поврзано со занчителна централизација на државата. Во текот на неговото владеење бил создаден устав аспоред кој кнезот немал повеќе потреба да се советува со болјарите околу некои битни прашања во земјата. По 1485 година бил изграден Московскиот Кремљ. Таму биле изградени камбанаријата на Иван Велики, а во 1479 година и Успенскиот собор. По наредба на Иван III византискиот монах Максим Греко преведувал грчки и латински црковни книги на руски. Последните години од владеењето на Иван III се поврзани со интриги околу неговото наследство. Под притисок на втората сопруга Софија првично за наследник бил одреден Димитриј кој бил подоцна отстранет. За наследник на тронот бил прогласен првиот син на Иван III од Софија, Василиј.

Иван III починал на 27 октомври 1505 година и бил погребан во Архангелската катедрала.

Руско царство

уреди

Иван Грозни

уреди

Развојот на царскиот автократски апсолутизам, својот врв го достигнал за време на владеењето на Иван IV (1547-1584), познат и како Иван Грозни. Тој е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, во 1547 година. Тој ја зајакнал позицијата на монархот на највисоко ниво.Исто така, во негово време биле направени едни од најголемите реформи во историјата на Русија, при што биле воведени нови закони во многу области, познати под името Судебник, со кои се бил основан првиот руски претставнички парламент кој се викал Земски Собор, а свештениците добиле поголеми права во управувањето.

Иако, тој војувал во долгата Ливонска војна за контрола на брегот на Балтичкото Море, во која дожиевал неуспех, Иван Грозни успеал да ги зазеде Казанското ханство, Астраханското ханство и Сибирското ханство. 56 Овие освојувања ја прекинале постојаната миграција на азиските народи во Европа, која се одвивала по течението на реките Волга и Урал. Преку овие освојувања, Русија ја зазела земјата на Татарите и на меѓународно ниво се појавила како мултиетничко и мултиконфесионално општество. Исто така, во овој период царот дал наредба да бидат ослободени Козаците, задолжувајќи ги да му служат.

Во подоцнежниот период од неговото владеење, Иван ја создал т.н. „Опричнина“ (руска територија во која царот имал директно управување). Наследниците на Иван Грозни извршиле голем број на крвави братоубиствени нереди во Опричнината, а главна кулминација на нередите бил Новгородскиот масакар во 1570 година. Овие настани биле проследени со воени загуби, епидемии и довеле до слабеење на царството. Тоа им овозможило на Татарите да извршат дополнителен притисок врз геополитичката состојба на Русија. Во 1572 година, царот се откажал од „Опричнината“.

Време на проблемите

уреди

По смртта на Иван Грозни, на тронот го наследил неговиот син Фјодор I. Во текот на неговото владеење следувал период на граѓански војни и „странска“ интервенција, позната како „Време на проблемите“ (1606–1613). 45 Екстремно студените лета од 1601 до 1603 година, 61 довеле до голем глад и зголемување на социјалната неорганизираност. Владеењето на Борис Годунов било проследено со големи бунтови и востанија, но сепак тој извршил големи реформи во Русија, меѓу кои најзначајни се социјалните и образовните. Тој ги познавал најдобрите европски учители и често пати го доведувал во царскиот двор за да учителствуваат. Поради победата против Шведска, уште од времето како регент, тој настојувал да обезбеди излез на Русија на Балтичкото Море. За таа цел, тој морал да ја освои Ливонија. Во 1600 година, Борис Годунов го подржал создавањето на Полско-литванската унија што дошло до голема побуна и немири против него. Како водач на немирите се смета дека бил последниот син на Иван Грозни, Димитриј Иванович, којшто се смета и дека го организирал убиството на царот на 13 април 1605 во Москва. На престолот, Борис Годунов бил наследен од неговиот син Фјодор II, којшто владеел само неколку месеци, бидејќи и тој бил убиен од противниците на својот татко. Претходно, од 1610 до 1612 година, војската на Полско-литванската унија ја окупирале Москва. Тие не успеале да го заземат градот, но градот бил запален. Во 1612, населението во Нижни Новогород, но и во другите поголеми градови, предводено од Дмитриј Позхарски и Кузма Минин успеале да ги протерат полските окупаторски сили од Москва.

Во февруари 1613 година, Полјаците биле протерани од околината на градот Москва, а Националното собрание, кое било составено од претставници од педесет градови, па дури и некои села, го избрале Михаил Романов за нов цар на Русија. Тој бил првиот руски цар од династијата Романови која владеела, сè до 1917 година. Основна задача на новата династија била да го врати мирот и стабилноста во земјата. За среќа на државата, нејзините главни непријатели, Полско-литванската унија и Шведска биле ангажирани во меѓусебни конфликти, кое и овозможило на Русија да склучи мир со Шведска во 1617 година и да потпише примирје со Полско-литванската унија во 1619 година. Враќањето на загубените територии, кое започнало во средината на 17 век со Хмељницкото востание во Украина против полската власт и перејаславскиот договор, склучен меѓу Русија и украинските Козаци.

Според договорот, Русија им гарантирала безбедност на Козаците во новосоздадената Запорошка република, која дотогаш била под полска власт. Но, руско-полските војни продолжиле и понатаму, сè до Андрушевскиот договор во 1667 година, во кој Полска ја прифатила територијалната загуба на Украина, вклучувајќи ги градовите Киев и Смоленск.

Руска империја

уреди

Руската империја е наследник на т.н. Руско или Московско царство, со кое владееле наследниците на Иван Грозни како цареви. Иако земјтата, официјално била прогласена за империја во 1721 година од страна на царот Петар I, таа навистина се преродила кога Петар станал цар во 1682 година.

Петар Велики

уреди

Петар I Алексеевич или Петар Велики (руски: Пётр I Алексеевич; Пётр Великий) (Москва, 9 јуни 1672 — Санкт Петербург, 8 февруари 1725 според грегоријанскиот календар, или 30 мај 1672 — 28 јануари 1725 според јулијанскиот календар) бил руски цар, кој владеел со Русија од 7 мај (27 април според јулијанскиот календар) 1682, па сѐ до својата смрт во 1725. На престолот дошол по многу дворски интриги и завери. На почетокот владеел заедно со својот слаб и болен полубрат Иван V, кој умрел во 1696. По Ивановата смрт, кога станал цар на Русија, Петар немилосрдно ги задушул сите отпори против него, па дури и во неговото семејство.

Петар владеел сам до 1724 година, а потоа владеел заедно со својата сопруга Екатерина I. Тој бил модернизатор на заостанатата феудална Русија на воен и економски план, а во исто време водел и експанзионистичка политика, главно кон земјите кои излегувале на море. За време на своето владеење, Петар ја претворил Русија во водечка европска сила во тоа време . Ја одбил титулата цар во 1721 и ја заменил со титулата „император“

Детство

уреди

Петар бил син на рускиот цар Алексеј I и неговата втора жена Наталија Наришкина. Алексеј I од првиот брак со Марија Милославскаја имал 5 синови и 8 ќерки, од кои само два сина: Фјодор III и Иван биле живи, кога Петар се родил. Алексеј I имал уште две ќерки со Наталија Наришкина пред да умре во 1674, година во која го наследил најстариот син Фјодор III .

Фјодор владеел шест години и умрел од скорбут . Поради тоа што немал деца, избиле конфликти за тоа кој има право да го наследи престолот, дали семејството на Алексеевата прва жена Марија или пак семејството на неговата втора жена Наталија. . Правно гледано, Иван бил следниот владетел по наследна линија, но бил физички и ментално неспособен да ја преземе должноста на цар , а и болјарите не сакале власта да биде во рацете на припадник на семејството Милославски. Бојарската дума во договор со патријархот го именувале десетгодишниот Петар за цар, заедно со неговата мајка како регент, против што се побунило Ивановото семејство, на чело со неговата сестра Софија Алексеевна . Под нејзино влијание, во тоа време се појавил и проблемот со „стрелците“ (елитни руски воени единици во тоа време). Елитните руски воени единици влегле во дворот, го ограбиле и пред очите на Петар убиле многу болјари, меѓу кои и двајца постари браќа на неговата мајка Наталија . Петар и неговата мајка биле присилени да се повлечат додека Софија не го преземала местото на регент над заедничкото владеење на Петар и Иван. .

Младост

уреди

Додека Софија била регент, Петар со својата мајка и луѓето кои му биле блиски живеел во дворците во околината на Москва, а најмногу во селото Пребраженско, каде што времето го поминувал вежбајќи и обучувајќи се во воените вештини со своите другари. Со тек на време, тој формирал своја воена единица, составена од војници, кои му биле верни, кои ги нарекол „Преображенски“ и „Семјоновски“ , според дворците во кои живеел со својата мајка. Неговите луѓе го сакале и му биле верни, бидејќи тој ги сметал за пријатели и многу добро постапувал со нив. Голема љубов и интерес имал во изградбата на бродови и пловидбата воопшто, на што го нучил еден Холанѓанец, кого го запознал во „германската населба“, сместена надвор од градот, каде живееле странци .

Во 1689 година, мајка му организирал свадба со Евдокија Лопухина. Но, бракот не бил како што треба, па по 10 години, Петар ја принудил сопругата да се откаже од бракот и да се замонаши.

Кога Петар наполнил 17 години, Софија сфатила дека и се заканува опасност, па започнала да врши промени на дворот, заедно со стрелците. Кога дознал за намерите на Софија, Петар заминал во манастирот св.Троица Сергеевска, а потоа ги повикал своите два полка, кои биле дел од некои одреди на војската и од стрелците. Софија била сменета на престолот и затворена во женски манастир . Сепак, вистинската власт била во рацете на Петровата мајка Наталија Наришкина, така што Петар сѐ уште не можел да оствари апсолутна власт. По смртта на неговата мајка, во 1694, Петар станал вистински независен владетел. Формално, Иван ја делел власта со него, но без значајно влијание. По Ивановата смрт (1696), Петар и легално станал единствен владетел.

Во меѓувреме, тој продолжил да ја посетува германската населба, каде што многу добро се запознал со западниот менталитет и западните обичаи. Тука ги запознал и своите два најдобри другари: Шкотланѓанецот Патрик Гордон (анг. Patrick Gordon), авантурист кој се занимавал со изнајмување на знамињата на другите земји и Швајцарецот Франц Лефорт (фр. Franz Lefort), војник, кој служел во руската војска . Петар и понатаму организирал воени воени маневри, а на Переславското езеро изградил воен брод со мал број на помошници. Затоа отишол во Архангелск, каде за прв пат во животот видел бродови и пловидба на море .

Русија во тоа време имала 13 милиони жители и била многу заостаната. Најголем број од нејзините жители биле селани (кметови), а бројот на благородници и граѓани бил многу мал . Буржоазијата, едвај постоела. Трговијата, која ја вршеле странците, се состоела во размена на западноевропски фабрички производи со руски суровини, а градовите речиси и да не постоеле, бидејќи имало големи села.

Почеток на владеењето

уреди

Годината 1695 била особено значајна во животот на Петар. Во неа, тој започнал да владее самостојно. Нему му било многу јасно дека Русија не може да се носи со големите европски сили, ако не ја надмине својата заостанатост. Во прв ред, тој се стремел на Русија да и обезбеди излез на море и да ја наруши културната и економска изолираност со другите европски земји.

Во тоа време, Русија имала излез, само на Белото Море. Шведска го контролирала Балтичкото Море, а контрола над Каспиското езеро, Петар можел да добие само ако ги потиснел Татарите од околните места. Затоа, тој бил принуден да војува со нив на Крим, кој во тоа време бил под Османлиска власт. Негова главна цел била да го заземе градот Азов, којшто во тоа време бил османлиско утврдување на реката Дон. Летото 1695, Петар го нападнал Азов, но нападот бил одбиен. Во ноември истата година, Петар, поучен од неуспехот изградил мала флота во Вороњеж, чија команда му ја доверил на Лефорт, кој во јули 1696 го зазел градот Азов, со што Русија добила излез на Азовското и Црното Море.

Патот во Европа и побуната на „стрелците“

уреди

За да го задржи Азов, Петар сфатил дека мора да формира голема флота, за чија изградба не располагал со доволно инженери, како ни морнари ни поморски офицери. Тој, веднаш испратил на обука за поморство, навигација и бродоградба стотина болјари во Англија, Холандија и Италија. Кога се дознало дека и самиот цар сака да патува во странство, некои водачи (Козаци), како и некои „стрелци“ имале во план да го убијат, меѓутоа Петар го откриил заговорот на време и жестоко се пресметал со заговорниците. Стотина заговорници биле однесени на Кремљскиот плоштад каде што биле запалени или им била отсечена главата .

Дознавајќи и интересирајќи сѐ повеќе за западниот начин на живот и западната технологија, Петар во 1697, тргнал на пат за Европа, придружуван од бројна делегација на советници (т.н. „Голема амбасада“). Тој сакал, што е можно подобро да се запознае со обичаите на западните земји зада може да ги примени во својата земја. Патувал како Петар Михајлович , иако на дворот кој го посетувал неговиот вистински идентитет бил познат и добуивал третман достоен за неговата позиција. Одредено време работел како дрводелец и бродоградител во Амстердам, а подоцна и во Англија, во близина на Лондон. Ги посетил главните градови на Германија и Австрија, а разговарал и со британскиот крал Вилијам III и се запознал со англиското општество, за кое Петар сметал дека е над сите, бидејќи никогаш не се видело кралот да пуши и пие по крчми, заедно со морнарите . Петар патувањето го искористил и за да изнајми стотици техничари и офицери од странство, кои требале со своите знаења да помогнат во Русија. Петар се стекнал и со големо знаење во областа на бродоградбата и картографијата.

Од друга страна, Петар сакал да се обиде да добие помош и подршка од европските владетели во борбата против моќното Османлиско царство. Меѓутоа неговите надежи станале јалови; Франција била традиционален сојузник на османлискиот султан, а Австрија настојувала да одржува мир на истокот за да може да војува на западот. Освен тоа, Петар избрал прилично лош момент за својата дипломатска офанзива: во тоа време Европа повеќе размислувала за тоа, кој ќе застане на шпанскиот престол, по смртта на кралот Карлос II, отколку да војува со Османлиското Царство. Неговата посета, изненадувачки била прекината во 1698 година, кога поради побуната на „стрелците“, бил принуден да го прекине своето патување низ Европа и да се врати во Русија. Меѓутоа, побуната била лесно задушена, дури и пред Петар да се врати дома. Тогаш, Петар останал во Полска, каде се запознал со полскиот крал Август II, со кого склучиј сојуз пред престојната војна со Шведска, чија цел била Русија да обезбеди излез на Балтичкото Море.

Првите реформи

уреди

Кога се вратил во Москва, Петар најпрвин се пресметал со побунетите. „Стрелците“ како воена формација биле распуштени, а многу од нив биле мачени, биле закопувани живи и испраќани во Сибир . Самиот Петар учествувал во мачењето на неговата полусестра Софија , која била доживотно затворена во манастир. Тој исто така го завршил својот 17-години неуспешен брак. Ја натерал Евдокија да се откаже од бракот и да отиде во манастир . Таа на Петар му родила 3 сина, а само еден, Алексеј преживеал, кој на 8 години бил одвоен од својата мајка. Односите меѓу таткото и синот биле сѐ полоши. Алексеј ја одбивал секоја послушност на царот, а Петар скоро секој ден го тепал .

Петровата посета на западна Европа го уверила дека многу европски обичаи биле понапредни од традиционалните руски. Затоа, тој им заповедал на своите чиновници да ги избричат брадите за да изгледаат според најновата европска мода . Ова наредба не важела само за свештениците, обработувачите на земја и кочијашите . На болјарите им наредил да ги скратат своите долги ракави и кафтаните (традиционална московска долна облека). На еден прием, кој го приредил по враќањето од странство, со ножички им ја сечел брадата на благородниците, без оглед на тоа што во Русија носењето на брада имало и верско значење и што црквата забранувала бричење на брадата .

Ова не биле единствените промени, кои ги вовел во руското општество. Веројатно поучен од своето искуство, Петар сметал дека договорените бракови со варварски обичај и треба да се забранат, протв волјата на идните сопружници и прогласил, задолжително идните сопружници да бидат верени најмалку шест седмици, време во кое би можеле слободно да се гледаат и подобро да се запознаат . Исто така им наредил на своите дворјани да приредуваат забави според европски обичаи, а жените од високите сталежи морале да одат на собири, со што била отстранета традиционалната изолираност на жените која што постоела до тогаш . Петар I извршил реформи и во војската, според западните стандрди. На благородништвото му наредил задолжителна служба на државата, како во администрацијата, така и во војската, а воената хиерархија ја уредил така што унапредувањето било вршено според заслугите, а не потеклото. Така, секој којшто имал големи заслуги бил унапредуван, а можел да достигне и високи воени чинови . Тој, исто така вовел и задолжителна воена служба, со што создал војска од 300.000 постојани војници, морнарица и резервисти.

За да може да издржува толку бројна војска, тој морал да изврши промени и во земјоделството и индустријата. Изградил и отворил многу нови фабрики, бродоградилишта и работилници, кои имале привилегии и државни субвенции. Петар создал економски ситем, во кој сѐ му било подредено на владетелот. Царот имал монопол над основните производи, како што биле катранот, кожата и свилата од Сибир . Работната сила била обезбедувана, така што на трговците и сопствениците на фабрики и рудници им било дозволено да купуваат цели села, со сите нивни жители, кои морале да работат на имотот на господарот.

Црквата, исто така претрпела промени. Патријархот на руската црква бил заменет со синод, кој бил под директна контрола на царот . Во 1699, Петар го напуштил традиционалниот руски календар, во кој годината започнувала на 1 септември и го прифатил јулијанскиот календар, каде годината започнува на 1 јануари.

Создавање на руската империја

уреди

Од доаѓањето на власт, па сѐ до неговата смрт, Петар без прекин водел војни, од кои зависела целата негова политика. Тој војувал против Османлиското царство во 1695, 1696 и 1711. Во 1696, Петар го освоил пристанишниот град Азов и на Русија ѝ осигурил излез на Црното Море, за подоцна во 1711 да се изгуби во мировни преговори со Османлиското царство. Тој војувал и против Персија, со што освоил и територии на западниот и јужниот брег на Каспиското езеро. Тие територии, Русија ги загубила многу бргу по неговата смрт. Меѓутоа најважна од сите војни кои ги водел, била онаа против Шведска, која траела 21 година (1700-1721) .

Големата северна војна

уреди

Решен да ѝ обезбеди на Русија излез на Балтичкото Море, а со тоа и излез кон западна Европа, Петар склучил мир со Османлиското царство и ѝ објавил војна на Шведска, со која тогаш владеел кралот Карло XII. Русија основала коалиција, во која влегле Данска, Полска, Бранденбург и Хановер . Добро подготвената шведска војска, лесно го спречила првиот руски обид за заземање на брегот на Балтичкото Морето со победата во битка кај Нарва во 1700 година.Во опсадата на Нарв, очигледни биле многу недостатоци на руската војска во поглед на организацијата, воената техника и снабдувањето. Карло XII за половина час со своите 12.000 војници ја победил побројната руска војска од 40.000 војници, заробувајќи многу плен и целата руска артилерија .

Наредните години, Русија не се осмелила повторно да ја нападне Шведска, така што Шведска морала да се насочи кон освојување на Полска и Прусија. Петар се оддал на реорганизирање на својата војска и изградил флота. За да надомести за изгубената артилерија, тој наредил, од секоја трета црква во Русија да се откинат ѕвоната и да се претворат во топови . Војската била организирани според западноевропски пример, а била воспоставена и воена обврска. Благородниците веќе не можеле во таа војска да станат офицери, додека не се стекнеле со стаж на обични војници. Странските војници и офицери биле заменети со Руси.

Засилената руска војска ја освоила денешна Естонија, но Карло XII и покрај тоа, ги продолжил војните против Полска и Прусија. Во периодот од 1701 до 1704, Петар заземал доста утврдувања и градови на брегот на Балтичкото Море: Дерпт, Нарва и Иванград, а на Ладошкото езеро изградил бродоградилиште и започнал со изградбата на флота, потребна за поморската војна против Шведска . На освоените територии во шведската покраина Ингрија во 1703, Петар основал град, кој го нарекол Санкт Петербург (по апостолот Свети Петар) и кој подоцна станал престолнина на Руската империја. Петар забранил изградба на камени градби надвор од границите на градот, па така сите мајстори можеле да учествуваат во подигнувањето на новиот град, кој набргу станал престолнина на Русија . Во тоа време, љубовница на Петар му станала Марта Скавронска, која го прифатила православието и го променила името во Екатерина. Таа наводно, тајно се омажила за Петар во 1707.

Претрпувајќи неколку тешки воени порази, полскиот крал Август II во 1706 абдицирал. Карло XII ја нападнал Русија во 1708 година. Во јули истата година, во битката кај Головкин Русите доживеале пораз. Сепак во битката кај Лесној Карло го доживеал својот прв пораз, и тоа откако Петар го пресретнал и уништил засилувањето, кое за Шведска тргнало од Рига. Обесхрабрен од овој пораз, Карло бил принуден да го откаже планираниот поход на Москва, меѓутоа не се повлекол во Полска или Шведска, туку тргнал кон Украина. Вештиот маневар на Петар овозможил руската војска на југ да ги уништии сите залихи на храна, кои Швеѓаните требале да ги користат на походот за Украина. Во недостатокот на храна и облека, шведската војска била уништена во зимата 1708/9. Есента 1709, Швеѓаните се откажале од освојувањето на Украина и навлегле во Русија. Битката, која двата крала со нетрпение ја очекувале се одиграла на 27 јуни кај Полтава. Петар, во таа битка, со засилувањето и модернизацијата на неговата војска од претходните години, со загуба од околу 10.000 војници целосно ја разбил шведската војска. Август II се вратил на престолот на Полска, а Карло бил принуден да избега во до тогаш неутралната Османлиско Царство, каде се обидел и успеал да го придобие султанот Ахмед III, кој и објавил војна на Русија .

Во 1711, Петар ги нападнал Османлиите во Молдавија и Бесарабија. За време на неговото отсуство, Думата се засилила, што на Петар не му се допаднало, па ја распуштил и формирал Сенат составен од 10 членови. Неговиот поход на Османлиското Царство се покажал како големо промашување, така што бил принуден да потпише мировен договор, со кој ги вратил сите пристанишни места заземени во 1697 година . За возврат, султанот го протерал Карло од неговата империја.

Руската војска на север ја зазела шведската покраина Ливонија (северен дел од денешна Латвија) и ги потиснала Швеѓаните во Финска. До 1714, Русите ја окупирале речиси цела Финска, благодарение на фактот дека руската царска морнарица била многу посилна од шведската. Во тие походи, сојузници на Русија биле и Хановер и Прусија. И покрај тоа, Карло одбил да се предаде, така што мир бил склучен дури по неговата смрт во 1718 година. Швеѓаните, доследно се придржувале кон одредбите пропишани во мировниот договор, но Русите започале тоа да го прават дури од 1720. Во 1721, била потпишана Ништадската спогодба, со која конечно завршила Големата северна војна. Русија ги добила Ингрија, Естонија, Латвија и значаен дел од Карелија, со што била остварена целта, да се обезбеди излез на Балтичкото Море. За возврат, Русија на Шведска и платила два милиони риксдалери и се откажала од најголемиот дел од Финска. На царот, се разбира му било дозволено да ја задржи територијата на Финска, во близина на Санкт Петербург, кој во 1712 станал престолнина на Русија.

По Ништадската спогодба, Сенатот на Петар му ја доделил титулата „император и самодржец серуски“. Бил наречен и „Татко на татковината“ и „Велики“, а Русија започнала да се нарекува „Руска империја“, а Петар ја заменил титулата „император на цела Русија“ .

Основањето на Санкт Петербург

уреди

Санкт Петербург е основан на 27 мај 1703 година, откако Русија ја освоила Ингерманланд од Шведска и со тоа излегла на море. Создавањето ан Санкт Петербург од една страна значело отворање на Русија на економски, политички и интелектуален план во Европа, а од друга страна, признавање на Русија во светот како воена и поморска сила .

Спротивно од старата престолнина Москва, која целата била изградена од дрво и која била олицетворение на старата руска традиција, Санкт Петербург бил изграден од камен и кал и бил олицетворение на модерен град во европски стил и претставувал победа на техниката над природата . Петар Велики ја финансирал изградбата на новата престолнин, а илјадници селани биле преселени за да ја забрзаат неговата изградба. Исто така, и затворениците биле присилени да работат во изградбата на градот. За да би можеле сите каменоресци и ѕидари да работат во Санкт Петербург, било забрането надвор од градот да се градат камени градби .

Почетниот план предвидувал мрежа на авении, кои се вкрстувале под прав агол се формирале мали канали, со пресекот на реката Нева. Поради тоа, градот Санкт Петербург бил наречен „Северна Венеција“, иако царот можеби претходно на ум го имал градот Амстердам, град кој го посетил во младоста. Влажната клима и непогодното земјиште ја отежнувале изградбата на градот , а згора на тоа, работниците живееле во многу лоши услови и биле слабо хранети, а поради тоа голем број умреле . Првиот објект за живеење била колибата на Петар Велики , изграден во 1703, во која царот живеел од 1703 до 1708. Колибата била изградена од дрво, бидејчи во тоа време сѐ уште немало услови за изградба од камен, па Петар наредил надворешните ѕидови да отсликуваат дека градбата е изградена од цигли . Стилот на оваа градба е комбинација од традиционална руска куќа (изба) и холандска куќа со големи и фино изградени прозорци и висок кров . Градот бил преполн со величествени цркви и палата во сите стилови. Петар бил сведок на изградбата на само некои од нив, како на пр. св. Петра и св. Павла и Петерхоф, летни дворец изграден сао за него. Тој, исто така ја наредил изградбата на природниот музеј Кунсткамер, кој бил првиот руски музеј воопшто . На 30 km од тој „нов Париз“, Петар изградил и „руски Версај“. Тоа бил убавиот дворец Петерхоф , кој го проектиррале француски архитекти во европски стил со тераси и вештачки водопади, фантастично уредени паркови во многу убав стил, кој според западните сфаќања бил неопходен за еден апсолутист од тоа време. Интересно е дека фонтаната која се наоѓа во Петерхоф не користи пумпа, туку го искористува природниот пад на земјиштето.

Подоцнежни години

уреди

Последните години од својот живот Петар ги поминал продолжувајќи ги реформите во Русија. Целта на неговите реформи била образување на силна држава со силна војска, како и големи економски и општествени промени . Веќе било вообичаено, царот, наследник на византиските императори да се смета за „самодржец“, а Петар инсистирал на овој концепт и така создал апсолутизам.

Во 1721, кратко по склулувањето на примирјето со Шведска, Петар бил прогласен за цар на цела Русија. Тој го одбил предлогот да ја прими титулата „Цар на истокот“. Титулата цар му ја признале Август II од Полска, Фредерик Вилхелм I од Прусија, Фредерик I од Шведска, но не и останатите европски монарси. Всушност, за многумина од нив, терминот „император“ звучел како надмоќен и преголем за еден владетел во однос на останатите. Освен тоа, некои владетели се плашеле, Петар Велики, своите владетелски права да не ги стави над нивните, како што своевремено Светото римско царство го прогласило својот цар, за владетел на сите христијански народи.

Петар Велики извршил коренити промени во војската на Русија и со тоа ја создал една од најмоќните војски во светот. Промените биле поделени во пешадијата, коњаницата и артилеријата, а исто така била воведена и мерка на регуларниот поредок на копнената војска и морнарицата, кои се состоеле од задолжителна регрутација на кметови и слободни луѓе без постојана работа. Со тоа, тој го променил статусот на благородништвото, со тоа што им наметнал задолжителна воена служба, задолжителна подготовка на војската или цивилната служба, како и донесување на одлуки за неделивоста на благородничките имоти со указот за наследствио од 1714 година.

Петар ја распуштил Думата и создал Сенат од 9 членови, кој имал апсолутна власт во времето кога царот бил отсутен и чии одлуки не можеле да се спроведуваат, доколку не биле едногласно донесени. Тој основал и министерски колегиуми, кои биле подредени во однос на Сенатот, а вовел и централизирана државна административна поделба на 8 губернии. Губерниите биле поделени на провинции, окрузи исрезови. Исто така била создадена и полиција, со која раководела тајната царска канцеларија.

Главна обврска на благородништвото во Русија во 17 век била воената служба. Меѓутоа, Петар оваа обврска ја наметнал со одлучност, која претходно не постоела, вклучувајќи ја и обврската да се служи во управата. Од друга страна, на иницијатива на својот советник Салтиков, Петар на благороднуиштвото му ги дал титулите на сите чиновници. Со указот од 1722, Петар објавил нов закон за повластици, познат како табела на ранговите, со што се создале чинови според степенот на достоинство на благороништвото сразмерно со хиерархиската функција. До тогаш, повластиците се стекнувале наследно. Сакајќи на болјарите да им ги одземе високите позиции, Петар наредил повластицата да биде под директно влијание на царот . Табелата на рангови постоела сѐ до пропаѓањето на Руското царство (1917). Последиците од овие реформи биле многу значајни. Бројот на припадници на благородништвото значајно се зголемил. Сите стари членови на благородништвото биле обврзани да стекнат минималнио потребно знаење за да можат да станат офицери и функционери. Тие морале да посетуваат стручни училишта, училишта за математички науки, поморска академија, инженерско училиште и училиште за артилерија. Чиновите воведени во 1722, потполно ги изразувале разликите меѓу благородништвото по род и благородништвото по служба. Од друга страна, Петар направил големи отстапки на општествен план и на благородниците им ја предал целата локална управа. Тие не само што ќе бидат должни за регрутирање на нови војници, туку ќе станат и полиција и судии на правдата .

Петар извршил реформи и во православната црква. Власта во црквата до тогаш била во рацете на московскиот патријарх. Во 1700, по смртта на патријархот Адријан, неговото место останало празно, а Петар одбил да именува заменик кој би ја презел целата должност на патријархот . Во 1721, Петар целосно ја укинал патријаршијата, а црковната управа била пренесена на Светиот синод, совет составен од 10 свештеници, над кои се наоѓало световно лице, кое ја преземало должноста на патријарх, а бил во директна надлежност од страна на царот. Со оваа реформа на црквата, таа била целосно потчинета на царот .

Петар Велики водел економска политика во духот на европскиот меркантилизам, чија главна цел била постигнување на позитивно извозно салдо. Со државни мерки, тој го стимулирал извозот, а со високите царини за странските фабрички производи го заштитил домашното производство. Вовел државен монопол, но го зголемил извозот на суровини. Довел техничари од западна Европа, кои учествувале во изградбата на фабрики и индустриски погони. Во својата економска политика, Петар отсекогаш имал на ум дека Русија не смее да заостанува, бидејќи имала огромни природни богатства и дека клучот на економскиот развој е во нивната експлоатација како суровини .

Од сите гранки на преработувачката индустрија, Петар особено внимание посветил на рударството, кое му било неопходно за вооружување на војската и морнарицата. Во негово време работеле околу 200 мануфактури, кои главно започнале со работа во времето на Големата северна војна. Меѓу најзначајните биле фабриките за оружје, железната индустрија и фабриките за текстил, кои произведувале ткаенини за војската . Комесарите на окрузите, кои ги избирало локалното благородништво и комесарите на срезовите, кои ги избирале селаните имале основна задача, да собираат данок. Најзначајно било, тоа да се изврши по примерот на Франција. Петар го укинал данокот на земја и имот и ги заменил со главарина. Данок на земја и имот плаќале само сопствениците на имот или оние кои го издржувале семејството; Главарина плаќале кметовите и сиромашните .

Средствата добиени од собирањето данок оделе директно во царската каса. За регрутирање во војската, благородништвото имало обврска секоја година да обезбеди одреден број на селани. За да спречи избегнување на воените обврски, Петар со еден декрет им забранил да ја напуштаат земјата без дозвола на локалното благородништво. Најтешка последица од владеењето на Петар Велики е проширувањето на кметството и влошувањето на неговата положба. Големите имоти сѐ повеќе се ширеле, а малите во сопственост на селаните речиси и да исчезнале. Потребата од пари го притискала Петар да затвори неколку манастари и нивната земја да ја приклучи кон царскиот имот, а останатите манастири да плаќаат данок.

Смрт

уреди

Во зимата 1723, Петар чие здравје не било добро, почнал да има проблеми со уринарниот систем и мочниот меур. Наредното лето (1724), докторскиот тим извршил потребна интервенција, со која бил овозможен дотек на заглавената урина. Петар останал да лежи в кревет од доцната есен. Тогаш, во првата седмица од октомври, вознемирен и веројатно излечен, Петар започнал да врши долга контрола над различни проекти. Според легендата, тоа било во ноември, додека во Лахта, долж Финскиот залив, тој вршел инспекција на неколку железници и одеднаш здогледал група војници како се дават во водите. Тогаш, тој скокнал во водата и ги спасил.

Се смета дека ладната вода го влошила проблемот на Петар со мочниот меур и ја причинила неговта смрт на 8 февруари 1725. Приказната, сепак била разгледувана со скептичност од некои историчари. Германскиот хронолог Јакоб фон Штелин е единствениот извор за приказната и изгледна невозможно, бидејќи досега никој не документирал ваков чин на херојство. Ова и интервалот од извршувањето на чинот и смртта на Петар исклучуваат секаква директна врска. И покрај тоа, приказната можеби е вистинита, делумно содржејќи барем ронка вистина.

Во почетокот на јануари 1725, Петар повторно бил засегнат од уремија. Легендата вели дека пред да падне во несвест, Петар побарал перо и хартија и го дочкртал незавршеното писмо: „Оставете сѐ....“ и тогаш истрошен од напорот, побарал неговата ќерка Ана да биде повикана Петар I умрел меѓу 4 и 5 часот наутро, на 8 февруари 1725. Аутопсијата покажала дека неговиот мочен меур бил заразен со гангрена. Тој бил 52 години и 7 месеци кога умрел, владеејќи 42 години.

Петар наследил заостаната, растурена и неорганизирана земја, која ја вклучил во европското општество, економија и политика. Во голема мера, тој ја променил традицијата, стремејќи се кон модернизација. Петар Велики ја претворил Московската држава во Руска империја, која се натпреварувала со останатите европски држави.

Личноста и карактерот на Петар Велики

уреди

Немилосрдната борба меѓу Петровата мајка и Софија, како и другите случувања, кои го довеле во неизвесност уште од млад придонеле тој да стане прилично неурамнотежена личност со силен одмазднички карактер , немилосрден и авторитетен. Бил бесен поради честите пијанства со своите другари, па бил многу опасен кон оној кој ќе му се најдел на патот, било да е благородник или слуга .

Катерина Алексеевна, која Петар во 1724 ја крунисал и прогласил за царица на Русија била единствената личност која можела да одолее на ужасните напади на царот . Од друга страна, односите со синот од првиот брак, Алексеј отсекогаш биле многу остри. Промените кои ги извршил во Русија предизвикале голем отпорсу велики отпор меѓу благородниците , придржувачите на стариот поредок и еден дел од свештенството. Тие своите надежи ги полагале во младиот Алексеј, кого го воспитувале свештениците и кој паднал под влијанието на противниците на својот татко. Самиот АЛексеј ја преживеал смртта на татка си. Тој, дури станал и кодош, избегал во Австрија и се обидел да го придобие Карл VI Хабзбуршки за да му помогне да го симне татка си од престолот . Петар го вратил во Русија и фрлил во темница, каде долго го мачел пред да го осуди на смрт во 1718 година. Алексеевите приврзаници, исто така биле мачени, а од тие маки не се спасиле ни калуѓерките од манастирот во кој била затворена Евдокија (Алексеевата мајка) , а и нејзе ѝ било судено поради лажни обвинувања за неверство.

Петар потполно се разликувал од своите претходници. Тој бил едноставен во државата и не сакал парадни церемонии . Претходните руски владетели се појавувале во јавноста само за време на одржување на свечености, меѓутоа Петар често се шетал по улиците како обичен граѓанин, облечен во скромна облека. Тој бил многу висок (2 метра) и многу силен. Поседувал неверојатна работна енергија и полет, но бил и брутален и свиреп. Бил политичар со долгорочни размислувања , способен дипломат и одличен војсководец. СВојата политика ја спроедувал енергично и немилосрдно, имајќи ја в предвид секогаш силната и моќна Русија .

Титула

уреди

Целосната титула на Петар I гласела: „Петар, цар и голем војвода, самовладетел на сите големи, мали и бели Руси од Москва, Киев, Владимир и Новгород, цар на Казан, цар на Астрахан, цар на Сибир, господар на П'сков и голем војвода од СмоленскТвер, Угра, Перм, Вјатка и Бугарија, голем војвода на Новгород во Долната земја, Чернигово, Ријазан, Ростов Јарославл Рјазања, Белозер, Удор, Одборие и Конд, владетел на сите Северни земји, господар на иверијанските земји и карталиниските и грузиски цареви, и карбардијанските земји со черкески и грузиски принцови, наследен владетел и господар на останатите земји.“

Во 1721, титулата била изменета па наместо „цар и голем војвода, самовладетел на сите големи, мали и бели Руси“ стоело „император и самовладетел на сите Руси“. Понатамошниот дел од титулата „голем војвода од Смоленск, Твер, Угра, Перм, Вјатка и Бугарија“ бил проширен во „голем војвода од Смоленск, војвода од Естонија, Ливонија, Карелија, Твер, Угра, Перм, Вјатка и Бугарија“. Исто така, започнал да се користи и бројот I зад неговото име, спротивно од дотогашниот обичај, според кој зад титулата на владетелот никогаш не се ставал број. Бугарија овде не се однесува на денешната држава Бугарија, туку на денешен Татарстан.

Катерина I

уреди

Катерина I Алексевна (руски: Екатерина I Алексеевна), родена Марта Скавронска, била втора сопруга на Петар I Велики и императорка на Русија од 1725 до 1727. Таа е првата жена која управувала како монарх во Руската империја.

Во 1724 година, Катерина била официјално именувана како ко-владетелка.

Една година пред смртта на нејзиниот сопруг, односите помеѓу нив биле заладени главно поради нејзината подршка кон Вилијам Монс, брат на поранешната љубовница на Петар Велики, Ана. Монс имал функција на секретар кај императорката. Петар I во текот на целото негово управување се борел главно против корупцијата во неговата земја, но Катерина имала големо влијание врз него. Вилијам Монс и неговата сестра, која била во дворот на Катерина, започнале да ги злоупотребуваат своите високи функции. Ова го правеле кога се обидувале да осигурат достап на надворешни интереси до Катерина. И покрај тоа што Катерина не сакала ни да помисли на нивните интереси, Петар Велики успеал да го егзекутира на Монс, а неговата сестра била прогонета. Катерина и Петар немале никакви контакти во продолжение на повеќе месеци. Според некои, таа и Монс имале љубовна афера, но за тоа нема тврди докази. По смртта на Петар во 1725 година, тој не оставил никаков машки наследник. Катерина започнала да ги претставува интересите на аристократите, кои ја избрале за нова императорка на Русија.

На 8 февруари 1726 година бил формиран Врховен таен совет, како орган на советници. Првично, советот имал шест членови за да подоцна неговиот број се зголеми на седум члена. Во текот на овој период, советот имал доминантна улога во управувањето на земјата, на чело со Александар Меншиков, кој бил љубовник на императорката. Како резултат на ова, сенатот забележал драстичен пад во управувањето, иако бил преименуван во Голем сенат. Врховниот совет колективно одлучувал за сите важни работи, а Катерина само ги потпишувала хартиите кои биле испраќани од нив. Врховниот совет ја укинал локалната власт која била воведена од страна на Петар, а ја вратил моќта на гувернерот.

Катерина била првата жена која владеела со големата Руска империја. Таа го започнала векот во кој доминирале жените во руското благородништво, заедно со нејзината ќерка Елисавета и внука Катерина.

Малку по смртта на Петар Велики, кон составот на руската армија која броела 130.000 луѓе, биле вклучени и 100.000 козаци, која армија ја направила најголема во Европа. Но и покрај тоа, претходните војни биле погубни за руската економија, кои земале 65% од вкупните приходи на земјата. Бидејќи земјата во тоа време била во мир, Катерина ги намалила трошоците за армијата

Петар II

уреди

Петар II Алексеевиќ (23 октомври 1715 - 29 јануари 1730; руски: Пётр II Алексеевич) бил император на Русија во периодот од 1727 до 1730 година. Починал на петнаесетгодишна возраст и неговото управѕвање со земјата било проследено со големото ривалство меѓу влијателните луѓе во царскиот дворец.

Петар Александрович бил единствениот син на Алексеј Петрович, кој пак од своја страна бил единствен син на императорот Петар Велики. Мајка му Шарлота фон Брауншвајг била сестра на омаженаата за Карло VI, цар на Светата Римска Империја. Три години по раѓањето на Петар Алексеевич татко му бил убиен по наредба на Петар Велики, по што тој бил држен во изолација од дворот. Тоа продолжило и во управувањето на втората сопруга и наследничка на Петар I, Катерина I.

Со помош на царицата Катерина I, Петар Алексеевич бил венчан за Марија, ќерката на највлијателниот политичар во дворот и близок пријател на Петар Велики, Александар Меншиков. По смртта на Катерина во 1727, со помош на Меншиков, кој го прибирал во својот дворец, Петар Алексеевич бил прогласен за император. Само неколку месеци подоцна, во септември 1727, Петар II, со подршка од својот учител Андреј Остерман, го отстранил Меншиков од власта.

Откако бил сменет, Меншиков бил испратен на заточение, а неговото место било зафатено од Василиј Долгоруков. Тој го одвел императорот во Москва и сакајќи да го венча за својата внука Катерина Долгорукова. Свадбата била закажана за 30 јануари 1730, но еден ден пред тоа императорот починал.

Со смртта на Петар II се прекинала директната машка линија на династијата Романови. Тој бил наследен од од Ана Ивановна, ќерка на Иван V, полубрат на Петар Велики.

Ана Ивановна

уреди

Иван VI

уреди

Елисавета

уреди

Петар III

уреди

Катерина II

уреди

Речиси педесет години биле потребни да поминат пред да се појави на рускиот престол амбициозен и безмилосен владетел. Екатерина II била германска принцеза која се оженила на рускиот наследник на престолот. Кога се открило дека тој бил неспособен, таа издала дозвола за негово убиство. Тогаш било најавено дека тој починал од "аполексија. Екатерина II имала голем успех во Руско-турските војни во периодот од 1768-1774 година . По договорот од 1774 година, Русија добила право да ги заштитува интересите на христијаните во Османлиското Царство, а Кримското ханство добило независност од султанот. До нејзината смрт во 1796 година, Екатерина својата земја ја претворила во една од најсилните и најголемите во Европа и светот. Територијалните проширувања продолжиле во времето на нејзините наследници Александар I, кој ја зазел Финска од ослабнатата Шведска во 1809 година и Бесарабија од Османлиското Царство во 1812 година.

Катерина II Велика (руски: Екатерина II Великая), родена Софија Фредерика Августа фон Анхалт-Цербст, (2 мај 1729 - 17 ноември 1796) била императорка на Русија во периодот од 1762 година до 1796. Таа всушност е и императорот кој најдолго се задржал на тронот на Руската империја, а периодот од нејзиното владеење многу често се нарекува “Златен век“. Таа водела успешни освојувачки војни. По војната со Османлиското Царство од 1766 до 1774 кон Русија го приклучила Кримскиот Полуостров.Ја проширила и на запад, на сметка на Полска.Како резултат на овие освојувања Русија станала најголема и најсилна европска држава во XVIII век, меѓутоа на општествен и стопански поглед заостанувала зад западноевропските држави.

Рани години

уреди

Софија Аугуста Фредерика од Анхалт-Зербста, е родена во Штетин во Прусија (денес Полска), од Кристин Аугуст - татко и Јохане Елизабета - мајка. Родена е како германка, во сродство со идните кралеви Густав III од Шведска и Карло XIII од Шведска. Во својата 15-та година таа станува кандидатка за сопруга на големиот војвода Петар Руски, внук на Петар Велики. Иако имала неколку конкурентки во борбата за таа позиција, изборот паднал на неа, бидејќи била од редот на ниско племство и се верувало дека поради тоа со неа лесно ќе се манипулира. Принцезата Софија била привлечна млада жена, која оставила силен впечаток на царицата. Руска принцеза

Во 1744 година, царицата Елизабета од Русија ја одбрала Софија за жена на својот внук Петар III од Русија, својот избран наследник. Софија го променила името во Катерина кога била преобразена во руската православна религија.

Софија никогаш порано го немала видено својот сопруг и кога тоа се случило тој не и се допаднал. Големиот војвода бил целиот во лузни и речиси без коса. Сепак, бидејќи тој брак требало да ја доведе на чело на династијата таа покорно прифатила се што и било понудено. Го земала името Катерина Алексеевна и на 21 август 1745, кога имала 16 години, со величествена церемонија, стапила во брак со Петар. Според многумина, првата брачна ноќ на новите сопружници им била катастрофална, бидејќи Петар повеќе сакал да си игра со своите војници отколку да се позанимава со својата сопруга.

Со текот на времето, додека тој станувал се понеурамнотежен таа учела руски јазик и се запознавала со православните верски ритуали. Меѓутоа, иако веќе седум години немале никаков однос, од неа се очекувало да роди престолонаследник. Знаејќи дека тоа нема да може да го изведе со својот маж, го пронашла својот прв љубовник, високиот дворски службеник Сергеј Салитков со кого забременила. Кога го родило момчето иако се знаело дека не е на Петар, му била дадена титула на голем војвода. На Салитков му било советувано да замине од Русија, а бебето било предадено на царицата Елизабета. Останувајќи без љубовникот и детето, Катерина одлучила да пронајде нов љубовник. Овојпат тоа бил еден Полјак - грофот Станислав Поњатовски. Тој бил образован и нежен маж кој уживал во нејзиното друштво. Нејзиниот следен љубовник бил Грегорие Орлов, офицер од царската гарда познат по својата убавина и физички способности, кој со текот на времето и станал корисен довереник.

Царска придружничка

уреди

Секогаш била во тек со новостите и случувањата, а контактирала со големите умови во тој период како Волтер и Дидро. Царицата Елизабета Петровна починала на 25 декември 1761, а по неколку дена Петар бил поставен за цар. Се уште бил нестабилна личност, склона кон бизарни испади. Во тоа време Катерина била бремена со второто дете зачнато со Орлов. Нејзините мајчински чувства во меѓувреме потполно згаснале и кога детето се родило таа го дала на едно семејство да го одгледа. Од почетокот на своето владеење Петар III се потсмевал на православната вера и му се воодушевувал на Фредерик Велики. Тој почнал преговори со него, иако бил најголемиот руски непријател. Помеѓу двете држави била потпишана спогодба со која Русија се обврзува на Прусија да и ги врати сите нејзини територии. Ова било многу непопуларен потег. Еден од неколкуте, како и оној кога Петар ја предупредил Австрија да се покори на барањата на Прусија, за да не дојде во конфликт со нејзиниот нов сојузник, Русија. Рускиот цар и се заканувал и на Данска, а потоа Петар III ненадејно бил симнат од тронот. Доаѓање на власт

Државниот удар се случил на 9 јуни 1762, а главните актери биле браќата Орлов. Петар морал да потпише акт за абдикција и утредента Катерина со почесна стрелба и црковни ѕвона влегла во Санкт Петербург. Петар, пак, бил затворен во дворецот Рофшау во Шлуселбург. Три недели откако бил симнат од престолот на 18 јули 1762 бил убиен. Катерина тврдела дека починал од излив на крв во мозокот, но сепак сите податоци укажувале на тоа дека браќата Орлов го убиле царот. Иако Катерина се ослободила од својот маж постоела уште една закана: човекот кого го нарекувале "затвореник број еден" царот Иван VI.

Иван VI станал цар на Русија на 5 октомври 1740 година кога имал само два месеца. Во негово име кратко владеела неговата мајка Ана Ивановна, сè до 1741 кога Елисавета Петровна ја симнала од престолот. Малиот Иван, со својата мајка и семејството бил испратен во прогонство, а потоа и затворен во тврдината Шлуселбург. Лишен од сите права, вклучувајќи ја и храната и дневната светлина, Иван со текот на времето полудел. И покрај тоа затвореникот претставувал сериозна пречка за Катерина. Затоа таа наредила во Шлуселбург да се постави стражар чија задача би било да го убие Иван во случај некој да се обиде да го ослободи. На 5 јули 1764 поручникот Василиј Јаковљевич Митрович се обидел да го ослободи стариот цар. Во истиот момент биле убиени Митрович и Иван. Зад убиството се верува дека стоела Катерина.

Владеење 1762-1796

уреди

На 22 септември 1764 Катерина официјално била крунисана. Главната цел била да ја поправи сликата за Русија во Европа и да ги зголеми руските територии. Затоа извршила радикални промени во владата. Иако била позната како деспот, таа внела и некои позитивни промени, пред се на полето на образованието, земјоделството и индустријата. Сепак и покрај напредокот на патот до остварување на нејзините планови стоела една голема препрека: руските кметови. Кметството било длабоко вкоренет начин на живот, каде земјоделците биле сопственост на своите газди. Иако се надевала дека ќе успее да го промени овој статус набргу сфатила дека земјопоседниците кои и пружале политичка поддршка нема да толерираат таква реформа. Затоа се откажала од своите планови и набргу влетала во шаблонот кој го оставиле претходните владетели автократи. Притоа издала и нов декрет, кој уште повеќе го зацврстил системот кој таа претходно го осудувала. Кметовите повеќе немале никакви права. До крајот на нејзиното владеење речиси немало селанец во Русија кој бил независен. Строгото владеење на Катерина не го почувствувале само ниските класи. Таа се свртела и кон Руската православна црква. Разбирајќи дека може да го зголеми своето богатство почнала од црквата да зема пари и богатства, а за да работите бидат уште полоши тоа што го земала од црквата во вид на подароци им го дала на браќата Орлов. Иако се уште и бил љубовник, Катерина на Грегорие Орлов му ја доделила титулата принц и го испратила во прогонство. Овој потег бил многу успешен. Орлов го одушевил европското високо друштво и станал добар амбасадор на Русија во Европа.

Во периодот на владеењето на Катерина II Велика, Русија најмногу добила во поглед на територијалното проширување, вклучувајќи ги Полуостровот Крим, Кавказ, Белорусија, Литванија. Овој период е и познат како „Златен век“, поради нејзиното успешно владеење. Територијално, Русија, се здобила со проширување од 518 000 км2.

Никита Ивановиќ, нејзин министер за надворешни работи, имал значајно влијание врз почетокот на нејзиното владеење. Катерина од Русија направила доминантна сила на Блискиот Исток, особено со Руско-Турските војни. Во Првата руско-турска војна (1768-1774) се обидела да направи поделба на европскиот дел на та Империја по Полскиот модел, но постигнала мал успех. Го анектирала Крим во 1783 година, за помалку од девет години станал самостален како резултат на првата руско-турска војна. Втората руско-турска војна (1787-1792) се завршила со Мировен договор меѓу Русија и Османлиското Царство, а притоа Рурсија го добила Кримскиот Полуостров.

На европски план Катерина имала значајна улога како посредник во војната за Баварија (1778-1779) меѓу Прусија и Австрија. Од 1788 до 1790 година била во војна со Шведска против Густав III. Оваа војна ја започнал со цел да ги поврати балтичките територии кои биле освоени во 1720 година од Русија. Очекувајќи лесно да ја совладаат Русија, се соочиле со потешкотии, територијални и човечки загуби. Контраофанзива од Шведска била организирана во 1790, каде конечната битка се водела на Свенскуда на 9 и 10 јули. На 14 август, бил потпишан мир, со кој се повратиле сите претходно освоени територии.

Катерина ја презела и водечката улога во делбата на Полска, користејќи ја нејзината децентралицазиона и немоќна влада, да ја подели меѓу Прусија и Австрија. Оваа поделба и овозможила на Русија да ја одржи рамнотежата во Источна Европа во XVIII век.

Во 1789 во Франција почнале револуционерни превирања. Интелектуалните струи оделе во правецот кон уставна, а не апсолутистичка власт. Писателот А.Н.Радишев во 1790 објавил текст, во кој зборувал за срамната положба на кметовите и го критикувал нивното малтретирање. Катерина наредила тој да биде погубен. Во 1794 ја избришала Полска од мапата на Европа, поделувајќи ја нејзината територија со Прусија и Австрија. Потемкин, нејзиниот љубовник, починал во 1791, а таа набргу влегла во нова врска, односно со Платон Зубов. Зубов меѓутоа не и бил лојален колку што таа сакала. Тој го задал првиот удар на нејзиниот син, кога тој бил убиен.

Катерина Велика ненадејно починала на 7 ноември 1796, во својата 67 година. Под нејзино водство Русија ја зголемила својата територија за 200.000 квадратни милји, го остварила сонот да добие излез на Босфор и станала побогата за многу палати, згради и нови градови. Од една наивна млада жена идеалист, таа се претворила во деспот, кој се згрозувал од било каква либерална идеја. По нејзината смрт престолот го наследил Павле I. Катерина никогаш не го ценела својот син и го сметала за малку имбецилен. Неговото владеење траело само пет години.

Павле I

уреди

Павле I Петрович бил император на Русија во периодот од 1796 до 1801 од династијата Холштаин-Готорп-Романов. Павле бил син на Петар III и Катерина Велика. По убивањето на својот сопруг, Катерина зборувала дека негов татко не бил Петар туку нејзиниот љубовник Сергеј Салтиков. Првите седум години од својот живот Павле ги поминал под контрола на кралица Елисавета. Односите со својата мајка не му биле добри. Првата сопруга му починала при породувањето, а за втор пат се оженил во 1776 година со Софија Доротеј, која го добила руското име Марија. Во тоа време се зборувало дека неговата мајка сакала да го убие, како што направил и со неговиот татко.

Павле станал цар кога починала Катерина Велика на 5 ноември 1796 година. Се зборувало дека Катерина оставила тестамент според кој Павле бил исклучен од можните нејзини наследници и дека одредила цар да биде Александар I. Поради ова, Павле тргнал кон пронаоѓање на тестаментот и негово уништување. По крунисувањето за цар, еден од првите закони кои ги донел Павле било начинот околу наследувањето на тронот.

Во првите години од своето владеење поништил многу закони кои биле донесени од неговата мајка, а својот татко Петар III го погребал со големи почести, а исто така и ја сопрел подготовката за напад на Персија. По зазимањето на Малта од страна на Наполеон Бонапарта, Малтешкиот ред свое живеалиште нашло во Русија. Поради својата агресивна политика, тој стекнал многу непријатели. Против него била организирана завера од страна на гувернерот на Петербург, Петар Пален. Така, на 11 март 1801 година бил извршен успешен атентат врз царот.

Царска Русија до Октомвриската револуција

уреди

Наполеон Бонапарт направил голема грешка, кога, по конфликтот со цар Александар I појдел во освојување на Царска Русија во 1812 година. Оваа кампања на воени походи на крајот била катастрофална за Наполеон, најмногу бидекќи руската армија постојано го избегнувала директниот удар на Наполеон и тактиката. Поради страшно студената руска зима, илјадници француски војници умреле од студ во снегот. Спроведувајќи герилски начин на војнување, Русите ги натерале Французите да се повлечат, а по најавеното повлекување, руските војски отишле до таму што ги гонеле низ цела централна и западна Европа, додека не престигнат во Париз.

Иако Руската империја одиграла водечка политичка улога во текот на 19 век, која и овозможила голема победа над Наполеон Бонапарта, задржувањето на феудалните односи во земјата го оневозможил економскиот напредок. Додека економскиот развој во Западна Европа бил во подем во времето на т.н. Индустриска револуција, Русија се повеќе заостанувала зад Европа кое допринесело за создавање на се поголеми проблеми во нејзиното општество. Иако Русија била голема сила, нејзината влада на различни полиња била доста неефикасна. Народот бил сиромашен а економијата неразвиена. По победата на Александар над Наполеон, царот имал план за спроведување на одреден број на реформи. Иако царот се обидел да ги воведе па и да ги спроведе, сепак најглавните не биле ниту допрени.

Француска инвазија на Русија (1812)

уреди

Француската инвазија на Русија во 1812 година , исто така позната како руска кампања во Франција 5 (француски: Campagne de Russie) и Патриотска војна во 1812 (руски: Отечественная война 1812 года), претставувала пресвртна точка за време на Наполеондките војни. Наполеон Бонапарта со околу 690.000 армија на 24 јуни 1812 година започнал со својата инвазија во Русија. Руската војска се спротиставила најмногу од стратегиска гледна точка избегнувајќи неколку битки. Наполеон ја зазел празната Москва но без одлучувачка борба со руските сили по кое морал да се повлече од Русија во време на зимата. Оваа инвазија има голема улога во руската култура (види: Војна и мир), а често се споредува и со германската инвазија на земјата во текот на Втората светска војна.

Сили

уреди

Француската армија која имала сила од 691,000 војници на 24 јуни 1812 година ја поминала реката Немен и се упатила кон Москва. Во тоа време ова била најголемата некогаш соберена војска во историјата на Европа. Заедно со сојузниците, оваа бројка достигнувала и до 800.000 војници.

Според некои проценки, руската армија во 1812 година во почетокот имала помалку војници. Околу 280.000 војници биле распоредени на границата со Полска. Царот Александар I претходно имал планови да го нападне Варшавското војводство.

Напад

уреди

Пред да започне со нападот, Наполеон упатил последен мироврн ултиматум до Петроград. Тој никогаш не добил одговор, по кое издал наредба да се нападне рускиот дел на Полска. Во почетокот Наполеон се соочил со многу мал отпор, па напредувал брзо преку руската територија. Барклеј де Толи, рускиот главен командант одбил да се бори, иако Пјотр Багратион инсистирал на тоа. На неколку пати се обидел да воспостави одбрамбени линии, но секогаш француската армија била пребрза поради кое бил принуден да се повлече.

Колку што француската армија напредувала, толку започнала да се соочува со проблеми околу снабдувањето. Политичкиот притисок кон Барклеј де Толи се повеќе се зголемувал за да влезе во конфликт со Французите. Освен тоа што одбивал, руските генерали се спротиставиле на неговата стратегија, па тој бил сменет од позицијата, а на негово место бил поставен Михаил Кутузов. Иако тој пред да биде поставен гледал во стратегијата диртектен конфликт, сепак кога застанал на функцијата и тој избегнал конфликт на истиот начин како и неговиот претходник, бидејќи сметал дека било нелогично да ја жртвува својата армија. По крајот на битката кај Смоленск од 16 до 18 август 1812 година, Кутузов конечно успеал да воспостави одбранбена позиција кај Бородино.

Битката кај Бородино се одвила на 7 септември и претставува најкрвавиот ден во Наполеоновите војни. Руската војска броела околу 120 000 луѓе со 640 орудија, а француската околу 130 000 - 135 000 луѓе со 587 оудија. Во битката Русите загубиле околу 44 000 војници, а Французите околу 50 000. Сепак, Кутузов се повлекол со војската на исток од Москва, а градот му го препуштал на Наполеон. По ова следувала евакуација, по наредба на Кутузов, на градот Москва.

Москва

уреди

Наполеон влегол во напуштениот град во кој не можел да пронајде ништо корисно кое би му помогнало за снабдување на неговата војска. Самиот Наполеон се навратил на класичните правила при војувањето, зазимајќи ја Москва (и покрај тоа што не била престолнина), очекувал рускиот цар да потпише капитулација. Но тоа не се случило. Русите немале намера да се повлечат. Кога Наполеон се припремал да влезе во Москва, кај него не дошла ниту една делегација од градот која ќе му ги предаде клучевите од Москва во обид да ги спаси населението од грабеж и слично. Москва била празна. При нормалните предавања на градот, какви во историјата ги имало мнногу, обично градските власти со окупаторот се договарале или потпишувале некаков договор за тоа каде ќе биде сместена војската и како ќе биде подржувана. Москва, која пред инвазијата имала околу 270.000 жители, при влезот на Французите, имала само една третина од населението и тоа старци, слуги и луѓе кои не можеле да бегаат. Оние кои го напуштиле градот зеле се што би им било од корист на Французите, а останатото го запалиле.

Кога француските сили влегле во Москва, започнала борба во која секој војник се борел за самиот себе барајќи храна и нешто корисно. Во градот настапил голем хаос, во кој улогата ја изгубиле и самите офицери и генерали. Московскиот градоначалник наредил да бидат запалени не само залихите од храна, туку и домовите. Две третини од куќите биле изградени од дрво. Се претпоставува дека четири петини од Москва биле целосно уништени. Наполеон бил многу разочаран. Пред да ја напушти Москва, дал наредба да се запали Кремљ и сите негови објекти.

Повлекување

уреди

Кога Москва била до темел изгорена, Наполеон наредил повлекување. Кутузов ги присилил на француските сили да се вратат кон Смоленск, од каде и дошле претходно. По овој пат одамна веќе немало никакви залихи од храна. Тоа било уште еден пример од големата стратегија на Кутузов. По ова, тој наредил партизанска борба со Французите за да им оневозможи да се пренасочат. Снабдувањето на француската војсна било невозможно. Француските војници започнале да си ги убиваат своите коњи за да можат да се прехранат. Поради недостаток од коњи, голем дел од топовите и оружјето останало на руска територија. Денеска, околу 800 топови се наоѓаат во Московскиот кремљ. Меѓу француските војници владеело глад и болести. Исцрпената француска армија била поразена во неколку битки.

Кон почетокот на декември 1812 година, Наполеон дознал дека генералот Клод де Мале сакал да изврши државен удар во Франција. Поради ова, тој со санка заминал за Париз. Во следните денови продолжиле поразите на Французите. На 14 декември 1812 година, конечно Французите ја напуштиле Русија.

Николај I

уреди

Иако Русија била голема сила, нејзината влада на различни полиња била доста неефикасна. Народот бил сиромашен а економијата неразвиена. 2 По победата на Александар над Наполеон, царот имал план за спроведување на одреден број на реформи. Иако царот се обидел да ги воведе па и да ги спроведе, сепак најглавните не биле ниту допрени.

Со релативно либерални убедувања бил Николај I (1825—1855), ко во почетокот на своето владеење бил соочен со избувнување на востание. Позадината на овој бунт лежела во Наполеоновите војни, кога голем број на руски офицери и војници скоро ја обиколиле Европа по време на руските походи и нивниот контакт со либерализмот во Западна Европа им дал можност да побарат промени во Русија. Како резултат на тоа избувнало т.н. Декемвриско востание во 1825 година. На чело на востанието застанале мал дел од либералните роднини, офицери и војници кои сакале братот на Николај да биде монарх, а Николај да се тргне од тронот. Меѓутоа, востанието било многу бргу задушено, поради кое Николај морал да отстапи од програмата која била започната дури од времето на Петар Велики, а со тоа да ја заштити максималната автократија. Рускиот император исто така морал да расчисти со востанијата и бунтовите кои се случувале во новоосвоените територии како Полска односно Ноемвриското востание во 1830 година и Јануарското востание од 1830 година.

Шизма и реакција

уреди

Суровата одмазда поради бунтот довела да 14 декември биде ден кој бил долго време помнат во касните револуционерни движења. За да може да го уништат револуционерното движење, универзитетите, училиштата и другите образовни институции биле ставени под голем надзор. Полициските шпиони биле насекаде. Потенцијалните револуционери биле носени на Сибир , посебно во времето на императорот Николај I, кога стотици илјади биле испратени во работнички логори.

Во секоја ситуација се појавувал Михаил Бакунин како татко на Анархизам|анархизмот . Тој од Русија во 1842 година заминал за Западна Европа каде станал голем активист на социјалистичкото движење. По учеството во Мајско востание (Дрезден)|Мајското востание во 1849 година, тој бил уапсен и испратен на Сибир , но тој од овде успеал да побегне и да замине повторно во Европа . Во истото време, во Западна Европа започнал да соработува со Карл Маркс , еден од основачите на социјализам|социјализмот и неговата идеологија.

Во Русија се повеќе се прошпирувала идејата на Петар Велики , според која Русија би требало да ги следи примерите на Западна Европа . Така, во земјата се појавиле две фракции. Според првата, нејзините претставници сметале дека требало да се следаат или имитираат европските движења и идеологии, а додека пак другите сметале дека на руската земја не и се потребни западните идеологии и притоа се стремиле кон повраќање на традиционалното минато. Тие биле познати како Славофили .

Александар II

уреди

Царот Николај починал, оставајќи зад себе голем број на нерешени прашања. Една година пред неговата смрт, Русија учествувала во Кримската војна, која била главно водена на Кримскиот полуостров 8 Бидејќи истата одиграла главна улога во поразот на Наполеон Бонапарта, Русија себе си се сметала за непобедлива сила, и покрај тоа што по војната претрпела значајни неуспеси поради слабата економска политика на Николај.

Кога Александар II дошолна власт во 1855 година, веднаш се увидела потребата од реформи. Како прва реформа кој ја презел била укинувањето на кметството. Во 1859 година се проценувало дека во земјата имало повеќе од 23.000.000 кметови (а целокупниот број на руското население било околу 69.000.000 жители),кои живееле во многу лоши услови. Така, најмногу поради овој факт, тој решил да го укине кметството и да не чека истото да биде укинато преку револуција.

Една од најголемата реформа во руската историја во текот на 19 век била еманципацијата. Преку неа се дало крајот на монополската аристократија над земјата. Воведувањето на реформата довела до голем прилив на работна сила во градовите. Индустриското производство се зголемило, бројот на припадниците на средната класа се зголемил. Истите, наместо да добијат сопственост врз земјиштето, тие морале да плаќаат порез на државната администрација, а сопствениците на земјата плаќале скромна сума за имотот. Во поголемиот дел, селското население ја добивало најплодната земја. Целата земја која им била предоставена на селаните била под контрола на колективна заедница која ја поделувала земјата. И покрај тоа што кметството било укинато, неговите резултати не оделе во прилог на селаните, па револуционерните тензии продолжиле да се зголемуваат.

Во 1876 година, во Османлиското Царство избувнало востание на Bалканскиот полуостров. Руското население и власт застанале на страната над словенското население, па Русија повторно влегла во поредната Руско-турската војна. Влегувањето во војната дополнително ги изладило односите на Русија со Австро-Унгарија, која исто така имала територијални претензии на Балканскиот полуостров. По завршувањето на војната, Русија ги проширила своите територии во Централна Азија, поточно во регионот околу Касписко Езеро.

Нихилизам

уреди

Во текот на 1860 година, во Русија избувнал т.н. Нихилистичко востание. Голем број на руски либералисти не биле задоволни од правото на говор. Во почетокот, нихилистите се обидиле да ја придобијат аристократската класа на своја страна. Кога овој обид не им успеал, тие се свртиле кон селското население. Нивната кампања “осврт на народот“ била позната како народно востание. Востанието се базирало на идејата да обичниот народ добие право на сопственост и право да тој управува со државните институции.

Кога востаничкото движење зазело поголем замав, властите решиле да го задушат истото. Како резултат на тоа, членовите на движењето започнале преку терористички напади да се закануваат на властите. 82 Голем број на високи чиновници биле убиени. Александар II бил убиен во 1881 година, истиот ден кога ги повикал претставниците на движењето да ги претстават нивните барања околу новите наводни реформи.

Александар III

уреди

За разлика од својот татко, новиот император Александар III 1881 - 1894 година) се одликувал со голема националистичка политика. 83 Александар III по обедување бил славофил. Бил верен дека неговата земја би можела да го избегне хаосот којшто владеел во Западна Европа и дека може да го спречи ширењето на некои според него штетни идеологии како анархизмот, социјализмот или нихилизмот. Во времето на неговото владеење, Русија склучила сојуз со Франција, чија цел била заедничко воено дејство во случај некоја од двете земји да биде нападната од страна на Персија.

Најмоќниот советник на царот бил Константин Петрович Победоносцев. Еден од најголемите противници на демократијата, уставот и парламентарниот систем.Под негово влијание, голем дел од револуционерите биле прогонети од земјата а била спроведувана политика на русификација.

Николај II

уреди

Наследник на Александар станал неговиот син Николај II (1894 - 1917). Во текот на неговото владеење, либералните елементи помеѓу индустрискиот капитализам добивале се поголем замав кое водело до уништување на монархијата. Руската социјалдемократска работничка партија земала се поголем замав. Партијата ги придобила на своја страна радикалната интелектуална и градска работничка класа чија главна цел им била комплетна социјална, економска и политичка револуција во Русија.

Во текот на 1903 година, партијата била поделена на две фракции: Меншевици или умерени, и Болшевици или радикални. Меншевиците верувале дека рускиот социјализам би требало да се развива по мирен пат, и да монархистичкиот режим треба да се промени со демократска република во која социјалистите би соработувале со буржоазијата и нивните партии. Болшевиците пак, под раководство на Владимир Илич Ленин захтевале да се создаде елита на професионални револуционери, и преку строга партиска дисциплина власта во Русија би се добила преку револуција односно на сила. 87 Воениот неуспех во Руско-јапонската војна од 1904-1905 година, бил голем удар за царскиот режим во Русија. 88 Во јануари 1905 година се случил голем крвав инцидент т.н. Крвава недела. Отецот гапон повел голема маса на народ кон Зимската палата во Санкт Петерсбург за да поднесат молба. Кога толпата од народ пристигнала до палатата, Козаците ги нападнале и притоа убиле голем дел од истите. 88 По ова, рускиот народен бил толку погоден од крвавиот настан што бил прогласен генерален штрајк, чие крајно барање било воспоставување на демократија во земјата. Ова го означило почетокот на Руската револуција од 1905 година. Во октомври истата година, царот Николај го издал т.н. Октомвриски манифест преку кој дозволил создавање на законодавно тело. 88 Правата за гласење биле зголемени и ниту еден закон не можел да стапи во сила без согласноста на новоформираното законодавно тело. Некои од ова решение на царот биле задоволни 88 , но социјалистите не го прифатиле манифестот и се обидиле да организираат повторни штрјкови.

Историја на Русија и Советскиот Сојуз

уреди

Историјата на Советска Русија и Советскиот Сојуз претставува период на големи промени не само во руското општество туку и во целиот свет. Иако термините "Советска Русија" и "Советски Сојуз" се синоними во секојдневниот речник, кога зборуваме за темелите на Советскиот Сојуз, Советска Русија се однесува на годините по абдикација на царот на Руската империја односно на Николај II (во 1917), но пред создавањето на Советскиот Сојуз во 1922 година. Во својата рана концепција, Советскиот Сојуз се стремил да постигне хармонија меѓу сите народи кои живееле во земјата. Оригиналната идеологија на државата се засновала врз основа на делата на Карл Маркс и Фридрих Енгелс. Во својата суштина, Марксовата теорија тврди дека економските и политичките системи требало да поминат преку неизбежна еволуција, со што сегашниот капиталистички систем ќе биде заменет со социјалистички систем.

Незадоволни од страна на релативно мал број на промени направени од страна на царот по Руската револуција од 1905 година, Русија се претворила во место на анархизмот, социјализмот и други радикални политички системи. Доминантната социјалистичката партија, Руска социјалдемократска работничка партија, се засновала на марксистичката идеологија. Започнувајќи од 1903 година, кога во партијата следело серија на поделби, партијата се разделила на две главни групи, болшевици (што значи "мнозинство") кои биле предводени од страна на Владимир Илич Ленин, и меншевици (што значи малцинство) предводена од Јулиј Мартов. До 1912 година, двете групи продолжиле да делуваат во рамките на една партија, но големите разлики меѓу Ленин и Мартов довеле до поделба на партијата за последен пат. Потребата од политичка доминација започнала помеѓу меншевиците и болшевиците. Не само што овие две фракции се бореле едни со други, но исто така имале заеднички непријатели, особено, оние кои се обидувале царот повторно да го донесат на власт. По Февруарската револуција, меншевиците добиле контрола на Русија и воспоставиле привремената влада. Ова траело само неколку месеци до преземањето на власта од страна на болшевиците по Октомвриската револуција (исто така наречена Болшевичка револуција). За да се разликува од другите социјалистички партии, болшевичката партија била преименувана во Руска комунистичка партија.

Во периодот од 1917 до 1923 година, земјата влегла во Првата светска војна, проследена со Руската граѓанска војна односно војната меѓу Бела армија и Црвена армија. По смртта на Ленин во 1924 година, на власт како генерален секретар бил избран Јосиф Сталин.

Руска револуција

уреди

Во текот на Првата светска војна, Руската империја доживела глад и економски колапс. Деморализирана, руската армија се здобила повлекување на голем број на војници од линиите на фронтот. Незадоволство со монархијата и својата политика на продолжување на војната се зголемила меѓу рускиот народ. Царот Николај и неговиот народ во Првата светска војна влегле со голем ентузијазам, како заштитници на своите српски браќа. Во август 1914 година, руските војски навлегла во Германија за да и даде подршка на Франција. Слабата економска политика на руските власти растела се повеќе, која доведувала до зголемување на корупцијата. Голем дел од населението било огорчено по воените неуспеаи и како главен виновник за ова го посочиле царот и неговата власт. Во средината на 1915 година, војанта се проширила. Резервите на храна и гориво се намалувале, бројот на жртвите растел како и инфлацијата. Избувнале големи штрајкови помеѓу недоволно платените работници во фабриките. Од друга страна пак, земјоделците барале реформи. Во 1916 година бил убиен Григориј Распутин, кој имал голема улога во политичкиот живот. Во текот на 1916 година, руската армија се борела против Германија, Австро-Унгарија и Турција на фронтот од Балтичко Море до Кавказ.

На 3 март 1917 година избувнал штрајк во една фабрика во Петроград. Сите работници престанале со работа и излегле на улични протести. Кога царот го распуштил законодавното тело и наредил штрајкувачите да се вратат на своите работни места, започнала Февруарската револуција. Царот Николај II абдицирал на престолот по Февруарската револуција во 1917 година (или март, во зависност од календарот Види: Советски календар), предизвикувајќи големи безредија во Петроград и другите поголеми руски градови. Руската Привремената влада била основана веднаш по падот на царот од страна на Привремената комисија на Државната Дума во почетокот на март 1917 година и добила условна поддршка на меншевиците. На чело на владата застанал принцот Григориј Лвов. Привремената влада подржувала учество во војната на која одлука болшевиците се спротивставиле. Привремената влада, исто така, ги одложила земјоделските реформи барани од страна на болшевиците. Поради ова, владата на Лвов паднала, а новата влада била создадена од страна на Александар Керенски. Нови немири настанале по поразот од Германија на Русија во војната. По ова, околу 20.000 морнари влегле во престолнината Петроград, барајќи Советите да ја заземат власта.

Февруарска револуција

уреди

Февруарската Револуција во Русија, уште попозната како Февруарска буржоаско-демократска Револуција во Русија е револуција што се случила во Руската Империја во периодот од 8 март до 12 март 1917 година, по нов календар, односно од 23 февруари до 27 февруари 1917 година, по стар календар, во престолнината на империјата, Петроград, денешен Санкт Петербург.

Со Февруарската Револуција во Русија бил ставен крај на повеќе од 200 години старата Руска Империја предводена од царската династија Романови и била прогласена Привремена руска влада во која власта им припаднала на демократите предводени од страна на Александар Керенски, но која до некаде соработувала со Советите на работничките и воените депутати, односно делегати, кои произлегувале од народот.

Царот Николај II во летото 1915 година ја презел врховната команда над руските сили во војната, а државните работи ги препуштил на својата сопруга Александра, која била под големо влијание на Распутин. Самиот парламент бил формиран од страна на либералите. Поради несогласувањата, парламентот бил распуштен во 1916 година. По формирањето на новиот парламент, царот не направил реформи кои биле барани од страна на либералите, по кое царот јавно бил осуден за велепредавство.

Февруарската револуција се јавила како последица на неуспесите на руското управување во текот на Првата светска војна, како и незадоволството од начинот на управување на царот Николај II (недостаток на силно водство). Сите политички партии (без Социјалдемократската, вклучувајќи ги болшевиците и меншевиките) го подржале учеството во Првата светска војна на страната на Велика Британија и Франција.

До Првата Светска Воjна, Царска Русиjа била заостаната земjа, во коja постоеле длабоки општествено–економски противречности. Иако имала прилично развиена индустриjа, таа многу заостанувала зад другите капиталистички земjи во Европа. Тешките економски, социjални и политички прилики во Русиjа, биле причина и за големите порази на руската воjска на фронтот. Руската воjска не била подготвена и опремена за подолготраjно воjување. Тоа не му сметало на царскиот режим, поради што продолжил да настоjува за продолжување воjната и покраj големите загуби. Ваквата политика на режимот, покраj поразите на фронтот предизвикале големо незадоволство во редовите на воjската. Се поjавило и општо незадоволство кај широките народни маси, кое се манифестирало преку многуброjни штраjкови и демонстрации против царскиот режим и воjната. Демонстрациите достигнале кулминациjа во февруари, по стар, односно во март, по нов календар, 1917 година. На 23 февруари, односно 8 март, 1917 година избувнал генерален штраjк на работниците во Петроград, денешен Санкт Петербург. Тоа го искористила Болшевичката Партиjа, на чие чело се наоѓал Владимир Илич Ленин, покренуваjќи ги народните маси да го урнат царизмот. Во наредните денови, ова движење прераснало во вистинско вооружено востание во Петроград. Воjската испратена да го задушува востанието преминала на страната на востанатиот народ, работниците и селаните. На 27 февруари, односно 12 март, 1917 година, Петроград бил завземен од вооружените одреди на востанатиот народ. Царот Николаj II абдицирал. Така, со Февруарската буржоаско – демократска Револуциjа бил соборен царизмот во Русиjа. Власта jа приграбила буржоазиjата и формирала Привремена влада во која што власта им припаднала на демократите предводени од страна на Александар Керенски. Февруарската Револуциjа имала буржоаско–демократски карактер. По неjзиното завршување во Русиjа било воведено двовластие. Покраj Привремената влада, постоеле и деjствувале и Советите на работничките и воените депутати, односно делегати, кои произлегувале од народот.

Привремена руска влада

уреди

Руската привремена влада (руски: Временное правительство России) била привремена влада на руската република веднаш по абдикација на царот Николај II (15 март, 1917) . Владата ја заменила институцијата на Советот на министрите на Руската империја. Главна цел на оваа влада било организацијата на изборите. Владата се состоела од два состави. Во првиот состав, таа била раковоедна од страна на принцот Григориј Лвов, а подоцна од страна на социјалистичката коалиција на Александар Керенски.

Главно ривалство по Февруарската револуција го воделе Петроградскиот совет и Думата.

Привремената влада била формирана во Петроград од страна на Привремената комисија на Државната дума и била предводена од принцот Григориј Лвов а потоа и од социјалистот Александар Керенски. Во исто време рускиот цар Николај Втори абдицирал во корист на неговиот брат Михаил Александрович кој изјавил дека ќе прифати доколку добие согласност од собранието. Привремената влада не можела да се донесе пресудни политички одлуки главно поради политичкото фракционерство . Главен противник на Привремената влада бил Петроградскиот совет, кој во почетокот соработувал со владата, но потоа постепено ја презел контролата над армијата, фабриките и железниците. . Овој период завиршил кон крајот на октомври 1917, кога болшевиците ја започнале т.н. Октомвриска револуција.

На 18 април министерот за надворешни работи Павел Милуков испратил соопштение според кое земјата ќе го продолжи своето учество во војната. На 20 април започнале масовни демонстрации на работниците и војниците поради продолжувањето на војната. Демонстрантите барале оставка од министерот. Лавр Корнилов, командант на Петроградската воена област предложил да се употреби сила над демонстрантите, но тоа било одбиено од страна на Григориј Лвов.

Привремената влада ја прифатила оставката на министерот за надворешни работи Павел Миљуков и министерот за војна Александар Гучков, упатувајќи апел до Петроградскиот совет за формирање на нова коалициска влада. Како резултат на преговорите, на 5 мај бил постигнат договор и 6 социјалистички министри се приклучиле кон кабинетот на владата. Привремената влада не можела да зема пресудни политички одлуки главно поради разните фракции во членството.

Законодавната политика и проблеми

уреди

По Февруарската револуција, абдикацијата на царот Николај II, и формирањето на комплетно нова руска држава, политичкиот спектар бил драматично променет. Уставната демократска партија која била составена претежно од либерални интелектуалци се трансформирала од опозициска партија во владејачка, како дел од новата влада, која требала да го замени царскиот режим. Многу бргу по овој настан следувала брза политизација на народната маса.

Голем дел од урбаните работници на почетокот ги подржувале социјалистичките меншевици, додека пак еден мал дел ги подржувале и радикалните болшевици. Меншевиците често пати ги подржувале акциите на Привремената влада и се верува дека главна причина на оваа подршка била идниот чекор кон воспоставувањето на комунизмот. Од друга страна пак, болшевиците насилно се спротиставувале на Привремената влада и барале брза транзиција кон комунизмот. Во селските реони, голем дел од населението ја подржувале Социјалистичката револуционерна партија која се залагала за форма на аграрен социјализам и земјишна политика што селаните во голема мера го подржиле. Кадетите пак биле главно конзервативна партија.

И покрај краткото владеење на привремента влада и нејзините недостатоци, таа донела многу прогресивно законодателство. Законите кои биле донесени во тоа време биле запаметени како едни од најлибералните закони во Европа во тоа време. Во тоа време се создала независноста на црквата од државата, предавајќи акцент на руралното самоуправување, како и афирмација на основните граѓански права како што се слободата на говорот, печатот и слично, потоа укинување на смртната казна и економска прераспределба во селата. Во исто време Полска добила независност, а Литванија и Украина добиле поголема автономија .

Главниот проблем на привремената влада бил во неговата неспособност за спроведување и администрирање на законодавната политика. Надворешна политика беше една област во која на Привремената влада беше во можност да примени своето дискрециско право во голема мера. Сепак, продолжувањето на агресивната надворешна политика, како на пример Керенската офанзива, довело до зголемување на незадоволството. Двојното управување со земјата на практика не функционирало.

Подемот на локалните, синдикалните и руралните организации, дало повод за демократизација на земјата. Голем дел од политичкиот кабинет на владата се залагале за зголемување на моќта на овие институции. Во голема мера се зајакнала и улогата на локалната власт во земјата. Рускиот историчар Мосе напишал дека овој период претставувал единствениот во модерната руска историја каде рускиот народ бил во можност да одигра значајна улога во формирањето на судбината на земјата . Синдикалните организации биле во подем и играле важна улога во претставувањето на работничката класа. Болшевиците пак стекнале голема популарност кај комитетите кои биле формирани во претпријатијата.

Керенска офанзива

уреди

Керенската офанзива или јулската офанзива претставува последната офанзива на Русија во текот на Првата светска војна. Таа се одиграла во јули 1917 година.

Министерот Александар Керенски одлучил да направи офанзива во текот на војната, но истата дошла во многу лошо време. По Февруарската револуција во Русија владеела желбата за мир, посебно кај војниците чиј број значително се намалил главно поради револуционерните пропаганди и намалувањето на авторитетот на офицерите.

Самиот Керенски се надевал на значајна победа на фронтот со кое ќе ја зголеми својата популарност меѓу населението и ќе го поврати војничкиот морал. Преку победата тој сметал исто така дека ќе ги зајакне позициите на Привремената влада и ќе ја докаже ефикасноста на најдемократската армија на светот.

Офанзивата на руската армија започнал по нападот на австроунгарската војска во Галиција на 1 јули 1917 година. Нападот бил насочен кон Лавов. Во операцијата биле вклучени единаесетата, седмата и осмата руска армија. Австроунгарските сили во Галиција располагале со австогерманска армија под команда на генералот Фон Ботмер.

По првичниот успех на руските сили, напредокот застанал поради тоа што самите руски војници одбивале да војуваат. Офанзивата пропаднала на 16 јули. Австриските и германските сили извршиле контранапад на 18 јули соочувајќи се со многу слаб отпор. Тие напредувале низ цела Галиција и Украина до реката Збруч. Руските линии биле пробиени на 20 јули, а на 23 јули Русите се повлекле за 240 километри. По крајот на офанзивата, Привремената руска влада дополнително ги загубила своите позиции и симпатии. Најголема корист од овие напади имале болшевиците. Повеќе ниту еден руски генерал не можел да смета на војниците кои биле под негова команда. На 1 септември 1917 година Германците ја освоиле Рига, нанесувајќи им уште еден пораз на Русите. Дел од руските војници кои требало да го бранат градот се повлекле уште пред германските сили да пристигнат.

Корниловски пуч

уреди

Корниловиот пуч или Корниловата афера претставува наводен обид за државен удар од страна на командантот на руската армија, генералот Лавр Корнилов во август 1917 година против Руската привремена влада на чело со Александар Керенски. Александар Керенски слушнал за некој извештај дека болшевиците планирале да направат државен удар. Иако и самиот тој знаел дека ова е лага, тој во ова пронашол прилика да се ослободи од Корнилов, кој започнал да претставува закана и на самиот него. Верувајќи дека ќе добие подршка од началниците, Александар Керенски ја вратил смртната казна во земјата на 12 јули. По една недела, во обид да се смири растечкиот конзервативен елемент во руското општество, во назначил Лавр Корнилов за командант на руската армија. На 25 август 1917 година, Корнилов го испратил кон Петроград третиот вооружен корпус на чело со Александар Кримов и по наредба на премиерот Александар Керенски. Главна цел била неутрализирање на болшевиците и намалување на нивната улога во општеството. Со ова тој самиот добил шанса да ја нападне и Привремената влада и да стане воен диктатор. Сепак, под притисок на Петроградскиот совет, Керенски ја променил својата одлука а самиот ден, на 27 август тој бил сменет од позиција главен командант. По ова следувало апсење на Корнилов, а Кримов се самоубил.

Јулски денови

уреди

Јулските денови се нереди кои се случиле во периодот од 16 јули до 20 јули 1917 година во Петроград, Русија.

На 15 јули 1917 година Кадетите ја напуштиле седницата на Руската привремена влада, заканувајќи се на меншевиците и Социјалистичките револуционери (СРС), со распад на владината коалиција. Јулските денови се одржале во Петроград во периодот од 16 до 20 јули, каде група од војници и индустриски работници започнале нереди во градот и истите биле насочени против привремената буржоазиска влада. Во демонстрациите и нередите учество зеле над 500.000 луѓе. За целиот настан, по неговото задушување, биле обвинети Болшевиците. Во текот на нередите, по наредба на владата, офицерските одреди започнале да пукаат кон демонстрантите. Лидерот на Болшевиците Ленин бил во бегство додека пак голем број од останатите лидери биле уапсени .Во текот на нередите биле убиени повеќе од 700 луѓе.

Како краен резултат од настаните било оставка на кабинетот и создавање на нова влада предводена од страна на Керенски. По јулските денови престанало двостраното владеење. Власта преминала целосно во рацете на контрареволуционерите, а советите поминале во нелегалност и започнале подготовка за востание познато како Октомвриска револуција.

Октомвриска револуција

уреди

Октомвриската револуција (позната и како Болшевичка револуција) е втората фаза на Руската револуција од 1917. Првата фаза на Руската револуција започнала со Февруарската револуција во истата година. Револуцијата ја кренле руските болшевици на чело со Владимир Ленин и Лав Троцки заедно со меншевиците, левите социјалисти и анаристите. Оваа револуција била првата марксистичко-комунистичка револуција во историјата.

На почетокот, овој настан се нарекуваше Октомвриско востание или Востанието од 25-ти, на пример, во првите изданија на севкупните дела на Ленин. Неговиот официјален назив, Голема октомвриска социјалистичка револуција потекнува од прославата на 10-годишнината од револуцијата во 1927.

Резултатот од револуцијата било воведување на еднопартиска власт на комунистите и реорганизација на претходното Руско царство во Сојуз на Советските Социјалистички Републики.

Заднина

уреди

Големото незадоволство кое владеело во Русија довело до предизвикување на Јулските денови. По крајот на јулските денови следувала Керенската офанзива против Германија и Австро-Унгарија во Галиција. Повлекувањето на војската дополнително ја загрозила позицијата на Керенски во Привремената влада. По ова, околу 20.000 морнари влегле во престолнината Петроград, барајќи Советите да ја заземат власта. Престолнината била без одбрана два дена. По задушувањето на бунтот, владата ги обвинила на болшевиците, кои преминале во нелегалност. Од друга страна пак кај комунистите започнало консолидирање на партијата. Голем дел од социјалдемократите се придружиле кон болшевиците. Голем дел од нив, како Лав Троцки на пример, одиграле голема улога во болшевичкото зазимање на престолнината.

Почеток

уреди

Најважните револуционерни активности во Петроград, тогашната престолнина на Русија, биле под команда на Петроградскиот совет на чие чело се наоѓал Лав Троцки и Воениот револуционерен комитет, на чело со Адолф Јоф. Револуционерите успеале да ја симнат Привремената влада, кое пак по нејзиниот крај дошло до започнувањето на Руската граѓанска војна која завршила со создавањето на Советскиот Сојуз во 1922 година.

Во почетокот, револуцијата се нарекувала Октомвриска побуна или Востанието 25, според тогашните документи како на што се споменати во првите изданија на делата на Ленин. Самата револуција започнала да се смета како многу важен глобален настан, како прв настан кој во иднина ќе се темели на т.н. Студена војна и борбата меѓу Советскиот Сојуз и капиталиситчките земји во Западна Европа и САД.

Тек на револуцијата

уреди

На 23 октомври 1917 година, болшевичкиот лидер Јан Анвелт ги повел своите левичарски револуционери во Талин. На 25 октомври Владимир Ленин ги повел своите сили кон Петроград. Нередите во Петроград биле проследени со мал број на жртви. Болшевиците ги зазеле владините објекти со мал отпор пред конечниот напад на Зимскиот дворец во ноќта меѓу 6 и 7 ноември. Нападот бил предводен од страна на Владимир Антонов-Овсенко, а Зимскиот дворец бил под контрола на Козаците. Дворецот бил заземан во околу 2 часот наутро. Датата 7 ноември е земан како официјална дата на Октомвриската револуција. На седницата на ЦК на Болшевичката партија одржана на 23 октомври била донесена одлука да се крене востание на денот на отворањето на Вториот серуски конгрес на советите. На конгресот, „за” гласале десет членови, „против” гласале два члена (Лев Каменев и Григориј Зиновјев), а отсутни биле единаесет членови.

Зазимање на власта

уреди

Следниот ден е отворен Вториот конгрес на советите. На вториот конгрес присуствувале 650 претставници од кои 390 биле болшевици а околу 100 биле леви социјалисти, кои исто така го подржувале падот на Привремената влада. Кога бил објавен падот на Зимскиот дворец, Конгресот усвоил декрет за зазимање на власта од страна на работниците, војниците и селаните со кое била ратификувана револуцијата.

  • “ ... потпрен врз волјата на мнозинството од работниците, војниците и селаните, потпрен врз целосното победоносно востание на работниците и на гарнизонот во Петроград, Конгресот ја зема власта во свои раце. Привремената влада е соборена... Конгресот заклучува: Власта во целост преминува кај советите на работничките, војничките и селанските депутати, кои треба да воведат вистински револуционерен ред. ”

Зазимањето на власта не поминало без несогласувања. Централното и десното крило на социјалистите, како и меншевиците верувале дека Ленин и болшевиците нелегално ја презеле власта. Десните социјал-револуционери и меншевиците го напуштиле конгресот пред усвојување на резолуцијата, во знак на протест поради преземањето на власта од страна на болшевиците, додека левите социјалреволуционери застанале зад болшевиците. Додека излегувале, Лав Троцки им кажал:

  • “ Вие сте жални изолирани поединци. Вие сте губитници. Вашата улога е одиграна. Заминете таму каде што припаѓате. ”

Консолидирање

уреди

На следниот ден, Советот избрал Совет на народни комесари како основа за новата советска влада. Исто така бил усвоен Декрет за мир и Декрет за земјата. Српот и чеканот го претставувале сојузот помеѓу селаните и работниците, па овој симбол станал официјално знаме на земјата.

Зазимањето на власта во останатите делови од земјата биле доста успешни. Во Москва борбите траеле две недели. Сепак, во деловите од поранешната империја каде Русите не биле мнозинство имало поголеми конфликти бидејќи тие земји барале независност уште пред Февруарската револуција. На пример, украинската Рада, која прогласила автономија на 23 јуни 1917 година, ја основала Украинската народна република, која била подржана од страна на Украинскиот конгресен совет. Ова довело до конфликт меѓу болшевичката влада во Петроград. . Во Естонија се појавиле две ривалски влади: Естонскиот Дијет прогласил независност на 28 ноември 1917 година, додека естонскиот болшевик Јан Алвет на 8 декември бил признат од страна на владата на Ленин како лидер на Естонија и покрај тоа што неговите сили го контролирале само Талин. .

По крајот на Октомвриската револуција започнала Руската граѓанска војна. САД не ја признавале руската влада до 1933 година, а во времето на војната испратиле 10.000 војници за да помогнат во јапонската инвазија во Сибир.

На 25 ноември се одржиле избори за Уставотворното собрание. Резултатите не биле во прилог на болшевиците. Најмногу мандати освоиле социјалреволуционерите: од вкупно 715 места во Собранието, тие добиле 412 (57,6%). Од тоа, левите социјалреволуционери имале 42 мандати, а десните социјалреволуционери 370. Болшевиците биле втори по сила во Уставотворното собрание, добивајќи 183 мандати (25,6%), потоа следувале меншевиците со 17 мандати, конституционалните демократи со 16, народниците со 2, а различните национални малцинства освоиле преку 80 мандати. Сепак, болшевиците не дозволиле партиите што имаат мнозинство во Уставотворното собрание да ја преземат власта и на 19 јануари 1918 година го распуштиле Собранието и ја зацврстиле својата власт.

Руска граѓанска војна

уреди

Руската граѓанска војна се водела во периодот од 1917 до 1923 година. По успехот во Октомвриската револуција, новата руска болшевичка влада решила да воспостави мир со Германија, како што му ветила на рускиот народ пред револуцијата. Брест-Литовскиот договор бил подпишан на 6 март 1918 година. Мирот бил единствен избор за болшевиците, бидејќи руската армија била во хаос кога Германците напредувале во февруари 1918 година.

Поголемиот дел од војната завршил во 1920 година, но значајни конфликти продолжиле до 1922 година.

Преглед

уреди

Граѓанската војна се водела помеѓу Црвената армија која ја сочинувале комунистите и револуционерите и Белата армија која ја сочинувале монархистите, конзервативците, либералите и дел од социјалистите кои се противеле на револувијата. Црната армија одиграла мала улога во војната, напаѓајќи ги понекогаш црвените а понекогаш белите сили. Антантата застанала на страната на Белата армија.

Граѓанската војна се водела на три фронта: источен, јужен и северозападен. Целиот конфликт може да се подели на три периоди. Првиот период траел од Октомвриската револуција до примирјето. Кон крајот на ноември 1917 година, болшевиците потпишале договор според кој козачките традиционални земји ќе бидат управувани од страна на земјата. Ова предизвикало незадоволство и подуна во Донскиот реон. По склучувањето на Брест-Литовскиот договор, голем број од сојниците во Антантата започнале да ги помагаат Белите. Вториот период бил клучен за граѓанската војна, и истиот траел од јануари до ноември 1919 година. Во почетокот голем успех бележиле Белите, а Црвената армија била потиснета на сите три фронта. Но Лав Троцки ја реорганизирал Црвената армија и ги повратил изгубените територии. Кон средината на ноември, Белата армија била скоро целосно уништена. Во третиот период, Белата армија започнала опсада на Крим на чело со Петар Врангел. По враќањето на Црвената армија од Полска, Белата армија била повторно поразена, а голем дел од војниците биле евакуирани во Истанбул 1920 година.

Првиот обид за отстранување на болшевичката власт бил од страна на Александар Керенски во т.н. Керенска офанзива во 1917 година. Првите војници кои се бориле против болшевиците биле Козаците кои јавно изјавиле дека ја подржуваат Привремената влада.Во ноември, генералот Михаил Алексеев започнал да ја организира армијата во Новочеркаск. Во декември му се придружил и Лавр Корнилов. Овие сили се бориле на територијата на Украина. Козаците успеале да го заземат Ростов во декември 1917 година.

Со потпишувањето на Брест-Литовскиот договор, Русија се повлекла од војната а Германија добила контрола над поголемиот дел од западна Русија. Британците и Французите ја снабдувале Русија со воени материјали и пари. По потпишувањето на договорот се сметало дека голем дел од оваа помош паднало во рацете на Германија.

Во пролетта на 1918 година, меншевиците и социјалистите револуционери се здружиле во вооружената борба против болшевиците. Тие на почетокот биле против војната со болшевиците, но потпишувањето на мировниот договор и воспоставувањето на диктатотските мерки придонело да го променат својот став. Во тоа време тие ја имале најголемата прилика за зазимање на власта бидејќи имале голема популарност и авторитет кое се докажало на изборите во 1918 година. Сепак, најголем проблем бил тоа што не поседувале со војска. Раните обиди на социјалистите револуционери да ги регрутираат летонските војници во јули 1918 година биле неуспешни. На нивна среќа, Чешката легија им дала подршка.

Претходно, Чешката легија била дел од руската армија до октомври 1917 година, и броела околу 30.000 војници. Поголемиот број од нив биле поранешни воени затвореници и дезертери од австроунгарскатс војска. Легијата била преименувана во Чехословачки армиски корпус и се стремила кон продолжување на борбите против Германците. Нивните сили ги разоружиле на болшевичките војници во Чељабинск во јуни 1918 година. По еден месец Чешката легија ја зазела Транссибирската железница и Бајкалското Езеро до планината Урал. Во август бил заземан Екатеринбург.

Меншевците и социјалистите го подржувале селското население во намерата на советите да се наложи контрола врз залихите на храна. Во мај 1918 година, со помош на Чешката легија биле заземани Самара и Саратов.

Исто така биле основани конзервативни и националистички влади од страна на Башкирите, Киргизите и Татарите, како и Сибирска привремена влада во Омск. Во септември 1918 година, сите антисоветски влади се состанале во Уфе и се договориле да основаат нова привремена влада во Омск, на чие чело би застанал Директориум од пет членови: три социјалистички ревлолуционери и два кадети.

Новата влада многу бргу паднала под влијание на министерот за војна, Александар Колчак. На 18 ноември превратот го воспоставил Колчак како дикратор. Членовите на Директориумот биле уапсени, а Колчак бил назначен за Врховен господар на Русија. Самиот Колчак се докажал како неефикасен лидер и политичар, а освен тоа тој не се слагал со лидерите на Чешката легија како најсилна воена формација во реонот. За советите, појавата на Колчак означувала политичка победаа, бидејќи претходните настани нивните противници ги декларирале како антидемократи. Во јули двајца социјалисти револуционери го убиле германскиот амбасадот во Москва со цел да ја испровоцираат Германија да го обнови непријателството и да започне нов напад. Други пак активисти на оваа партија се обиделе војниците од Црвената армија да ја насочат против болшевиците, но сето ова било неуспешно. Ленин се извинил на Германија поради убиството. Како одговор на следните два терористички дела од 30 август кога бил убиен шефот на петроградската Чека Мојсеј Урицок и ранувањето на Ленин, бил покренат т.н. Црвен терор. Меншевиците и социјалистите-револуционери биле протерани од територијата на болшевиците.

Во почетокот на 1919 година, болшевичката влада ги контролирала реоните од Петроград до Москва и јужно од Волгоград. На исток, адмиралот Колчак имал мала армија и ја контролиран Транссибирската железница. На југ, козачките армии контролирале голем дел од Дон и Украина. Во новосоздадената држава Естонија, генералот Јуденич ја организирал својата армија. Естонија била против болшевичката власт и се борела против нив до ноември 1918 година. Французите ја зазеле Одеса, а Британците Мурманс, како и Архангелск, додека пак Јапонците го зазеле Владивосток.

Лав Троцки наредил на своите сили најпрвин да биде вратена Украина. Ова било остварено во кратката кампања во зимата 1919 година. Козаците не биле во можност да се организираат како во 1917 година. Кога започнала советската контраофанзива во јануари 1919 година на чело со командантот Владимир Антонов, козачките сили многу бргу се распаднале. Црвената армија го зазела Киев на 3 февруари 1919 година, а десет денови подоцна генералот Каледин извршил самоубиство. Ростов бил освоен во март 1918 година. Козачката армија била евакуирана во Кубан, каде се придружила на Кубанските козаци. Генералот Корнилов бил убиен во борбите на 13 април. Командата преминала во рацете на генералот Деникин кој ја искористил можноста повторно да ја организира козачката армија. Во октомври од срцев удар починал генералот Алексеев, а генералот Дениким теоретски станал врховен командант на Белата армија во јужна Русија.

Французите своите војски ги повлекле од Одеса на 8 април 1919 година. Додека се водела војната во Украина, Троцки испратил посебна армија против силите на Колчаков. Оваа армија била предводена од страна на Михаил Тухачевски. На чело со Михаил Тухачевски бил вратен градот Екатинбург на 27 јануари 1919 година и продолжила по линијата на Транссибирската железница. Во текот на следните месеци и двете страни имале свои победи и порази за да до средината на летото, Црвената армија стане многу побројна од Белата армија. На 14 ноември 1919 година бил освоен и Омск. Адмиралот ка изгубил својата контрола над својата влада по поразот во Сибир. Белата армија престанала да постои до декември 1919 година.

И покрај тоа што Велика Британија ги повлекла своите војски, таа продолжила со својата воена помош на Белата армија во текот на 1919 година. Без нивна помош, Белата армија најверојатно би ја изгубила војната многу порано, главно поради недостаток на оружје. Во летото, кавкаската армија на чело со Врангел нападнала од север. Неговите сили успеале да го освојат Волгоград на 17 јуни 1919 година. Троцки на ова одговорил со голема офанзива на чело со Тухачевски, по кое силите на Врангел се повлекле кон југ препуштајќи го градот на болшевиците.

Во текот на летото, Донската армија на Козаците на чело со Петар Краснов ја нападнала Украина. Црвената армија, која била распрснета на сите фронтови била принудена да го отстапи Киев на 2 септември 1919 година. Донската армија продолжила кон север во правец на Воронеж но таму била поразена на 24 октомври. Киев бил повторно заземан на 17 декември а поразените козаци побегнале кон Црно море.

Додека Белата армија била поразена на југот, во централниот и источниот дел од земјата постоела уште една пречка за болшевиците. Оваа пречка доаѓала од страна на генералот Јудевич кој во пролетта и летото организирал армија во Естонија со помош на Велика Британија. Во октомври 1919 година тој пробал да го освои Петроград кога го нападнал градот со 20.000 армија. Нападот бил добро организиран. Јудевич исто така поседувал шест британски тенкови кои стварале паника каде и да се појавиле. До 19 септември неговите сили дошле до преградието на Петроград. Болшевиците и нивното раководство во Москва биле спремни да го предадат градот но самиот Троцки го одбил ова и лично се упатил за да ја организира одбраната на градот. За неколку недели, Црвената армија која го бранила градот се зголемила во голема мера и станала три пати поголема од Белата армија. Кога разбрал дека нема да може да го зазема градот, Јуденич се повлекол со својата војска во Естонија а неговата армија по налог на естонската влада била разоружена.

Овие победи на болшевиците мад Краснов кај Воронеж, над Јуденович кај Петроград и над Колчаков кај Омск во период од еден месец дала сосема позитивен резултат на болшевиците.

Во Сибир, армијата на Колчек била поразена а самиот тој бил предаден на Црвената армија во февруари 1920 година и погубен по две недели. Борбите во Сибир прололжиле и следните години главно поради наоружаните банди кои владееле со некои реони. Чешката легија немала интерес да продолжи со својот придонес во Руската граѓанска војна. Поголемиот дел од Белата армија била евакуирана од страна на британските бродови во 1920 година. Генералот Врангел бил единствениот чија војска останала на Крим во летото на 1920 година. По поразот на Советите во Полско-советската војна, Врангел нападнал од северната страна. Но офаа офанзива била спречена и тој бил принуден повторно да се повлече кон Крим во ноември 1920 година. На 14 ноември 1920 година неговите сили биле евакуирани од страна на Британците. Десетици илјади жители направиле обид да побегнат од Црвената армија, но не можеле бидејќи немало доволно место на британските бродови. Илјадници луѓе биле погубени по зазимањето на Крим од страна на Црвената армија.

Јапонците кои сакале да го присвојат Амур во источен Сибир се повлекле во 1922 година.

Последици и жртви

уреди

Советска Русија по крајот на војната се нашла во многу тешка состојба. Според советскиот демограф Борис Урланис бројот на жртвите бил 300.000 плус 150.000 цивили. . Во текот на Црвениот терор биле убиени околу 250.000 луѓе .

Околу 500.000 Козаци биле или убиени или депортирани . Околу 100.000 Евреи биле убиени во Украина, најчесто од страна на Белата армија . Во Дон биле погубени 25.000 луѓе во периодот од мсј 1918 до јануари 1919 година. .

На крајот од војната, руската земја била исцрпена и скоро осудена на пропаст. Во периодот од три години настанал голем глад. Околу 3 милиони починале од тифус само во 1920 година.

Кронштатски бунт

уреди

Кронштатскиот бунт претстсвува неуспешен бунт против болшевичката власт во Русија од март 1921. Бунтот избувнал во Кронштат, поморска база во близината на Санкт Петербург .

Заднина

уреди

По победата на болшевиците над контрареволуцијата во Руската граѓанска војна , народните маси очекувале ублажување на репресивниот карактер на новата комунистичка власт. Очекувањата сепак не биле исполнети, по што кон крајот на февруари 1921 во Санкт Петербург (тогашен Петроград) избувнале штрајкови. Комунистичката власт ги задушила штрајковите, по што морнарите од Кронштат („гордоста и славата на Револуцијата“, според зборовите на Троцки) испратиле своја делегација да ја испита ситуацијата во Петроград. Кронштатско движење

Врз основа на сознанијата до кои дошла кронштатската делегација, екипажите на два брода, „Петропавловск“ и „Севастопол“, изгласале резолуција, која била прифатена од страна на јавниот собир што се одржал во Кронштат на плоштадот “Јакорни” на 1 март. 16.000 морнари, војници на Црвената армија и работници присуствувале на собирот. Со него претседавал претседавачот на Извршниот комитет на Кронштатскиот совет, комунистот Василиев. Претседателот на Руската Социјалистичка Федеративна Република, Михаил Калинин, и комесарот на Балтичката флота, Николај Кузмин, биле присутни и им се обратиле на присутните. Калинин при доаѓањето бил пречекан со воени почести, музика и знамиња. Во резолуцијата биле поставени 15 барања :

  • “ 1. Веднаш да се одржат нови избори со тајно гласање, а при предизборната кампања да има целосна слобода на агитирањето помеѓу работниците и селаните;
  • 2. Да се воспостави слобода на говорот и печатот за работниците и селаните, анархистите и левите социјалистички партии;
  • 3. Да се обезбеди слобода на собирањето за работничките синдикати и селанските организации;
  • 4. Да се свика непартиска конференција на работниците, војниците на Црвената армија и на морнарите од Петроград, од Кронштат и од Петроградската околија, не подоцна од 10 март 1921;
  • 5. Да се ослободат сите политички затвореници од социјалистичките партии, како и сите работници, селани, војници и морнари затворени во врска со работничкото и селанското движење;
  • 6. Да се избере комисија за да ги разгледа случаите на оние што се држат во затвор и во концентрациони логори;
  • 7. Да се укинат сите политички бироа, зашто никоја партија не треба да има специјални привилегии при пропагирањето на нејзините идеи или да добива финансиска поддршка за такви цели. Наместо тоа, треба да се основаат образовни и културни комисии, кои ќе бидат локално бирани, а финансирани од владата;
  • 8. Веднаш да се укинат сите загрјадителније отрјади (вооружени единици организирани од страна на болшевиците со цел задушување на трговијата и конфискување на прехранбени и други производи);
  • 9. Да се изедначат следувањата на сите што работат, со исклучок на оние што се вработени во струките што се штетни по здравјето;
  • 10. Да се укинат комунистичките борбени оддели во сите родови на војската, како и комунистичките гарди што се држат на должност во заводите и фабриките. Ако се смета дека овие гарди или воени оддели се неопходни, тие треба да се назначуваат од обичните војници во војската, а во фабриките според проценките на работниците;
  • 11. Да им се даде полна слобода на делување на селаните во поглед на нивната земја, а исто така и право да чуваат стока, под услов да ја обработуваат со сопствени средства, односно единствено без да вработуваат работна сила;
  • 12. Да се побара од сите родови на војската, како и од нашите другари воените курсисти, да се согласат со нашите резолуции;
  • 13. Да се бара печатот да им даде најцелосен публицитет на нашите резолуции;
  • 14. Да се назначи една подвижна контролна комисија;
  • 15. Да се дозволат слободно кустарско производство (индивидуално, во мала мера) преку сопствен труд.

” На истиот состанок на бригадата било одлучено да се испрати еден комитет во Петроград за да им ги објасни на работниците и на тамошниот гарнизон барањата на Кронштат и да бара да бидат испратени непартиски делегати од страна на петроградскиот пролетаријат во Кронштат за да ја видат вистинската состојба на работите и барањата на морнарите. Овој комитет, составен од 30 члена, бил уапсен од страна на болшевиците во Петроград. Тоа бил првиот потег на комунистичката влада против Кронштат. Бидејќи мандатот на членовите на Кронштатскиот совет се приближувал кон својот крај, состанокот на бригадата одлучил и да се свика конференција на делегатите на 2 март, за да се расправа за начинот на одржување на новите избори. Конференцијата требала да биде составена од претставници на бродовите, гарнизонот, разните советски институции, синдикати и фабрики, при што секоја организација требала да биде претставена од двајца делегати.

Конференцијата од 2 март се одржала во Домот на образованието (поранешното Кронштатско техничко училиште) и на него учествувале преку 300 делегати, помеѓу кои имало и комунисти. Состанокот бил отворен од морнарот Петриченко и со акламација бил избран Президиум од пет члена. Кузмин, комесарот на Балтичката флота, бил првиот што зборувал на Конференцијата. Тој ја разжештил конференцијата кога го одрекол постоењето на работнички немири во Петроград, изјавувајќи дека градот бил мирен и дека работниците биле задоволни.

Поради тоа Кузмин и Василиев биле отстранети од состанокот и биле уапсени. Во тој момент Конференцијата ја зафати голема возбуда кога еден делегат објавил дека болшевиците само што не го нападнале состанокот и дека 15 камиони полни со војници и комунисти, вооружени со пушки и машинки, биле испратени со таа цел.

Кампања

уреди

Болшевиците не губеле време при организирањето на својот напад врз Кронштат. Веќе на 2 март владата донела наредба, потпишана од Ленин и Троцки, со кој се осудило Кронштатското движење како бунт против комунистичката власт. Во тој документ морнарите биле обвинети дека биле: орудија на бившите царистички генерали кои заедно со предавниците социјалисти револуционерни исценираа контрареволуционерен заговор против пролетерската република и дело на интервенционистите на Антантата и на француските шпиони

Петроградскиот комитет за одбрана, предводен од Зиновјев, неговиот претседавач, ја презел целосната контрола над градот и околијата Петроград. Во целата северна област била воведена воена состојба и биле забранети сите собири. Биле преземени исклучителни мерки на претпазливост за да се заштитат владините институции и биле поставени машински пушки во Асторија, хотелот во кој живееја Зиновјев и останатите високи болшевички функционери. Прогласите што биле залепени на уличните огласни табли наредувале неодложно враќање на сите штрајкувачи во фабриките, забранувале запирање на работата и го предупредувале народот да не се собира по улиците. Во исто врме биле уапсени голем број на работници, војници и морнари осомничени дека симпатизираат со Кронштат. Сите петроградски морнари и некои армиски единици кои што се сметале за “политички недоверливи” биле испратени на далечни дестинации, а семејствата на кронштатските морнари што живееле во Петроград биле притворени како заложници. Комитетот за одбрана го известил Кронштат за своите мерки преку прогласи кои биле фрлени од авион во градот на 4 март.

Животот во Кронштат продолжувал и покрај блокадата на градот и репресивните мерки од страна на болшевичката влада. Привремениот револуционерен комитет упатил повик во таа смисла до народот од Кронштат, дури и кога болшевичката влада го игнорирала барањето на морнарите за ослободување на заложниците во Петроград. Барањето на Кронштат испратено преку радио до Петроградскиот совет било ослободување на сите заложници да бидат ослободени.

На 5 март од Петроград бил упатен ултиматум:

Работничката и селанска влада донесе указ Кронштат и бунтовните бродови веднаш да се потчинат на авторитетот на Советската република. Поради тоа им наредувам на сите оние што кренале рака против социјалистичката татковина итно да го положат оружјето. Тврдоглавите ќе бидат разоружени и предадени на советските власти. Уапсените комесари и другите претставници на владата веднаш да бидат ослободени. Само оние што безусловно ќе се предадат можат да сметаат на милоста на Советската република. Истовремено, упатив наредби за подготовка на задушувањето на бунтот и потчинување на бунтовниците со вооружена сила. Одговорноста за штетата што може да ја претрпи мирното население целосно ќе падне врз предводниците на контрареволуционерните бунтовници. Ова предупредување е конечно.

Троцки, претседавач на Револуционерниот воен совет. Каменев, врховен командант.”

Напад

уреди

Во меѓувреме, Троцки ги регрутирал своите сили. Најдоверливите дивизии од фронтовите, единиците на курсантите, одредите на Чеката и воените единици составени исклучиво од комунисти биле насобрани во тврдините Сестрорецк, Лиси нос, Краснаја горка и во околните утврдени места. Најголемите руски воени експерти биле итно доведени за да формираат планови за блокада и напад на Кронштат, а Тухачевски бил назначен за врховен командант на опсадата на Кронштат.

На 7 март, во 6.45 вечерта. со околу 60.000 војници, Советите од Сестрорецк и Лиси нос го започнале нападот врз Кронштат. Артилериското бомбардирање на Кронштат, кое започнало вечерта на 7 март, било проследено со обид за преземање на тврдината преку јуриш. Нападот бил извршен од север и југ од страна на избрани комунистички трупи облечени во бели наметки, чија боја заштитно се измешала со снегот што густо бил натрупан на замрзнатиот Фински залив. Во врска со овие први ужасни напади за преземање на тврдината преку јуриш, со лекомислено жртвување на животи, морнарите организирале трогателни комеморации за своите браќа по оружје, прелажани за наводната контрареволуционерност на Кронштат.

Кронштатскиот гарнизон бил составен од помалку од 14 илјади војници, од кои 10 илјади биле морнари. Овој гарнизон морал да брани широк фронт, многу тврдини и батерии расфрлани во широката област на Заливот. Постојаните напади на болшевиците, кои централната власт постојано ги снабдувала со свежи трупи; недостигот на животни намирници во опсадениот град; долгите непроспиени ноќи поминати на стража во студот - сето тоа ја поткопувала виталноста на Кронштат. Во текот на целиот 10 март комунистичката артилерија непрекинато стрелала од јужниот и северниот брег. Ноќта помеѓу 12 и 13 март комунистите нападнале од југ, повторно избирајќи бели наметки и жртвувајќи многу стотици курсанти.

На 16 март болшевиците извршиле концентриран напад истовремено од три страни - север, југ и исток. Утрото на 17 март биле заземени неколку утврдени места. Низ најслабата точка на Кронштат - Петроградската врата - болшевиците навлегле во градот, а потоа таму започнале со најбруталниот масакр. Комунистите што биле поштедени од морнарите сега биле предадени, напаѓајќи ги од назад. Комесарот на Балтичката флота Кузмин и Претседавачот на Кронштатскиот совет Василиев, ослободени од комунистите од затвор, сега учествувале во уличните борби човек на човек во братоубиственото крвопролевање. Очајната борба на кронштатските морнари и војници продолжило сè до доцна во ноќта.

На 18 март болшевичката влада и Руската комунистичка партија јавно ја одбележале Париската комуна од 1871, славејќи ја и победата во Кронштат.

Убиство на Романови

уреди

Убиството или погубувањето на царското семејство Романови заедно со нивната придружба; се случило на 17 јули 1918 година во Екатеринбург по налог на комунистичкиот лидер Владимир Ленин. Во 2000 година, Руската православна црква ги канонизирала како светци фамилијата Романови. Белата армија и Чешката легија напредувале кон Сибир и градот Екатерингург. Положбата на владата на Ленин била крајно сложена и неизвесна. Насекаде по целата држава власта на Советите била уништувана под притисок на Белата армија. Опасноста да бидат ослободени Романови станала многу голема. Комунистите исто така не можеле да прифатат активности за убиство на семејството, поради можноста од жестока реакција на германскиот император и доаѓањето на германски баталјони кон Москва за да ја совлада власта на Ленин. Троцки во исто време правел планови за судски процес против императорот Николај а за таа цел барал тој да биде донесен во Москва. Додека тој бил на фронтот, Ленин донел брзо решение за ликвидација на семејството.

Заднина

уреди

Во текот на летото 1914 година, Русија се вклучила во Првата светска војна заедно со нејзините сојузните Велика Британија и Франција против Германија и Австро-Унгарија. Првата светска војна за Русија била катастрофална а во земјата владеела династија Романови. Бројот на жртвите надминувал еден милион. Во престолнината Петроград избувнале нереди и штрајкови од страна на работниците и студентите. Самата армија застанала на страната на демонстрантите. Царот Николај II бил повлечен од фронтот по кое било побарано негово абдицирање. Така царот во свое име и во име на својот дванаесетгодишен син престолонаследник адбицирал од рускиот престол.

На 22 март 1917 година, Николај бил ставен во домашен притвор од страна на Привремената руска влада вп својот дом во Царское Село . Во август 1917 година, Привремената влада на Александар Керенски го евакуирал царот со своето семејство во Тоболск, наводно за да ги заштитат од растечката револуција. Таму тие живееле во зградата на поранешен гувернер. По доаѓањето на болшевиците на власт во октомври 1917 година, условите за нивниот притвор станале построги, а зборувањата дека Николај ќе биде ставен на судење биле се почести. На царот му било забрането да ја носи својата царска облека, Исто така им бил намален и оброкот а самото давање на путер и кафе им станало луксуз .

Како што болшевиците станувале се посилни во земјата, така имале поголема контрола и врз самата фамилија кога во април Николај, Александра и нивната ќерка Марија биле преместени во Екатеринбург. Престолонаследникот Алексеј бил премногу болен за да ги придружува своите родители и останал со своите сестри Олга, Татјана и Анастасија во Тоболск до мај 1918 година. Семејството живеело во ипатиевата куќа која била наречена куќа со посебна намена (руски: Дом Особого Назначения).

Болшевиците сакале царот да го изведат пред суд, но околностите довеле до брзо решение за нивно убиство. Романови биле задржани во Екатеринбург од страна на Црвената армија. Со продолжувањето на Руската граѓанска војна, Белата армија се заканувала да го освои градот Екатеринбург. Ова им створило сомнеж на болшевиците дека Романови можат да паднат во рацете на Белите.

Доколку Белата армија стигне до царското семејство, царот или било кој од членовите на неговото семејство може да обезбеди голема подршка за Белата армија меѓу рускиот народ или пак доколку царот бил мртов, било кој од членовите на неговото семејството би се сметал за легитимен владетел на рускиот трон од страна на другите европски земји. Во вториот свучај, ова би значело и поголеми преговори за странска интервенција во име на Белите. Главно поради овие две причини, Романови биле набрзина ликвидирани.

На 16 јули 1918 година, Чешката легија била на само неколку километри од Екатеринбург. Верувајќи дека Чесите биле во мисија за ослободување на царското семејство тие биле набрзина убиени. Според некои историчари, вистинската причина за приближувањето на Чешката легија кон градот била да се заштити Транссибирската железница, која целосно ја контролирале во тој период. .

Убиство

уреди

Телеграмата која имала за цел убиство на семејството била испратена од страна на Врховниот комитет во Москва и бил потпишан од страна на Јаков Свердлов. Околу полноќ, Јаков Јуровски кој бил главен и одговорен за Куќата со посебна намена му наредил на лекарот на Романови, Евгениј Боткин да го разбуди семејството и да се облечат под изговор дека семејството мора да пренесено на посигурно место поради големите нереди кои се случувале во градот . Тие биле одведени во соба со димензии 6 х 5 метри . Царицата побарала две столчиња. На едниот седнал Николај држејќи го во скутот својот син а Александра на другиот стол.

Неколку минути подоцна дошле четата на тајната полиција предводени од Јуровски кој на глас започнал да ја чита наредбата од страна на Уралскиот извршен комитет:

“ Николај Александрович, со оглед на фактот дека вашите роднини го продолжуваат нападот на Советска Русија, Уралскиот извршниот комитет одлучи да бидете убиени... .

” Николај во тој момент рекол: „Што?“ и да се свртил кон семејството, пред да биде убиен со куршум во главата. Веднаш по ова започнало пукањето и врз останатите членови од семејството и стрелањето траело додека не биле убиени сите заробеници. По ова била отворена вратата бидејќи се створил голем чад . Една од царските керќи била облечена во корсет со брилијанти, а Александра Фјодоровна носела бисерен појас. Поради дијамантите кои ги носеле на нивната облека, тие се заштитиле од првите истрели .

Ќерките гледајќи ја смртта на своите родители, започнале да викаат. Царицата и Олга пробале да се прекрстат но биле убиени со првите куршуми кои биле испукани, во главата. Остатокот од семејството биле убиени кратко после тоа, со исклучок на Ана Демидова, собарката на Александра. Набрзо, откако пробала да се одбрани со перница во која имало дијаманти и скапоцени камења била убиена. Но кога виделе дека сеуште се живи, тие биле убиени со бајонети. Олга се здобила со прострелна рана во главата. На Анастасија и Марија им било речено да се свртат до ѕидот и додека ги прекривале главите биле убиени. Марија била погодена од куршум, а Анастасија била убиена со бајонет. Јуровски ги убил Татјана и Алексеј. Татјана починала од еден куршум кој поминал низ задниот дел од главата . Алексеј добил два куршуми во главата, веднаш зад увото . Ана Демидова, слугинка на Александра, го преживеала првичниот напад но набргу била избодена до смрт додека се обидувала да се брани со мала перница која била полна со скапоцени камења и накит. .

Настанот во печатот се појавил по два дена. Во печатот било објаверно дека монархот заедно со неговото семејство биле погубени по наредба на Уралскиот извршен комитет поради доближувањето на Чесите кон градот . Иако официјалната советска власт одговорноста ја префрлила на Уралскиот комитет сепак Лав Троцки во својот дневник го навел убиството како директна иницијатива на Ленин:

Мојата следна посета на Москва се одржа по падот на Екатеринбург. Зборувајќи со Свердлов го прашав за одлуката. „Каде е царот?“ „Тој е убиен“. „А каде е неговото семејство?“ „И семејството заедно со него“. „Сите“, го прашав а тој одговори „Да, сите“. „Што е ова“ Тој чекаше да ја види мојата реакција, но не добив одговор. „А кој донесе одлука?“ „Ние одлучивме овде. Илич верувал дека ние не треба да ги пуштиме Белите живи особено во сегашните тешки околности.

Последици

уреди

Откако сите биле убиени, од телата биле извадени накитот и часовниците. Мртвите тела биле натоварени на камион, чиј мотор работел цело време за да се замолчат истрелите. Во исто време во куќата војниците се обидувале да ја исчистат крвта на подот. По ова телата биле погребани во јама на 19 километри од Екатеринбург. Во камионот сепак некои сеуште биле живи. бидејќи егзекуторите не можеле да стрелат на откриено на Ермаков му дале еден нож за да ги убие конечно. По ова камионот заминал кон месноста Четри браќа каде убиените биле соблечени и фрлени во јама. По ова убијците повторно се вратиле во градот. Јуровски разбрал дека по градот веќе се знае за убиството на Романови и дека се знае точната локација каде биле погребани. Тогаш тој започнал да размислува за преместување на телата а за таа цел набавил бензин и солна киселина. Во ноќта, тие повторно се вратиле и со помош на факелите започнале да ги вадат телата оа јамата и повторно и ставиле на камион. Бидејќи теренот бил доста тежок за патување, тие се обиделе да ги изгорат телата. Кога увиделе дека немаат време за тоа, тие ги закопале телата на слугинката Демидова, Алексеј и една од ќеркитњ. По ова го продолжиле патот кон јамите и кога ги фрлиле телата повторно се обиделе да ги изгорат истите, но повторно не успеале. По ова телата им биле полиени со солна киселина за да не бидат распознаени телата

Откривање на телата

уреди

Остатоците од сите членови на семејството и нивната послуга со исклучок на две од децата (кои на крајот биле идентификувани во 2008 година) биле пронајдени во 1991 година и истите биле закопани од страна на руската влада организирајќи им државен погреб. За идентификација на коските биле ангажирани неколку служби од земјата и странство. Во лабараторијата во Бирмингем била земена крв од принцот Филип, сопруг на Елизабета II, чија баба била сестра на руската царица Александра. Крвта на Филип се совпаднала со окриените ДНК проби во некои од коските на царицата Александра и на децата.

Погребувањето се одржало во 1998 година. Телата биле погребани со државни почести во капелата Света Катерина во Санкт Петерсбург каде биле погребувани поголемиот дел од руските владетели. На погребот присуствувал претседателот Борис Елцин и неговата сопруга, заедно со принцот Михаел од Кент.

На 15 август 2000 година, Руската православна црква најавила канонизација на семејството за нивната "смиреност, трпеливост и кроткост" Меѓутоа, како одраз на интензивна дебата, епископите не ги прогласиле Романови како маченици, туку како светци. . На 1 октомври 2008 година, Врховниот суд на Руската Федерација одлучил дека Николај Втори и неговото семејство биле жртви на политичка репресија и биле рехабилитирани .

Легенди за крајот на Романови

уреди

Една од најпознатите легенди за крајот на владеењето на династија Романови е онаа на Григориј Распутин. Распутин ова го напишал во едно писмо до својот секретар според кое доколку тој биде убиен од страна на царскиот двор, ниту еден член од семејството нема да надживее две години. Исто така во текот на историјата се правеле и паралели за датата 6 мај, ден кога е роден царот Николај. Според христијанскиот календар, овој ден му припаѓа на Свети Јов Многустрадален.

Според друга легенда пак, во 1801 година, вдовицата на убиениот цар Павле I оставила на владетелот кој ќе ја управува Русија по сто години една кутија која имала многу важна содржина. Во 1901 година, Николај и Александра ја отвориле кутијата. Послугата само ги слушнала зборовите на Николај кој кажал дека 1918 година ќе биде фатална за империјата и за династијата.

Анастасија Николаевна Романова

уреди

Анастасија Николаевна Романова (руски: Великая Княжна Анастасия Николаевна Романова) (родена на 5 јуни 1901 во Петерхоф - починала ноќта на 16 спроти 17 јули 1917 во Екатеринбург) била најмладата ќерка на Николај II, последниот руски цар. Анастасија била помлада сестра на Големата кнегиња Олга, големата кнегиња Татјана и големата кнегиња Марија. Била постара сестра на престолонаследникот на рускиот трон Алексеј Николаевич. Се претпоставува дека ја убиле болшевиците на 17 јули 1918 година заедно со целото нејзино семејство. Сепак, постојано кружеле гласини дека таа успеала да побегнe. Неколку жени тврделе дека всушност тие се Анастасија. Најпозната од нив била Ана Андерсон, чие тело е кремирано во 1984 год. Неколку луѓе, кои ја познавале вистинската Анастасија ги поддржале тврдењата дека Ана Андерсон е Анастасија, но со ДНК тестирање на остатоците од Ана Андерсон во 1994 год. се покажало дека таа не е Анастасија.

Поврзаноста со Григориј Распутин

уреди

Григориј Распутин (руски: Григо́рий Ефи́мович Распу́тин) (22 јануари, 1869 - 29 декември, 1916) бил руски монах. Григориј Распутин бил роден на 10 јануари 1869 година (стар стил) во селото Покровско, Тоболска губернија, Сибир. Тој е познат како “лудиот монах“. Влијанието на Распутин во Руската империја најмногу до одраз дошло како резултат на болеста на престолонаследникот Алексеј Николајевич Романов, кој страдал од хемофилија (болест од која се ослепува). Откако докторите не ножеле да му помогнат на принцот, една од пријателките на царицата им раскажала за свештеникот на кралското семејство. Распутин како по чудо успеал да му помогне на принцот Алексеј. При секоја криза во здравјето на престолонаследникот, монахот успевал истата да ја уништи. По ова, тој станал многу влијателен во кралското семејство. Кралицата Александра дури верувала дека Бог зборувал со неа преку Распутин. Аристократијата во Санкт Петербург, сепак, не се согласувало со неговото брзо влијание. Помеѓу населението во престолнината се шириле и гласините дека царицата всушност е шпион кој работи за Германија токму преку Распутин. Во текот на својот живот во престолнината, тој станал една од најголемите контроверзни личности во поновата историја на Русија. Често пати бил гледан со проститутки, се опивал, бил многу нечист, ретко се бањал и некултурно се однесувал на јавните места. Царската гувернанта Марија Ивановна Вишњакова тврдела дека Распутин ја силувал, пролетта 1910. Вишњакова тврдела дека царицата не ѝ поверувала и дека говорела како Распутин прави само свети дела. Големата кнегиња Олга Александровна рекла дека тврдењата на Вишњакова веднаш биле испитувани, но наместо Распутин, Вишњакова е фатена во кревет со еден Козак од царската гарда. Вишњакова повеќе не го видела Распутин, а во 1913 год. била отпуштена. Сепак, покасно се ширеле трачеви како Распутин не само што ја завел царицата, туку и нејзините четири ќерки. Тој трач добил на тежина кога Распутин дозволил околу да кружи писмото до него од царицата и нејзините ќерки. Анастасија напишала "Мој драг, ценет. единствен пријателу. Колку долго сакам повторно да те видам. Денес ми се појави во сонот. Секогаш ја прашувам мама кога ќе дојдеш... Секогаш мислам на тебе, мој драг, бидејќи ти си толку добар спрема мене."

На почетокот од војната тој рекол дека Русија ќе биде успешна само доколку императорот сам ја предводи својата армија кон походите. Кога царот Николај II заминал на фронтот, влијанието на Распутин над царицата Александра станало уште поголемо. Тој станал нејзин довереник и советник. Печатот започнал сè повеќе да испраќа критики против силното влијание на Распутин. Тој сепак заминал за родното Покровско кога ја добил весѕа дека има покренато обвиненија против него. На 16 декември 1916 година (стар стил) Распутин отишол во "Моника Палас" каде му било дадено поголемо колилчество на црвено вино со калиум-цијанид. Кога го испил виното и кога тој паднал на земјата, во неговото тело биле испукани пет куршуми за да се увиде дека тој навистина е мртов.

Нејзината мајка, царицата Александра се држела до советите на Григориј Распутин, руски селанец, кој се претставувал како „свет човек“ и исцелител. Таа сметала дека Распутин со своите молитви го спасила младиот, болен престолонаследник Алексеј Николаевич. Големата кнегиња Олга Александровна се сеќава дека Распутин сите деца го сакале и дека се чувствувале добро со него. Една од гувернантите, Софија Ивановна Тјучева, била ужасната кога во 1910 год. на Распутин му бил дозволен пристап до девојчињата додека биле во пижами. Таа барала да му се забрани пристапот, па царот побарал од Распутин тоа во иднина да го избегнува. Децата биле свесни за напнатата ситуација до која дошла и се плашеле дека нивната мајка ќе биде лута поради постапката на гувернантата. Дванаесетгодишната Татјана Николаевна и пишувала на мајка си дека се надева дека во иднина гувернантата ќе биде добра спрема Распутин. Покасно гувернантата била отпуштена.

Тјучева својата приказна ја раскажала на останатите членови на царското семејство. Иако распутиновите посети на децата биле потполно невини по природа, царското семејство било скандализирано. Тјучева раскажала на сестрата на царот Николај, Големата кнегиња Ксенија Александровна дека Распутин ги посетувал девојчињата и зборувал со нив додека тие се спремале за в кревет, и притоа ги прегрнувал и милувал. Тјучева нагласила дека на децата им било речено да не дискутираат за Распутин со неа и вниимателно да ги прикриваат распутиновите посети од останатата послуга. Ксенија на 15 март 1910, запишала дека не може да го разбере однесувањето на Александра и децата спрема Распутин, кого го сметале за светец, иако тој не бил ни свештеник.

Царската гувернанта Марија Ивановна Вишњакова тврдела дека Распутин ја силувал, пролетта 1910. Вишњакова тврдела дека царицата не ѝ поверувала и дека говорела како Распутин прави само свети дела. Големата кнегиња Олга Александровна рекла дека тврдењата на Вишњакова веднаш биле испитувани, но наместо Распутин, Вишњакова е фатена во кревет со еден Козак од царската гарда. Вишњакова повеќе не го видела Распутин, а во 1913 год. била отпуштена. Сепак, покасно се ширеле трачеви како Распутин не само што ја завел царицата, туку и нејзините четири ќерки. Тој трач добил на тежина кога Распутин дозволил околу да кружи писмото до него од царицата и нејзините ќерки. Анастасија напишала "Мој драг, ценет. единствен пријателу. Колку долго сакам повторно да те видам. Денес ми се појави во сонот. Секогаш ја прашувам мама кога ќе дојдеш... Секогаш мислам на тебе, мој драг, бидејќи ти си толку добар спрема мене."

После тоа кружеле порнографски цртежи, на кои Распутин е прикажан во сексуални односи со царицата и нејзините четири ќерки и со Ана Вирбова. После скандалот царот му наредил да го напушти Санкт Петербург одредено време. Царицата била незадоволна, а Распутин заминал во Палестина. Без обзир на гласините поврзаноста меѓу Распутин и царското семејство продолжила се до неговата смрт на 17 декември 1916. Четирите кнегињи биле вознемирени од смртта на Распутин. Тој бил погребан со икона, која ја потпишале Анастасија, нејзините сестри и нивната мајка. Тие присуствувале на погребот, а на неговиот гроб планирале да изградат црква.

Првата Светска војна и револуцијата

уреди

За време на Првата светска војна, Анастасија заедно со сестрата Марија ги посетувале ранетите војници во приватната болница во Царское Село (резиденцијата на царското семејство во близина Санкт Петербург). Тие двете биле премлади да бидат болничарки, па настојувале со ранетите војници да играат шах или билијард. Царот Николај II Романов абдицирал во февруари 1917, а Анастасија и нејзиното семејство за време на Октомвриската револуција биле ставени во куќен притвор во Александровскиот дворцец во Царское Село. Бидејќи се приближувале болшевиците, претседателот на привремената влада, Александар Керенски, ги преместил во Тоболск во Сибир. Кога болшевиците го зазеле поголемиот дел од Русија, Анастасија и царското семејство, биле префрлени од страна на болшевиците во Ипатиевиот дом, куќа која се користела за посебни потреби од страна на тајната болшевичка полиција, Чека, во Екатеринбург.

Стресот и неизвесноста за животот без слобода имале влијание врз целото семејство. Анастасија во зимата, 1917 ѝ напишала на една пријателка „Довидување. Не нè заборавај“." Во Тоболск на својот тутор му пишувала на една меланхолична сцена за една девојка која „кога умрела имала само шеснаесет години“.

Во Тоболск, таа и нејзините сестри ги вшивале дијамантите во облеката надевајќи се дека така ќе ги сокријат од стражарите. Таа, Олга и Татјана биле малтретирани од стражарите, во мај 1918, кои барале дијаманти, додека се возеле со парен брод до Екатеринбург да им се придружат на родителите и сестрата Марија. Нивниот англиски тутор тогаш слушнал врискање на големите кнегињи, но не можел да им помогне. Во Екатеринбург, месниот свештеник покасно се сеќава како на 14 јули 1918 вршел приватна црковна литургија за царското семејство и како, спротивно од обичаите Анастасија и семејството клекнале за време на молитвата за мртвите. Таа во последните месеци од својот живот нашла начин како да се забавува. Заедно со другите во куќата изведувала претстави и така ги развеселувала родителите, во пролетта 1918. Нејзиниот тутор Сидни Гибс рекол дека глумата на Анастасија предизвикувала громогласна смеа кај сите присутни. Во писмо од Тоболск од 7 мај 1918 на својата сестра Марија и ги опишала моментите на уживање и задоволство, иако била тажна и загрижена за болниот брат, Алексеј. Еден од стражарите во Ипатиевата куќа, Александар Стрекотин, во своите мемоари напишал дека Анастасија била многу пријателски расположена и многу весела. Друг стражар рекол дека Анастасија е шармантен ѓавол и секогаш е спремна за непослушност и ретко е уморна. Рекол дека е многу жива и со кучињата правела претстави, слични на оние од циркусот. Трет стражар рекол дека големата кнегиња била терорист и многу навредувала.

Според повеќето тврдења Анастасија е стрелана заедно со целото царско семејство, утрото на 17 јули 1918. Смртната казна била изведена без претходна судска постапка, а ја извеле силите на тајната болшевичка полиција, Чека, под команда на Јаков Јуровски.

Заробувањето и стрелањето

уреди

По болшевичката револуција, во Русија настанува граѓанска војна. Преговорите за ослободување на Романови се воделе меѓу болшевиците (нарекувани „Црвени“) и поширокото царско семејство, од кое повеќето биле истакнати членови на европските кралски куќи. Меѓутоа преговорите западнале во ќорсокак. Кога Белите, лојални на царот, напредувале кон Екатеринбург, така црвените станувале непопустливи што се однесува на прашањето за ослободување на Романови. Црвените знаеле дека Екатеринбург ќе падне во рацете на побројната и подобро опремена Бела армија. Кога Белата армија дошла во близина на Екатеринбург, царското семејство исчезнало. Најшироко прифатено мислење е дека Романови биле стрелани. Истражителот на Белата армија, Никола Соколов дошол до тој заклучок бидејќи предметите кои припаѓале на Романови биле пронајдени фрлени во рударско окно.

Болшевикот Јаков Јуровски, убиството го опишал во белешка до своите предпоставени, а таа белешка била пронајдена дури во 1989 год., а исто така е опишано во книгата на Едвард Радзински, „Последниот цар“. Според таа белешка ноќта кога е извршено убиството, Романови биле разбудени и им било речено да се облечат. Кога Романови прашале зошто ги будат, им рекле дека треба да ги преместат на посигурна локација, бидејќи Белата армија се приближувала кон Екатеринбург. Кога се облекле заедно со неколкуте слуги кои останале биле одведени во една мала визба во куќата и им било речено да почекаат. На барање на царицата им биле донесени столици, таа и Алексеј да седнат. По неколку минути во собата влегле џелатите предводени од Јуровски. Без двоумење Јуровски кратко ги информирал царот и семејството дека ќе бидат убиени. Царот имал време само да кажи „Што?“ и да се сврти кон семејството, пред да биде убиен со куршум во главата. Царицата и Олга пробале да се прекрстат но биле убиени со првите куршуми кои биле испукани, во главата. Остатокот од семејството биле убиени кратко после тоа, со исклучок на Ана Демидова, собарката на Александра. Набрзо, откако пробала да се одбрани со перница во која имало дијаманти и скапоцени камења била убиена. Во белешката на Јуровски стои дека во малата просторија веднаш се кренал густ дим и дека забележал дека куршумите се одбивале од корсетите на двете кнегињи. Подоцна џелатите откриле дека тоа било бидејќи во нив имало дијаманти и скапоцени камења, кои ги кријале од стражарите. На тој начин корсетите послужиле како оклоп против куршумите. На Анастасија и Марија им било речено да се свртат до ѕидот и додека ги прекривале главите биле убиени. Друг стражар Петар Јермаков и раскажал на својата жена дека Анастасија ја докрајчиле со бајонети. Како ги изнесувале телата едно од девојчињата плачело и се тепало по главата, напишал Јуровски.

Лажни извештаи за преживувањето

уреди

После тоа, веднаш започнале легендите за можното преживување на Анастасија и нејзиното бегство. Ана Андерсон со години тврдела дека таа е вистинската Анастасија Николаевна, но по нејзината смрт со ДНК анализа е докажано дека таа не е Анастасија. Ана Андерсон тврдела дека одглумила смрт, а потоа со помош на еден стражар, кој се сожалил и воочил дека е жива успеала да побегне. Најмалку десет жени тврделе дека се Анастасија. Надежда Ивановна Васиљевна и Евгенија Смит тврделе дека тие се Анастасија и нејзината сестра Марија. Тие живееле во Урал до 1964 год., кога биле погребани под имињата Анастасија и Марија Николаевна.

Гласините за преживувањето на Анастасија се зголемиле со различни тогашни тврдења дека биле пребарувани возови и куќи во потрага по Анастасија. Кнегињата Елена од Србија која била жена на подалечниот роднина на Анастасија, кнезот Јован Консантиннович, во 1918 год. кратко била затворена во Перм. Стражарите и донесле една девојка, која се викала Анастасија Романова и ја прашале дали тоа е ќерката на царот. Елена Петровна рекла дека не ја препознала девојката и стражарите ја однесле.

Иако постоеле сведоци, кои тврделе дека ги виделе Анастасија, царицата Александра и сестрите во Перм, веднаш по стрелањето, за таа приказна се смета дека е најобична гласина.

Во еден друг извештај од еден историчар стои дека една млада жена била фатена по обидот за бегство во септември 1918 год. на железничка станица, северозападно од Перм . Некои од сведоците откако добиле фотографии од Анастасија ја идентификувале девојката како Анастасија. Тоа го направиле истражителите од Белата армија. Еден од сведоците бил лекарот Павел Уткин, кој на истражителие на Белата армија им рекол дека повредена девојка која ја Перм во главното седиште на Чека рекла „Јас сум ќерката на царот, Анастасија". Уткин по налог на тајната полиција Чека добил лек во аптека за пациентот под име „Н“. Покасно истражителите на Белата армија независно го откриле рецептот. Во текот на истиот период, во средината на 1918 год., имало неколку случаи за млади луѓе во Русија кои се представувале како Романови. Сопругот на распутиновата ќерка, Марија излажал неколку богати Руси барајќи им пари за наводно бегство на Романови во Кина. Тој користел една млада девојка која се маскирала како големата кнегиња, за полесно да ја изведе измамата.

Сепак, според некои голема е веројатноста еден или повеќе стражари да им помогнале на преживеаните, доколку ги имало. Јаков Јуровски побарал од стражарите да појдат во неговата канцеларија за да ги предадат работите кои биле украдени бо убиството. Наводно имало доволно вре кога телата никој не ги чувал во приземјето и ходникот и во камионот. Некои од стражарите кои не биле џелати, и имале симпатии кон Големите кнегињи ги чувале телата во приземјето одредено време. За време на судењето за идентитетот на Ана Андерсон во Германија 1964-67, виенскиот кројач Хајнрих Клајнбецл сведочел дека ја видел ранетата Анастасија веднаш по убиството во Екатеринбург на 17 јули 1918. Тој тврдел дека неговата газдарица ја лекувал Анастасија во куќата наспроти Ипатиевата куќа. Рекол дека горниот дел од телото и бил покриен со крв. Клајнбецл сведочел дека Анастасија поминала три дена кај неговата газдарица. Црвените не ја пребарале нивната куќа, бидејќи многу добро ја познавале неговата газдарица. После тоа Анастасија исчезнала и повеќе никогаш не дознал за нејзината судбина.

Можното преживување на Анастасија е една од најголемите мистерии на 20 век. Ана Андерсон во 1922 год. се појавила во Германија и тврдела дека таа е Анастасија. Некои роднини на Романови поверувале дека таа е Анастасија, а некои не. Таа ги полнела насловните страници и со тоа ја направила Анастасија уште пославна, иако била многу контраверзна личност. Таа започнала службена битка за својот идентитет и тој бил еден од најдолгите спорови во германските судови. Спорот започнал во 1938 год., а конечната пресуда не била донесена до 1970 год. Конечната пресуда била дека Ана Андерсон н дала доволно докази за да се потврди дека таа е големата кнегиња Анастасија. Ана Андерсон умрела во 1984 год., а нејзиното тело било кремирано. На примероци од нејзините остатоци биле направени ДНК тестови во 1994 год. Се проверувале со крвта на најблиските сродници на Романови и се докажало дека веројатноста Ана Андерсон да е Анастасија е занемарливо мала.

Гробот на Романови

уреди

Конечно во 1991 била пронајдена масовната гробница на Романови и нивните слуги, во месноста Ганина јама. Ексхумацијата била извршена во шума надвор од Екатеринбург. Гробницата била пронајдена цела деценија порано, но оние кои ја откриле, ја чувале тајната од комунистите, кои тогаш биле на власт да не дознаат за нивното откритие. Кога гробницата била отворена наместо очекуваните единаесет, биле пронајдени девет скелети. Се очекувало дека тука се погребани: царот, царицата Александра, престолонаследникот Алексеј, четирите големи кнегињи, дворскиот лекар Евгениј Боткин и 3 слуги). Според форензичарот Вилијам Маплу во гробницата недостасувале Алексеј и Анастасија. Руските научници верувале дека недостасува големата кнегиња Марија. Русите ја идентификувале Анастасија во гробот користејќи компјутерска програма со која ги споредувале фотографиите од Анастасија и скелетите во гробницата. Американските научници сметале дека оваа метода не е точна. 45 Американците ги проценувале женските скелети и староста на забите. Освен тоа Анастасија била најмала од сестрите. Кога во 1998 конечно е погребано царското семејство Романови, Анастасија е погрбана како личност од 145 cm, а научниците на основа на фотографиите веруваат дека таа била висока 132 cm. 46 ДНК тестирањето покажало дека тоа се скелетите на царското семејство и нивните слуги. Меѓутоа, судбината на двете деца останува неизвесна. 47 Судбината на Анастасија и понатаму останува мистерија.

Канонизација

уреди

Процесот на канонизација на семејството Романови започнал во 1981 година, кога странска првославна црква, членовите на семејството ги прогласила за маченици. Подготовката за канонизација во Русија, започнале во 1991,година во која била пронајдена масовната гробница на семејството во месноста Ганина јама. Со благослов на архиепископот на Мелхиседек на 7 јули истата година, бил воведен богослужбенички крст. 48 На 17 јули 1992, првиот епископ бил на местото на закоп на членовите на семејството. Во ноќта на 17 јули 1995 била одржана божествена литургија, која се одржува секоја година. Во 2000 година, одлуката за канонизација била донесена од страна на Руската православна црква. 49 Во истата година со благослов на патријархот започна изградбата на манастирот „Ганина јама“.

Се надевам дека изградбата на манастирот на местото на уништувањето на телата на царските мачениви во Ганина јама, каде во скоро време ќе се вознесе црковна молитва возноситься церковная молитва се потчинува на последиците од страшите казни извршени на многустрадалната уралска земја. 50 На 1 октомври 2000, архиепископот од Екатеринбург и Верхотурск Викентиј го поставил камен-темелникот на манастирот посветен на царските маченици. Манастирот бил изграден претежно од дрво, има седум главни цркви, меѓу кои најзначајни се главниот храм во чест на царските маченици, црквата посветена на Светиот Серафим Саровски и други.

Канонизацијата на Романови била критикувана бидејќи царевата слабост како владетел довела до болшевичката револуција. Меѓутоа канонизацијата има врска со тоа што Романови биле убиени. Телата на царот Николај II, царицата Александра и три од нивните ќерки се погребани на 17 јули 1998 во Санкт Петербург во соборната црква Свети Петар и Павле, тoчно 80 години од нивното убиство. 51

СССР

уреди

Етимологија

уреди

Името СССР или целосно Сојуз на советски социјалистички републики (руски: Сою́з Сове́тских Социалисти́ческих Респу́блик) било усвоено во декември 1922 година. „Сојуз“ се однесува на федералниот систем на државата, „совет“ се однесува на комунистичкиот начин на владеење, „социјализам“ се однесува на општественото уредување и „република“ на членките на федерацијата. Често името се скратува само на Советски Сојуз.

Владимир Илич Ленин

уреди

Владимир Илич Ленин (руски: Владимир Ильич Ленин) (Симбирск, 22 април 1870 - Москва, 21 јануари 1924) (вистинско име: Владимир Илич Улјанов, руски: Владимир Ильич Ульянов) бил руски револуционер, лидер на болшевиците и прв премиер на Советска Русија. Според неговите приврзаници неговата теорија се надоврзува на марксизмот (оттука „марксизам-лeнинизам“), а според неговите противници разликите помеѓу марксизмот и ленинизмот се преголеми за да се сметаат за единствена политичка теорија.

Живот

уреди

Во текот на 1887 година Ленин ја завршува Симбирската гимназија, се запишува на Правниот факултет на Казањскиот универзитет. Во Казањ учествува на револуционерните студентски кружоци и во Самарско-симбирското здружение, а кон крајот на годината прв пат е уапсен поради учество во студентските немири, исклучен е од Казањскиот универзитет и протеран во селото Кокушкино. Во 1889 година тој заедно со неговото семејство се преселува во Самара. Следната 1890 година го завршува правниот факултет со многу голем успех.

Дело

уреди

Во 1892 година станува адвокатски приправник, добива право да се занимава со застапување на судски спорови, пишува реферати во кои ги критикува народниците и ги чита во илегални кружоци. Заминува за Петроград, тогашниот центар на руското револуционерно движење и го пишува најстариот сочуван труд „Новите стопански движења во селанскиот живот“, во кој веќе се гледаат неговите изградени марксистички ставови. Во Петроград ги раководи петроградската група марксисти и централниот работнички кружок. За првпат се среќава со Надежда Крупскаја и се запознава со претставниците на „легалните марксисти“ — Потресов, Струве и Туган-Барановски. Ги пишува трудовите „Што се пријателите на народот и како се борат тие против социјалдемократите“ и „Економската содржина на народништвото и неговата критика во книгата на г. Струве“. Во нив ја покажува неиздржаноста на философијата и на општествено-политичката концепција на народниците, а истовремено ги критикува легалните марксисти.

Во 1895 година, патува во странство (Германија, Швајцарија и Франција) и се запознава со Георги Плеханов и Аксељрод, основачите на првата руска марксистичка група „Ослободување на трудот“. Работи во јавните библиотеки, се запознава со странската марксистичка литература со западно-европското работничко движење и со негови истакнати раководители. Кон крајот на септември се враќа во Петроград и го основа „Сојузот на борбата за ослободување на работничката класа“, се занимава со организациона работа и го подготвува изданието на првиот број на илегалниот орган на организацијата „Рабочее дело". Кон крајот на годината е уапсен од царската полиција. Во затвор поминува повеќе од 14 месеци, а потоа е осуден на тригодишно прогонство во Сибир. Таму на Ленин му се придружи Крупскаја, со која склопува брак во 1898 година. Во затворот и во прогонството мошне интензивно се занимава со теориски студии, а најзначаен резултат на тие студии е книгата „Развитокот на капитализмот во Русија“ (објавен во 1899 година).

Следната година, на слобода се зафаќа со организирање политичка партија на работничката класа. По негова иницијатива се покренати марксистичките теоретски списанија „Искра“ и „Зарја“. Повторно заминува надвор од земјата, учествува активно во издавањето на „Искра“ и започнува да работа врз книгата „Што да се прави?“ Во 1903 година во Брисел учествува на Вториот конгрес на Руската социјалдемократска партија, на кој доаѓа до расцеп на партијата на болшевици и меншевици, а Ленин станува предводник на болшевичкото крило. Поради репресивноста на царистичкиот режим во Русија, Ленин, како и многу други руски револуционери, е принуден догли години да живее во странство, главно во Швајцарија. Во странство го дочекува и почетокот на Првата светска војна и избувнувањето на Февруарската револуција во Русија од 1917 година, во април се враќа во Русија.

Револуција

уреди

По победата на буржоаско-демократската револуција на формирањето на Привремената влада, Ленин се враќа во татковината. Во Петроград, пред водечките партиски работници (на 17 април) го чита својот реферат „За задачите на пролетаријатот во сегашната револуција“, познат и како Априлски тези, во кој докажува дека „двовластието“ во Русија не може да биде трајно и дека болшевиците мораат да се борат сета власт да прејде во рацете на советите. Кога на 19 јули Привремената влада дава налог за негово апсење повторно преминува во илегалност. Го пишува трудот „Државата и револуцијата“.

И натаму ја раководи партиската работа. На 7 ноември, утрото, е објавен проглас на граѓаните на Русија, напишан од Ленин, во кој се соопштува дека државната власт во Петроград преминала во рацете на Воено-револуционерниот комитет при Петроградскиот совет на работничките и воените депутати, а ноќта меѓу 8 и 9 ноември Вториот серуски конгрес на советите формира Привремена работничко-селанска влада и Совет на народните комесари на чело со Ленин. Во октомври 1917 избувна Октомвриската револуција, со која беше соборена владата на Александар Керенски и беа поставени темелите на комунистичката власт во Русија, на чело со Ленин.

Намерата на Ленин и неговите приврзаници беше да изградат социјалистички поредок во Русија, кој ќе биде во прилог на работничката класа. Застапник на макијавелистичкиот принцип на целта ги оправдува средствата, Ленин не ја отфрлаше употребата и на груби методи, вклучувајќи и терор, за да ја зацврсти власта на комунистите.

Периодот по Октомвриската револуција му носи уште потешки борби и поинтензивна работа. Раководи со разорената и опустошена земја, борејќи се против контрареволуционерните сили и трупите на странскиот интервенционизам, бранејќи ја советската власт, обновувајќи го стопанството и започнувајќи социјалистичка реорганизација на севкупниот општествен живот. Покрај Поголемите теориски трудови — „Пролетерската револуција и ренегатот Кауцки“ (1918) и „Детската болест на левичарството во комунизмот“ (1920), пишува повеќе брошури, расправи, статии, реферати, тези, резолуции и др. Здобиените рани во есеровскиот атентат (1918) и постојаната напорна работа го сторија своето — кон средината на 1922 тешко се разболува. Иако болен, кон крајот на 1922 го критикува големорускиот шовинизам, спречувајќи го прифаќањето на Сталиновиот проект за „автоматизација". По оваа критика, изработен е и прифатен нов проект, според кој советските републики се обединуваат врз начелото на доброволност и рамноправност во Сојуз на Советските Социјалистички Републики.

Смртта

уреди

Во декември 1922 и во јануари 1923 го пишува своето „Писмо до Конгресот“, познато како Ленинов тестамент, во кое апелира Партијата да го зачува единството на своите редови. На чело на Советска Русија беше до својата смрт во 1924 година. По неговата смрт со државата владееше колективно тело од неговите водечки следбеници, но по интригите помеѓу нив, на чело на државата застана Јосиф Сталин. Во социјалистичките кругови пред да дојде на власт, а особено откако дојде на власт Ленин беше познат по својата нетолерантност кон погледите на другите луѓе

Нова економска политика

уреди

Новата економска политика (руски: Новая экономическая политика, НЭП) претставувал економска политика која била воведена во Русија и Советскиот сојуз во 1921 година од страна на Владимир Ленин . Целта на оваа политика била либерализација на економијата во земјата. Во текот на оваа нова политика било дозволено создавање на приватни фирми, додека државата продолила да ги контролира банките, надворешната трговија и големите индустрии. . Оваа решение било прифатено на Десетиот конгрес на Комунистичката партија на Русија. во практикам декретот барал од земјоделците да дадат на владата одреден износ на суровини и земјоделски производи како данок во натура. . Оваа политика била заменета во 1928 година од страна на Петгодишниот план на Сталин.

Заднина

уреди

На 7 ноември 1917 година болшевиците ја презеле контролата на Петроград и ја собориле Привремената влада во Зимскиот дворец. На својот конгрес ја прогласиле својата државна власт по кое следувала крвавата граѓанска војна на Белата армија од една и Црвената армија од друга страна. По победата на болшевиците во војната, земјата се нашла во економски колапс, а болшевичката подршка исто така се намалувала главно порадви практикувањето на т.н. воен комунизам. Поради ова, Ленин преминал кон создавање на нов план кој би го променил економскиот живот во земјата.

Во времето на граѓанската војни биле уништени буквално цели градови. Биле уништени комуникациските линии, транспортните линии особено железниците. Болестите исто така се развиле, особено тифусот. Пратките на храна и гориво преку железничката пруга се намалиле. Жителите на земјата во почетокот се соочиле со недостиг од масло за греење, а потоа и од јаглен. И покрај тоа што војските своите битки главно ги воделе надвор од урбаните средини, бројот на населението особено на градското се намалило . Населението во северните градови, со исклучок на главните се намалило во просек по 24% Од население од околу 2.400.000 жители, Петроград по војната во 1920 година имал население од 740.000 жители . По крајот на граѓанската војна, околу 80% од населението на земјата било селско население . Фабриките за производство доживеале голем недостиг од налози.

Следело големо разоќарување на работниците кои организирале демонстрации против политиката на партијата која претходно изгласала т.н. привилигирани оброци за Црвената армија, членовите на партијата и учениците. Во март 1921 година избувнал Кронштатскиот бунт.

Политика и резултати

уреди

Прв кој ја предложил оваа политика бил Лав Троцки во 1920 година, но истата не била прифатена. Следната година била прифатена од страна на Ленин. Во времето кога започнала да се спроведува политиката, самата власт се оддалечила од своите комунистички идеали и започнала со модернизирање на економијата, но овој пат со послободен начин на вршење на работите. Советскиот сојуз престанал да ја подржува идејата за национализација на одредени делови во индустријата. Во исто време се очекувале и неколку странски инвестиции, со цел земјата финансиски да напредне и преку развојни проекти да дојде до резмена или запознавање со странските технологии .

Ленин ја дизајнирал новата економска политика главно поради пропаганда на своите идеали и економско закрепнување. Ленин ги отворил пазарите во поголема мера создавајќи слободна трговија и зголемување на производството. По сушната 1921-1922 година, производството се зголемило за 40% . Синдикатите станале независни граѓански организации.

Земјоделското производство се зголемило. Наместо владата да ги зема земјоделските вишоци без надоместок, земјоделците сега имале можност да го продаваат својот вишок, и затоа имало поголем поттик за производство на повеќе жито. Тешката индустрија и финансиските институции останале под државна контрола. Ова довело до раст на земјоделската наспроти тешката индустрија. За да ги задржат своите приходи, фабриките започнале да ги продаваат своите производи по повисоки цени главно поради зголемувањето на трошоците од преработувачката индустрија. Вп 1925 година, по смртта на Ленин, Сталин ја изоставил оваа економска политика и го наложил Петгодишниот план.

Историја на Советскиот Сојуз (1927–1953)

уреди

Историјата на Советскиот Сојуз меѓу 1927 и 1953 година била контролирана од страна на Јосиф Сталин, кој обидл е да го реформира советското општество со агресивно економско планирање, особено преку колективизација на земјоделството и развој на индустриската моќ. Во текот на овој период настапило широко и темелно реформирање на советската политика преку брза индустријализација. Исто така била промовирана тајната полиција, која довело до милиони смртни случаи како резултат на чистки.

Втората светска војна, позната како "Големата патриотска војна" во Советскиот Сојуз, уништила голем број од населението. Секој трет смртен случај во војната била над еден советски граѓанин. По крајот на Втората светска војна, армиите на Советскиот сојуз ја окупирале Источна Европа, каде била воспоставена народна или комунистичка власт. Самиот континент бил поделен на два дела, каде западот го контролирале капиталистичките влади. Со ова започнала и т.н. Студена војна.

Јосиф Сталин

уреди

Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин (18 декември 1878 - 5 март 1953) е роден во Гори, Грузија. Тој бил четврто дете во семејството кое се родило за помалку од четири години. Првите три деца умреле, па мајка му се плашела дека и тој наскоро ќе умре. Оттука може да се разбере нејзината голема преокупираност со него. Името Сталин е политичко име коешто тој си го избрал на 34 години и кое во превод значи челичен човек. Од други извори пак се вели дека прекарот Сталин го добил додека бил во затвор.

Рано детство и школување

уреди

Сталин е роден на 18 декември 1878 (по нов календар, односно на 6 декември 1878 по стар календар) во малото градче Гори во Грузија, син на Екатарина Гелаѕе и Висарион Иванович Џугашвили. Мајка му била кметица од раѓањето, но во Грузија се занимавала со перење на алишта и чистење куќи. Неговиот татко исто така бил кмет, но подоцна бил ослободен и станал чевлар. Роден како Јосиф, нарекуван Сосо (на грузиски јазик: Јосиф од милостија) бил четвртото и единственото дете коешто останало живо, иако официјално се знае само за неговите двајца постари браќа кои што починале во раното детство, никаде не е спомнато како починало третото дете. Иако првичниот живот на фамилијата Џугашвили бил напреден и успешен, сепак неговиот татко станал алкохоличар и секојдневно ги тепал Екатарина и малиот Јосиф. Градот каде што малиот Јосиф израснал бил типичен пример во тој период за место во коешто владееле безредието и насилството. Неговиот пријател од детството Јосиф Иремашвили за Сталин рекол:

"Тоа незаслужено и ужасно тепање направија момчето да стане тежок и силен како и неговиот татко". Иремашвили исто така кажал дека никогаш не го видел Јосиф да плаче. По банкротирањето на чевларската работилница на Висарион, тој преминал да работи во фабрика за обувки во Тифлис, но и покрај тоа, кога се враќал дома пијан, ја тепал Екатарина, а малиот Јосиф, сакајќи да ја одбрани својата мајка, исто така бил тепан од својот татко. Ова тепање било толку брутално, што еднаш малиот Јосиф имал крв во урината. Уште еден пријател од овој период, според Иремашвили рекол дека тепањето придонело Јосиф да го замрази авторитетот. Исто така кажал дека секој којшто имал моќ врз другите го потсетувал Јосиф на неговиот татко. Според Иремашвили, Сталин бил Осетиец, чиешто вистинско име било Сослан Џугајев. Неговата фамилија за да преживее, одлучила да се асимилира во грузиското општество. Името на Сталин било Иосеб Бесарионис дсе Џугхашвили, и од тука доаѓа рускиот превод Јосиф Висарионович Џугашвили.

Еден од луѓето за кои што Екатарина перела алишта и на кого му ја чистела куќата бил еврејски трговец од Гори, Давид Паписмедов. Паписмедов на малиот Јосиф, кој и помагал на мајка му во работата, му давал пари, книги и му пружал поддршка. Десетици години подоцна, Паписмедов дошол во Кремљ за лично да се увери во каков човек пораснал малиот Сосо. На изненадување на Сталиновите соработници, Сталин не само што го примил стариот еврејски господин, туку и се задржал во срдечен разговор со него.

Татко му Висарион ја напуштил фамилијата во 1888 година и отишол да живее во Тифлис. Според некои гласини загинал во кафанска тепачка, но други тврделе дека последен пат го виделе жив во 1931 година.

Сталин како мал ја почувствувал на своја кожа сиромаштијата која што владеела во Русија. Додека да се запише на училиште, бил удрен од кочија, поради што трајно му била деформирана левата рака. Поради истата деформација бил одбиен за воена регрутација во руската армија во Првата Светска Војна. На седум години добил и сипаници кои на лицето му оставиле траги, па децата доста сурово го нарекувале “рапавиот”. Бидејќи мајка му била многу религиозна, на 8 годишна возраст го запишала во религиозно училиште во кое тој и неговите грузиски врсници биле исмевани од страна на останатите ученици поради нивниот смешен грузиски дијалект на којшто го говореле рускиот јазик, кој за нив бил непознат, но сепак задолжителен. Неговите школски другари кои што биле во главно деца на богати свештеници, државни службеници и трговци исто така го исмевале. Малиот Сосо научил да им се спротивстави со тоа што ги застрашувал. Ги искористувал нивните слаби точки и ги изложувал на суров потсмев пред другите ученици. За да избегне физички пресметки на своите потенцијални напаѓачи им возвраќал на провокациите велејќи им дека ја користат физичката сила како замена за мозокот. Со ваквата тактика брзо ја превзел улогата на водач на своите врсници. Еден од неговите омилени херои од детството бил Коба од романот "Таткоубиец" на Александар Казбеги. Од тука малиот Сосо барал неговите врсници да го викаат Коба, што бил еден од неговите први прекари. Бил одличен ученик и поради тоа на 14 годишна возраст добил стипендија за теолошки семинар во Тифлис, образовна институција на руската православна црква која што ја посетувал од 1894 година. Се издржувал себеси покрај со малата стипендија која што ја добивал, и со пеење во црковниот хор за што добивал плата. За време на своите тинејџерски години, младиот Јосиф пишувал и поезија, на почетокот на неговите тинејџерски години во романтичен стил, но со текот на времето во се повеќе нихилистички и суров стил. Иако неговата мајка сакала тој да стане свештеник (дури и откако станал лидер на Советскиот Сојуз), тој го посетувал семинарот не затоа што бил религиозно определен, туку затоа што тоа била една од ретките можности за образовање во Грузија, со оглед на тоа дека тамошните претставници на власта не биле заинтересирани за да дозволат формирање на грузиски универзитет. Таму тој станал член на тајна организација која тежнеела кон ослободување на Грузија од Русија и тука за прв пат се запознал со идеите на Карл Маркс.

Сталин до револуцијата

уреди

Во 1899 година тој бил избркан од училиштето, за што биле дадени повеќе причини. Како една од причините било неговото непочитување на кажаниот збор ниту пак на авторитетот, како и читање на забранети книги. Подоцна, тој бил обвинет за обид на преобратување на своите соученици кон марксизмот.

Во годините кои следеле тој бил невработен. Успевал да спечали пари преку учење на деца од средната класа и работејќи како службеник во опсерваторијата во Тифлис. Во исто време почнал да пишува натписи за социјалистичкиот грузиски весник “Brdzola Khma Vladimir”.

Во 1901 година тој се зачленил во Социјалдемократската работничка партија на која повеќето лидери биле во прогонство. Останал во Русија и почнал да организира протести против царството. На 18 април 1902 година бил уапсен за водење на штрајк и поминал 18 месеци во затвор, по што бил депортиран во Сибир. Во 1904 година, тој успеал да избега од Сибир и за неколку месеци да се врати на организирањето на штрајкови во Тифлис. Се на се, во периодот од 1902 до 1913, Сталин бил уапсен 8 пати, прогонет 7 пати, а успеал да избега 6 пати. Неговото последно прогонство траело од 1913 до 1917. Уште во 1910 година почнал да се нарекува себеси Сталин (човек од челик).

На вториот конгрес на РСДРП во Лондон во 1903 година, дошло до караница помеѓу Владимир Ленин и Јулиус Мартов, двајцата лидери на партијата. На крајот од расправијата, Мартов добил со 28 гласови наспроти лениновите 23 гласови. Ленин морал да го прифати поразот и да се оддели од партијата, притоа создавајќи нов разгранок подобро познат како болшевици. Оние кои што му останале верни на Мартов биле наречени меншевици. Сталин решил да им се придружи на болшевиците.

Ленин бил импресиониран од успесите на Сталин и во 1905 година го поканил во Финска за подобро да го запознае. По овој состанок, Сталин се вратил во Санкт Петербург каде што станал уредник на весникот “Правда”.

Во 1912 година на партиската конференција во Прага, Сталин бил избран за член на Централниот Комитет на Болшевичката партија. Откако го уапсиле во 1913 година бил протеран на живот во северен Сибир. По Февруарската буржоаско-демократска револуција во Русија во февруари 1917, царот Николај II абдицирал, со што и официјално бил ставен крај на повеќе од 200 години старата Руска Империја. Новиот премиер, односно претседателот на новата примвремена влада во Русија, Александар Кeренски, им дозволил на сите политички затвореници да се вратат дома. Сталин се вратил во Санкт Петербург и почнал повторно да го издава “Правда”. Во исто време, Сталин, како и повеќето болшевици, го завзел ставот дека рускиот народ не е подготвен за социјалистичка револуција. Исто така Сталин и одборот на уредниците на "Правда" му пружале поддршка на Керенски и на неговата привремена влада, а исто така наводно одбиле да објават статија на Ленин во која што Ленин го повикува народот на уривање на привремената влада.

Брачен живот и семејство

уреди

Во 1904 година откако се вратил од прогонство од Сибир, Сталин се оженил со неговата симпатија од тинејџерските години, Екатарина Сваниѕе (според некои извори: Екатарина Семеновна). Со нејзе имал едно дете, неговиот прв син, Јаков Џугашвили, со кој не се согласувал најдобро во наредните години. Неговата прва сопруга починала од тифус во 1907 година, исклучиво затоа што се што Сталин заработувал давал на партијата, а не за нејзиното лекување. На нејзиниот погреб рекол дека сите чувства и се човечко што имало во него умреле со нејзе, бидејќи таа била единствената која што знаела како да го излече неговото срце.

Во 1919 година се оженил со Надежда Алелујева, која била тврд и одлучен комунистички тинејџер. Со нејзе имал две деца, вториот син Василиј и ќерката Светлана. Надежда починала во 1932 година во мистериозни околности на 9 ноември 1932, два дена по 15-та годишнина од Октомвриската Револуција. На прославата по повод 15-та годишнина од Октомвриската Револуција на 7 ноември 1932 Сталин, полупијан и гневен кон Надежда поради критиките кои лично му ги изнела пред гостите на прославата поради начинот на кој владеел со Советскиот Сојуз, се однесувал некултурно и ја мавал со парчиња леб. Официјалната изјава на Сталин била дека починала од воспаление на слепото црево, но многумина имаат потврдено дека ноќта кога починала се слушнал истрел и дека до нејзе бил пронајден револвер, поради што се поставува прашањето дали Сталин ја убил или ја навел кон самоубиство. Има само 2 фотографии на нив двајца заедно во периодот од 15 годишниот брак. Дента на нејзиниот погреб Сталин рекол: "Таа ме напушти како непријател". Неговата мајка починала во 1937 година. Сталин не присуствувал на нејзиниот погреб. Ја видел само еднаш во последните 40 години од нејзиниот живот. Сталин бил гневен на нејзе бидејќи го запишала во религиско училиште и понекогаш ја нарекувал "стара курва". А од друга страна, на советската јавност и се претставувал како синот кој ја сака мајка си како дел од неговиот култ на личноста кој го градел кон крајот на 1920 - те и почетокот и текот на 1930 - те. Кога дознал дека имало обид за снимање на документарен филм за мајка му, веднаш го запрел.

Неговиот прв син Јаков и се придружил на Црвената Армија и во 1941 бил заробен од страна на германските сили. Сталин одбил да го менува својот син во замена за фелдмаршалот Фридрих Паулус, кој се предал во Битката за Сталинград. Кога слушнал за понудата од германските сили рекол "Јас немам син Јаков". Јаков умрел во заробеништво над заштитна ограда под електричен напон. Меѓутоа ни до денешен ден не е расветлена неговата смрт. Некои велат дека се обидел да избега и умрел обидувајќи се да ја прескокне заштитната ограда под електричен напон. Многумина од друга страна, пак, веруваат дека се самоубил.

Сталин, потценувајќи го сопствениот првороден син, понекогаш го нарекувал "помлад чевлар". За време на првиот пет годишен план на Сталин за брза индустријализација на Советскиот Сојуз, Јаков влегол во судир со Сталин во текот на еден разговор со него, велејќи му дека само тој, односно само Сталин, е единствениот виновник за големиот глад и за големата сиромаштија кои завладеале низ државата, и му кажал дека само тој, односно само Сталин, може да го спаси советскиот народ.

На ова Сталин одговорил: "Јас не сум Сталин. Сталин е моќ". Во овој период Јаков се обидел да се самоубие со пиштол, но преживеал. На ова Сталин реагирал велејќи: "Не може ни да се застрела себеси правилно".

Неговиот втор син Василиј сакал да се запише во авијациско училиште, но тука морал да интервенира Лаврентиј Берија поради слабите училишни оценки на Василиј. Но слабиот успех не го запрел Сталин да го направи својот син најмладиот генерал во Црвената Армија кон крајот на Втората Светска Војна. Василиј станал алкохоличар во текот на војната. Непосредно по смртта на Сталин на 5 март 1953 Василиј бил уапсен и затворен на 28 април 1953 поради откривање на тајни информации на странски дипломати во текот на една вечера. Бил обвинет за критикување на советските лидери, антисоветска пропаганда и криминално однесување. Бил ослободен во јануари 1960 и се стекнал со право да прима пензија, финансиска компензација од 30.000 рубљи, трособен стан во Москва, како и тримесечен третман во Кисловодск. Очекувал да добие официјално извинување, но никогаш не го добил. На 9 април 1960 побарал од маршалот Климент Ворошилов да го врати во воена служба. Иритиран од доцнењето на одговорите на неговите барања, на 15 април 1960 поднел барање за виза во кинескиот конзулат. Во тој период односите помеѓу Советскиот Сојуз и Народна Република Кина биле тензични, поради што на 16 април 1960, советските власти одлучиле да го стават во куќен притвор во Казан. Во овој период неговите проблеми со алкохолизмот станале уште посериозни, поради што починал на 19 март 1962. Во 1999 започнал процес за негово рехабилитирање со повлекување на обвинението за антисоветска пропаганда. Во 2002 неговите остатоци биле пренесени на гробишта во Москва.

Сталин бил најблизок со неговата ќерка Светлана, која во 1967 емигрирала од Советскиот Сојуз, а починала од рак на дебелото црево на 22 ноември 2011 во САД, на 85 годишна возраст.

Исто така има многу тврдења од страна на одредени документи и личности дека Сталин имал деца со други жени во годините на неговото прогонство. Меѓу најпознатите примери спаѓа синот Константин Кузаков што го имал со Марија Кузакова, жената со која ручал и во чијашто куќа престојувал за време на неговото прогонство во Сибир во градот Солвичегодск, типично место за прогонство, на кого подоцна и му помогнал да стане член на Централниот Комитет на Болшевичката партија. Меѓу најпознатите примери спаѓа и непознатиот внук на Сталин кој независната руска телевизија НТВ и го открила на јавноста во 2001, Јури Давидов, кој рекол дека неговиот татко му го открил нивното оригинално семејно потекло, но поради тогашните активности против сталиновиот култ на личноста морале да молчат. Некои историчари, меѓу кои и Александар Солженицин тврделе дека Сталин имал син и со неговата сопруга од граѓанскиот брак во северен Сибир, Лида во 1918 година.

Сталин и револуцијата

уреди

Кога Ленин се вратил во Русија на 3 април 1917 година, ги објавил т.н. Априлски тези. Тој ги обвинил сите болшевици како предавници на својот народ заради тоа што не сакале и немале храброст да и се спротивстават на Привремената влада. Ги обвинил дека се предавници на социјализмот и дека треба да ја напуштат партијата. Некои, го послушале Ленин, кои сметале дека кревањето на револуција ќе доведе до уште поавторитетна руска влада.

Во мај истата година Сталин бил избран за член на Политбирото на Централниот Комитет на Болшевичката партија и бил трет кој освоил најмногу гласови. На оваа функција Сталин останал се до крајот на својот живот. Сталин бил во тешка позиција. Како еден од уредниците на “Правда”, бил свесен дека бил делумно виновен за “предавниците на социјализмот” како што Ленин ги нарекол своите сопартијци. Сега имал два избора. Можел да му спротивстави на Ленин и да тежнее кон водачкото место во партијата, или пак можел едноставно да се премисли и да престане да ја поддржува привремената влада и да му остане лојален на Ленин.

По десетдневен молк, Сталин го повлекол својот потег. Во “Правда” објавил натпис со којшто ја отфрлил идејата да работи со Привремената влада, ги проколнал Кeренски и Чернов, ги обвинил за противреволуционерно работење и ги повикал селаните на заземање на земјата од нивните претпоставени. Во ноември 1917 година. Ленин го наградил Сталин за неговата поддршка на Октомвриската револуција и го назначил за комесар за националности, функција која што Сталин ја држел во периодот од 1917 до 1923 година. Исто така бил и комесар за работничка и селанска инспекција во периодот од 1920 до 1923 година и член на Централниот извршен комитет на Врховните Совети. Со оглед на тоа што и самиот не бил Русин, туку Грузиец, на Сталин му се доверила улога која што најдобро му одговарала. Тој сега имал доста моќно место и требал да разрешува многу проблеми, ако се земе фактот дека половина од населението во Русија не биле Руси.

Политиката на болшевиците била да им се овозможи самоопределување на различните националности кои постојат во Русија. Ова било уште толку засилено со еден говор на Сталин кој се одржал на 16 ноември 1917 година во Хелсинки.

Во наредните неколку години Сталин имал доста проблеми со националностите кои не биле Руси. Имено, сите сонувале за идеа за создавање на посебна држава без да се консултираат со него и тоа воопшто не му одело во прилог. Така, за да се заштити себеси и своите интереси тој кажал дека доколку овие нови држави не се подготвени да прават сојуз со Русија, така наречен советски сојуз, тогаш болшевиците нема да дозволат да опстане самоопределувањето. Исто како и Сталин, така и Ленин почнал да се премислува за политиката на самоопределување која што ја водел и тежнеел кон прекршување на своето ветување. Токму тоа прекршување ја направило владата на Ленин не толку сакана во Русија.

За време на Граѓанската војна, Сталин одиграл мошне важна улога во решавањето на воените прашања. Неговата стратегија била да ги интервјуира сите војници за да се увери во нивната лојалност. Доколку било кој од нив не го уверил во тоа, го стрелал и фрлал во Волга. Во 1918 година бил извршен атентат врз Ленин од страна на Дора Каплан. Сталин наредил да се изврши немилосрден терор врз одговорните. Неговиот совет бил прифатен во септември 1918 година и проценето е дека во наредните месеци околу 800 социјалисти биле прогонувани и стрелани без да ја имаат можноста за судење.

Политиката на советската влада се повеќе губела на популарност, а тоа се гледало од многубројните демонстрации кои беснееле по Русија. Токму поради тоа, Ленин во март во 1921 година ја објавил својата Нова економска политика (НЭП). Сталин ја поддржал оваа политика која носела многу бенефиции за сиромашниот народ во Русија. По објавувањето на својата нова политика, Ленин морал да се соочи со многубројни опструкции и повеќе не можел толку лесно да ги надминува несогласувањата кои доаѓале од сите страни. Наскоро почнал да чувствува замор и признал дека му требало помош во контролирањето на Комунистичката партија. На наредната конференција во април 1922, Ленин го предложил Сталин за местото за генерален секретар, а неговата кандидатура била поддржана од неговите противници затоа што секој од нив на неа гледал само како на кандидатура за гласник на Ленин.

Генерален секретар и доаѓањето на власт

уреди

Многу наскоро откако Сталин бил назначен за генерален секретар, Ленин бил подложен на операција во која требало да му биде изваден куршум од телото којшто останал во него од атентатот на Каплан. Веднаш по операцијата, иако многумина сметале дека таа ќе придонесе за оздравување на Ленин, еден крвен сад во неговиот мозок пукнува и го остава парализиран на десната страна. Исто така Ленин боледувал од сифилис, што ја влошило уште повеќе неговата состојба.

Наеднаш “гласникот” на Ленин станал многу важен. Додека Ленин бил инвалидизиран, многу важни решенија паднале во рацете на Сталин. Ја имал моќта да се ослободи од несаканите членови на партијата како што бил Евреинот Лав Троцки, којшто бил главниот негов ривал за водачкото место во партијата, а меѓу другото и основач и командант на Црвената Армија. Опкружен од подржувачи, довербата во Сталин наеднаш почнала на расте. Во октомври 1922 година тој не се согласувал со Ленин во врска со прашање за надворешна трговија. Кога прашањето било изложено на Централниот комитет, политиката на Сталин била прифатена а онаа на Ленин отфрлена. Ленин почнал да стравува дека Сталин ќе му го преземе водачкото место во партијата, па затоа му пишал на Троцки за поддршка. На следниот централен комитет, прашањето за надворешната трговија било повторно разгледано, па Ленин, којшто бил премногу болен за да присуствува на комитетот, му пишал на Троцки писмо во кое му честитал за добро направената работа и предложил во иднина да работат заедно против Сталин

Сопругата на Сталин, Надежда Алелујева, која што работела во приватната канцеларија на Ленин, наскоро дознала за содржината на писмото коешто било пратено до Лав Троцки. Сталин станал свесен дека доколку Троцки и Ленин се здружат, неговата политичка кариера ќе пропадне, па затоа разлутен се јавил на сопругата на Ленин, Надежда Крупскаја и ја обвинил за загрозување на животот на Ленин со тоа што му допушта да пишува во таква тешка здравствена состојба.

Откако Крупскаја му ја соопштила на својот маж веста за телефонскиот повик од Сталин, Ленин бил сосема сигурен дека Сталин не смее да биде неговиот наследник, па сосема свесен дека умира и го издиктирал на својата секретарка својот тестамент. Ленин започал да се грижи за состојбата во која се наоѓа Сталин и за неговото однесување, па затоа во својот тестамент тој напишал: “На другарот Сталин, со поставувањето на функцијата генерален секретар, му се довери голема моќ во неговите раце и не сум сосема сигурен дека тој знае како да ја насочи. Затоа од нашите другари молам тој да биде отстранет од своето место како генерален секретар и на негово место да се назначи некој друг кој ќе биде поразличен од Сталин”.

Како и да е, Ленин починал на 21 јануари 1924 година, без било каква акција да биде превземена. По неговата смрт, десетици илјадници телеграми пристигнувале од сите краишта на Советскиот Сојуз, во кои што пишувало дека неговото тело треба да биде сочувано на некаков начин за идните генерации. Сталин го искористил ова и ја поддржал идејата за градење на Мавзолејот на Ленин, каде што телото на Ленин било поставено на 27 јануари 1927 година, откако претходно истото било балсамирано. Ова било целосно спротивно на желбата на Ленин да биде погребан до гробот на својата мајка. На 13-от Конгрес на партијата во мај 1924 година, Сталин успеал да се наметне како легитимен наследник на Ленин. Тој почетно продолжил со новата економска политика на Ленин, на тој начин нудејќи многу бенефиции на фармерите и обичните селани.

По смртта на Ленин, Сталин се соединил со двајца членови на левото крило, Григориј Зиновјев и Лев Каменев, со цел да му одземе што е можно повеќе моќ на Троцки, кој бил претставник на левото крило во партијата. И двајцата од нив верувале дека Троцки ќе се ослободи од нив кога би станал лидер, особено поради неговите екстремно радикални идеи. Сталин потенцирал дека двајца стари активисти како нив имаат повеќе право да ги водат болшевиците од Троцки, кој и се приклучил на партијата во 1917. Троцки го обвинил Сталин дека работи диктаторски и повикал на поголема демократија во партијата. Зиновјев и Каменев, соединувајќи се со Сталин, го обвиниле Троцки за поделба во редовите на партијата. Последната надеж на Троцки била објавувањето на тестаментот на Ленин, па така во мај 1924 година, вдовицата на Ленин, Надежда Крупскаја, побарала од Централниот комитет, содржината на тестаментот да биде објавен пред членовите на партијата. Зиновјев силно се противел на публикацијата. Тој рекол:

“Вие, како и јас сте сведоци на хармонијата која владее во партијата во последните неколку месеци и мислам дека тоа е доволен доказ дека стравувањата на Ленин се покажаа неосновани”. Членовите на комитетот, кои биле поставени од страна на Сталин, не дозволиле публикација на тестаментот.

Во 1925 година Сталин успеал да го отстрани Троцки од владата. По заминувањето на Троцки, Сталин повеќе немал никаква корист од Каменев и Зиновјев. Така, стратегиски почнал да ја напаѓа идејата на Троцки за револуција која што требала да се рашири и надвор од границите на Советскиот Сојуз. Каменев и Зиновјев, кои што биле силни поддржувачи на таа идеја, против својата волја, морале да застанат зад човекот со кого долго време не се согласувале. Кога конечно Сталин увидел дека Каменев и Зиновјев повторно ќе се соединат со Троцки, почнал да ги поддржува ставовите на десницата, претставувана од страна на Николај Бухарин. Каменев и Зиновјев сфатиле дека Сталин има намера да се ослободи од нив и затоа во летото 1926, тие ја проголтале својата гордост и ја вратиле својата поддршка кон политиката на Троцки.

Тогаш веќе Каменев и Зиновјев почнале да ги напаѓаат ставовите на Сталин, но тој лесно, како и се што правел дотогаш, успеал да ги отстрани од Централниот комитет. Како и да е, нивното верување дека партијата ќе се раздели на два дела, станало вистински страв за комунистите во земјата. Тие биле убедени дека доколку се случи тоа, западните земји би можеле таа ситуација да ја искористат против Советскиот Сојуз. Поради тоа Каменев и Зиновјев биле принудени да потпишат изјави со кои се обврзале дека нема да држат јавни говори во кои ќе ги напаѓаат високите функционери. Троцки одбил да потпише таква изјава, па затоа бил протеран во Казахстан во 1929 година. До својот официјален 50-ти роденден во 1929 година, односно неофицијален 51-ви роденден (Сталин ги криел вистинските податоци за себеси поради сигурност), Сталин ја имал апсолутната власт и моќ во партијата и во Советскиот Сојуз.

Брзата индустријализација на Советскиот Сојуз

уреди

Русија излегла од Првата Светска Војна како поразена, сиромашна и неразвиена држава, особено по Февруарската и Октомвриската Револуција. Индустријата изнесувала 20% до 25% од целокупната економија на државата, а од целосната индустриска инфраструктура во државата, државата поседувала само 13% се до Февруарската и Октомвриската револуција.

Во 1928 година Сталин го претставил својот прв пет годишен план, или петолетка. Со ваквата организација на државата, Сталин преминал кон сосема поинакви мерки за зајакнување на државната економија од оние предвидени со Новата Економска Политика (НЕП) на Ленин, која што Сталин ја практикувал од доаѓањето на власт, се до 1928 година. Ваквиот план удрил најсилно врз животите и врз егзистенцијата на селаните и фармерите чии што производи тогаш се уште играле доминантна улога во државната економија.

На почетокот на неговиот прв пет годишен план, Сталин рекол: "Во период од 10 години ние мораме да ја стигнеме Европа, или нас ќе не нема".

За успешна реализација на ваквиот план, на Сталин две работи му недостигале на големо: храна и пари. За да ги обезбеди, вовел колективизација на сите земјоделски производи. Селаните и фармерите биле обврзани сите свои производи да ги продадат на големите државни колективни фарми низ државата по цени кои што колективните фарми како купувачи ќе ги одределе, а не селаните и фармерите како производители. Цените за селаните и фармерите биле катастрофално ниски, некои морале да ги продадат своите производи по цени во износ од само 10% од реалните цени на производите. Ваквиот организиран "колективизациски грабеж" станал вистински кошмар за кулаците (еднина: кулак), најнапредните, најуспешните и најбогатите селани и фармери во Советскиот Сојуз, кои што одлучиле да не ги продадат своите производи. На ова Сталин реагирал со издавање наредба за директен упад на фармите и во домовите на кулаците од страна на агентите на тајната полиција НКВД, кои што присилно ги одзеле сите производи на селаните и фармерите. Сите кои што ќе се спротивставеле да ги предадат своите производи биле апсени и водени во некој од логорите за присилна експлоатација на човековиот труд низ Советскиот Сојуз, каде што биле присилно терани да работат како робови на државата, копајќи тунели, работејќи во рудниците низ Арктичкиот Архипелаг и многу други ужасни и неподносливи работи, при што воопшто не се водела сметка за здравствената состојба на луѓето или за нивните потреби. Бидејќи мнозинството робијаши во ваквите логори за присилна експлоатација на човековиот труд биле кулаци, од тука овие логори го наследиле називот гулази (еднина: гулаг). За Сталин ваквите робијаши биле "непријатели на народот". Ваквите логори постоеле уште за време на Руската Империја, но поголем замав зеле во периодот по доаѓањето на болшевиците на власт по Октомвриската револуција. Првично за време и по граѓанската војна во Русија, Ленин ги користел ваквите логори за затворање на сите противници, негови и на партијата. Но најголем замав овие логори зеле кон крајот на 1920-те кога Сталин ја зацврстил својата власт во Советскиот Сојуз, па се до неговата смрт во 1953 година. Иако гулазите продолжиле да постојат и да функционираат и по смртта на Сталин во 1953 година, сепак бројот на робијаши никогаш не бил поголем од периодот за време на сталиновиот режим. Кон средината на 1930-те бројот на робијаши изнесувал над 10 милиони луѓе. Денеска во Русија гулазите се уште постојат и функционираат, но во нив работат само доброволци. Робијашите од гулазите станале силна алатка во процесот на индустријализацијата на Советскиот Сојуз за време на сталиновиот режим. Сталиновата полиса за искористување на робијашите од гулазите во процесот на индустријализацијата на Советскиот Сојуз гласела дека сите робијаши кои вредно работеле, мора да се задржат што е можно подолго време во гулазите и да бидат искористувани во процесот на индустријализацијата на Советскиот Сојуз сè додека не станат "бескорисни". Така, на луѓе кои што биле осудени на 3 до 5 години робија во гулазите, а се докажале како вредни робијаши, робијата во гулазите им била продолжувана за уште 10 до 15 години, а на оние кои се докажале како највредни робијаши, робијата во гулазите им била продолжувана за дури 20 до 25 години. Семејствата на кулаците кои што биле оставени без храна не можеле да ги напуштат селата, бидејќи Сталин наредил патиштата да бидат блокирани, поради опасноста од, како што рекол "ширење противреволуционерни лаги".

Ефекти од ваквиот глад и ваквата сиромаштија биле почувствувани низ целиот Советски Сојуз, најмногу во Украина, чии што кулаци најмногу се спротивставувале на колективизацијата, каде што починале од 6 до 8 милиони луѓе. Ваквиот период кај украинците е познат како Гладомор. Во северните делови на Кавкаскиот полуостров од глад починале над 1 милион луѓе. Голем дел од луѓето кои ги изгубиле животите поради ваквиот глад и ваквата сиромаштија низ целиот Советски Сојуз биле деца, кои биле жртви на канибализам, изедени од сопствените родители, кои не можеле повеќе да го трпат гладот. Се проценува дека од глад починале околу 10 милиони луѓе, бидејќи толку недостигале на пописот на население во 1937 година. Кога ги слушнал резултатите од пописот, Сталин бил ужаснат и наредил вршење на нов попис, од кој би излегле поповолни резултати за државата. За него, гладта која завладеала низ Советскиот Сојуз била приказна раскажувана како дел од "противреволуционерните лаги" од страна на "непријателите на народот". Сета колективизирана и присилно одземена храна која што можела да ги спаси животите на милиони луѓе во Советскиот Сојуз завршила на европските пазари. Со парите заработени од продажбата на храната, Сталин купувал машини со кои што се опремувала советската индустрија. Работниците работеле деноноќно за да помогнат во градењето на поразвиена советска држава, но ни тие не биле поштедени. Чести биле случаите каде што работниците примале плати пониски и за -30% од ветените плати.

Сталин знаел дека ќе дојде до глад, но не очекувал бројот на жртвите да биде толку голем, што секако не го ослободува од одговорност. Неколку години по успешниот крај на неговиот прв пет годишен план, ја изговорил својата позната изрека: "Смртта на еден човек е трагедија. Смртта на милиони луѓе е само статистика".

Со ваквата забрзана индустријализација, индустриското производство во Советскиот Сојуз се зголемило за неколку илјадници проценти. Благодарејќи на брзата индустријализација и фактот дека во Советскиот Сојуз немало приватни инвеститори во државната економија и сите пари од фирмите биле реинвестирани во државната економија, Советскиот Сојуз не почувствувал никакви ефекти од Светската економска криза од 1929 година и во 1941 година бил втора најголема индустриска сила во светот. Многумина тврдат дека без ваквата индустријализација Советскиот Сојуз најсигурно ќе изгубел во Втората Светска Војна.

Чистките и големиот терор во 1930-те

уреди

Во 1934 година на 17-от Конгрес на партијата, уште попознат како Конгресот на победниците, Сталин очекувал неговиот реизбор за генерален секретар да биде само формалност. На негово изненадување, тој освоил најмногу негативни гласови при изборот на членови на Централниот комитет, а најмалку негативни гласови освоил лидерот на партискиот огранок од Ленинград, Сергеј Киров. По ужасната колективизација и брзата индустријализација, многу членови на партијата се залагале за помек комунистички режим. Откако Киров бил избран за член на Политбирото на Централниот комитет, за време на Конгресот кој траел од 26 јануари до 10 февруари 1934 година, некои членови му пришле со предлог да го постават него за генерален секретар, со што Сталин директно ќе ја изгубел власта во партијата, а со тоа и во државата. Киров го одбил предлогот, по што Сталин бил реизбран за генерален секретар на партијата. Но големата популарност на Киров и најнискиот број на негативни гласови што ги освоил на Конгресот, наспроти најголемиот број на негативни гласови што ги освоил Сталин на истиот, го направиле Киров трн во око на Сталин, кој од Конгресот па понатаму го третирал Киров како негов најголем ривал.

Некои членови на партијата јавно го критикувале Сталин и повикувале на повторно примање на Троцки во партијата. За прашањето било дискутирано и Сталин барал сите оние кои што го шират тој глас да бидат погубени. Киров, кој до тогаш бил верно куче на Сталин, не се согласувал со неговата политика и кога дошло на ред да се гласа, Сталин бил надгласан.

Во летото 1934 Киров предложил да се ослободат сите селани и фармери кои што се противеле на владината политика. Уште еднаш Сталин бил надгласан. Заедно со Григориј Орџоникиѕе, Киров формирал крило во партијата кое се залагало за помирување помеѓу членовите во Политбирото на Централниот комитет и во партијата, како и за помилување на "непријателите на народот". По ослободувањето на својот најголем противник, Сталин се загрижил поради инсистирањето на Киров да имаат јавна дебата, бидејќи се плашел дека тој би можел да го надмудри во јавност и да му го наруши авторитетот во партијата.

Како и по обичај, тоа лето Сталин го повикал Киров на одмор. Тогаш Сталин го замолил Киров да и остане верен на партијата и да го напушти Ленинград за да дојде во Москва. Сталин со тоа сакал да го држи Киров под свој личен надзор. Киров одбил, а со тоа Сталин разбрал дека ја изгубил контролата врз својот штитеник. На 1 декември 1934 година, Киров бил убиен од страна на помлад член на партијата, Леонид Николајев. Сталин тврдел дека Николајев е дел од заговор којшто бил зачнат од Троцки против Советскиот Сојуз. Сето тоа резултирало со апсење и убивање на Каменев и Зиновјев, како и на петнаесет други членови на партијата. Во 1936 година најстариот брат на Григориј Орџоникиѕе бил уапсен и мачен по што починал. Григориј Орџоникиѕе, кој исто како Сталин бил Грузиец и негов близок пријател, починал во 1937 година во сомнителни околности. Официјалниот извештај тврдел дека починал од срцев удар, но 20 години подоцна, Никита Хрушчов и открил на јавноста дека Орџоникиѕе се самоубил непосредно по телефонски разговор со Сталин. До денешен ден не е откриена содржината на телефонскиот разговор помеѓу нив двајцата. Во 1937 година Николај Бухарин бил уапсен и осуден, а во 1938 година стрелан. Бухарин, кој исто така бил стар и близок пријател на Сталин пред да биде стрелан им дал на сопствените убијци пишана порака за која што замолил да му биде доставена на Сталин. Во пораката пишувало: "Коба, зошто сакаш да умрам ?".

По смртта на Сталин во 1953 година, истата порака била пронајдена во неговата работна маса. Во септември 1936 Сталин го назначил Николај Јежов на чело на тајната полиција НКВД. Јежов веднаш обезбедил апсење на политички водачи кои што биле критични за Сталин, како и масовно испрашување во затворите каде што затворениците биле испрашувани деноноќно и на крај, од замор, биле приморани да потпишат признанија за нивните обиди за уништување на владата. Најголемиот број на жртви на ваквиот терор дошле од актот со кој тајната полиција НКВД барала од секоја општина да се уапсат, погубат или испратат во гулазите "точен број" на "непријатели на народот". За секоја општина во Советскиот Сојуз биле одредени "квоти", односно број колку точно луѓе требало да се уапсат и да се погубат. Биле користени таканаречени судски "тројки", екипи од 3 теренски судии кои што оделе низ општините, и по кратко 10 до 15 минутно сослушување на обвиненијата доставени против обвинетите, истите биле осудувани и стрелани. Проценето е дека во периодот од 1936 до 1939 година над 2 милиони луѓе ги изгубиле своите животи на ваков начин, од кои што мнозинството биле невини. Сталин лично потпишувал илјадници списоци на луѓе кои требало да бидат уапсени, погубени, или одведени во гулазите.

Од вкупно 1996 делегати колку што учествувале на 17-от Конгрес на партијата, 1108 биле уапсени, од кои околу две третини биле погубени во периодот од 1934 до 1937. Од вкупно 139 членови избрани во Централниот комитет на Конгресот, 98 биле погубени. Од останатите 41 делегат, само 24 биле реизбрани на 18-од Конгрес на партијата, кој траел од 10 март до 21 март 1939 година. Периодот од 1934 до 1939 е уште попознат и како Големиот Терор, а 17-от Конгрес кој бил најавуван како Конгресот на победниците, станал Конгресот на осудените. По ова, Сталин одлучил да ја потчини и Црвената Армија. Некои веруваат дека Сталин не лажел кога тврдел дека државната армија планирала воен удар. Ова се смета за најголемата загуба на Советскиот Сојуз и на Црвената Армија за време на сталиновиот терор. Видни командири од граѓанската војна како Михаил Тухачевски, Василиј Блихер, Александар Јегоров и други ги изгубиле животите во ваквите чистки, што се смета како главна причина за брзиот напредок на германските сили за време на Втората Светска Војна и за големите порази кои што Црвената Армија ги претрпела на почетокот на нападите од страна на германските сили. Генералот Константин Рокосовски бил уште една од жртвите на сталиновите чистки и големиот терор во 1930-те години. Кога бил ослободен во 1940 година поради потребите на Црвената Армија и на Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна, било евидентирано дека сите заби му биле искршени поради тепање и мачење во советските затвори.

Последната фаза од чистките и големиот терор во 1930-те била чистењето на тајната полиција. Сталин сакал оние кои што знаеле премногу за чистките да бидат убиени. Сталин и најавил на земјата дека фашистичките елементи ги преземале безбедносните сили, што иницирало смрт на илјадници невини луѓе. Новиот шеф на полицијата кој Сталин го поставил во ноември 1938 бил Лаврентиј Берија чијашто задача била да ги открие виновниците. По истрагата, Берија наредил погубување на сите постари офицери во организацијата, вклучувајќи го и неговиот претходник, Николај Јежов. Во 1937 година, по серии преселувања од држава во држава под притисок на советската влада, Лав Троцки се преселил во Мексико, каде што во 1940 година бил убиен. Тврдења од страна на аналитичари и експерти, како и докази од тајната полиција НКВД го припишуваат неговото убиство на Берија како организатор и Сталин како нарачател на истото.

Една од најголемите иронии за време на сталиновите чистки и големиот терор во 1930-те е фактот дека илјадници робијаши од гулазите кои биле затворени како резултат на чистките пишувале писма до Сталин, очајнички молејќи го за помош, верувајќи дека тој воопшто не знаел за агонијата низ која што тие поминувале. Ова било засилено преку неговиот култ на личноста, кој и во гулазите бил присутен. За робијашите кои биле затворени како резултат на чистките и теророт во 1930-те, Сталин бил светец, семоќен, спасител, единствениот кој можел да им помогне. Само оние од нив кои што дочекале да бидат ослободени по неговата смрт во 1953 година ја дознале вистината дека токму тој, Сталин, кого тие го сакале, почитувале и обожавале како светец, како семоќен, како спасител, бил всушност човекот кој го наредил нивното заробеништво. Се на се, проценето е дека околу 20 милиони луѓе ги изгубиле животите како резултат на сталиновите чистки и големиот терор во 1930-те. Кон крајот на 1930-те, сталиновиот терор почнал да губи на интензитет, но советскиот народ допрва го чекал нов терор приреден од страна на Адолф Хитлер, кој и самиот го опишувал Сталин како вистински мајстор за приредување на политички терор.

Сталин и култот на личноста

уреди

За време на своето владеење, Сталин создал сопствен култ на личноста. Уште кога дошол на власт ја забранил религијата и наредил уништување на цркви, манастири и храмови. Меѓу првите жртви на неговиот режим биле руските православни свештеници од кои што илјадници биле убивани, и илјадници биле одведени во гулазите. На советскиот народ му се понудил себеси како Бог и Семоќен. Неговиот портрет го имало во речиси сите домови во Советскиот Сојуз, а неговите Сталинови музеи биле негови храмови.

Се претставувал себеси пред советската јавност како најдобар пријател на Ленин и втор лидер на Октомвриската револуција преку филмови кои што го претставувале него како светец и херој, а селскиот живот во Советскиот Сојуз како рај на Земјата. Градот Царицин бил преименуван во Сталинград, како и многу други места низ Советскиот Сојуз, но според неговиот култ, ништо не било создадено во Советскиот Сојуз без да биде планирано од страна на него, големиот лидер и татко. Неговите статуи и споменици ги имало во речиси секое село во Советскиот Сојуз. Неговите говори биле снимани на грамофонски плочи, кои што биле дистрибуирани во милионски количини. Себеси се претставувал како најдобар пријател на поетите, уметниците, научниците, децата, војниците и други. Според неговиот култ на личноста, советскиот народ им ги должел сите благодети кои што ги уживал на комунистичката партија и на Сталин.

Во Советскиот Сојуз се доделувале награди кои што го носеле неговото име. Куќата во Гори, Грузија, каде што се родил и живеел, наредил да биде надоградена, со цел да заличи на храм. Во 1944 година, советската химна била сменета. Во новата химна се спомнувал и Сталин. Катедралата Исус Христос Спасител во Москва била урната на 5 декември 1931 година по негова наредба, со цел на таа локација да се изгради зграда која што тогаш би била највисоката зграда во светот, Палатата на Советите. Оваа зграда никогаш не била изградена, во главно благодарејќи на германската инвазија на Советскиот Сојуз, поради што градежните работи биле откажани."Рози за Сталин, најдобриот пријател на децата", слика од 1949 година насликана од страна на Борис Еремеев Владимирски.

Иако никогаш немал вистинско сериозно воено искуство, по победата на Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна се претставувал себеси како големиот војсководец кој го победил Хитлер. По војната се прогласил себеси за Врховен Маршал на Советскиот Сојуз, израз познат во воениот речник како генералисимус, иако немал никакво вистинско воено искуство за време на војната. Во еден од неговите пропагандни воени филмови, тој бил претставен како војсководецот кој го планирал нападот на Берлин во Битката за Берлин. Во филмот бил прикажан и неговиот победнички херојски лет во Берлин по неговото завземање, настан кој никогаш не се случил.

Благодарејќи на неговиот култ на личноста и чистките и големиот терор во 1930-те, Сталин станал се повеќе и повеќе сакан и обожаван од страна на советските граѓани, исклучиво поради стравот кој го ширеле неговите чистки и неговиот терор. Додека држел говори, аплаузите траеле цели минути без прекин, луѓето се плашеле да престанат да аплаудираат поради неговите чистки и неговиот терор, на крајот се користеле ѕвона за да го означат крајот на аплаузот. По победата на Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна, и по неговото самопрогласување за Врховен Маршал на Советскиот Сојуз, односно генералисимус, Сталин станал уште повеќе сакан и обожаван од страна на советските граѓани, овој пат благодарејќи на неговиот култ на личноста и победата во Втората Светска Војна

Неговиот култ на личноста бил срушен дури по неговата смрт во 1953 година.

Сталин и Втората Светска Војна

уреди

Доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во 1933 година во Германија било добредојдено за Сталин. Сталин одамна барал некој кој би ја започнал Втората Светска Војна, како прелудија кон Светската комунистичка револуција, а договорот за ненапаѓање Молотов - Рибентроп бил најважниот чекор кон војната. Во таа смисла, од политички гледна точка, Сталин е политичарот, најодговорен за војната. До 22 јуни 1941 година, кога Германија го нападнала Советскиот Сојуз, Сталин бил делумен сојузник на Хитлер, напаѓајќи ги и окупирајќи ги, покрај источните делови на Полска, уште Литванија, Летонија и Естонија, како и делови од Финска и Романија. По нападот на Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година, Сталин претрпел краток нервен слом и 8 дена се исклучил од светот. Откако поминале тие 8 дена конечно Молотов, Берија, Ворошилов и други блиски функционери се осмелиле ненајавено да дојдат во неговата зимска резиденција (дача) во Кунцево, надвор од Москва. Кога влегле во неговата работна соба, тој ги прашал: "Зошто дојдовте ?" "Да не дојдовте да ме погубите поради штетата предизвикана врз татковината ?". Причина за ваквото однесување од негова страна не е тешко да се пронајде. Постојано месеци пред нападот пристигнувале разузнавачки извештаи од разни места кои тврделе дека Хитлер планира да го нападне Советскиот Сојуз. Седум дена пред почетокот на нападот, советски шпион од Берлин ги информирал властите во Москва за почетокот на нападот, но Сталин го игнорирал извештајот. Дури и по почетокот на нападот не сакал да верува дека Хитлер и Нацистичка Германија стојат зад нападот, туку верувал дека тоа е дело на некој одметнат германски генерал. Чистките од 1930-те сериозно ја ослабиле државната инфраструктура во Советскиот Сојуз, особено Црвената Армија. Големите почетни германски воени успеси, особено во небото, се должеле исклучиво поради позиционирањето на советските воени авиони и тенкови, кои што биле подготвени за стратешка офанзива врз Германија и за нејзино бомбардирање, а не за стратешка дефанзива и одбрана на Советскиот Сојуз.

Се до Битката за Москва, Сталин ги искористувал советските медиуми за да ја залаже советската јавност со лажни вести за "големите порази кои ги трпеле германските сили на источниот фронт", додека Советскиот Сојуз трпел милионски загуби во војници и во цивили кои биле заробени или убиени од страна на германските сили на источниот фронт. Сталин мислел дека неговата пропаганда ќе придонела за поттикнување на моралот и храброста кај советските војници и граѓани, со што стотици илјадници граѓани од Украина, Белорусија и балтичките земји окупирани од страна на Сталин на почетокот на Втората Светска Војна, уверени дека советските сили извојувале победи над германските сили, не ги напуштале своите градови и села, за да подоцна истите да паднат во милост и немилост на силите на фашистичките окупатори по фашистичката окупација на нивните градови и села. Голем дел од овие граѓани биле Евреи, кои што подоцна ги загубиле животите во концентрационите логори, како Аушвиц, Собибор, Мајданек, Треблинка и други, затоа што Сталин ги оставил на милост и немилост на фашистичките окупатори.

Сталин, кој немал никакво вистинско сериозно воено искуство, не ги слушал советите на своите генерали, кои постојано му повторувале дека поради огромните загуби кои што Црвената Армија ги претрпела, Советскиот Сојуз не бил доволно подготвен за да се започне масовна контра-офанзива, туку постојано наредувал да се тргне во против-напад. Не сакал да се помири со фактот дека кај модерното војување се применуваат тенкови и авиони, туку верувал дека и понатаму бројот на војници и на пушки бил поважен, што довело до смртта на стотици илјадници советски војници се до Битката за Москва, кога Сталин конечно попуштил и им дозволил на маршалите Жуков и Василевски да ја организираат одбраната на градот.

На 30 јуни 1941 година, Сталин одржал говор во московското метро заштитено од германските бомбардери, во кој ги изговорил зборовите кои ги имало на корицата на воената книшка на секој војник во Црвената Армија за време на Втората Светска Војна: "Германските окупатори сакаат да водат војна за истребување со народот на СССР". "Ако германците сакаат војна за истребување, ќе ја добијат". Големата пресвртница во војната се случила во битките за Москва и Сталинград, каде што советските сили извојувале одлучни победи, главно благодарејќи на тоа што советските фабрики за оружје и муниција биле блиску до бојните полиња, со што Црвената Армија можела брзо да се засили и да надомести за претрпените загуби, нешто што германските сили немале на располагање. Исто така суровите руски зими во периодот 1941/1942 и 1942/1943 кои биле едни од најстудените и најсуровите зими во 20-от век одиграле голема улога во одбраните на Москва и Сталинград. Германските сили не очекувале инвазијата на Советскиот Сојуз да трае толку долго и не се опремиле со зимска опрема, што им дало огромна предност на советските сили, кои што можеле да ги издржат суровите зимски температури, кои понекогаш знаат да стигнат и до -15 °C. На 2 февруари 1943 кога германскиот фелдмаршал Фридрих Паулус, неговите соработници и офицери и неговите војници се предале на Црвената Армија во Битката за Сталинград, советската метеоролошка станица преку советското радио најавила температура од -31 °C.

Во овој период, Сталин дозволил црквите повторно да се отворат. Неговата моќ не била доволна, му требала и моќта на религијата која што некогаш ја учел и забранил по неговото доаѓање на власт. Една од најдобро чуваните тајни од периодот за време на Втората Светска Војна е и фактот дека и самиот Сталин понекогаш се молел на Семоќниот Бог кој некогаш го отфрлил.

Победата во војната преминала на страна на советските сили меѓу другото и поради тоа што Сталин, за разлика од Хитлер, ги слушал советите на неговите генерали и научил од сопствените грешки. Типичната разлика која донела победа помеѓу нив двајцата била во пристапот. Сталин на состанок со советскиот воен команден врв би издал наредба, но подоцна би ја повлекол истата доколку неговите генерали не се согласувале со него. Хитлер, од друга страна сметал дека секогаш е во право. Во текот на Втората Светска Војна, која кај советскиот народ (а и во денешна Русија кај рускиот народ) станала позната како Голема Патриотска Војна и како Голема Татковинска Војна, веќе до 1942 биле сменети повеќето воени функционери кои што биле поставени на функции за време на чистките во 1930-те и заменети со офицери со пониски ранкови и независни од партијата, но со поголемо и побогато воено искуство. До крајот на Втората Светска Војна ниту еден недоволно способен генерал не останал на својата функција, без разлика колку бил близок со советскиот лидер.

Опсадата на Ленинград до денешен ден важи за една од најкрвавите и најдолгите опсади на сите времиња. Хитлер намерно не го окупирал градот, туку наредил истиот да биде заобиколен, така што никој не би можел да влезе или излезе од него. Целта на Хитлер била жителите на Ленинград да изумрат од глад, студ и болести. Сталин можел да го евакуира градот, но не го дозволил тоа. Наредил сите жители да се бранат до последниот човек. Докази за крвавата опсада на Ленинград до денешен ден се места каде што имало масовни гробници каде што жителите ги закопувале безживотните тела на своите сакани, блиски и соседи, за да не дојде до ширење на болести.

Сталин, лидерот на Советскиот Сојуз за време на оваа војна не поштедил никого. Неговите генерали имале дозвола да ги обесат сите осомничени за дезертерство кои што се изгубиле во шумите, па се вратиле. Исто така офицерите поставени на функции за време на чистките од 1930-те ја демонстрирале својата воена неспособност за време на војната, стрелајќи ги во очај сопствените војници кои се повлекувале, за да го избегнат првичниот оган од страна на непријателот, поради што подоцна и биле сменети. Сталин, лидерот на Советскиот Сојуз за време на оваа војна не го поштедил ни својот најстар син, Јаков, за кого германските сили нуделе да го заменат за германскиот фелдмаршал Фридрих Паулус, кој се предал во Битката за Сталинград. Напротив, дозволил неговиот син да умре во заробеништво. Уште еден голем дел од руската трагедија за време на сталиновиот режим бил фактот дека во Црвената Армија биле регрутирани и робијаши од гулазите. Оние од нив кои што го дочекале победоносниот крај на војната, повторно биле враќани во гулазите. Исто така за време на војната цели семејства од териториите окупирани од страна на Советскиот Сојуз биле депортирани во гулазите во Сибир. Најпознати се примерите за кулаците и целите семејства депортирани од Полска во Сибир со цел да ја помогнат советската индустрија и воената машинерија преку присилно експлоатираниот труд во гулазите. Исто така, во 1940 година во Катинскиот масакр, во Катинската шума во Русија, биле стрелани околу 1.803 (став на официјална Москва) до 21.768 (став на официјална Варшава) полски затвореници и воени заробеници, главно полски воени офицери, акт предложен од страна на Лаврентиј Берија, а подоцна прифатен и овластен од страна на Сталин.

Бруталноста на Сталиновиот режим и терор за време на Втората Светска Војна биле забележани од страна на Хитлер, кој по навлегувањето на германските сили во Катинската шума во 1941 година за време на германската инвазија на Советскиот Сојуз и по откривањето на Катинскиот масакр од 1940 година на јавноста, коментирал: "Сталин е полу ѕвер, полу џин. Од социјална гледна точка на животот, тој е целосно поинаков. Луѓето можат да изгнијат, што се однесува до неговата грижа за нив."

Во западните земји, Сталин бил познат под прекарите "Вујко Џо Сталин" и "Кремљскиот планинарец". Во 1939 и во 1942 Сталин бил избран за "Личност на годината" од страна на американскиот "Тајм" магазин.

На Конференцијата во Јалта во февруари 1945 година Сталин ветил дека ќе влезе во војна со Јапонија неколку месеци по поразот на Германија. На Конференцијата во Подстам, која се одржала од 16 јули до 2 август 1945, претседателот на САД, Хари Труман го информирал Сталин дека САД поседуваат силна бомба каква што до тогаш никогаш не постоела ниту била употребена. Труман не му кажал на Сталин дека станува збор за атомска бомба. Сталин на ова реагирал со смирен тон како да станува збор за само уште едно најобично смртоносно оружје со тоа што рекол дека му е мило за постоењето на таа бомба и се надева дека САД ќе ја искористат, по што Труман им рекол на своите советници дека Сталин се однесувал како да не го разбрал.

Подоцна, на 6 август 1945 година, САД ја исфрлиле првата атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима, а потоа и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки на 9 август 1945 година. На 9 август 1945 година, Советскиот Сојуз ја почнал Советската инвазија на Манџурија, која завршила на 20 август 1945 година со одлучна победа на советските сили. По ова Јапонија капитулирала на 2 септември 1945 година, со што и официјално завршила Втората Светска Војна, а САД верувале дека Советскиот Сојуз нема да има никакви придобивки од победата во војната на Далечниот Исток.

Кратко по бомбардирањата, Сталин протестирал до САД дека им понудиле мало влијание во Јапонија. По ова Труман и неговиот кабинет дознале дека советските разузнавачки служби одамна имале уфрлено свои шпиони во американската воена индустрија, во американскиот воен врв, односно во самиот Пентагон по што станало јасно дека Сталин многу поодамна знаел за атомската бомба уште пред Труман да му каже. Гневот од недовербата помеѓу Сојузниците и брзото нуклеарно вооружување на Советскиот Сојуз благодарејќи на информациите до кои што дошла советската воена индустрија и советскиот воен врв преку шпионите поставени во САД од страна на советските разузнавачки служби се сметаат како главен повод за почетокот на Студената Војна.

Одлучен да ги скрие доказите кои укажувале на големите порази кои ги трпела Црвената Армија во 1941 и во 1942, по Втората Светска Војна, Сталин изјавил дека официјалниот број на загинати војници и цивили во Советскиот Сојуз за време на војната, изнесувал 7 милиони луѓе. По неговата смрт во 1953 година, документи кои до тогаш биле тајни, и биле откриени на јавноста. Со текот на годините, бројот на жртвите растел се повеќе и повеќе, за да кон крајот на 1990-те се констатира дека во Втората Светска Војна животите ги изгубиле над 27 милиони советски граѓани и војници. Исто така, исплашен поради огромната слава која ја стекнале советските маршали, како Георгиј Жуков, Александар Василевски, Константин Рокосовски, Василиј Чујков и други, Сталин постепено ги праќал маршалите на прекомандување на далечни места низ Советскиот Сојуз, каде што немало многу луѓе и за каде што знаел дека нема да претставуваат било каква политичка или воена закана за него.

Сталин по војната

уреди

Поради своите политички цели да ја наметне својата волја на новоформираните социјалистички земји и нивните комунистички партии, и незадоволен од владеачкиот систем во Југославија воден од страна на Комунистичката Партија на Југославија и Јосип Броз Тито, Сталин во 1948 година ја вовел Резолуцијата на Информбирото, со која што Комунистичката Партија на Југославија била исфрлена од Информбирото, и ги повикал сите "здрави елементи" во Југославија лојални на марксизмот и ленинизмот да и се спротивстават на државната власт во Југославија предводена од страна на КПЈ и Тито. Поради ова Југославија се оддалечила од источниот блок и се приближила кон западниот блок.

По завршувањето на Корејската војна, Сталин се наоѓал во седумдесетите години од својот живот со многу разрушено здравје. Неговиот главен проблем бил крвниот притисок. Додека бил болен тој примил писмо од др. Лидија Тимашук во коешто пишувало дека група од седум лекари вклучувајќи го и неговиот личен лекар, др. Виноградов, биле вмешани во заговор за убивање на неколку негови сопартијци како и на него. Лекарите кои што биле именувани во писмото биле уапсени и откако биле мачени признале дека биле вмешани во заговор на американските и британските разузнавачки служби. Мнозинството лекари биле Евреи и воопшто немале никаква поврзаност со злосторствата за кои што биле обвинети. Сталин правел подготовки за масовни депортации и погубувања на илјадници Евреи низ Советскиот Сојуз. За него, советските Евреи биле народ кој воопшто немал потреба од тоа да му биде лојален на Советскиот Сојуз, сега кога Евреите можеле да живеат во сопствената новоформирана држава Израел. Во партијата и во Советскиот Сојуз се чувствувале првичните симптоми дека се подготвува реприза на чистките и големиот терор од 1930-те.

Сталин му наредил на Берија, шефот на тајната полиција НКВД, да започне нови чистки во комунистичката партија. Сите членови почнале да паничат затоа што набрзо увиделе дека, како и сите останати претходни кандидати за водство на Советскиот Сојуз, така и тие ќе станеле жртви на сталиновите чистки.

Најверојатно никогаш нема да се дознае дали сталиновото "Конечно решение" против Евреите ќе завршело успешно реализирано. Неговата неочекувана смрт во март 1953 година спречила да дојде до нови крвопролевања. Смртта на Сталин се почесто е предмет на дискусија. Познат е фактот дека на 1 март 1953 година, после заедничка вечера на која што Сталин присуствувал претходната вечер заедно со неговите најблиски соработници Лаврентиј Берија, Георгиј Маленков, Николај Булганин и Никита Хрушчов, не излегол од неговата соба во неговата зимска резиденција (дача) во Кунцево, надвор од Москва. На неговите телохранители ова им делувало нормално бидејќи им станало јасно дека во последно време се почесто станувал подоцна од спиење, а и имале примено наредба да не го вознемируваат. Во 22:00 часот вечерта го нашле на подот во неговата соба и од тука е дојдено до заклучок дека претрпел мозочен удар, поради кој останал парализиран на десната половина.

Берија бил информиран и дошол неколку часа подоцна. Рано во утрото на 2 март 1953 година пристигнале неговите нови лекари, кои ги замениле еврејските лекари кои заедно со видни советски научници, професори и писатели, биле меѓу првите жртви на новите чистки кои што Сталин ги планирал. Ова било уште една голема грешка на Сталин, која што овој пат не ја чинела ништо државната инфраструктура на Советскиот Сојуз, ниту Црвената Армија, за разлика од чистките од 1930-те, кои што придонеле на големо за првичните порази на Црвената Армија на почетокот на нападите на германските сили за време на Втората Светска Војна. Од оваа голема грешка најмногу изгубил Сталин, кој овој пат бил во критична здравствена состојба, а вистинските лекари кои што можеле да му помогнат сега биле во советските затвори. Новите лекари кои што биле предложени од страна на неговите најблиски соработници, а избрани и поставени по негов личен избор не можеле многу да му помогнат.

Преку низа од вонредни изданија на весниците, Советскиот Сојуз ја примил веста дека Сталин е многу болен. Во четири часот во утрото на 6 март 1953 година, било објавено: “Срцето на другарот којшто ја продолжи генијалноста на Ленин, на мудриот лидер на комунистичката партија и на Советскиот Сојуз, го испушти последниот удар”.

Јосиф Сталин, на 74 годишна возраст починал во 21:50 часот на 5 март 1953 година.

Во 2003 година, група на американски и руски историчари и го објавиле на јавноста нивното мислење дека Сталин можеби бил отруен со Варфарин, моќен отров против глувци, без мирис и вкус, кој ја спречува коагулацијата на крвта, што би можело да предизвика мозочен удар, така што би можел да се користи како смртоносно оружје во тој период. Смртта на Сталин се случила во период прифатлив за Берија и повеќето блиски соработници на Сталин, кои што се плашеле дека ќе бидат наредни жртви на сталиновите чистки. Има тврдења дека Сталин се исплашил дека можеби моќта која Берија ја поседувал еден ден ќе ја надминела и неговата. Според мемоарите на Никита Хрушчов, откако Сталин го претрпел мозочниот удар и додека се уште бил на смртна постела, Берија почнал да го критикува, а откако Сталин ги отворил очите и демонстрирал дека е се уште свесен, Берија паднал на колена и почнал да му ја бакнува раката, за откако Сталин повторно ги затворил очите, да стане и да почне да се кара со останатите присутни во просторијата. Според политичките мемоари на министерот за надворешни работи на Советскиот Сојуз, Вјачеслав Молотов, објавени во 1993 година, по смртта на Сталин, Берија му рекол на Молотов: "Сите ве спасив од него" и "Го отстранив", што за многумина претставува признание на Берија дека тој го отрул Сталин.

Исто така, најнови откриени документи, како и тврдења на неговите некогашни најблиски соработници, тврдат дека Сталин очекувал неговите најнови чистки и теророт кој го подготвувал врз советските Евреи на почетокот на 1950-те, да резултираат со реакција од страна на САД и западните европски држави што би можело да предизвика почеток на нов вооружен конфликт на глобално ниво, односно Трета Светска Војна. За ваквите тврдења како доказ се земаат во предвид фактите дека Сталин наредил да се прават подготовки за заштитување на Москва и на поголемите градови низ Советскиот Сојуз со штит за заштита од воздушни и копнени напади, како и фактот дека бил импресиониран од моќноста и ефектите на водородната бомба, поради што во 1949, правејќи ги подготовките за новите чистки и новиот терор, одлучил да ги поштеди животите на видни советски научници кои се занимавале со нуклеарна физика и други нуклеарни научни области, велејќи му на Берија:

"Да ги оставиме нив на мира". "Секогаш можеме да ги стреламе подоцна". Доколку ваквите подготовки за Трета Светска Војна од страна на Сталин навистина се правеле, тогаш со неговата смрт, светот најверојатно бил поштеден и спасен од нуклеарен холокауст.

Политичко наследство на Сталин

уреди

Неговото тело било измиено од медицинска сестра и изнесено со бела кола до Кремљската мртовечница. Таму се извршила аутопсија и по неа телото било подготвено за трите дена на жалост кои што следеле. Потоа, неговото тело било изложено, а илјадници луѓе чекале да дојдат на ред за да го видат. Гужвата била толку голема, што луѓето се задушувале до смрт. Проценето е дека околу 500 луѓе ги изгубиле своите животи во обид да го допрат, или пак видат Сталин. На 9 март 1953 година, 9 носачи го изнесле ковчегот од холот каде што бил изложен и го поставиле на кочија. Телото со церемонија било однесено на Црвениот плоштад во Москва пред Мавзолејот на Ленин. Биле одржани само три говори, на Маленков, Берија и Молотов. Потоа покриено со црна и црвена свила, балсамираното тело на Сталин било внесено во мавзолејот и поставено веднаш до Ленин. На пладне, низ Советскиот Сојуз се слушнал силен татнеж. Многу сирени, пиштоли, пушки и свирчиња свиреле во чест на Сталин.

Партијата, која по 19-от Конгрес во 1952 година била преименувана во Комунистичка Партија на Советскиот Сојуз, или КПСС, била дигната на нозе по неочекуваната смрт на Сталин, бидејќи неговиот одреден наследник Андреј Жданов починал уште во 1948 година. Првично изгледало дека него ќе го наследи Георгиј Маленков, кој во 1953 година ја имал поддршката на тајната полиција НКВД. Но 2 години подоцна, тој бил сменет од страна на Никита Хрушчов, кој успеал да го симне Маленков од власт со поддршка на антисталинистичките членови на партијата.

Лаврентиј Берија, кој ги наредил апсењата и убиствата на стотици илјадници невини луѓе по наредба на Сталин, бил уапсен на 26 јуни 1953 година, под сомнение дека соработувал со британските разузнавачки служби. Овој заговор за негово отстранување од функциите кои ги вршел во Советскиот Сојуз бил предводен од страна на Хрушчов и поддржан од страна на Молотов и Маленков. Конечното обвинение против него го обвинувало за предавство, тероризам и противреволуционерни активности. Кога бил осуден, молел на колена за милост, што звучи доста цинично за човек кој немал милостија кон стотици илјадници невини луѓе кои го молеле него за милостија. Берија, заедно со уште 6 други обвинети и осудени негови соработници, биле стрелани на 23 декември 1953 година. Но според други личности, меѓу кои и неговиот син Серго, Берија бил убиен во напад на неговата куќа од страна на советски воени единици на 26 јуни 1953 година. Николај Шверник, член на судот кој го осудил Берија, наводно му рекол на син му на Берија, Серго, дека никогаш не го видел Лаврентиј Берија жив.

Како главен кандидат за наследник на Сталин во текот на борбата за власта која следела во наредните 10 години се докажал Михаил Суслов. Моќта која ја поседувал во 1953 година како шеф на пропагандата, ја користел за вршење на кадровски промени на различни нивоа. Бидејќи не бил заинтересиран да ја превземе власта во свои раце, тој првично му помогнал на Никита Хрушчов да ја превземе власта од Маленков, само за во 1964 да стане водач на крилото во партијата коешто се залагало за менување на Хрушчов и му помогнало на Леонид Брежњев да ја превземе власта.До својата смрт во 1982 година, Суслов бил недопирливиот идеолог на партијата што го прави вистински наследник на Сталин. Јуриј Андропов и Михаил Горбачов, кои што биле негови луѓе, станале лидери на Советскиот Сојуз по смртта на Суслов во 1982 година.

Три години по смртта на Сталин, на 20-от Конгрес на партијата, Хрушчов одржал говор со кој ја нападнал политиката на Сталин. Хрушчов открил дека Сталин бил виновен за погубувањето на илјадници верни членови преку чистки. Она што е цинично во овој говор на Хрушчов е тоа што и тој самиот бил еден од главните одговорни организатори на сталиновите чистки и големиот терор во 1930-те, кој ги организирал чистките и теророт во Украина по наредба на Сталин, а во говорот одговорноста ја префрлал целосно врз Сталин. Неговото отстранување од власта во 1964 се случило, меѓу другото, и поради овој говор. Хрушчов, кој го критикувал својот претходник, бил третиран како наследникот кој му забил нож во грб на својот мртов претходник. Неговото симнување од власта во 1964 и поставувањето на Леонид Брежњев на власт, се смета како повратна реакција кон Хрушчов, кој за разлика од Сталин, жив го дочекал забивањето на нож во грб. Во наредните месеци после говорот на Хрушчов, илјадници од луѓето кои што биле заробени за време на сталиновиот режим, биле ослободени. Најзабележлив бил писателот Александар Солженицин, чијшто моќен роман “Еден ден од животот на Иван Денисович” станал светски бестселер.

Во 1962 година официјалниот партиски весник објавил поема од поетот Евгениј Јевтушенко која што се викала “Наследниците на Сталин”. Поемата го опишува погребот на Сталин но исто така потенцира дека сè уште ништо не е готово.

По говорот на Хрушчов, имало обиди да се избрише Сталин од Советскиот Сојуз. Статуите, спомениците и портретите на Сталин биле отстранети од јавните места. Градовите, улиците и сите паркови кои биле именувани во негово име биле преименувани. Градот Сталинград бил преименуван во Волгоград. Телото на Сталин било извадено од Мавзолејот на Ленин на 31 октомври 1961 година, по што било закопано во Кремљскиот Ѕид. Иако површните аспекти на животот на Сталин биле отстранети, системот којшто тој го составил останал. Сталин создал државен апарат којшто ги штител тие кои биле на власт. Тоа бил систем којшто советските владетели после него биле многу среќни што го имаат бидејќи со него избегнувале многу прашања. Писателите како Александар Солженицин и Евгениј Јевтушенко биле слободни да го критикуваат Сталин, но не и оние кои се моментално на власт. Вишокот од сталинизмот бил отстранет, но структурата на тоталитарната држава останала се до доаѓањето на Михаил Горбачов на власт во Советскиот Сојуз во осумдесеттите години од дваесеттиот век.

Промени во руското општество, Сталин

уреди

Режимот тотално ја напуштил царската политика на дискриминација. Режимот во голема мера придонел за унапредување на медицинските услуги. Биле спроведени голем број на кампањи против колерата, тифусот и маларијата. Бројот на докторите се зголемил, животниот век се зголемил а од друга страна пак се намалила смртта на новородените деца.

Владата исто така го промовирала атеизмот и материјализмот, кои ги удриле темелите на марксистичката теорија. На ова се спротиставувале различни религиозни организации, а најмногу Руската православна црква која била столб на старата Руска империја и главна препрека при општествените промени. Во тоа време, голем број на верски лидери и водачи биле однесени во интерни логори. На членовите на партијата им било забрането да одат во богослужие. Образовниот систем бил одвоен од црквата. Веронауката била избришена од образовниот систем, а во училиштата главно прединство се давал на атеизмот.

Гладомор

уреди

Гладомор (украински: Голодомор) е масовна глад во Советска Украина во 1932-1933. Тој беше сметан за еден од најтешките национални катастрофи во украинската историја, жртвите на различни оценки се неколку милиони. Гладот е предизвикан од политиката на советското влада, на чело со Јосиф Сталин.

Гладот во 1932-1933 влијае не само Украина, но и во други области во Советскиот Сојуз, но терминот Гладомор се користи специјално за областите населени со етнички украинци, каде гладот е најсилен. Тој понекогаш е нарекуван Украина геноцид или Украина холокауст, што укажува дека е намерно организиран од властите за да влијае врз украинската нација. Иако историчарите се уште спорат дали политиката, довела до Гладомор потпаѓа под правното дефиниција на геноцид, многу влади официјално го признале за таков.

Причини
уреди

Во 1928 советското влада објави првиот петилетен план, една од главните мерки во кој е колективизација на земјоделското сопственост. Земјоделството на Украина е особено силно погодено, бидејќи за разлика од претежно общинното земјоделство во Русија, во Украина доминираат приватните фарми. И покрај очекувањата на владата, колективизација се покажа силно непопуларна меѓу руралното население. Додека таа се уште е доброволна, многу малку селани се вклучени во колхозите. Тогаш владата засилува притисокот за брзо создавање на колхози и во 1929-1930 голем број државни функционери се испратени по селата. Освен тоа, таму одат и десетици илјади индустриски работници, тврди приврзаници на болшевизмот, кои треба да помагаат организирање на колхозите. Во прилог на тоа, тие треба да се борат со зголемената пасивна и активна отпор против колективизација, вклучувајќи се во т.н.. "Разкулачване" - апсења и депортација на наведените за кулаци и нивните семејства. Дефиницијата "кулак" се користи за сите, се противи на колективизација. Во 1930-1931 околу 300 илјади Украинци се прогласени за кулаци и подложени на прогон. Колективизација насекаде предизвикува намалување на земјоделското производство, но ефектот од неа е особено силен во Украина, каде што во почетокот на 20 век се произведува повеќе од половина од житото во Русија.

Иако стапката на земјоделското производство во 1932 советските власти го зголемуваат квотите на снабдување од Украина со 44%. Во меѓувреме, владата во Москва прифаќа декрет со кој се воведува смртна казна за секоја кражба на јавна сопственост. Опсегот на овој закон е многу широк и вклучува дури и најмалиот присвојување на жито за сопствена употреба од селаните. Малку подоцна тоа е малку променет, како на 16 септември Политбирото зема тајно решение и исклучува смртната казна ситни кражби, како прецизира дека тоа треба да се применува на кулаците, а останатите треба да се испраќаат во затвор за 10 години.

И покрај овие мерки, до 25 октомври Владата добива само 39% од бараната количина жито. Кога станува јасно дека испораките во 1932 нема да стигнат објавените од страна на властите нивоа, за тоа се обвинети "кулаците", "националистите" и "петлюровците". Според извештај на шефот на Врховниот суд, до 15 јануари 1933 103 000 лица се осудени на декрети од 7 август. Од познатите кон овој момент пресуди 4 880 се смртни, 26 086 на десет години затвор и 48 094 на други казни.

Во Украина е испратена специјална комисија, предводена од Вјачеслав Молотов. На 9 ноември таен декрет наредува на службите за безбедност да ја зголемат својата "ефикасност". Молотов наоѓа дека ако во селата не се открие зрно, треба да се конфискува репка, компирот, зеленчукот и секоја друга храна. На 6 декември е издадена нова заповед, што воведува забрана за испораките на стоки и храна за селата, исклучително квотите за производство на жито, како и конфискација на пронајдената на место жито и готовина и забрана на трговијата во нив. За воведувањето на овие одредби во селата се испратени специјални "ударни бригади", како се конфискува жито се користи од селаните за нивната хранат, како и наменети за посеви. Овие мерки, заедно со забраната за патување и вооружените блокади на украинската граница од војници на НКВД, го претвораат украинската провинција во огромен логор на смртта.

Опсег на катастрофата и реакција на владата
уреди

Резултатот од принудни набавка на жито е катастрофален. За неколку месеци украинската провинција, една од најпознатите плодните области во светот, се претвора во сцена на масовна глад. Советското влада негира првите информации за гладот и забранува на странски новинари да патуваат во регионот. Некои автори тврдат , дека "Политбирото и регионалните комитети на Партијата бараат итни и решителни дејствија како одговор на гладот, па свесни селани да не страдаат, а регионални комисии на Партијата им е наложено да снабдуваат секое дете со млеко и им е наредено да казнуваат оние кои не успеваат да мобилизираат ресурси за одгледување на гладните или одбиваат хоспитализација на жртвите на гладот ". Според сведоштва на илјадници очевидци реалноста нема никаква врска со тоа. Големи групи деца, бегаат од покраината, се уапсени од страна на властите и испратени во сиропиталиштата, каде што наскоро умираат од неухранетост.

За да се спречи ширењето на информации за гладот, патувањата од Украина и Јужна Русија се забранети со директиви од јануари 1933. Според нив, патувања "за леб" од овие области се организирани од непријатели на советската власт со цел агитација против колхозите во северните области на земјата. Забраната за патување дополнително го зголемува проблемот. Владата, всушност, има позната помош на засегнатите од гладот области. Помеѓу февруари и јули 1933 се доделени 320 илјади тони жито за бедстващите региони. Во исто време извозот на жито од земјата, иако значително намален во споредба со претходните години, продолжува. Во 1930/31 се извезени 5,832 милиони тони, во 1931/32 - 4,785 милиони тони, во 1932/33 - 1,607 милиони тони, во 1933/34 - 1,441 милиони тони.

Советскиот Сојуз долги години го негира постоењето на гладот и достапните информации за катастрофата е недоволна. Бројот на жртвите останува непознат и веројатно нема да биде утврден со грешка помала од сто илјади лица. Оценките за жртвите на Гладомора варираат од 1,5 до 10 милиони. Дури резултатите засновани на научни методи, варираат меѓу 2,5 милиони (Володимир Кубийович) и 3-3,5 милиони. Според оценките, околу 81,3% од жртвите се етнички Украинци, 4,5% Руси, 1,4% Евреи и 1,1% Полјаци. Најсилно погодено е украинското селско население.

Медиумски затемнување
уреди

Дипломатите од италијанското конзулат во Харков испраќаат на Мусолини фотографии на кои се гледа како минувачи прескокнува трупови по улиците.Американскиот новинар Волтер Дюранти ((англиски: Walter Duranty), дописник на "Њујорк Тајмс" од Москва, кој е познат приврзаник на Сталин, пишува лажни извештаи за ситуацијата, поради што добива во 1932 година наградата "Пулицер". Во почетокот на 21 век многу реномирани изданија и личности бараат посмртно одземање на наградата од Дюранти , но Бордот на Пулицер одбива.

Геноцид ли е Гладоморът?
уреди

Рафаел Лемкин, основачот на терминот геноцид, е еден од говорник на манифестацијата во чест на 20-годишнината од гладот на Американци од украинско потекло во 1953. Денес владите или парламентите на 26 земји ја признаа гладот од 1932-1933 за акт на геноцид. Меѓу нив се Украина, Австралија, Андора, Аргентина, Ватикан, Бразил, Грузија, Еквадор, Естонија, Шпанија, Италија, Канада, Колумбија, Латвија, Литванија, Мексико, Парагвај, Перу, Полска, Словачка, Соединети Американски Држави, Унгарија, Чешка и Чиле. На 23 октомври 2008 година Европскиот парламент усвои резолуција, признавање гладомора за злосторство против човештвото (геноцид). Сепак Гладоморът останува контроверзна тема во научните кругови. Многу историчари сметаат дека гладот од 1932-1933 е вештачки предизвикано масовно убиство, ако не и геноцид извршен како дел од програмата на Јосиф Сталин за колективизација. Други, сепак, сметаат дека гладот е ненамерно последица на колективизација и дека отпорот на селаните против неа засилува ефектот од лошата жетва. Според други истражувачи катастрофата не одговара на формалната дефиниција за геноцид. Според нив, фактот дека гладот е ограничена на руралните области и не влијае градовите, покажува дека владата не се обидува да уништи самиот украински народ. Од оваа гледна точка тие сметаат дека е коректно да се користи општиот термин демоцид.

Надворешна политика

уреди

Советскиот сојуз можеби го почуствувал најмногу доаѓањето на власт во Германија на Хитлер, кој бил голем антикомунист. Ова најмногу излегло на виделина по создавање на т.н. Голем план кон исток како една од најголемите стратегии на Нацистичка Германија. 45 Сепак, до 1939 година, Советскиот сојуз бил голем противник на Нацистичка Германија, подржувајќи ги републиканците во Шпанија кои се бореле против германските и италијанските трупи. 46 47 . Во текот на 1938 и 1939 година, Советскиот сојуз водел успешна војна против Јапонија, која завршила со потпишувањето на пакт околу меѓусебно ненапаѓање кој се одржал до август 1945 година. 48 49 Во 1938 година, Германија го потпишала Минхенскиот договор со западните сили и заедно со Полска ја поделиле Чехословачка. Од страв да не биде нападната, Советскиот сојуз започнал дипломатски маневри, по кои Полска одбила да учествува во заедничката безбедност, па Советскиот сојуз склучил сојуз за ненапаѓање со Германија познат како Пакт Рибентроп-Молотов 50 . Со овој договор се нормализирале односите на двете земји и нивната меѓусебна трговија 51 .

Втора светска војна

уреди

Седумнаесет денови по почетокот на германската инвазија на Полска од 1939 година, кога германската војска била на само 150 километри од советската граница, советската војска го окупирала источниот дел на Полска кој бил главно населен со Украинци и Белоруси 114 115 . По пропаднатиот договор околу размена на територии, Советскиот сојуз започнал војна со Финска, позната како Зимска војна (1939 - 1940). Оваа војна била добиена со големи човечки жртви, но сепак биле приморени Финците да потпишат мировен договор Во летото 1940 година, Романија ги зазела Бесарабија и Буковина. Во истиот момент извршиле окупација на Летонија, Литванија и Естонија.

Операција Барбароса

уреди

На 22 јуни 1941, Германија, заедно со европските членки на Оската и Финска ја започнале инвазијата на Советскиот Сојуз со Операцијата Барбароса со што Германија директно ја прекршила спогодбата за ненапаѓање потпишана со СССР во август 1939 уште попозната како Договорот Молотов-Рибентроп. Главните цели на оваа изненадувачка офанзива 66 биле Балтичкиот регион, Москва и Украина, а како крајна цел била дефинирана линијата Архангелск-Астрахан од Белото Море до Каспиското Море, уште попозната како А-А линијата. Целите на Хитлер биле да се елиминира Советскиот Сојуз како воена сила, уништување на комунизмот, создавање на "простор за живеење" 67 за германската супериорна ариевска раса и нација со поместување на останатите народи, 68 како и гарантирање на пристап на Германија до стратешки ресурси и суровини потребни за елиминирање на останатите ривали на Германија. 69 Иако Црвената Армија пред војната се подготвувала за стратешки контра-офанзиви, 0 сепак нацистичката инвазија го натерала советскиот воен команден врв да премине кон стратешка одбрана. Во летото 1941, силите на Оската навлегле длабоко во советските територии, нанесувајќи огромни загуби во човечки и материјални ресурси на Советскиот Сојуз. Сепак, германскиот воен команден врв кон средината на август 1941 ги суспендирал, односно одложил планираните офанзивни операции на веќе истрошената воена група Центар и ја испратил Втората Панзер воена група да ги засили германските трупи кои напредувале во нивните кампањи кон Ленинград и централна Украина. 1 Опсадата на Ленинград започнала на 8 септември 1941. Киевската офанзива била несомнено најуспешна, резултирајќи со опколување и елиминирање на 4 советски армии, со што било овозможено напредување кон Кримскиот Полуостров и индустриски развиените делови на источна Украина. Во периодот од 20 октомври до 24 октомври 1941 во Првата Битка за Харков силите на Оската извојувале победа, што се сметало за почеток на успешниот крај на Операција Барбароса со победа на силите на Оската.

Одвојувањето на три четвртини од воената сила на Оската и мнозинството од нејзината воена авијација од Франција кон централните делови на Средоземното Море и кон источниот фронт 2 3 ги убедиле британските сили да преминат кон промена на својата стратегија. 4 На 12 јули 1941 СССР и Велика Британија го потпишале Англо-Советскиот договор, 5 кој всушност претставувал официјално формирање на воениот сојуз помеѓу СССР и Велика Британија против Германија, кој прв пат бил тестиран во сојузничката окупација на Иран уште попозната како Англо-Советската инвазија на Иран, која траела од 25 август до 17 септември 1941, а завршила со победа на сојузниците СССР и Велика Британија, со што биле осигурани персискиот коридор и нафтените полиња во Иран. 6 Во август 1941 Велика Британија и САД ја потпишале Атлантската Повелба, која претставувала нацрт документ и темел за многу меѓународни договори потпишани и меѓународни организации создадени по Втората Светска Војна. 7 Во ноември 1941 силите на Комонвелтот започнале контра-офанзива со Операцијата Crusader или Операција Крстоносец и ги повратиле сите територии кои што силите на Оската ги имале во меѓувреме окупирано во северна Африка. 8

До октомври 1941, силите на Оската ги оствариле своите цели за окупирање на Украина и Балтичкиот регион, оставајќи ги само опсадите на Ленинград 85 и Севастопол 86 се уште недовршени, а направиле и подготовки за продолжување на суспендираната, односно одложената опсада на Москва. Но руската зима во периодот 1941/1942, која била една од најстудените во 20 век се вмешала и одиграла голема улога во Битката за Москва, а со тоа и во Втората Светска Војна. Битката траела од 2 октомври 1941 до 7 јануари 1942. Силите на Оската стигнале до предградието на Москва. На 30 километри од центарот на Москва, со погледот кон Кремљ, германците и нивните сојузници биле принудени да запрат. 87 88 Силните ефекти на руската зима, неподносливи за недоволно подготвените за зимско војување под ниски температури и до –15 °C германски војници и нивните сојузници, биле вешто искористени од страна на маршалите Георги Жуков и Александар Василевски во одбраната на Москва. Генералот Едуард Вагнер, задолжен за воени залихи и ресурси наменети за силите на Оската при Битката за Москва, кој подоцна бил еден од заговарачите на атентатот врз Хитлер на 20 јули 1944, на 27 ноември 1941 рапортирал:

"При крај сме со залихи и ресурси, човечки и материјални. Ќе се соочиме со опасностите на длабока зима." Кон почетокот на декември 1941, свежо мобилизирани резерви 89 ги израмниле советските сили со силите на Оската во Битката за Москва 2 . Ова, заедно со разузнавачки информации за минималниот број на војници неопходни на Далечниот Исток за да се спречи евентуален напад од страна на јапонската Квантунг армија 0 им било доволно на маршалите Жуков и Василевски за да започнат масовна контра-офанзива, која што започнала на 5 декември 1941 на 1000 километри долгиот фронт, по што силите на Оската биле присилени да се повлечат 100 до 250 километри западно од Москва. 1 Со одлучната победа на Советскиот Сојуз во Битката за Москва и официјално завршила Блицкриг фазата во Втората Светска Војна во Европа. 2

Сталинградска битка

уреди

Сталинградската битка е најкрвавата битка во историјата на човештвото. Таа се водела во градот Сталинград, денешен Волгоград, во југозападна Русија, помеѓу Советскиот Сојуз и Нацистичка Германија, во периодот од 28 јули 1942 до 2 февруари 1943, кога се случувале најголемите пресвртници во Втората Светска Војна.

Почеток на битката
уреди

28 јуни 1942 година. Поминале година дена од германската инвазија на СССР, под називот Операција Барбароса. Тоа бил Хитлеровиот план за уништување на, како тој го нарекол, словенската хорда. Но се не "течело" лесно. Москва и Ленинград се спротиставиле на нападот. Во летото 1942 година, Хитлер одлучил како ќе заповедува со војската. Тој и наредил на војската да ја помине реката Волга и да го завземе градот Сталинград, кој тоа време имал околу 700.000 жители. На моќната германска дивизија на чело со генералот Фридрих Фон Паулус, и била дадена задачата за завземањето на Сталинград. Војниците биле ветерани од успешниот "блицкриг" во Холандија, Белгија и Франција. Хитлер ја потценил Црвената Армија. По почетокот на Операција Барбароса на 22 јуни 1941 година, тој мислел дека можел да ја порази Русија за 3 до 6 месеци. Но, по победата на Црвената Армија во Битката за Москва и силниот отпор на населението при опсадата на Ленинград, на Хитлер му станало јасно дека Советскиот Сојуз не може да биде лесно и брзо поразен. Сите зими во Втората Светска Војна биле екстремно студени, поради што Хитлер брзал со подготовките на германските вооружени сили за да го завземат Сталинград во летото 1942, бидејќи му станало јасно дека во зимски услови, Црвената Армија била надмоќна на бојното поле.

Битката
уреди

На почеток на битката, Германците брзо се движеле. Времето било топло и германската војска лесно се движела низ руските степи. Ростов, на југ, паднал во рацете на германците на 27 јули 1942 година. Војската стигнала до последната препрека, реката Дон, која води до Сталинград и го успорувала "блицкригот". Сталинград и Волга се оддалечени 40 милји или околу 64 км. На Германците не им било тешко да ја преминат реката Дон, бидејќи немало никаков отпор. Тоа го одобрил Хитлер. Кога дознал дека Германците лесно ја преминале реката, мислел дека и лесно ќе го завземе Сталинград, верувајќи дека Русите бегаат, не знаејќи дека Сталин ги наредил нивната евакуација и палењето на нивните имоти и земја, се со цел ништо да не остане за германскиот окупатор.

21 август, 6-тата пешадиска дивизија се стационирала на источните брегови на реката Дон. За пoмалку од 2 месеца борба против германците, русите изгубиле околу 250.000 луѓе. Како што германците продирале до Волга, губитоците станувале се поголеми. Кога Сталин дознал каде одат германците и зашто, намерно ги повлекувал војниците на позиција која полесно се бранела. Истовремено возвраќал на нападите на германците. Русите го испратиле секој слободен човек на линија долга околу 64 км, која ги одвојува Волга и Дон. Како што германците се приближувале, Сталинград бил претворен во вооружен камп. Руските цивили копале ровови и изградувале замки за тенковите. Сталин забранил било каква евакуација од градот. Рекол дека војниците ќе се борат посилно за жив град, отколку за празен град. Германските сили дошле до предградијата на Сталинград доцна во август 1942 година. Нивните дивизии стигнале до Волга северно од градот и тргнале накај градот од југозапад. Тогаш германските воздухопловни сили извршиле тешко бомбардирање на градот, а артилеријата го сторила истото од земја. Додека Сталинград бил под напад на воздухопловните сили, германските трупи се приближувале до уништениот град. Целта на воздухопловните сили била до срамнат градот со земја. Посебно делот на градот каде што била развиена иднустријата, со неколку фабрики кои произведувале оружје. До септември русите не се откажувале од одбрана, а германците влегле во Сталинград. Две недели подоцна, германците ја завземале највисоката точка на градот, гробиштата познати како Мамаев Врв. Оттаму артилеријата и пешадијата можеле ги имале русите на нишан со голема прецизност. На 16 септември, два дена откако германците ги заземале гробиштата, 13-тата дивизија на Црвената Армија ја нападнала најтешката точка. Битката на гробиштата завземала подрачје од 500 м2. Битката била "човек на човек", и се водела секаде на брегот. Се војувало преку лешевите од претходните битки. 7000 руси погинале во битката.

Битката во Сталинград се водела повеќе против цивилите, отколку спрема војниците. Сталин наредил на луѓето да се борат за секој камен, куќа и улица.

На 19 ноември русите биле спремни за напад. Тенковите и оружјето биле спремни, наредувањето било дадено. Преку милион руски војници, 894 тенкови и 1115 авиони брзале да ја уништат предолгата германска линија. Преку степите марширале околу 50.000 козаци.

Во следните 6 недели снајперистот Василиј Зајцев, убил околу 200 германци. На 31 јануари фелдмаршалот Фридрих Паулус се предал на неговиот руски противник, генералот Василиј Чујков. Битката за Сталинград ја добиле Русите. Митот за непобедливоста на германската воена машинерија бил побиен од страна на Црвената Армија. На 9 февруари 1943, францускиот писател и активен антифашист Жан-Ришар Блок, ги известил своите сонародници во Париз: "...Слушајте парижани! Првите три дивизии кои го завзедоа Париз во јуни 1940, трите дивизии кои на покана на францускиот генерал Денц ја осквернавија нашата престолнина, стотата, сто и тринаесеттата и двестотини деведесет и петтата дивизија - не постојат повеќе. Уништени се кај Сталинград: Руска одмазда за Париз. Руска одмазда за Франција".

Студена војна

уреди

Студената војна бил период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на овој период, ривалитетот помеѓу двете супер-сили се одвивал на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и нуклеарни воени потенцијали, и многу посредни војни.

Иако никогаш не дошло до директен воен судир меѓу двете супер-сили САД и СССР, во текот на половина век постојано се зголемувале воените сили и политичките борби за поддршка ширум светот, при што и обете страни настојувале да ја обезбедат поддршката од останатите земји. Така во еден период, речиси сите земји во светот биле или сојузници, или поддржувачи на една од двете супер-сили. Неколку пати доаѓало до тензии кои се заканувале да прераснат во нова светска војна: Блокадата на Берлин во (1948-49.), Корејската војна (1950-53.), Виетнамската војна (1959-75.), Кубанската криза со нуклеарни проектили (1962.) и Советско-Авганистанската војна (1979-89.).

Студената војна завршила во доцните 1980-ти, кога претседателите Михаил Горбачов од СССР и Роналд Реган од САД одржале низа состаноци на кои постигнале договор за меѓусебна толеранција, намалување на воените потенцијали и прекинување на непријателствата.

Почетоци на Студената војна

уреди

Иако повеќето историчари сметаат дека Студената војна започнала по Втората светска војна, нејзините корени веројатно се наоѓаат во непријателствата помеѓу Советскиот Сојуз и Западот кои започнале уште од времето на Првата светска војна, во текот на Октомвриската револуција кога СССР се појавиле како голема комунистичка сила. Идеолошкиот судир помеѓу капитализмот и комунизмот започнал уште тогаш, бидејќи САД ја поддржувале царската опција во Русија, не се согласувале со истапувањето на Русија од војната преку мировниот договор со Германија, и не го признавале СССР до 1933.

Во текот на Втората светска војна, Советите длабоко се сомневале дека Англо-Американците оставиле на нив да го носат најголемиот товар на војната и да се вклучат само на крајот за да влијаат на мировните договори, и поради тоа ја одложувале инвазијата на Нормандија. Без оглед дали тоа било вистина, меѓусебната недоверба довела до силни струења на тензија и непријателство помеѓу сојузничките сили.

Постоело и силно несогласување помеѓу сојузниците како треба да изгледа Европа по војната. Постоеле и несогласувања околу тоа како да се воспостават заеднички системи за безбедност по војната. Американските водачи сметале дека доколку се воспостават влади и пазари по примерот на САД, земјите ќе можат да ги решаваат споровите преку меѓународните организации, додека советските водачи сметале дека безбедноста е поврзана со контрола на просторот. Ова второво делумно било резултат на бројните напади на терироријата СССР во последните 150 години.

На Конференцијата на Јалта во февруари 1945, сојузниците се обиделе да договорат рамка за повоената безбедност, без да постигнат цврст договор. Со крајот на војната, исходот бил дека САД ефективно ја имале освоено Западна Европа, додека СССР - Источна. Во окупираната Германија биле воспоставени окупациони зони. На Конференцијата во Потсдам во јули 1945 се појавиле сериозни разлики околу идниот развој на Германија и Источна Европа. Труман го информирал Сталин дека САД поседуваат силна бомба каква што до тогаш никогаш не постоела ниту била употребена. Труман не му кажал на Сталин дека станува збор за атомска бомба. Сталин на ова реагирал со смирен тон како да станува збор за само уште едно најобично смртоносно оружје со тоа што рекол дека му е мило за постоењето на таа бомба и се надева дека САД ќе ја искористат, по што Труман им рекол на своите советници дека Сталин се однесувал како да не го разбрал.

Една недела по ова, атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки довеле до понатамошен конфликт помеѓу СССР и САД. Кратко по бомбардирањата, Сталин протестирал до американците дека им понудиле мало влијание во Јапонија. По ова Труман и неговиот кабинет дознале дека советските разузнавачки служби одамна имале уфрлено свои шпиони во американската воена индустрија, во американскиот воен врв, односно во самиот Пентагон по што станало јасно дека Сталин многу поодамна знаел за атомската бомба уште пред Труман да му каже. Гневот од недовербата помеѓу Сојузниците и брзото нуклеарно вооружување на Советскиот Сојуз благодарејќи на информациите до кои што дошла советската воена индустрија и советскиот воен врв преку шпионите поставени во САД од страна на советските разузнавачки служби се сметаат како главен повод за почетокот на Студената Војна.

Во 1946 Черчил говорел за железната завеса која се спушта помеѓу Западот и Истокот, и повикал на Англо-Американски сојуз против Советите:

  • „ Од Шчеќин на Балтичкото Море до Трст на Јадранот преку континентот се спушта „железна завеса“. Зад таа линија лежат сите главни градови на старите држави на Централна и Источна Европа. Варшава, Берлин, Прага, Виена, Будимпешта, Белград, Букурешт и Софија - сите овие славни градови и нивното население лежат во она што морам да го наречам Советска сфера, и сите се подложни, на еден или друг начин, не само на советското влијание, туку и на високо ниво на контрола од Москва.

“ Черчил исто така се смета како еден од првичните иницијатори на Студената Војна, особено бидејќи тој прв го употребил изразот "студена војна", а исто така и бил гневен на САД, особено на претседателот Франклин Делано Рузвелт, бидејќи Рузвелт се трудел да организира тајни состаноци со Сталин иако до тие состаноци никогаш не дошло. Черчил постојано му говорел на Рузвелт дека по Втората Светска Војна, Сталин и Советскиот Сојуз ќе имаат најголема добивка во Европа поради големите успеси на Црвената Армија, но Рузвелт му велел дека залудно "бара непријатели таму каде што ги нема". Ова се смета и како еден од основните мотиви поради кои што Черчил во 1946 ги применил изразите "железна завеса" и "студена војна".

1947-1953

уреди

Во повоениот период, обете велесили настојувале да завземат што е можно подобри позиции преку помагањето и создавањето сојузи со држави во Европа, Азија и Африка. Во 1947 САД направиле реорганизација на одбранбениот систем: било формирано Министерството за одбрана, Централната Разузнавачка Агенција (ЦИА) и Националниот Совет за Безбедност. Овие три тела подоцна го понеле главниот товар во Студената војна.

На повоена Европа и' била потребна голема помош за обновата, и САД и СССР се натпреварувале да ги придобијат разурнатите земји. САД решиле дека и покрај военото непријателство, мораат да и' помогнат на разурнатата Германија, бидејќи таа била важен индустриски фактор околу кој се вртела економијата на поголемиот дел од Европа . САД го развиле и тнр. Маршалов план како механизам за економска помош. Советите пак, го формирале КОМЕКОН - советот за меѓусебна економска помош.

Покрај тоа, САД финансиски ги помогнале демократските сили во Италија на изборите во 1948 за да ја победат силната Комунистичка партија на Италија. Исто така, финансиски, со 400 милиони долари, ги помогнале и Грчките ројалисти во Граѓанската војна во Грција во борбата против комунистите, кои пак ги поддржувала Титова Југославија (Ројалистите ова го искористиле за да извршат геноцид врз Македонците кои биле на страната на комунистите и протерале стотици илјади Македонци од северна Грција). Со помагањето на Грција, САД направиле преседан со кој и подоцна помагале анти-комунистички режими, без оглед колку тие биле репресивни и корумпирани.

Во 1949 Советите извршиле нуклеарна проба, и станале рамноправна воена сила со САД во поглед на нуклеарното вооружување. СССР склучиле сојуз со Народна Република Кина, веднаш откако во 1949 на власт дошле комунистите кои го победиле Куоминтангот помаган од САД. Во 1949 САД и нивните сојузници го формирале воениот сојуз НАТО. Окупационите зони на Франција, Британија и САД во Германија биле обединети во Западна Германија. За возврат, Советите својата окупациона зона ја формирале како држава - Германска Демократска Република. САД склучиле сојуз со Јапонија во 1950, и договориле поставување на бројни воени бази на подолг период во Пацификот и во Јапонија. Во 1950 започнала Корејската војна во која Кина и СССР го помагале Северот, а САД истовариле војници кои го помагале Југот. Војната завршила во 1953 со поделба на територијата на Кореа која трае до денес.

1953-1962

уреди

Во 1953. во САД дошло до смена на власта по изборот на Ајзенхауер за претседател. Истата година, Сталин умрел и за премиер на СССР бил избран Никита Хрушчов. Со тоа некои од доктрините на Студената војна се промениле, но тензиите и понатаму останале. Во САД, сенаторот Џозеф МекКарти водел вистински лов на вештерки против осомничените комунисти на високи позиции во САД. Како противтежа на НАТО, Советите и нивните сојузници го формирале Варшавскиот пакт во 1955.

Во текот на 1950-тите голем број поранешни колонии на империјалните сили од Европа (главно Британија, Франција и Холандија) започнале движења за независност, откако нивните колонизатори поради последиците од војната повеќе не биле во можност да ги контролираат. И САД и СССР со најразлични средства настојувале да ги искористат овие движења и да ги насочат кон капитализам односно комунизам, како нпр. во Иран, Гватемала, Индокина и Филипините. Националистите во многу пост-колонијални земји биле непријателски настроени кон Западот, поради долгогодишното колонијално ропство. Како резултат на притисокот од супер-силите, многу земји од Јужна Америка, Азија и Африка решиле да останат надвор од блоковската поделеност. Со конференциите во Бандунг во 1955. и во Белград во 1961. го формирале Движењето на неврзаните. И Југославија била еден од основачите на Движењето, а претседателот Тито бил првиот Генерален секретар на Движењето. Во 1956. рамнотежата помеѓу блоковите ја нарушила Унгарија кога таму избило демократско движење за истапување од источниот блок, кое било брзо задушено од останатите членки на Варшавскиот пакт со воена интервенција. Во 1957. СССР го лансирале Спутник - првиот вештачки сателит околу Земјата, и со тоа започнала трката за превласт во вселената. Во 1961. бил подигнат Берлинскиот ѕид, со кој комунистите сакале да го спречат пребегнувањето на источните германци во Западен Берлин.

Двете супер-сили дошле на граница на нуклеарна војна во 1962. Советите, кои го поддржувале Фидел Кастро на Куба уште од 1959., започнале со поставување на ракети со нуклеарни боеви глави на Куба. САД преку шпионски снимки дознале за ова, и, поради опасноста од нуклеарна закана во непосредна близина до американското копно, воспоставиле поморска блокада на Куба. Дошло до блиска средба на воените бродови на САД и СССР, но Советите се откажале од намерата и ги повлекле ракетите од Куба. За возврат, САД се согласиле да ги повлечат своите ракети од Турција. Кубанската криза покажала дека ниедна од супер-силите не е подготвена да го употреби нуклеарното оружје против другата, поради веројатноста за меѓусебно целосно уништување. Најважната последица од оваа криза биле чекорите кон постепено нуклеарно разоружување и подобрување на односите.

1962-1979

уреди

Виетнамската војна го одбележала овој период, во кој САД со директно воено присуство од околу 575.000 војници се обиделе да го поддржат Јужен Виетнам во борбата против комунистичкиот Северен Виетнам. САД испратиле војници во 1965, а војната завршила во 1975 со целосно повлекување на САД и освојување на териториите на Јужен Виетнам од страна на комунистите од Демократска Република Виетнам. Во 1968 година демократското движење Прашка пролет во Чехословачка било уште еден тест за хомогеноста на Источниот блок, кое било задушено со воена интервенција.

Поради економските проблеми што обете супер-сили ги имале во раните 1970-ти - САД од војната во Виетнам, а СССР од внатрешниот економски систем, дошло до преговори за опуштање на меѓусебните односи (детант) и ограничување на вооружувањето, што било крунисано во 1975 со потпишувањето на Хелсиншките договори. Кон релаксацијата придонесувала и појавата на повеќе нови центри на влијание: Западна Европа и Јапонија полека ги достигнале по економската моќ САД, а Неврзаните и ОПЕК станале значајни политички фактори. Но, оваа релаксација на односите се покажала краткотрајна: со Арапско-Израелската војна од 1973, превратот во Чиле од 1973, војната во Ангола од 1975, Иранската револуција и Никарагванската револуција од 1979, како и инвазијата на СССР во Авганистан во 1979, повторно на сцена стапиле спротивставените интереси.

1979-1985

уреди

Во периодот на власта на Роналд Реган во САД и Маргарет Тачер во Велика Британија од 1980, на сцена повторно стапило целосно заладување на односите. Реган потрошил 2,2 трилиони долари за одбрана во осумте години владеење. Воената потрошувачка, комбинирана со наследените структурни економски проблеми од 1970-тите, ги преобразиле САД од најголем заемодавач во најголем должник во светот. Реган поставил и крстосувачки ракети во Европа, како и експериментален систем од проектили за уривање на Советски ракети во лет наречен „војна на ѕвездите“. Во 1981. Реган воспоставил и економски санкции како протест за задушувањето на движењето „Солидарност“ во Полска. Во 1983 Реган се вмешал во Либанската граѓанска војна, извршил инвазија на Гранада, ја бомбардирал Либија и ги поддржал бунтовниците против комунистичкиот режим во Никарагва. Во меѓувреме, Советите, кои имале испратено преку 100.000 војници во Авганистан, трпеле огромни воени и економски загуби од војната во Авганистан, кајшто САД ги поддржувале муслиманските герилци (кои подоцна прераснале во Ал Каеда).

Крајот на Студената војна

уреди

До раните 1980-ти Советските вооружени сили биле најголеми во светот по бројот на војници, по бројот и видовите на оружје, како и по големината на воено-индустриската база. Потрошувачката во одбраната изнесувала 25% од БДП, на штета на вложувањата во инфраструктурата и потрошувачките добра. .

Кога Михаил Горбачов дошол на власт во 1985, стапката на економски пораст во СССР била близу 0%, најмногу како резултат на падот на цената на нафтата, која правела 60% од вкупните приходи на земјата од извоз. За да ја спаси економијата од колапс, Горбачов објавил агенда за брзи промени, наречена „Перестројка“. Покрај тоа, приморан да ја намали потрошувачката во трката во вооружување со Западот, започнал преговори со САД за намалување на воените потенцијали и направил низа отстапки кон Западот.

Во 1989. Советите се повлекле од Авганистан. Во декември 1989 Горбачов и Џорџ Буш постариот на самитот на Малта објавиле крај на Студената војна. До тогаш веќе и сојузниците на СССР слабееле - комунистичките режими во Источна Европа биле на заминување, а новите демократски власти биле повеќе заинтересирани за сојузништво со Западот отколку со СССР. И во самиот СССР, најпрво комунистичката власт била принудена да го напушти монополот на власта по 73 години во 1990, а потоа се распаднал веќе во следната 1991 на 15 независни држави.

И покрај брзиот и релативно мирен крај, Студената војна била водена по огромна глобална цена во период од преку 4 децении. Ја чинеле САД околу 8 трилиони долари во воени трошоци, и животот на близу 100.000 американски војници загинати во Кореја и Виетнам. Советите платиле уште повеќе во воени трошоци. Војните во југоисточна Азија, како и другите поттикнувани граѓански и герилски војни ширум светот, однеле милиони животи на локалното население.

Крајот на Студената војна им овозможил на обете страни да ги намалат трошоците за одбраната, но и тоа не било без економски последици: во СССР, на пример, барем 20% од работната сила била вработена во воената индустрија. Нејзиното згаснување значело милиони невработени и огромни структурни економски проблеми, поголеми и од они на САД и Германија во Големата криза од 1929. Наследството од Студената војна и понатаму ги обликува светските односи. Победата во Студената војна ја зацврсти улогата на САД како повоена глобална економска, политичка и воена сила. Веќе до 1989, САД биле во воени сојузи со 50 земји, а 1,5 милиони војници на САД биле распоредени во 117 земји. Студената војна исто така ја зацврсти потребата од огромен воено-индустриски комплекс во САД. Во некои од земјите од третиот свет кои биле под контрола на СССР се појавиле силни етнички, политички и социјални тензии кои резултирале и со конфликти, војни и бегалци.

Историја на Советскиот Сојуз (1953–1964)

уреди

Историјата на Советскиот Сојуз во периодот од 1953 до 1964 година претставува периодот од смртта на Јосиф Сталин во 1953 година до соборувањето на Никита Хрушчов од власт. Овој период е познат како ера на Хрушчов. Во текот на оваа ера продолжила идеолошката американско-советска војна позната како Студена војна за доминација во социо-економските системи.

Десталинизација и ерата на Хрушчов

уреди

По смртта на Сталин во март 1953 година, тој бил наследен од страна на Никита Хрушчов, како прв секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и Георгиј Маленков како Премиер на Советскиот Сојуз. Сепак, централна фигура во периодот по смртта на Сталин бил поранешниот шеф на државната безбедност, Лаврентиј Берија. Берија, и покрај неговото досие, како дел од теророт на Сталин, започнал период на релативната либерализација, вклучувајќи го и ослободувањето на некои политички затвореници.

Берија, и покрај неговото досие, како дел од теророт на Сталин, започнал период на релативната либерализација, вклучувајќи го и ослободувањето на некои политички затвореници. Раководството на партијата исто така започнало и критички да настапува пред јавноста велејќи дека диктатурата на Сталин биле оддалечување од оние на Ленин. Берија накратко бил дел од владејачката тројка со Маленков и Вјачеслав Молотов. Меѓутоа, во истата година тој бил уапсен и погубен од страна на неговите политички ривали. Главната причина за погубувањето било наводната шпионажа на Берија во корист на западните земји, извршување саботажа и заговор за враќање на капитализмот. Тајната полиција во текотна овој период била разоружана и реорганизирана во КГБ, со цел нејзините членови целосно ќе бидат под контрола на партијата и никогаш повторно нема да имаат можност да вршат масовен терор. По смртта на Берија, Хрушчов набргу станал клучна фигура во земјата.

Во текот на овој период биле амнестирани голем број на затвореници а бил ставен крај и на принудната работа (населението во Гулаг се намалил од 13 милиони во 1953 на 5.000.000 во 1956-1957). На затворената седница на Дваесетиот конгрес на КПСС кој се одржал на 25 февруари 1956 година, Хрушчов ги шокирал неговите слушатели кога го осудил диктаторскиот режим на Сталин и неговиот култ на личноста . Тој исто така ги нападнал и оние кои извршиле безброј злосторства кои биле блиски соработници на Сталин. Хрушчов се залагал за конкуренција со западот отколку за деректното непријателство кое владеело претходно. Тој навел дека капитализмот ќе се распадне внатрешно и дека соцјализмот во тие земји ќе триумфира на мирен начин. Но тој исто така изјавил и дека доколку капиталистичките земји имаат желба за војна, Советскиот сојуз би одговорил на ист начин.

Некои критики на советското општество биле толерирани, а уметниците повеќе не чекале одобрение од властите за иницирање на некаква нивна идеја. Од друга страна пак била вратена агресивната политика кон религијата, каде биле затворени голем број на верски објекти. Од друга страна, тој враќа агресивни анти-верски кампањи, затворање на многу куќи на обожување.Такво разлабавување на контролата предизвикало огромно влијание врз другите социјалистички земји од Централна Европа, кои многу биле лути на советското влијание во нивните работи. Во летото 1956 година избувнале немири во Полска од страна на населението, кое довело до интервенција на комунистичките власти во земјата и до крваво задушување на протестите. Во 1959 година, Хрушчов станал првиот советски лидер кој бил во посета на САД.

Во ноември 1956 година избувнала Унгарската револуција. Унгарското востание било брутално задушено од страна на советските војници. Најмалку 2.500 луѓе биле убиени, а 13.000 биле повредени од страна на Унгарците. Следната година Хрушчов ја поразил т.н. Анти-партиска група која направила обид да го отстрани од власта. Маленков по настанот бил испратен да раководи со Казахстан, а Молотов бил направен амбасадор во Монголија.

Реформи

уреди

Веднаш по конгресот, Хрушчов започнал да воведува големи реформи. Сталиновата ориентација кон тешката индустрија ја пренасочил кон производство на добра за широка потрошувачка и станбените објекти. Новите реформи довеле до подобрување на животниот стандард на населението, и ова е периодот во кој советската економија бележи најголема стапка на пораст. Реформи имало и во правниот систем, и покрај тоа што целиот систем бил под контрола на Комунистичката партија, сепак интелектуалците се стекнале со поголема слобода за разлика од претходниот период. И покрај големите напори на Хрушчов околу економскиот раст, сепак економскиот систем останал зависен од централните планови кои биле направени многу порано. Како развиена индустриска земја, властите на Советскиот сојуз биле соочени со проблеми поврзани околу поголемиот процент на инвестирање и поголемиот број на работна сила. Ова било многу потешко да се исполни, главно поради пренасочувањето на економската политика од тешка индустрија кон индустрија за широка потрошувачка. Во годините на управувањето на Хрушчов, сепак биле постигнати големи резултати на полето на индустријата. Така, била изградена првата нуклеарна електрана на светот, која во употреба била пуштена во 1954 година во близина на градот Обнинск.

Советската вселенска програма, со која раководел Сергеј Павлович Королов била исклучиво успешна. На 4 октомври 1957 година бил пуштен во вселената првиот вештачки сателит наречен Спутник . На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин станал првиот човек кој заминал во вселената со советскиот вселенски брод Восток 1. Заедно со тоа, биле направени првите слики од вселената. Алексиј Леонов станал првиот човек кој претстојувал заштитен со скафандер во космичкиот простор надвор од космичкото летало за време на летот на вселенскиот брод Васход 2. Валентина Терешкова пак била првата жена која летала во вселената со вселенскиот брод Восток 6.

Крај

уреди

Партиските ривали на Хрушчов го разрешиле на состанокот од Централниот комитет на 14 октомври 1964 година. Разрешувањето наводно било поради неговите чудни манири која партијата ги сметала како голем пораз на меѓународната сцена. Како главна причина била оптужбата дека тој бил одговорен за Кубанската ракетна криза и продлабочувањето на Кинеско-советските проблеми . Негов наследник станал биократот Леонид Брежнев. Остатокот од својот живот Хрушчов го поминал во куќен притвор.

КГБ е општопозната кратенка за Комитетот за државна безбедност на Русија (Комитет государственной безопасности) . Кгб во периодот од 1954 до 1991 година беше агенција за државна безбедност на Советскиот Сојуз и истовремено највисока организација за внатрешна безбедност, разузнавање и тајна полиција. Денешната Агенција за државна безбедност на Република Белорусија го употребува името КГБ. Поголемиот дел од архивите на КГБ се доверливино 2 извори на документи се достапни на интернет.

Начин на работа

уреди

Во статија на списанието Тајм од 1983 година беше наведено дека КГБ била најуспешна организација за разузнавање во светот. КГБ работела на тој начин што легално и нелегално испраќала агенти во државите кои биле цели на разузнавање. Агентите кои во тие држави престојувале легално шпионирале од амбасадата на Русија во таа држава и ако ги фателе биле заштитени со дипломатски имунитет. Во најдобар случај, агентот кој е откриен би бил протеран од државата или пратен назад во Советскиот Сојуз. Агентите со нелегален престој немале дипломатски имунитет и работеле независно од советските дипломатски и трговски мисии. Во почетокот КГБ повеЌе ги ценела агентите кои биле испратени нелегално , бидејќи полесно доаѓале до своите цели. Седиштето на КГБ спроведувало 4 видови шпионажа: политичка , економска , воено-стратегиска и разузнавачка (запирање на дезинформациите) , притоа користејки активни мерки како контраразузнавање , разузнавање со помош на технологија и вообичаени должности кои некогаш подразбирале и нелегални активности. На почетокот ,советите со помош на идеалистички и интелектуални ветувања за борба против фашизмот и антинацистичка патриотска борба успеале да придобијат голем број претставници од западот , но руско-германскиот пакт (1939 година) , задушениот бунт во Унгарија (1956 година) воглавно беа виновниците за крајот на регрутирањето. До 60-тите и 70-тите години инвазиите на Црвената армија и слабото, корумпирано и лошо водство на Леонид Брежнев направија младите радикални припадници да се одтргнат од Советската Социјалистичка партија, па КГБ уценуваше и подмитуваше претставници од западот да шпионираат за Советскиот Сојуз. КГБ ги делеше своите шпиони на агенти (разузнавачи) и контролори (пренесувачи на информациите). Приказната за измислениот идентитет на руските агенти говори дека тие го земале идентитетот на починати луѓе или измислувале потполно нов идентитет . Агенот го потврдувал својот нов идентитет со исказот дека живеел во друга земја пред да се пресели во државата-цел. Вештината во работата се состоела во крадење и фотографирање документи , шифри, контакти , имиња на цели , пошта , инфилтрирање во целта и сеење раздор како и извршување на атентати и киднапирања.

Историја

уреди

ЧК (Специјална Комисија) беше формирана со цел да ги штити Октомвриската револуција и новосоздадената Болшевичка држава од непријателот - Белата армија. За да го обезбеди опстанокот на Болшевичкиот режим, ЧК изврши контрареволуција со вршење терор и меѓународни измами. Бројот на странските разузнавачки операции го поттикна Ленин да нареди создавање на странски разузнавачки оддел - претходникот на Генералниот Директорат. Во 1922 година режимот на Ленин го преименува ЧК во Државен Политички Директорат. Државниот политички директорат успеа да ја прошири шпионажата во и надвор од државата, а на Сталин му додели личен телохранител. Каприците од паранојата на Сталин негативно се одразија врз работата на Државниот Политички директорат во 30-те години. Сталин побара да му бидат доставувани резултатите од разузнавачките информации со цел да го смири стравот од било каков заговор против него. Поновата историја на КГБ кулминира со Големата чистка ( 1936-1938 година) со убивањето на голем број цивили , воени лица и луЃе од владата кои ги сметале за недоверливи. МеЃу убиените се шефот на НКВД- тајната полицијаа на Советскиот Сојуз - Герник Јагода, Николај Ежов, а подоцна и Лаврентиј Берија. Иронично е тоа Што Ежов го обвинил Јагода за извршениот голем терор од 1937 и 1938 година, познат под името Ежовштина, односно немилосрдна ,,ера на Ежов,,. Во 1941 година , под раководство на Лаврентиј Берија Државниот Политички Директорат беше преименуван во Народен Секретаријат за државна безбедност. Сепак , Народниот Секретаријат за државна безбедност продолжи да се занимава со задоволување на каприците на Сталин во врска со неговиот страв од заговор , додека истовремено го постигна својот најголем успех на западот. Подоцна ,министерот за надворешни работи Вјачеслав Молотов направи централизација на агенциите за разузнавање преименувајки го Народниот Секретаријат за државна безбедност во КИ (Комитет за информации) во чиј состав влегоа Министерството за државна безбедност и Директоратот за воено разузнавање. Всушност самото поставување на пратеник за прв човек на Министерството за државна безбедност и Директоратот за воено разузнавање значеше дека власта ги презема разузнавачките операции под свое влијание. Комитетот за информации престана да постои кога Молотов панда во немилост на Сталин. Иако формално престана да постои , Комитетот за информации претставуваше важна потпора за советските агенти кои успеаа да се инфилтрираат во своите разузнавачки цели. Сакајки да го наследи Сталин по неговата смрт во 1953 година, министерот за внатрешни работи Лаврентиј Берија ги соединил Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна безбедност. Предвидувајки државен удар ,Президиумот на Советската влада по брза постапка го елиминирала Лаврентиј Берија обвинувајки го за извршување на криминални дела против партијата и државата. По тој настан Министерството за државна безбедност било преименувано во КГБ и станало независно од Министерството за внатрешни работи. Свесен за амбициите на шефот на агенцијата за разузнавање, генералниот секретар на Советската Комунистичка партија - Леонид Брежнев лесно успеал да се справи со Александар шелепин -човекот кој го помогнал државниот удар против ХруШчов во 1964 година. После изборите Штитеникот на шелепин - Владимир Семичастниј бил симнат од позицијата шеф на КГБ , а самиот Шелепин бил разрешен од функцијата шеф на Комитетот на партијата и поставен на чело на трговскиот синдикат. Во 80-те години движењето за слобода наречено ,, Гласност,, било причина првиот човек на КГБ - Владимир Хрушчов да изведе обид за државен удар против владата на Горбачов. Сепак , непопуларноста на КГБ меѓу народот била една од главните причини за падот на популарноста на режимот на Советската Комунистичка партија. КГБ официјално престана да постои по неуспеШниот државен удар изведен на 6 Ноември 1991 година. Наследници на КГБ се Тајната полиција за државна безбедност на Руската федерација и Службата за надворешно разузнавање.

КГБ за времето на Втората Светска војна

уреди

Во овој период Генералниот Директорат за воено разузнавање успеал да ги придобие агентите Јулиан Вадлеиг и Алгер Хисс кои во 1936 година станале пратеници во Стејт департментот. Првата операција на рускиот Народен Комесаријат за внатрешни работи во САД се состоела во легализирање на престојот на Борис Базаров и Исак Ахмеров. За тоа време Комунистичката партија во САД и нејзиниот генерален секретар Ерл Броудер му помогнале на Народниот Комесаријат за внатрешни работи на Русија во придобивање на луѓе кои работеле во владата и индустријата. Други агенти кои соработувале со Комесаријатот за внатрешни работи биле : пратениците Лауренце Дугган и Мицхаел Витни, статистичарот Хари Декстер Вајт од министерството за финансии и економистот Лауцхлин Цуррие. Згора на тоа кога Њхиттакер Цхамберс се обидел да ги открие шпионите , бил игнориран од владата на Рузвелт. Оттука произлегува причината поради која Јосиф Сталин бил подобро информиран во врска со случувањата во Втората Светска војна од неговите американски и британски сојузници. Советското разузнавање имало најголем успех во собирањето научни и технолошки разузнавачки информации поврзани со млазниот погон , радарите и дешифрирањето, но кулминација на успехот на Државниот Комесаријат за државна безбедност на Русија била постигната со кражбата на тајните за атомското оружје на Америка и Британија. Вреди да се спомене дека физичарот во британскиот проект Менхетен - Клаус Фухс бил главниот Шпион на Розенберг. Во 1944 година владата ја формирала државната лабораторија Лос Аламос во Ново Мексико откако на своја страна го придобила Теодор Хол - 19 годиШен студент по физика на Харвард.

КГБ за време на Студената војна

уреди

КГБ не успеала по втор пат да се поврзе со контакти од САД. Последиците од второто анти-комунистичко движење во САД , бројните обвинувања за нелојалност и престанокот со работа на Комунистичката партија на Америка ги отежнувале обидите за придобивање на нови агенти. Последниот агент од поголема важност кој престојувал нелегално бил Рудолф Абел , кој бил предаден од страна на својот помоШник во 1957 година. Подоцна биле регрутирани и платеници , што се покажало како особено успешно во разузнавањето за научни и технички цели , бидејќи приватниот сектор обрнувал помалку внимание на внатрешната безбедност за разлика од владата на САД. Кон крајот на 1967 година од особена важност претставувало приклучувањето на главниот офицер на американската морнарица - Џон Ентони Вокер кон КГБ, бидејќи му овозможил на Советското разузнаваштво дешифрирање на околу еден милион пораки и следење на воената морнарица на САД. Кон крајот на Студената војна среЌата и се насмевнала на КГБ со придобивањето на важни луѓе како што биле платениците Роберт Хенсен од ФБИ и Олдрич Ејмс - офицер во Советскиот оддел во ЦИА.

КГБ во Советскиот блок

уреди

За време на Студената војна основна задача на КГБ и службите со кои соработувала било постојано да внимава на јавното и приватното мислење на народот, опасноста од државен удар и можноста од револуционерни планови во Советскиот блок. Поддржувајки ги комунистичките влади , КГБ имала клучна улога во задушувањето на револуцијата во Унгарија во 1956 година и ,, Прашката пролет,, во Чехословачка во 1968 година. За време на револуцијата во Унгарија првиот човек на КГБ Иван Серов лично го надгледувал нормализирањето на државата по упадот во неа. Како последица на тоа , КГБ сателитски ја набљудувала државата страхувајки од можна опасност од штетни активности. Сепак, најголем успех постигнала со задушувањето на ,,Прашката пролет,, и соборувањето на националистичката комунистичка влада. КГБ го подготвувала навлегувањето на Црвената армија во Чехословачка со инфилтрирање голем број илегални агенти кои биле преправени како туристи од западот. Агентите требале да ја придобијат довербата на најистакнатите следбеници на новата влада на Александар Дубчек и потоа да изведуваат шпионски активности за КГБ. Агентите требале да подметнат докази со кои би се оправдала окупацијата на Чехословачка од страна на Советскиот Сојуз, откако Чехословачката влада Ќе биде соборена од страна на на партите од десното крило кои биле помогнати од западните агенции за разузнавање. На крајот, КГБ ги подготвила членовите на Комунистичката партија на Чехословачка Алојз Индра и Васил Билак да ја преземат власта во Чехословачка по упадот на Црвената армија. КГБ не можела да не ја забележи храброста на лидерите на ,, Прашката пролет,,. шпионот Олег Гордиевски изјавил дека тоа бил еден страшен настан кој засекогаш го променил неговиот живот. Успехот на КГБ во Чешка во 1960-те години бил поврзан со неуспешното задушување на Солидаристичкото движење на трудот во Полска во 1980-те години. КГБ успеала да ја предвиди политичката нестабилност во Полска која се должела на избирањето на архиепископот Карол Војтила за прв папа од Полска - Јован Павле Втори кого тие го карактеризирале како опасност поради неговите беседи против комунизмот и режимот на полската Работничка партија. И покрај успешното предвидување од страна на КГБ , полската Работничка партија го спречила задуШувањето на Солидаристичкото движење на трудот , плашејки се од голем народен бунт. Помогната од страна на полската разузнавачка служба , КГБ успешно инфилтрирала агенти во Солидаристичкото движење и католичката црква и со помоШ на полската Комунистичка партија и генералот Војтек Јарузелски прогласиле воена состојба во државата. Сепак, колебливиот и благ став на Полска бил виновен за падот во ефективноста на КГБ, а токму тој став бил причината Солидаристичкото движење да предизвика слабеење на моЌта на полската Комунистичка влада во 1989 година.

Спречување на државен удар

уреди

За време на студената војна, КГБ активно ги спречувала обидите за државен удар и другите заложби на нејзините противници. Во 1967, сето тоа било нагласено со доаЃањето новиот претседател на КГБ Јури Андропов, кој рекол дека неслогата и анти комунистичките религиозни движења претставуваат закана за Советската држава. Поголемиот број од уапсените противници биле испратени на неопределено време во кампови за принудна работа каде на нивните идеали им била одземена силата која ја имале во јавноста. Освен тоа, во архивите на Универзитетот Јејл постојат записи кои потврдуваат дека спречувањето на државен удар била главната преокупација на Јури Андропов и на Витали Фредрочук додека тие биле на чело на КГБ. По обвинувањето на Сталинизмот во својот таен говор ,,За неговиот личен култ и последиците од него,,, Никита Хрушчов го сменил ставот во врска со важноста од спречување на државен удар. Како резултат на тоа повторно се појавила литература која го критикувала Хрушчов, особено романот ,,Еден ден од животот на Иван Денисович,, (1962 година) од Александар Солченицин. Сепак, по отстранувањето на Хрушчев во 1964 година, Леонид Брежнев ја ставил државата заедно со КГБ под силен притисок притоа вршејки рутински инспекции по куќи сакајки да заплени документи на противникот. Во 1965 година, при еден ваков претрес во домот на Солченицин (под шифра ,,пајак”) се пронајдени рекописите со ,,клеветнички измислици” . Писателите Андреј Синиавски и Јули Даниел , биле уапсени откога еден агент ја информирал КГБ каде може да ги најде. По задушувањето на бунтот во Прага, Шефот на КГБ - Андропов го формирал петтиот директорат со цел да спречи било каков државен удар и да ги елиминита противниците. Тој бил особено загрижен од Александар Солченицин и Андреј Сакаров бидејќи ги сметал за државни непријатели. Андропов не успеал да го протера Солченицин во 1974 година , но во 1980 успеал да го протера Сакаров во Нижни новоград. КГБ не успеала да го спречи Сакаров во 1975 година да ја земе Нобеловата награда за мир, но во тоа успеала да го спречи Јуриј Орлов. И двете операции лично ги надгледувал шефот на КГБ -Андропов. Инфилтрирањето на агентите на КГБ во редовите на противниците се одвивало на тој начин што агентите на КГБ се однесувале со почит и симпатии кон организацијата во која се вметнувале со цел да стекнат доверба. Тие ги испитувале своите истакнати непријатели со помош на темелни испрашувања , но имало и случаи кога агенти на КГБ се преправале во цимери од затворските соби на противниците, со цел да извлечат информации од нив. Во случај затворениците да признаат политиката на Михаил Горбачов им овозможувала смалување на казната. Тој во 1970 години успеал да реализира дел од промените во политиката кои ги барало неговото движење ,, Гласност,,.

Значајни активности

уреди

-Во акцијата ,,Доверба,, Државниот политички директорат успеал да намами одредени лидери на десницата и истовремено поддржувачки на ,, Белото движење,, да дојдат во Советскиот Сојуз, сакајки да се ослободи од нив. -Државниот комесаријат за внатрешни работи се инфилтрирал во групите на Тротски и ги уништил истите, а Шпанскиот агент Рамон Меркадер извршил атентат врз Леон Тротски во Мексико Сити. -КГБ започнала со преземање активни мерки како давање погрешни информации на непријателските држави -КГБ исто така имала подготвено оружје и разработено планови за саботажа во случај на војна. Во 1960-те години според информациите на шпионот во КГБ Анатолиј Голитсин биле поставени кртови на 2 позиции ( одделот за контра-разузнавање во ЦИА и ФБИ) со чија помош би се откриле и избегнале обидите за апсење на агентите на КГБ. Покрај тоа, КГБ по изврШената проверка на своите странски разузнавачки извори заклучила дека може да им верува на своите кртови во ЦИА. Ако погледнеме кон минатото Ќе забележиме дека Шефот на ЦИА - Енглтон залудно го изгубил работното место во ЦИА , бидејќи го сметале за параноичен во врска со предавниците во своите редови. Тоа било докажано со апсењето на Олдрич Ејмс и Роберт Хенсен. Во некои случаи КГБ самостојно или со помош на тајните служби со кои соработувала, извршувала атентати врз непријателите на Советскиот Сојуз ( авионската несреќа и загинувањето на Даг Хамарскјелд , труењето на бугарскиот шпион Георги Марков во 1978 година, атентатот на Борис Корцак и наводниот атентат на папата Јован Павле Втори во 1981 година.

Офицерот со највисок ранг во комунистичкото разузнаваштво кој дезертирал - генералот Михаил Пацепа изјавил дека претседателот на Комунистичката партија на Романија - Никола Чаушеску му ги доверил имињата на луЃето кои официјален Кремљ ги има убиено или има план да ги убие. Помеѓу нив се наоѓале и Лазло Рајк и Имре Наѓ од Унгарија, и и Георгију Деж од Романија; Рудолф Слански, претседателот на Чехословачка,и шефот на дипломатијата Јан Масарик; иранскиот шах Мухамед Реза Пахлеви, Палмиро Толјати од Италија, претседателот на САД, Џон Кенеди и Мао Це Тунг од Кина. Исто така тој изјавил дека според вработените во Московското разузнавање преку сателит КГБ било вмешано во атентатот на претседателот Кенеди. Кон средината на 1970-те години КГБ тајно се обидела да купи 3 банки во Северна Калифорнија за да дојде до тајни во врска со високата технологија. Сепак, нејзините обиди биле спречени од страна на ЦИА. Се работело за националната банка Пенинсула во Брлингејм, прватанационална банка во Фресно и Националната банка Тахо во Солт лејк Тахо. Голем број на директори на компании за напредни технологии биле клиенти на овие банки и од нив имале земено големи суми на заем. За таа цел, КГБ користела средства од народната банка на Москва , а како купувач и посредник во процесот стоело името на бизнисменот Амос Дејви.

Историја на Советскиот Сојуз (1964–1982)

уреди

Историјата на Советскиот Сојуз во периодот од 1964 до 1982 година го опфаќа периодот од владеењето на Леонид Брежнев. Поради ова, овој период е познат и како ерата на Брежнев. Овој период започнал со голем раст во економијата но завршил со голема социјална, политичка и економска стагнација. Главна причина за оваа стагнација била поради фактот што голем дел од економските реформи никогаш не биле целосно извршени.

Никита Хрушчов бил соборен како прв секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, како и претседателот на Советот на министри, поради неговите реформи кои не успееле и непочитување на партија и државните институции во октомври 1964 година. Брежнев го заменил Хрушчов како прв секретар и Алексеј Косигин го заменил како претседавач на Советот на министри. Анастас Микојан, а подоцна и Николај Подгорниј, станале претседатели на Президиумот на Врховниот Совет. Заедно со Андреј Кириленко како организациски секретар, и Михаил Суслов како главен идеолог, тие го основале колективното раководство, кои разлики во формата со автократија го карактеризирале владеењето на Никита Хрушчов.

Колективно раководство најпрвин си поставило за цел да се стабилизира Советскиот Сојуз и мирното советското општество. Покрај тоа, тие се обиделе да го забрзаат економскиот раст, кој бил забавен значително во текот на последните години на Хрушчов како владетел. Во 1965 година Косигин иницирал неколку реформи за децентрализација на советската економија. По првичниот успех во создавањето на економски раст, тврдокорните струи во партијата ги стопирале реформите, плашејќи се дека со тоа ќе се ослабне престижот и силата на партијата. Економскиот раст започнал да стагнира во почетокот на 1970-тите. По смртта на Брежнев во 1982 година настапил периодот на уште еден мал економски раст на советската економија, по кое следувало конечното распаѓање на земјата.

Колектино водство

уреди

По подолга борба за власт , Хрушчов конечно бил соборен од функцијата прв секретар во октомври 1964 година, обвинет за неуспехот на неговите реформи, неговата опсесивна реорганизација на Партијата и владиниот апарат, неговото непочитување на партија и владините институции, и неговиот надмоќен стил на водство . Президиумот (Политбирото), Централниот комитет и други важни партиски и владини тела биле уморни од повторувањето на грешките на Хрушчов. Советското раководство, исто така, верувало дека неговиот индивидуален стил на водство било спротивно на едно идеално колективно раководство . Леонид Брежнев и Алексеј Косигин успеале да го симнат од власт на Хрушчов, како прв секретар и Премиер на земјата. На Михаил Суслов, Андреј Кириленко и Анастас Микојан (во 1965 година бил заменет од страна на Николај Подгрониј), исто така им биле доделени дадени значакни функции во новото раководство. Заедно тие го формирале колективното раководство .

Колективното раководство во своите рани фази, обично се нарекувало како Брежнево-Косигинско раководството . По иницирањето на економските реформи од 1965 година од страна на Косигин, неговиот престиж во рамките на советското раководство застанало и неговото губење на моќта било проследено со јакнење на позицијата Брежнев во рамките на советската хиерархија . Влијанието на Косигин дополнително се намалило кога Подгорниј станал втора најголема фигура во Советскиот Сојуз . Брежнев уште во 1970 година направил заговор за соборување на Подгрониј од колективното раководство. Причината била едноставна: Брежнев бил трет, додека Подгрониј бил прв во рангирањето на советскиот дипломатски протокол. Отстранувањето на Подгрониј би го направил Брежнев шеф на државата, и неговата политичка моќ би се зголемила значително. За голем дел од тој период, сепак, Брежнев не бил во можност да го отстрани, затоа што тој не можел да смета на доволно гласови во Политбирото, со оглед на тоа што отстранувањето на Подгрониј би значело слабеење на моќта и престижот на колективното раководство. Подгрониј продолжил да се здобива со поголема моќ како шеф на државата во текот на раните 1970-ти, поради либералниот став на Брежнев за Југославија и неговите разговори за разоружување со некои западни земји, политики кои голем дел од советските официјални претставници ги виделе како спротивни на комунистичките принципи. . Брежнев ја зајакнал својата позиција значително во текот на раните до средината на 1970-тите години во рамките на раководството на партијата и по слабеењето на фракцијата на Косигин. Од 1977 тој имал доволно поддршка во Политбирото за соборување на Подгрониј од канцеларија и активната политика во целина

Обид за атентат

уреди

Виктор Иљин, обесправен советски војник, се обидел да изврши атентат врз Брежнев на 22 јануари 1969 во поворката на Брежнев низ Москва. Иако Брежнев бил повреден, загинал неговиот возач и полесно биле повредени неколку славни космонаути на советската вселенска програма, кои исто така биле во поворката. Напаѓачот на Брежнев беше фатен, и испрашуван лично од страна на Андропов, тогашен претседател на КГБ и иден советски лидер. На Иљин не му била изречена смртна казна.

Одбранбена политика

уреди

Советскиот Сојуз започнал со голема воена изградбата во 1965 година преку проширување на двете нуклеарни и конвенционални арсенали. Советското раководство верувало дека силната војска ќе биде корисна потпора во преговорите со странските сили, и ќе доведе до зголемување на безбедноста на Источниот блок од напади. Во 1970-тите, советското раководство заклучило дека војната со капиталистичките земји не означува дека може да стане нуклеарна, и затоа тие иницирале брза експанзија на конвенционалните сили во земјата. Поради послабата инфраструктура на земјата во споредба со САД, советското раководство верувало дека единствениот начин да се победи бил со брзо воено освојување на Западна Европа. Советскиот Сојуз станала нуклеарна земја која може да се споредува со САД во раните 1970-ти, по што земјата се консолидирала како велесила .

Брежнев, според некои од неговите најблиски советници, бил загрижен за растечките воените трошоци во 1960-тите. Советниците подоцна раскажувале како Брежнев дошол во судир со неколку врвни воени индустријалци, како Андреј Грешко. Во почетокот на 1970-тите години, според Анатолиј Александров-Агентов, еден од најблиските советници на Брежнев, изјавил дека Брежнев присуствувал на пет-часовна средба за да се обиде да ја убеди советската воена единица да се намалат воените трошоци . Кога Грешко починал во 1976 година Дмитриј Устинов го наследил неговото место како министер за одбрана. Устинов, иако близок соработник и пријател на Брежнев, спречил секаков обид од страна на Брежнев да се намалат националните воени трошоци. Во неговите подоцнежни години, Брежнев немал волја за да се намалат трошоците за одбраната, поради неговото здравје .

Стабилизација

уреди

Брежнев наредил замена на половина од регионалните лидери и членовите на Политбирото. Ова бил еден типичен потег за советски лидер кој се обидувал да ја зајакне својата моќ. Примери на членовите на Политбирото кои го загубиле своите членство за време на ерата на Брежнев се Генадиј Воронов, Дмитриј Полјански, Александар Шелепин, Петро Шеласт и Подгрониј . Полјански и Воронов го изгубиле своето членство во Политбирото, бидејќи се сметале за членови на фракцијата на Косигин. На нивно место биле поставени Андреј Грешко, министерот за одбрана, Андреј Громико како министер за надворешни работи и претседателот на КГБ Јуриј Андропов.

Отстранувањето и замената на членови на советското раководство било запрено во доцните 1970-ти . За време на неговата ера, Брежњев исто така, бил и претседател на Уставната комисија на Врховниот Совет, кој работел за создавање на нов устав. Комисијата имала 97 членови. Брежнев со ова учество не сакал толку да остави белег во историјата колку што посакувал да ја намали улогата на Алексеј Косигин како премиер. . Новиот устав не бил ниту анти-сталинистички ниту нео-сталинистички.

На седмата посебна седница на Врховниот Совет на СССР која била одржана на 7 октомври 1977 година бил донесен едногласно новиот устав на СССР. Во преамбулата стоело дека целите на диктатурата на пролетаријатот биле исполнети и дека советската држава станала држава на целиот народ. Исто како и сите претходни верзии на Советскиот Устав, уставот од 1977 година го задржал правото на советските републики да се отцепат од Унијата. Оваа одредба подоцна одиграла важна улога во распаѓањето на Советскиот Сојуз.

Доцни години

уреди

Во неговите подоцнежни години, Брежнев го развил својот сопствен култ на личноста . Брежнев бил награден со Ленинската награда за литература. Овие награди биле доделени на Брежнев за да ја зајакне својата позиција во рамките на партија и на Политбирото . Кога Алексеј Косигин починал на 18 декември 1980 година, еден ден пред роденденот на Брежнев, Правда и другите медиуми го одложиле известувањето за неговата смрт . Во реалноста, сепак, физичките и интелектуалните капацитети на Брежнев започнале да опаѓаат во 1970-тите години поради неговото лошо здравје .

Брежнев ја одобрил советската интервенција во Авганистан исто онака како што претходно го одобрил Варшавскиот пакт и инвазијата на Чехословачка. Неколку водечки членови на советското раководство одлучиле да го задржат Брежнев како генерален секретар, така што нивните кариери нема да страдаат од можна реконструкција на кабинетот од страна на неговиот наследник. Другите членови, кои не го сакале Брежнев, меѓу нив и Дмитриј Устинов (Министер за одбрана), Андреј Громико (министер за надворешни работи), и Михаил Суслов (секретар на Централниот комитет), стравувале дека отстранувањето на Брежнев ќе предизвика голема криза, и така тие помогнале да се одржува статус кво .

Брежнев останал на својата позиција под притисок на некои од неговите соработници во Политбирото, иако во пракса земјата не била управувана од Брежнев, туку од колективното раководство предводено од Суслов, Устинов, Громико, и Јуриј Андропов. Константин Черненко, поради неговите блиски односи со Брежнев, исто така стекнал влијание. Додека Политбирото размислувало за наследникот на Брежнев, неговото здравје продолжило да се влошува. Изборот на наследник би било под влијание на Суслов, но бидејќи тој починал во јануари 1982 година, пред Брежнев, Андропов се покажал како главна фигура во идниот избор. На 10 ноември 1982 година Брежнев починал. Тој бил погребан на 15 ноември 1982 година во нерополата на Кремљските ѕидини .

Историја на Советскиот Сојуз (1982–1991)

уреди

Историјата на Советскиот Сојуз од 1982 до 1991 година го опфаќа периодот од смртта Леонид Брежнев до распадот на Советскиот Сојуз. Главно поради големото воено организирање на сметка на домашниот развој, економскиот раст вол во фаза на стагнација. Неуспешните обиди за реформи како и инвазијата на Советскиот Сојуз во Авганистан довело до општо чувство на незадоволство меѓу народот, особено во балтичките републики и Источна Европа .

Поголемите политички и социјални слободи, донесени од страна на последниот советски лидер, Михаил Горбачов, создале атмосфера на отворена критика на комунистичкиот режим. По драматичниот пад на цената на нафтата во 1985 година и 1986 година, и долготрајниот недостаток на девизни резерви во следните години за купување на жито довело исто така до колапс на земјата

Неколку советски социјалистички републики започнале отпор против централната власт. Самото зголемување на демократиијата довело до слабеење на централната власт. Советскиот Сојуз конечно се распаднал во 1991 година, кога Борис Елцин ја презел власта по неуспешниот државен удар врз Горбачов.

До раните 1980-ти Советските вооружени сили биле најголеми во светот по бројот на војници, по бројот и видовите на оружје, како и по големината на воено-индустриската база. 87 Потрошувачката во одбраната изнесувала 25% од БДП, на штета на вложувањата во инфраструктурата и потрошувачките добра. 88 . Кога Михаил Горбачов дошол на власт во 1985, стапката на економски пораст во СССР била близу 0%, најмногу како резултат на падот на цената на нафтата, која правела 60% од вкупните приходи на земјата од извоз. 89 0 За да ја спаси економијата од колапс, Михаил Горбачов објавил агенда за брзи промени, наречена „Перестројка“. Покрај тоа, приморан да ја намали потрошувачката во трката во вооружување со Западот, започнал преговори со САД за намалување на воените потенцијали и направил низа отстапки кон Западот.

Андропов

уреди

Брежнев починал на 10 ноември 1982 година. По два дена на негово место бил избран Јуриј Андропов како нов генерален секретар. Андропов не потрошил ниту еден момент во промовирањето на неговите приврзаници. Во јуни 1983 година, тој ја презел функцијата претседател на Президиумот на Врховниот Совет, со што станал церемонијален шеф на државата. На Брежнев претходно му биле потребни тринаесет години за добивање на овој пост. Во текот на неговото кусо владеење како прв човек во земјата, тој заменил повеќе од една петтина од советските министри и регионални секретари и повеќе од една третина од шефовите на Централниот комитет. Како резултат на тоа, тој го заменил старото раководство а на нивно место ставил помлади кадри. Но, способноста на Андропов за преструктуирање на врвот на раководство била ограничена од страна на неговата лоша здравствена состојба и влијанието на неговиот ривал (и долгогодишен сојузник на Леонид Брежнев) Константин Черненко. За разлика од Брежнев, кој поседувал неколку куќи и една флота на луксузни автомобили, Андропов живеел многу едноставно.

Домашната политика Андропов ја насочил кон враќање на дисциплина и ред во советското општество. Тој донел радикални политички и економски реформи. Во тандем со такви економски експерименти, Андропов започнал анти-корупциска војна со владините и партиските дејци. Овој период е познат како аферата во Кремљ. Оваа афера претставувала најголемата истрага на сите времиња за корупција во СССР. Вкупно биле ангажирани околу двеста судии заедно со два инспектори за истрага во Узбекистан во периодот од 1983 година. Двајцата инспектори успеале да отворат дело против високи узбекистански политичати. За неколку години, политичката власт во Узбекистан била тотално обезглавена. Четри секретари и двајца членови на Централниот комитет, како и претседателот и вицепретседателот на Советот на министрите биле исправени пред суд. Андропов останал запаметен како личност кој отворил голема војна со корупцијата во советската влада.

Во надворешната политика, Андропов ги продолжил политиките на Брежнев. Американско-советските односи се влошиле во март 1983 година, кога американскиот претседател Роналд Реган бил нарекуван од страна на Советскиот Сојуз "злото на империјата". Официјалната новинска агенција ТАСС го обвинил Реган дека размислува воинствено и дека е луд анти-комунист. Натамошно влошување на односите настанало кога на 1 септември 1983 година советите собориле корејски авион во близина на островот Монерон. Во авионот се пренесувале 269 луѓе, вклучувајќи го и американскиот конгресмен, Лари Мекдоналд. Во Авганистан, Ангола, Никарагва и на други места, под раководство на Реган, САД започнал да дава голема воена и материјална подршка за анти-комунистичките движења во овие земји.

Здравјето на Андропов се влошило во летото 1983 година. Тој станал првиот советски лидер кој го пропуштил годишниот јубилеј од Октомвриската револуција во 1917 година. Тој починал во февруари 1984. Неговото најзначајно наследство за Советскиот Сојуз било неговото откритие и промоција на Михаил Горбачов.

Черненко

уреди

по смртта на Андропов на негово место бил избран Константин Черненко, иако имал 71 година и иако неговото здравје било во лоша состојба. Во неговото кратко владеење на чело на Советскиот Сојуз, тој донел неколку значајни промени во политиката. Тој ја продолжил истрагата за корупција која била започната од страна на Андропов во советските кадри. Черненко се залагал за повеќе инвестиции во потрошувачките добра и услуги како и бо земјоделството.

Иако направил повик за помирување меѓу истокот и западот, сепак било направено ногу малку во тој поглед. Во 1984 година Советскиот Сојуз ги бојкотирале Летните Олимписки игри во Лос Анџелес, исто како што направиле Американците на Летните Олимписки игри во Москва во 1980 година.Кон крајот на летото на 1984 година, Советскиот Сојуз исто така ја спречил посетата на Западна Германија од страна на источногерманскиот лидер Ерих Хонекер. Борбите во Авганистан, исто така продолжиле.

Сепак лошата состојба на здравјето на Константин Черненко му дала можност на Горбачов да извршува високи партиски позиции во Политбирото, и Горбачов бил во можност да стекне витална поддршка на министерот за надворешни работи Андреј Громико во борбата за сукцесија. Кога Черненко починал во март 1985 година, Горбачов станал негов наследник.

Горбачов

уреди

После смртта на Константин Черненко, Михаил Горбачов бил избран за генерален секретар на КПСС на 11 март 1985 година. Тој станал првиот лидер на партија, кој е роден по Руската револуција од 1917 година. Како владетел на Советскиот Сојуз, се обидел да ја реформира Комунистичката партија и на националната економија со воведување нагласност ("отвореноста"), перестројка ("преструктуирање") ускоренија ("забрзување на економскиот развој"), кои започнале на 27. КПСС Конгрес февруари 1986.

Првите реформи воведени во текот на ерата на Горбачов иле алкохолната реформата во 1985 година, која била дизајнирана за борба против широко распространетиот алкохолизам во Советскиот Сојуз. Цените на водка, вино и пиво биле покачени, и нивната продажба била ограничена. На луѓето кои ќе биле фатени пијани на работа или на јавни места им следувало судење. Пијалаците биле забранети на јавни места и на возовите. Сцените од алкохол исто така биле исфрлани од филмовите. Реформите немале значително влијание врз употребата на алкохол во земјата, но тие задале сериозен економски удар за државниот буџет (загуба од околу 100 милијарди рубли според Александар Јаков), потоа производството на алкохол се преселило на црниот пазар. Алкохолната реформа предизвикала синџир на настани кои завршиле со распаѓањето на Советскиот Сојуз и длабока економска криза во новосоздадената Заедница на независни држави, шест години подоцна.

Законот за соработка дoнесен во март 1988 година бил можеби најрадикалната економска реформа во текот на првата половина на ерата на Горбачов. Прв пат после Лениновата економска политика, законот им овозможил приватен имот во услужната и надворешната трговија. Законот првично вовел високи даноци, но подоцна бил променет за да се избегне обесхрабрувачки приватен сектор. Според оваа одредба, приватните ресторани, продавниците и занаетчиските продавници станале дел од советската сцена. Треба да се напомене дека некои од Републиките ги игнорирале овие ограничувања. На пример, во Естонија на приватни лица им било дозволено да се формираат партнерства со странски компании.

Во меѓународната политика, Горбачов сакал да ги подобри односите и трговијата со Запад. Тој воспоставил блиски односи со неколку западни лидери, како што е Маргарет Тачер. На 11 октомври 1986 Горбачов и Реган се состанале во Рејкјавик за да разговараат за намалување на средниот опсег на нуклеарно оружје во Европа. Ова довело до потпишувањето на средниот опсег на нуклеарни проектили. Во февруари 1988 година, Горбачов го најавил повлекувањето на советските сили од Авганистан. Повлекувањето било завршено следната година, иако граѓанската војна продолжила затоа што муџахедините сакале да го соборат про-советскиот режим на Мохамед Наџибулах. Се проценува дека 15.000 луѓе од советскиот сојуз биле убиени во конфликтот меѓу 1979 и 1989 година.

Исто така во текот на 1988 година, Горбачов изјавил дека Советскиот Сојуз ќе ја напушти Брежњевата доктрината и им овозможил на земјите од источниот блок да ја изберат својата внатрешна политика. Ова се покажало како најрадикално остварување на реформите на Горбачов на надворешната политика, што портпаролот на неговиот министер за надворешни работи го нарече Синатрина доктрина. Оставањето на доктрината Брежњев довело до серија на револуции во Источна Европа во 1989 година, каде што комунизмот беше симнат од власт. Со исклучок на Романија, просоветските бунења против режимот биле мирни.

Исчезнувањето на советската доминација во Источна Европа ставила крај на Студената војна, и за ова Горбачов добил Нобеловата награда за мир на 15 октомври 1990 година.

Додека политичките иницијативи на Горбачов биле позитивни за слобода и демократија во Советскиот Сојуз и Источна Европа, економската политика на неговата влада постепено јa довела земјата во близина на колапс. До крајот на осумдесеттите години, недостигот на основни прехранбени производи (месо, шеќер) довело до реинтродукција на воениот систем на дистрибуција, каде биле користени ваучери за секој граѓанин на одредена ограничена количина на производот во текот на месецот. Во споредба со 1985 година, дефицитот се зголемил од 0-109 милијарди рубли, златните резерви биле намалени од 2.000 до 200 тони, и надворешниот долг се зголеми 0-120 милијарди долари.

Понатаму, демократизацијата на Советскиот Сојуз и Источна Европа била непоправлива и ја поткопала моќта на КПСС и Горбачов. Обидувајки се Горбачов да ја избегне цензурата и да се создаде поголема политичка отвореност довело до доживување на национализмот и долго воздржуваните анти-руски чувства во советски републики. Барањата за поголема независност од Москва станале се погласни, особено во балтичките републики Естонија, Литванија и Латвија кои од страна на Сталин биле анкетирани во 1940 година. Националистичките чувства, исто така, се појавиле во Грузија, Украина, Ерменија и Азербејџан. На крајот советскиот сојуз бил уништен. Горбачов бил генерално добро оценет од страна на западот по крајот на Студената војна. Но, во Русија, неговата репутација била многу ниска поради тоа што е означен што ја довел до колапс државата и е одговорен за економската мизерија. Сепак, анкетите покажуваат дека повеќето Руси се задоволни со резултатите од индивидуалните цели на перестројка.

Августовски државен удар

уреди

Августовскиот државен удар или Августовскиот пуч претставува обид за отстранување на Михаил Горбачов од функцијата Претседател на Советскиот Сојуз. Обидот бил организиран од група конзервативно настроени заговорници од раководствата на ЦК на КПСС, Владата на СССР, армијата и КГБ, во периодот од 19 август до 21 август 1991 година. Водачите на превратот сметаат дека реформската политика на Горбачов отишла предалеку и дека новиот Сојуз на суверените држави, кој Горбачов започнал да го основа, обезбедувал премногу самостојност на републиките. Иако превратот бил неуспешен и истиот траел само два дена, настанот во голема мера го дестабилизирал Советскиот Сојуз и помогнал да се забрани КПСС и распаѓање на Советскиот Сојуз до крајот на годината.

Цел и план
уреди

Главната цел на заговорниците била да се спречи распаѓањето на Советскиот Сојуз, кое распаѓање според учесниците требало да започне на 20 август со потпишување на првиот документ според кој СССР ќе биде претворена во конфедерација на независни држави односно да се создаде Сојуз на суверени држави . Документот требало да биде потпишан на 20 август, меѓу претставниците на РСФСР и Казахстан, а другите републики требало да се вклучат до 22 октомври 1991 година. Овој договор ќе биде одобрен од страна на највисоките државни органи на новата унија и договорот ќе влезе во сила со негово потпишување од страна на овластените делегации. За државите кои ќе го потпишат, од истиот ден се смета неважечки Договорот за основање на Сојузот на Советските Социјалистички републики од 1922 година .

Организатори
уреди

Лидер на заговорниците бил Генадиј Јанаев, но според голем број на аналитичари, зад целиот обид стоел Владимир Кручков. Заговорниците за ден на државниот удар ја одбрале неделата кога претседателот е наоѓал во отсуство, на тој начин што објавиле дека тој е привремено отстранет од должноста поради наводни здравствени причини. Службениот комитет за вонредна состојба се состоел од следните членови: 1. Олег Бакланов — прв заместник претседател на Советот за одбрана на СССР, член на ЦК на КПСС. 2. Владимир Кручков — претседател на КГБ на СССР, член на ЦК на КПСС. 3. Валентин Павлов — Премиер на СССР. 4. Борис Пуго — Министер за внатрешни работи на СССР, член на ЦК на КПСС. 5. Василиј Стародубцев — претседател на Селскиот сојуз на СССР, член на ЦК на КПСС. 6. Александар Тизјаков — претседател на Ассоциацијата на државните претпријатија 7. Дмитриј Јазов — Министер за отбрана на СССР, член на ЦК на КПСС. 8. Генадиј Јанаев — заменик-претседател на СССР, член на ЦК на КПСС.

Подршка=

уреди

Комитетот сметал за воена поддршка на силите на специјалните единици на КГБ - "Алфа", војските на Министерството за внатрешни работи (МВД), Тулската дивизија, Таманската дивизија и Кантемировска дивизија на Советската армија. Така, во Москва биле внесени околу 400 војници, 362 тенкови, 427 оклопни возила и БМП. Дополнителни сили биле префрлени во реонот на Ленинград, Талин, Тбилиси и Рига. На чело застанале генералите Павел Грачов и неговиот заменик Александар Лебед. Грачов одржувал телефонска врска, како со Дмитриј Јазов, така и со Борис Елцин.

И покрај желбата, заговорниците немале целосна контрола над воените делови, затоа уште во првиот ден на бунтот, делови од Таманската дивизија преминале на страната на заштитниците на т.н. Бела куќа (токму од тенк на оваа дивизија, Борис Елцин го направил познатото обраќање кон народот). Информативна поддршка заговорниците добиле од државното радио - во текот на три дена, вестите се состоеле од пораки на различни акти на корупција и на кршење на државните закони, извршени во рамките на реформскиот период. Државниот комитет за вонредни ситуации побарал поддршка и од ЦК на КПСС но оваа институција не успеала да докаже некакво влијание врз луѓето во земјата.

Противници
уреди

Главни противници на бунтот биле членовите на Комитетот предводени од политичкото раководство на РСФСР, на чело со претседателот Борис Елцин, потпретседателот Александар Руцкој, премиерот Иван Силаев и претседателот на Врховниот совет Руслан Хасбулатов. На повикот на руските власти пред зградата на сојузниот парламент, наречена Белата куќа, се собрале бројни претставници на различни социјални групи - студенти, интелектуалци, ветерани од војната во Авганистан, па дури и криминални елементи. Хронологија

  • 17 јуни 1991 година. Горбачов и лидерите на девет републики се обединиле околу проект за сојузен договор. Самиот проект предизвикал негативна реакција кај министрите на СССР: Јазов, Пуго и Кручков.
  • 20 јули 1991 година - Претседателот на Русија Елцин издал указ за деполитизиране, вклучувајќи забрана за функционирање на партиски комитети во фабрики, установи итн
  • 29 јули 1991 година, Горбачов, Елцин и претседателот на Казахстан Нарсултан Назарбаев се сретнале тајно. Дискутирале за потпишувањето на нов сојузен договор, на 20 август.
  • 2 август 1991 година, Горбачов објавил дека потпишувањето на Сојузниот договор треба да се случи на 20 август.
  • 4 август 1991 година, Горбачов заминал во отсуство во вилата на Крим.
  • 17 август 1991 година, Владимир Кручков, Валентин Павлов, Дмитриј Јазов, и Валериј Болдин се сретнале во резиденцијата на КГБ. Била донесена одлука за воведување на вонредна состојба на 19 август, да се формира Државен комитет за вонредна состојба (ГКЧП), кој ќе го спречи Горбачов да потпише соодветните декрети и да биде принуден да поднесе оставка, предавајќи ги ингеренциите на потпретседателот Генадиј Јанаев. Елцин по ова требало да биде уапсен на аеродромот, веднаш по слетувањето од Казахстан. По ова било решено да се делува во зависност од развојот на преговорите и настаните.
  • 19 август, во 6 часот наутро, медиумите на СССР изјавиле дека во земјата е објавена вонредна состојба и дека претседателот Михаил Горбачов нема да може да ги извршува своите функции "поради здравствени причини", функции, кои ќе се преземат целосно од Комитетот за вонредната ситуација. Истовремено со тоа во главниот град и други големи градови биле воведени армиски сили, а членовите на Демократската опозиција (како што самите се нарекувале) им било изјавено дека ќе бидат уапсени. Во текот на ноќта специјалните единици Алфа се движиле кон вилата на Борис Елцин во Архангелска област, но не го блокирале претседателот и не добиле наредба за какви било активности. Во исто време Елцин во екстремни услови ги мобилизирал сите свои поддржувачи и симпатизери. Противниците на бунтот подготвиле и испратиле по факс до сите медиуми обраќање "Кон граѓаните на Русија". Главен портпарол на противниците на превратот станало радио "Ехо Москвы". Елцин јавно го осудил обидот за државен удар и дал жестока критика за Комитетот застанувајќи врз еден тенк од Таманската дивизија, пред Белата куќа. Со обезбедувањето на Специјалните единици Алфа, Елцин влегол во 9 часот наутро во Белата куќа и заедно со раководството на РСФСР основал Центар за отпор на превратот. Противењето на одлуките од страна на Комитетот довеле до организирање на митинзи во Москва и Ленинград околу Белата куќа, Краснопресненски плоштад и Маринскиот плоштад во Ленинград. Биле организирани концерти во поддршка на противниците на превратот, и истите концерти биле наречени "Рок на барикадите". Во Москва започнале да се издигнуваат барикади и да се шират летоци. Во 12 часот, Елцин се обратил на насобраната толпа од народ. Од редовите на толпата луѓе започнале да се прегрупираат вооружени единици на командата од пратеникот Константин Кобеца. Главните сили биле составени од борци-ветерани од војната во Авганистан и соработници од приватната фирма за обезбедување "Алекс". Елцин во исто време испратил свои претставници во Париз за преговарање од можното создавање на влада во егзил.
  • 20 агуст, по наредба на Комитетот била спроведена подготовка за преземањето на зградата на Белата куќа од групата со посебна намена на КГБ. Некои од генералите кои останале верни на министерот за одбрана Дмитриј Јазов, започнале да изразуваат сомневања за соодветноста на бунтот. Генералот Александар Лебед преминал на страната на заштитниците на Белата куќа. Командантите на специјалните единици "Алфа" и "Вимпел", Карпухин и Бесков го замолиле заменик-претседателот на КГБ Агеев да ја поништи операцијата. На тој начин нападот бил откажан.
  • 21 август, тенковските единици контролирани од Комитетот, спровеле маневри во близина на Белата куќа (зграда на Врховниот Совет на РСФСР). Единиците на "Алфа" одбиле да учествуваат во нападот врз Белата куќа. Во 5 часот наутро Јазов дал наредба за повлекување на единиците од Москва. Во текот на денот се одржала седница на Врховниот совет на РСФСР под претседателство на Руслан Хасбулатов. На седницата биле осудени активностите на Комитетот. Потпретседателот на РСФСР Александар Руцкој и Премиерот Иван Силаев отишле за Форос, каде што се наоѓал Горбачов. Редица други авиони, во кои се наоѓале и некои членови на комитетот, се упатиле кон Крим, за да побараат прошка од Горбачов, која не била прифатена. Кон крајот на бунтот, Елцин се изјаснил за заштита на законската власт на Горбачов и заштита на слободна Русија. Михаил Горбачов на 22 август се вратил во Москва, заедно со Руцкој и Силаев. Членовите на Комитетот биле уапсени. Во директно предавање, Елцин во присуство на Горбачов потпишал Указ за прекин активностите на КПСС на територијата на РСФСР, лишавајќи го Горбачов од власт.

Распад на Советскиот Сојуз

уреди

Михаил Горбачов бил избран за генерален секретар на Политбирото на 11 март 1985 година, само три часа по смртта на Константин Черненко. По неговото стапување на должност имал 54 години и бил најмладиот член на Политбирото. Примарната цел на Горбачов како генерален секретар била заживување на советската економија по стагнацијата на Леонид Брежнев.

Во 1985 година, тој најавил дека на советската економија и е потребна реорганизација. Горбачов набргу сфатил дека решавањето на советската економија ќе биде речиси невозможно без реформа на политичката и социјалната структура на комунистичката земја. . Реформите најпрвин започнале со кадровските промени. На 23 април 1985 година Горбачов донел два свои штитеници Јегор Лигачев и Николај Ришков во Политбирото како полноправни членови, и разумно ја искористил можноста да се задржи "моќта" промовирајќи го како шеф на КГБ Виктор Чебриков. По ова следувало и именување на министерот за одбрана Сергеј Соколов како претставник на Политбирото.

Првите реформи воведени во текот на ерата на Горбачов иле алкохолната реформата во 1985 година, која била дизајнирана за борба против широко распространетиот алкохолизам во Советскиот Сојуз. Цените на водка, вино и пиво биле покачени , и нивната продажба била ограничена. На луѓето кои ќе биле фатени пијани на работа или на јавни места им следувало судење. Пијалаците биле забранети на јавни места и на возовите. Сцените од алкохол исто така биле исфрлани од филмовите. Реформите немале значително влијание врз употребата на алкохол во земјата, но тие задале сериозен економски удар за државниот буџет (загуба од околу 100 милијарди рубли според Александар Јаков), потоа производството на алкохол се преселило на црниот пазар . Алкохолната реформа предизвикала синџир на настани кои завршиле со распаѓањето на Советскиот Сојуз и длабока економска криза во новосоздадената Заедница на независни држави, шест години подоцна.

На 1 јули 1985 година Горбачов го промовирал Едвард Шеварднадзе за прв секретар на Грузиската Комунистичка партија како полноправен член на Политбирото, а следниот ден го назначил Шеварднаѕе како министер за надворешни работи како замена на Андреј Гомико кој бил 28 години како министер за надворешни работи и се сметал за "стар мислител". Исто така, на 1 јули, 1985 година Горбачов ја искористил можноста да се ослободи од неговиот главен ривал со отстранување на Григориј Романов од Политбирото, и го донел Борис Елцин и Лев Заиков во Централниот комитет.

Во текот на летото 1986 година, во Латвија било основана организацијата Хелсинки-86, односно организација за човекови права. Оваа организација била првата антикомунистичка група како и првата отворена група која се противела на советскиот режим во Советскиот Сојуз. Подоцна оваа организација претставувала пример за другите движења кои се појавиле во другите земји од земјата . Во Рига, Латвија, на 26 декември 1986 година, во раните утрински часови, околу 300 млади работници се собрале пред Ришката катедрала и марширале по улицата Ленин извикувајќи "Надвор од Советска Русија! Слободна Латвија!" Безбедносните сили се судриле со демонстрантите, како и неколку полициски возила биле превртени . Истата година избувнале немири во Алма-Ата, Казахстан. Настанот е познат како Желтоксан. Демонстрациите настанале како одговор на разрешувањето на генералниот секретар на Михаил Горбачов, Динмухамед Конајев од должноста прв секретар на Комунистичката партија на Казахстан, и назначувањето на Генадиј Колбин. Демонстрациите започнале во утрото на 17 декември 1986 година како почетниот број бил 200-300 студенти. Бројот на демонстрантите се зголемил на 1.000-5.000. Состојбата ескалирала околу 5 часот, кога на војниците им било наредено да ги растераат демонстрантите. Судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите продолжиле во текот на ноќта на плоштадот и во различни делови на Алмати. Вториот ден, протестите се претвориле во граѓански немири каде учениците, студентите и демонстрантите се судриле со војниците. Следните денови демонстрациите се прошириле и во поголемите градови во Казахстан. Според најразличнби извори, по конечната интервенција на властите, во немирите починале најмалку 168 лица а повеќе од 200 биле повредени.

Во јануари 1987 Михаил Горбачов ја најавил новата политика на "демократизација" под која идните советски избори ќе им понудат на гласачите за избор помеѓу повеќе кандидати по работно место, иако сите кандидати ќе продолжат да бидат членови на КПСС. Концептот бил воведен од страна на Горбачов за да се овозможи заобиколување на оние кои во партијата шружеле отпор кон перестројката. На 6 мај, 1987 година, Памјат спровела нерегистрирани и на тој начин незаконски демонстрации во центарот на Москва барајќи крај на изградбата на спомен проектот во Поклонаја. Тоа резултирало во дво-часовна средба со Борис Елцин, во тоа време прв секретар на Москва од Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и најблизок соработник на Михаел Горбачов . На 25 јули 1987 група од 300 Кримски Татари, се повикувале на правото да се вратат на Кримската татковина, од кои тие биле депортирани во 1944 година . Најразлични демонстрации се случиле и во Балтичките земји, каде демонстрантите се погласно барале независност на нивните држави од Советскиот Сојуз.

На 30 јуни 1988 година во Москва била свикана Општосојузна партиска конференција на КПСС, која ги изгласала проектот за државни реформи. Според тие реформи, во СССР се создава претседателска институција и нов вид на претставително тело кое се нарекува Конгрес на народните пратеници.

На 26 март 1989 година биле спроведени првите избори по 1917 година, каде граѓаните можеле да избираар меѓу повеќе од еден кандидат за пратеничко место. Во текот на овие избори Горбачов се соочил со две главни тешкотии. Првата била поврзана со појавата на внатрепартиска опозиција, која инсистирала за радикални реформи и воведување на принципите на демократијата и повеќепартиски систем. Оваа опозиција била предводена од Борис Елцин, шеф на Московската партиска организација кој на изборите добил значителна поддршка. Другата тежина од политичка природа, со која се соочил советскиот лидер, е појавата во редовите на највисоката партиска номенклатура на група која барала умерени реформи. Таа група била предводена од Егор Лигачов и била на мислење дека курсот на промени го загрозувал интегритетот на државата. Постоел и круг на приврзаниците на традиционалниот советски систем. На 7 март била објавена конечната листа на кандидати. Околу 85% од нив биле членови на Комунистичката партија. Од независните најголема популарност стекнал Борис Елцин.

Првата седница на новиот Конгрес на пратениците траел од 25 мај до 9 јуни 1989 година. Иако тврдокорните струи ја повратиле контролата на комората, реформистите го користиле законодавниот дом како платформа да се дебатира и критикува советскиот систем. На 29 мај, Елцин успеал да обезбеди место во Врховниот Совет, , и во текот на летото ја формирал првата опозиција која била составена од руските националисти и либерали. Успехот на Елцин и неговото движење на изборите дополнително ги заостриле критиките на реакционерот и ги зајакниле неговите позиции во КПСС. Така поделбата во партијата и општеството се продлабочувало. На 12 јуни 1990 година Парламентот на Руската Федерација прифатил Декларацијата за суверенитетот на Русија. Со овој потег Борис Елцин, кој во меѓувреме бил избран за претседател на Русија, се обидел да се ослободи од контролата на Горбачов и на советските органи.

Пресвртница во историјата на Советскиот сојуз е Декларацијата за суверенитетот на Русија од 12 јуни 1990 година. По објавувањето на рускиот суверенитет процесот на распаѓање на СССР станал реалност. На 20 јуни Узбекистан објавил независност, на 23 јуни тоа го направила и Молдавија, на 16 јули - Украина, на 27 јули - и Белорусија. Процесот продолжил - на 23 август Ерменија, на 30 октомври Казахстан, а на 12 ноември - Киргистан. Горбачов изразил принципиелна согласност со изјавите на републиките за суверенитет, но ја бранел тезата за зачувување на заедничката држава.

На 17 март 1991 година во земјата се одржал референдум за зачувување на заедничката држава - 77% од гласачите го поддржиле предлогот за "обновена федерација на суверените републики", но Ерменија, Естонија, Литванија, Латвија и Молдавија го бојкотирале референдумот. Во пролетта и летото на 1991 година претседателот и претставниците на 9 републики подготвиле сојузен договор, според кој ќе се внесе демократијата во рамките на суверените држави. Декларацијата за формирање на новата федерација била подготвена од деветте лидери и претседателот на 25 април 1991 година. Потпишувањето на Договорот за основање на Заедница на независни држави било предвидено за 20 август 1991 година. Следниот ден се очекувало откривање на седницата на Советот на федерацијата, кој требало да донесе решение за радикализација на реформите и решавање на актуелните економски проблеми.

Во меѓувреме, сепак конзервативните сили во раководството на СССР на 19 август 1991 година направиле обид за државен удар. Горбачов, кој е на одмор на брегот на Црно Море, бил уапсен и била прогласена вонредна состојба. Во овој момент на преден план на советската политичка сцена излегол Борис Елцин, претседателот на РСФСР. Тој ги презел настаните во свои раце и ги обединил сите противници на обновата на стариот политички систем.

На 23 август 1991 г. Елцин издал указ за забрана на КПСС. На 9 декември во Москва се одвила средба меѓу Горбачов и Елцин на која Елцин му кажал на Горбачов дека сојузот повеќе во пракса не постои и дека тој треба да си поднесе оставка. На 23 декември двајцата се сретнале за да разговараат околу начинот на предавањето на власта. Така, по два дена, на 25 декември Горбачов официјално подал оставка преку своето обраќање на нацијата кое било предавано преку советската телевизија.

Историја на Руската Федерација

уреди

Историјата на Руската Федерација претставува дел од историјата на Русија и го опфаќа периодот од 1992 до денес. Со распаѓањето на Советскиот Сојуз на 26 декември 1991 година, Руската Федерација стана незавсна држава.

Русија е најголема од петнаесетте републики кои го сочинувале Советскиот Сојуз, со повеќе од 60% од БДП и над 50% од советското население. Русите, исто така, доминирале и во советската војска и на Комунистичката партија. Главно поради ова, Русија била широко прифатена како наследник на Советскиот Сојуз во дипломатските работи и го презела правото на вето во Советот за безбедност.

Но и покрај ова прифаќање, пост-советска Русија немала воена и политичка моќ како поранешниот СССР. Пред распаѓањето на Советскиот Сојуз, Борис Елцин бил избран за претседател на Русија во јуни 1991 година во првите слободни демократски претседателски избори во руската историја. Во октомври 1991 година, во времето кога Русија била на работ на независност, Елцин најавил дека Русија ќе продолжи со радикални пазарни реформи по должината на границата со Полска, исто така позната како „шок терапија“.

Пред распаѓањето на СССР, земјата имала втора по големина економија во светот, веднаш по САД. таа се засновала врз системот на државна сопственост управувана преку Госплан, Госбанка и Госнаб. До раните 1980-ти Советските вооружени сили биле најголеми во светот по бројот на војници, по бројот и видовите на оружје, како и по големината на воено-индустриската база. Потрошувачката во одбраната изнесувала 25% од БДП, на штета на вложувањата во инфраструктурата и потрошувачките добра. . Кога Михаил Горбачов дошол на власт во 1985 година, стапката на економски пораст во СССР била близу 0%, најмногу како резултат на падот на цената на нафтата, која правела 60% од вкупните приходи на земјата од извоз.

Борис Елцин

уреди

Борис Николаевич Елцин (руски: Борѝс Никола̀евич Ѐльцин) е првиот претседател на Руската федерација.

Роден е на 1 февруари 1931 година во селото Бутка во близина на Свердловск, СССР. Во текот на 1955 година дипломирал по градежништво. Во текот на студентските си години, Елцин се занимавал со одбојка. Во 1961 година станал член на Комунистичката партија на СССР. Имал брз напредок низ партиската хиерархија за во 1975 година стане секретар во Свердловск, таен советски град, во кој има исклучиво воена индустрија. Михаил Горбачов во 1985 одлучил да го назначи за градоначалник на Москва, чија главна цел била да се справи со корупцијата во градот и партијата. Реформаторската ревносност на Елцин им засмело на многумина "стари комунисти," кое довело до негов судир со Горбачов. Во 1988 година го напуштил Политбирото. И покрај прогонот тој останал популарен меѓу народот.

По распаѓањето на СССР Елцин го превзел раководството со Руската федерација. Бил избран за претседател во два мандата. Во август 1991 година најтврдокорните комунисти се обиделе да изведат воен удар против Горбачов. Елцин успеал да го спречи тоа и да го врати Михаил на чело на државата. Во тие моменти маестрално го искористил обидот за пуч за јавно да ги дискредитира и Горбачов и заговорниците. По ова тој ја забранил Комунистичката партија, што до крајот на 1991 година, довело и до конечно распаѓање на Советскиот сојуз. Од тој момент, Елцин станал претседател на самостојна Русија.

Две години подоцна, во 1993, рускиот парламент повторно се нашол под опсада, но овојпат тенковите излегле по наредба на Елцин. Опозиционите пратеници се противиле на повикот за нови избори, што гарантирано значело дека истите ќе ги исфрли од парламентот. По акцијата на војската, бунтовниците се предале.

Во 1994 година, руската војска се одидела да го смири бунтот во далечната јужна република Чеченија. Резултатот на војната бил десетици илјади убиени, целосно уништени градови и срамен пораз за моќната руска армија. И покрај моќната опозиција од комунистичката парија, Елцин на изборите во 1996 успеал да се воскресне и со енергична кампања повторно да ги добие претседателските избори. Ова беше времето кога Руската приватизација создала мал број на т.н руски олигарси, кои станале побогати и повлијателни и од самиот претседател.

Во ноември 1996 година, во централната московска болница, на Елцин му била извршена успешна операција за петократен бајпас. Два месеца подоцна бил повторно хоспитализиран како резултат на пневмонија. Лошата здравствена состојба значително ја намалило неговата контрола над власта, која се повеќе била разграбувана од неговите блиски соработници. Откако во рок од 2 години разреши вкупно 4 премиери, во август 1999 година, за претседател на владата го назначил поранешниот шпион Владимир Путин. На 31 декември 1999 Елцин го прави својот најнеочекуван потег, објавувајќи дека се повлекува од претседателската позиција и на своето место го назначи дотогашниот премиер Владимир Путин, со кој потпишал указ кој гарантирал дека Елцин нема да биде судствено испитуван.

Починал на 76 години на 23 април 2007 година.

Први години од Руската Федерација

уреди

Шок терапија

уреди

Реализацијата на едни од најголемите светски производители од државна во пазарна економија започнала сосема тешко, без оглед на политичкиот живот кој владеел во земјата. Новата држава требало да се соочи со тешката транзиција преку либерализацијата, стабилизацијата и приватизацијата. Овие нови политики во Русија главно се засновале на т.н. Вашингтонски концензус подржан од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, и американското Министерство за финансии.

Самата програма на либерализација и стабилизација била дизајнирана од вицепремиерот на земјата, Јегор Гајдар, кој во тоа време бил на само 35 години и бил претставен како либерален економист кој е склонет кон радикални реформи и кој широко ја застапувал тезата на т.н. шок терапија. Шок терапијата започнала само неколку денови по распаѓањето на Советскиот Сојуз, кога на 2 јануари 1992 година, рускиот претседател Борис Елцин наредил да се започне со либерализација на надворешната трговија, цените и валутата. Ова значело ослободување од советската ера кога цените биле контролирани од самата држава. Целта била да се отстранат субвенциите кон државните претпријатија и да се овозможи увоз на рускиот пазар со цел да биде намалена силата на државните и локалните монополи.

Делумните резултати од либерализацијата (односно укинувањето на контролата над цените) довеле до голема хиперинфлација во земјата, првично поради монетарната политика и големата скептичност која постоела во елциновите реформи. Многу бргу по создавањето на новата руска држава, таа се соочила со можност од банкротирање. Процесот на либерализација во земјата создал победници и губитници, во зависност од индустријата на претпријатието, како и во зависност од класите, старосните групи, етничките групи, области и други сектори во руското општество. Од самата либерализација и приватизација дошло да победниците се оформат како нова класа на претприемачи и група на луѓе. Од друга страна пак, фиксните приходи го загрозил животниот стандард на голем број од населението, а самите заштеди на луѓето биле буквално избришани од нивните сметки.

Големината на инфлацијата, како и програмата на стабилизацијата довеле до зголемување на каматните стапки на рекордно ниво, што предвидувало до големи даноци, намалување на владините субвенции за индустријата и градежништвото, намалување на државната помош кон социјалните случаи. Голем број на претпријатија се нашле на прагот на банкрот, затварајќи голем дел од истите и долготрајна економска депресија.

Руска уставна криза

уреди

Руската уставна криза од 1992-1993 година е граѓански конфликт во Руската Федерација.

Кризата била предизвикана од спротиставувањето на две политички сили: од една страна - Претседателот на Руската Федерација - Борис Елцин и контролираната од него извршна власт, а од друга страна - раководството и поголемиот дел од пратениците во Врховниот совет и Собранието на народните пратеници, на чело со Руслан Хасбулатов и потпретседателот на Русија - Александар Руцкој.

Уставната криза во земјата станала како последица на промените во уставниот уред, новиот Устав и социо-економскиот развој на Руската федерација. Претседателот барал брзо усвојување на новиот Устав, зајакнување на претседателската власт и либерализација на економските реформи. Од друга страна Врховниот совет и Собранието на народните пратеници барале задржување на целата власт на парламентот и биле силно против новите реформи односно шок-терапијата. Поддржувачите на Врховниот совет се надевале на сегашниот Устав, според кој (страна 104) највисок орган на државната власт на Руската Федерација е парламентот.

Односите помеѓу претседателот и парламентот се влошиле во толку голема мера што Елцин на 21 септември го распуштил законодавството во земјата, и покрај тоа што тој немал овластување за истото во тоа време. Елцин ги икористил резултатите од референдумот од април 1993 година за да ги оправда своите постапки. Во одговор на тоа, парламентот изјавил дека одлуката на претседателот беша поништена и неважечка, а заменик-претседателот Александар Руцкој бил прогласен за вршител на должноста претседател.

Кулминација на кризата станала кога настапило големи крвопролевања пред зградата на московскиот градоначалник, пред телекомуникациската кула и при нападот на Белиот дом, каде на 3 октомври 1993 година, според владини проценки загинале 187 лица а 437 биле повредени. Според извори блиски до комунистите, бројот на жртвите бил околу 2.000 луѓе.

Економската депресија и социјално пропаѓање

уреди

Руската економија потонала во длабока депресија кон средината на 1990-тите години. Финансиската криза во земјата владеела до 1998 година, кога во периодот од 1999-2000 година започнала да покажува позитивни резултати. Според руските владини статистики, економската депресија во Русија била многу потешка за разлика од големата депресија во САД на бруто-домашниот производ .

По економскиот колапс на земјата во 1990-тите години, Русија страдала од нагло зголемувае на стапката на невработеност и сиромаштија, како и од економска нееднаквост . Врз основа на проценките од Светска банка и нејзините маркоекономски податоци на приходите и расходите, во почетокот во Русија имало околу 1,5% сиромашно население, за разлила од 1993 и 1994 година, кога тој процент се зголемил на дури 49% од населението . Приходите по жител се намалиле за уште 15% во 1998 година, според владини податоци.

Според здрствените индикатори, во 1999 година бројот на населението се намалило, животниот век паднал од 64 години во 1990 до 57 години во 1994 година за мажи, додека кај жените се намалил од 74 години на 71 година. Во исто време бил зголемен и бројот на смртни случаи кај младите луѓе, зголемувајќи го процентот на убиства, самоубиства, сообраќајни незгоди. Според податоци од 2004 година, животниот век постигнал пораст, но процентите биле далеку од оние во 1990 година. Во 1990-тите години бил намален и процентот за стоки за широка потрошувачка. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, земјата сеуште го немала отворено својот пазар за увоз. Куповната моќ на населението значително се намалила. До 2004 година, просечниот приход во земјата се зголемил за повеќе од $ 300 месечно. Ова најмногу се должи на високата цена на нафтата на пазарот. Сепак, растечкиот приход не е рамномерно распределен во сите области на економијата.

Прва чеченска војна

уреди

Првата чеченска војна претставува воен конфликт меѓу Руската Федерација и Чеченската Република Ичкерија од декември 1994 до август 1996 година. Конфликтот се водел во Чеченија и неколку населени места во соседните региони на Северен Кавказ со цел да се задржи Чеченија во составот на Руската Федерација. Овој конфликт најчесто се нарекува "Прва чеченска војна", иако името на властите гласи:Мерки за одржување на уставниот поредок на Руската Федерација. Конфликтот се одликува со голем број на жртви меѓу цивилното население, како и на војници, масовен геноцид на руските жители во Чеченија и граѓани од други националности.

И покрај одредени воени успеси на Министерството за внатрешни работи на Русија, овој конфликт станал повод за повлекување на руските сили од Чеченија и независност на Чеченија.

Заднина

уреди
Џохар Дудаев
уреди

Џохар Мусаевич Дудаев (роден на 15 февруари 1944 - починал на 21 април 1996) бил чеченски сепаратист, првиот претседател на самопризнаената Чеченска Република Ичкерија. Во минатото бил генерал-мајор на воздухопловните сили на СССР и единствениот генерал во Советската армија од чеченско потекло.

Роден е на 15 февруари 1944 година во селото Јалхори, Чеченија. Во 1962 година стапил на служба во советската армија. Стигнал до титула генерал-мајор од воздухопловните сили. Учествувал во војната во Авганистан во периодот од 1979 до 1989 година. Во годините 1987-1990 бил командант на дивизијата за стратегиски бомбардери во Естонија.

Во 1990 година Зелимхан Јандарбиев го убедил Дудаев да се врати во Чеченија и да основа национално-револуционерно движење. Во октомври 1991 година со одлука на Врховниот Совет на РСФСР, Чечено-Ингушката република била поделена на дела - Чеченија и Ингушетија. Оваа одлука довела до катализација на националните процеси и многубројни вооружени судири.

На 27 октомври 1991 година бил избран за претседател на Чеченија. Со премолчено одобрение на претседателот започнал прогонот на руското население во републиката. На 1 ноември со својот прв указ ја прогласил независноста на Чеченската Република Ичкерија. На 7 ноември претседателот на Русија Борис Елцин издал декрет за воведување на вонредна состојба во Чеченија. Како одговор на ова Дудаев вовел воена состојба. На 3 март во Рига, Дудаев изјавил дека Чеченија ќе седне на масата за преговори, само во случај доколку Москва ја признае нејзината независност.

На 12 март 1992 година парламентот на Чеченија го прифатил уставот на републиката, со која ја прогласила независноста на Чеченија. Чеченските власти, речиси немале некој поголем организиран отпор и го презеле руското оружје на нивна територија. На 17 април 1993 година Дудаев го распуштил Советот на министри на чеченската република, Парламентот, Уставниот суд и Градското собрание на Грозни и вовел на целата територија на републиката директна претседателска власт и полициски час.

На 17 април 1993 година Джохар Дудаев распушти Советот на министри на чеченската република, Парламентот, Уставниот суд и Градското собрание на Грозни и воведува на целата територија на републиката директна претседателска власт и полициски час.

Во декември 1994 година рускиот претседател Борис Елцин го потпишал указ за влегување на руските војници во Чеченија. Од тој момент започнала и потрагата на чеченскиот претседател Дудаев. Против него биле направени три обиди за атентат кои завршиле неуспешно. На 21 април 1996 година во текот на војната во Чеченија, откако претходно и темелно ја разработиле операцијата, руските тајни служби лоцирање сигнал од сателитски телефон на Дудаев во регионот на селото Гехи-Чу, на 30 километри од Грозни. Претходно биле подигнати 2 бомбардери Су-24. Дудаев бил разнесен со наведуван проектил во 1996 година. Авионот го насочил проектилот кон сигналот од мобилниот телефон на Дудаев, додека тој договорал примирје со руски офицери

Во текот на 1991 година, луѓето околу Џохар Дудаев започнале да не го почитуваат месниот врховен комитет. По распаѓањето на СССР, Дудаев го објавил излегувањето на Чеченија од составот на Руската Федерација и го прогласил создавањето на република Ичкерија. По ова, следувало прекратување на плаќањата на даноци во општиот буџет и им забранил на руските специјални служби да ја посетуваат републиката. Во ноември 1991 година, Борис Елцин испратил воени трупи во Грозни, но истите биле принудени да се повлечат кога силите на Дудаев го опколил аеродромот.

Руската нафта за Чечнија продолжила да се доставува до 1994 година. За нафтата Дудаев откажал да плаќа, и истата започнал да ја продава во странство. Во негова корист останале и голем број на руско оружје, како 42 тенка, 34 пешадиски борбени возила, 260 авиони, 57,000 оружје и.т.н. Чеченија прогласила целосна независност од Москва во 1993 година. Во текот на летото 1994 година започнале воени дејствија помеѓу силите на Дудаев и опозициските сили на повремениот совет. На 26 ноември опозициските сили безуспешно се обиделе да го зазмат објектот каде се наоѓа парламентот. Во исто време Дудаев заробил неколку руски военоначалници.

Во периодот од 1991 до 1994 година, десетици илјади луѓе, главно од етничка припадност, започнале да ја напуштаат Чеченија бидејќи врз истите биле спроведувано насилство и дискриминација против нечеченското население, главно составено од Руси, Украинци и Ерменци . Чеченската индустрија започнала во голема мера да опаѓа, главно поради протерувањето на руските главни инженери. Во текот на предвоениот период, во март 1992 година имало обид за државен удар од страна на опозицијата, но нивниот обид бил крваво задушен. По еден месец, во април 1992 година, Дудаев вовел директна наметнета претседателска власт, а во јули 1993 година го распуштил парламентот за да избегне можен неуспешен референдум за одделување од Руската Федерација. Така, до крајот на октомври 1992 година, покрај границата со Чеченија биле распоредени руските сили, а од друга страна пак, Дудаев прогласил вонредна состојба и се заканил со општа мобилизација ако руските трупи не се повлечат од границата на Чеченија.

Воени дејствија

уреди

Во текот на декември 1994 година, руските сили започнале воздушни бомбардирања на Чеченија. На 11 декември 1994 година, пет дена откако Дудаев и Павел Грачев, рускиот министер за одбрана се согласиле за избегнување на воени дејствија, руските сили влегле во републиката со цел да го воспостават уставниот поредок на земјата и да го зачуваат територијалниот интегритет на Руската Федерација.

Прва битка за Грозни

уреди

Првата битка за Грозни претставува дел од Првата чеченска војна. Битката започнала откако руските воени сили го нападнале чеченскиот главен град во декември 1994 година, а истата завршила кон крајот на февруари 1995 година, кога бил заземан градот. Битката се одликува со големи загуби на двете страни, посебно кај цивилното население.Оваа победа на руските сили била само привремена, бидејќи во 1996 година започнало повторното зазимање на градот од страна на чеченските гирилци.

Главниот руски напад на градот Грозни започнал на 31 декември 1994 година. Околу 6,000 руски војници започнале да напредуваат по улиците на градот зазимајќи го од три страни. И покрај тоа што чеченските војски биле помалку на број, тие со дополнителна мотивација дале огромен отпор за нивна одбрана на градот. Голема улога кај чеченските сепаратисти одиграле Шамил Басаев, кој раководел со искусните чеченски доброволци кои претходно се бориле против грузиските војски во Абхазија.

Битката за Грозни во следните денови се претворила во огорчена борба за секоја куќа. Чеченските сили ги пропуштале најпрвин руските да навлезат во градот, по кое истиот круг го затварале и ги уништувале сите руски сили кои се наоѓале во средината. Посебно тешко поминала руската 131 бригада, која во борбите околу железничката станица изгубила 20 од 26 тенкови и 100 о 120 оклопни возила заедно со околу 1,000 убиени војници вклучувајќи го и командантот.Руските сили по ова продолжиле со бомбаридирање на градот. За околу еден час, во градот паѓале околу 4,000 гранати. Сепак, во првиот обид, руските сили не успеале да воспоставт контрола над градот па се повлекле. Русите дури не можеле да ги повлечат мртвите тела на своите војници, а се претпоставува дека таа бројка била околу 2,000 Руси. Конфликтот во Грозни предизвикал голем интерес од медиумите, па Русија под меѓународен притисок биле принудена да се повлече.

По повлекувањето, руските единици го промениле планот за напад на градот, а во исто време добиле и појачување од страна на елитата единица. Русите на 3 јануари 1995 година започнале со вториот интензивен напад на градот, но овој пат се фокусирале на постепено освојување на градските населби наместо како првиот пат, кога напаѓале по целиот град. И покрај тоа, Чеченските сили одбиле да се предадат и пружиле огромен отпор. Во еден напад на чеченските сили загинал рускиот генерал Виктор Воробјов. На 20 јануари руските сили успеале да го заземааѕ центарот на градот и претседателската палата, а Машкадов се преселил во својот генералштаб на југот од градот.

Денот кога била зазедена претседателската палата, Борис Елцин објавил дека војната во Чеченија е пред својот крај. По неколку дена, руските сили започнале да го затворат обрачот околу јужниот дел на градот, место од каде доаѓале сите ресурси на Чеченците. По ова, следувало воздушни напади на тој дел од градот.

До крајот на февруари 1995 година, руските сили го контролирале целиот град, а на 7 март прогласиле победа. Голем дел од чеченските сили побегнале преку реката и заминале во планина, продолжувајќи ги герилските напади.

По падот на Грозни

уреди

По заземањето на Грозни, руските сили полека започнале својата контрола да ја прошируваат околу областите на градот, како и на планините. По ова следувала нова руска офанзива на 15 април по должината на целиот фронт, притоа остварувајќи голем успех. Специјалните единици на ОМОН постепено започнале да ги зазимаат и другите градови во јужниот дел од земјата. Градот Гудермес бил освоен без борби, а по ова паднало и селото Дарго и Беној. Според анализџа на американските служби, загубите на руските сили се движело од околу 2,800 мртви, 10,000 повредени, повеќе од 500 исчезнати или заробени.

Како што воените дејзтвија продолжувале, така чеченските сили започнале да се служат со заложнички дејствија, со кое се обидувале да влијаат врз руската јавност. Во јули 1995 година, една група на чеченски терористи под раковоство на командантот Шамил Басајев под своја контрола зел 1,500 заложници во јужна Русија, во една болница во Будјоновск, каде околу 120 руски цивили загинале пред да биде потпишан прекин на огнот. Ова им овозможило на чеченските сили да ги прегрупираат своите позиции и да се подготват за следната воена операција.

Според извештајот на ООН, чеченските сепаратистички сили во своите редови вклучувале голем број на деца-војници, некои на возраст од 11 години. Освен тоа, во своите редови имало и женски војници . Герилската војна на Чеченците, како и постојаните заседи биле главното оружје во продолжението на војната. Во есента на 1995 година, генералот Анатолиј Романов, федерален командант во Чеченија во тоа време, бил тешко повреден и парализиран во експлозија на бомба во Грозни.

Будјоновска заложничка криза

уреди

Терористичкиот напад во градот Будјоновск е напад на група чеченски терористи кој траел во периодот од 14 до 19 јуни 1995 година. Заложничката криза настанала откако група терористи од околу 8 до 20 луѓе на чело со Шамил Басаев зеле под своја контрола повеќе од 1600 заложници во болницата во јужниот руски град Будјоновск, на околу 110 километри северно рската република Чеченија, со цел да ги принудат руските власти да ги прекинат воените дејствија во Чеченија и да започнат преговори со Џохар Дудаев. Инцидентот резултирал со прекин на огнот меѓу руските и чеченските сили.

Членовите на групата на Басаев навлегле во Ставрополскиот крај сокриени во колона од воени камиони. На 14 јуни околу пладне, тие ја нападнале главната полициска станица и Градското собрание, каде ги издигнале чеченските знамиња над владините канцеларии. По неколку часа, откако дошле руските сили, чеченските сепаратисти се повлекле кон градската болница. Таму тие зеле под своја контрола од 1,500 до 1,800 заложници, поголемиот број од нив биле цивили, вклучувајќи и околу 150 деца и голем број на жени со своите новороденчиња.

Заложничка криза

уреди

Басаев упатил ултиматум, заканувајќи се дека ќе ги убие заложниците доколку неговите барања не бидат исполнети. Неговите барања се состоеле ос прекин на огнот и крај на Прва чеченска војна|Првата чеченска војна, директни преговори со Русија и независност на Чеченија. Исто така, Басаев побарал од руските власти да донесат новинари на местото на настанот на кој ќе им дозволи да влезат во болницата. Рускиот претседател Борис Елцин веднаш ветил дека ќе стори сé што е можно за ослободување на заложниците, го осуди нападот како "без преседан исполнето со цинизам и суровост."

На околу 20:00 на 15 јуни, на Чеченците убиен заложник. Кога новинарите не дојде на договорено време, пет други заложници биле убиен по налог Басаев е . Њујорк тајмс цитира главен лекар на болницата дека "неколку од Чеченците само грабнал пет заложници по случаен избор и шут да ги му покажат на светот дека се сериозни во нивните барања дека руските војници ја напушти својата земја."

Во околу 20:00 часот на 15 јуни, чеченските терористи убиле еден заложник. Кога новинарите не дошле во договореното време, други пет заложници исто така биле убиени по налог на Басаев. . По три дена опсада, руските власти им наредиле на безбедносните сили да ја заземат болницата. Силите за безбедност биле составени од полицијата, специјалните сили од ФСБ и елитната група Алфа. По неколку часови борба, во која голем дел од заложниците биле убиени, бил договорен прекин на огнот и 227 заложници биле ослободени а други 61 пак биле ослободени од страна на руските сили.

Вториот руски напад по само неколку часа врз болницата исто така не успеал, и истиот резултирал со уште поголем број на жртви. Руските власти ги обвиниле чеченските терористи дека ги користиле заложниците како живи штитови.

Крај на кризата

уреди

На 18 јуни, преговорите меѓу Басаев и рускиот премиер Виктор Черномирдин довеле до пресвртница во Првата чеченска војна. Во замена за заложниците, руската влада се согласила да ги запре воените дејствија во Чеченија и да се започнат преговори меѓу двете страни.

Ослободените заложници биле особено лути на претседателот Борис Елцин бидејќи претходно употребил сила . Елцин во меѓувреме отишол на самитот на Г-8 во Канада, каде го осудил стореното. На 19 јуни, поголемиот дел од заложниците биле ослободени. Басаев, со околу 120 заложници, вклучувајќи и 16 новинари и 9 пратеници од Државната дума се повлекле во Чеченија, во близина со границата на Дагестан. Таму и останатите заложници биле ослободени, а Басаев заедно со уште неколку новинари отишле во селото Дарго каде тој бил пречекан како херој.

Број на жртви

уреди

Според официјалните бројки, 129 цивили биле убиени, а 415 биле повредени во целиот настан (од кои 18 починале подоцна од нивните рани). . This includes at least 105 hostage fatalities. Сепак, според независна проценка, 166 од заложниците биле убиени, а 541 повредени во нападот врз болницата Најмалку 11 руски полицајци и 14 војници биле убиени. Извештајот поднесен од страна на Русија во Советот на Европа гласел дека 130 цивили, 18 полицајци и 18 војници загинале, а повеќе од 400 лица биле повредени.

Над 160 згради во градот биле уништени или оштетени, вклучувајќи 54 општински згради и 110 приватни куќи. Многу од поранешните заложници претрпеле психолошки трауми.

Проширување на војната

уреди

Според декларацијата на главниот муфтија на Чеченците, Ахмад Кадиров, конфликтот се претворил во Света војна или џихад против православна Русија, повикувајќи слични организации од соседството да се вклучат во војната. Се проценува дека околу 5,000 војници работеле како доброволци, и истите биле добро мотивирани од религиозни или националистички причини.

Следувала Кизларската заложничка криза. Терористичкиот напад во градот Кизлар или Кизларската заложничка криза е напад на група чеченски терористи кој траел во периодот од 9 до 18 јануари 1996 година за време на Првата чеченска војна. Наскоро по започнувањето на кризата, настанот се претворил воогромна заложничка криза во која биле вклучени илјадници цивили.

Кризата кулминирала кога во една битка кај селото Первомајское било уништено целото село од страна на руските безбедносни сили. За време на кризата, 41 цивили биле убиени, 37 руски војници и 90 чеченски терористи.

Почеток

уреди

На 9 јануари 1996 година, чеченската единица предводена од Салман Радуев, кој делувал по наредба на Џохар Дудаев, започнал заложничка криза слична на Будјоновската криза во Дагестан. Бунтовниците предводени од самиот Радуев навлегле во градот Кизлар каде под своја контрола зеле од 2,000 до 3,400 заложници во локалната болница. Според руски извори, немало повеќе од 1.200 заложници. Во текот на операцијата, најмалку 13 лица загинале во уличните борби и 19 во опсадата на болницата, вклучувајќи и 24 цивили ).

Сите 120 заложници биле ослободени следниот ден, откако руските власти изјавиле дека бунтовниците мораат најпрвин да ги ослободат заложниците за да им биде гарантиран безбедносен премин назад во Чеченија. .

Опсада на Первомајское

уреди

Бунтовниците по крајот на заложничката криза во Кизлар, во колона од 11 автобуси и два камиони биле упатени назад во Чеченија. Но конвојот бил сопрен откако руските хеликоптери наеднаш отвориле оган кон конвојот. Група од 37 полицајци кои биле во придружба на конвојот се предадиле на чеченските бунтовници . По ова, чеченските сили навлегле во селото Первомајское, каде успеале да го заробат населението, се засолниле во локалната џамија и им наредиле на заробените полицајци да започнат да копат ровови. Според податоците, Чеченците заробиле дополнително околу 100-тина заложници од селското население .

Рускиот претседател Борис Елцин зборувал на националната телевизија и дал детален опис како 38 снајперисти требало да го покријат целосно селото. Пред да започне нападот, руските власти објавиле дека чеченските сили обесиле шест руски војници . Во наредните три дена, руските сили постојано се обидувале да се пробијат во селото, подржувани од тешко вооружување. Во нападите биле убиени најмалку 12 цивили, вклучувајќи го и полковникот Андреј Крестјанинов . На 12 јануари 1996 година, бунтовниците изјавиле дека ќе ги ослободат сите заложници, но во замена ги сакале политичарите Григориј Јавлински и Јегор Гаидар, кој бргу се согласиле, и пензионираните генерали Борис Громов и Александар Лебед, кои го одбиле повикот.

Откако преговорите не успеале, министерот за внатрешни работи на Русија, Анатолиј Куликов и шефот на ФСБ Михаил Барсуков лажно изјавиле дека машките заложници започнале да ги убиваат чеченските бунтовници. . По ова, руските команданти наредиле на своите сили да отворат оган врз селото со тенкови и повеќе ракетни фрлачи. Генерал-мајорот Александар Михајлов изјавил дека бунтовниците убиле поголем дел од заложниците , а премиерот Виктор Черномирдин пак изјавил дека во селото нема преживеано никој од заложниците. И покрај погрешната изјава, борбите продолжиле и најмалку 16 цивили загинале .

Крај на нападите
уреди

И покрај убедувањето на рускиот министер за внатрешни работи дека селото е опколено, Радуев и неговите луѓе успеале да побегнат од селото заедно со уште 20 руски полицаи и неколку цивили. Голем дел од повредените бунтовници биле пренесени на носилки, а околу 20 сериозно повредени биле оставени во селото. Во исто време, од 200 до 300 герилци, испратени од Дудаев, ја преминале границата со Чеченија, и презеле едно училиште во селото Советское, на само неколку километри од настанот. Терористите успеале да побегнат.

Според извештаите, 37 руски војници и 41 цивили беа убиени за време на нападот. Според Аслан Масхадов, 90 чеченски борци загинале во нападите додека пак Елцин изјавил дека нивниот број бил 153, а 30 биле заробени . Најмалку 65 лица, вклучувајќи и 24 цивили, биле пријавени за убиени во Кизлар.

На 19 јануари 1996 година, Радуев предложил размена на полициските заложници со чеченските заробеници. Според посебна резолуција од Државната дума, биле амнестирани 11 герилци. Тие биле заменети со 17 полицајци. На 27 јануари 1996 година, 26 мртви чеченски борци биле заменети со заложниците

Заложничката драма исто така предизвикала и поделеност меѓу чеченските сили. Самиот Салман Радуев бил осуден од страна на врвот на чеченскиот бунтовнички лидер . Радуев бил фатен од страна на Русите во текот на Втората чеченска војна и во 2001 година бил осуден на доживотен затвор. Тој починал во 2002 година, Истата година, Турпал Али-Атгериев бил осуден на 15 години затвор, кој исто така починал во затворот. И двајцата герилци починале под многу сомнителни околности. . Други два учесника во нападот биле осудени и тоа: Асланбек Алказуров на пет години затвор (починал во 2004 година и Хусеин Гасумов на осум години затвор .

Чеченска офанзива

уреди

На 6 март 1996 година, од 1.500 до 2.000 чеченски борци го нападнале Грозни и започнале тридневен напад врз градот, запленувајќи големо количество на оружје и муниција. Исто така, чеченските сили во март го нападнале и Самашки, каде стотина селани биле убиени. Еден месец подоцна, на 16 април арапскиот командант Ибн ал-Катаб уништил голем дел од една руска колона во заседа во близина на Шатој, каде загинале најмалку 53 војници, како и во уште еден напад во близина на Ведено каде загинале 28 војници .

Со зголемувањето на бројот на жртвите, војната станала многу непопуларна во Русија. Како што приближувале претседателските избори во 1996 година, така Борис Елцин започнал да бара излез од конфликтот. На 21 април 1996 година бил убиен главниот чеченски командант, Џохар Дудаев. Но и покрај тоа, војната и нападите продолжиле. Елцин дури прогласил и победа во Грозни на 28 мај 1996 година, откако бил потпишан привремен прекин на огнот.

На 6 август 1996 година, три дена пред Елцин официјално да го претстави својот втор мандат како претседател, и време кога поголемиот дел од руските војници се преселиле кон југ за нивна последна офанзива кон планинските предели, чеченските сили започнале ненадеен напад врз градот Грозни.

Битка за Грозни
уреди

Битка за Грозни претставува дел од Првата чеченска војна. Битката започнала откако чеченските вооружени сили спровеле изненаден напад врз градот Грозни на 6 август 1996 година. Нападот, познат како Нулта операција или Операција Џихад довел до конечен прекин на огнот и крај на Првата чеченска војна.

Претходно, главниот град бил заземен од страна на Русите во февруари 1995 година, каде од страна на руските сили имало голем број на убиени.

Напад на сепаратистите
уреди

Бројот на чеченските сили се движел од 1,300 до 3,000 војници. Во рок од една недела, нивниот број се зголемил на 7,000 како резултат на платениците и мобилизацијата на нови војници. Од друга страна, руските федерални сили се состоеле од околу 15,000 до 20,000 војници заедно со огромна воздушна артилериска помош. И покрај тоа, Аслан Масхадов употребил тактика која се покажала мошне успешна. Нападот започнал со постепено влегување на силите во градот, избегнувајќи ги руските контролни пунктови. Како главен фактор на успехот се должел нивното познавање на градот и неговите стратешки цели.

По навлегувањето во градот, наместо зазимање на руските контролни пунктови, полициски станици и стратешки улици, чеченските сили едноставно ги обиколиле истите и спречиле нивно бегство или засилување однадвор, чекајќи руските сили да се предадат . Најголемите битки се воделе низ улиците во центарот на градот, посебно пред објектот на владата и Мннистерството за внатрешни работи. Група од околу десетина руски новинари останале заробени во еден хотел. Во друг дел од градот биле заробени околу 500 Руси, кои се наоѓале во болница . Според руската новинска агенција, бројот на опкружени војници бил околу 7,000 . Про-руската чеченска влада успеала да побегне во една воена база надвор од главниот град .

Во исто време, чеченските единици, исто така нападнале и други поголеми градови во републиката, како Аргун и Гудермас.

Напад на руските сили
уреди

Руските сили првично пресметле дека нивните противници ќе го напуштат градот, па главно поради ова не презеле иницијатива за помош на оние кои биле заробени, посебно за единиците на МВР. Првите обиди за ублажување на ситуацијата не биле преземени додека во попладневните часови на 7 август, една воена колона била испратена на помош на опколените руските позиции. Сепак, еден ден претходно, групата предводена од Закаев запленила голем број на муниција. Според податоци од 2002 година, групата убила повече од 300 руски војници на железничката станица во Грозни.

Руската војска испратила друга колона на 8 август, но истите биле запрени и на тој начин биле запленети многу тенкови и оклопни возила. На петтиот ден, 900 луѓе на полкот 276 се обиделе да го преземат градот, но во рок од два дена жртвите биле околу 150 плус околу 300 повредени. Во текот на петте дена руска офанзива, руските сили изгубиле 18 тенка, 69 оклопни возила и други видови борбени возила, 23 камиони и 3 хеликоптери.

Европската Унија ги повикала двете страни да го прекинат огнот, но истиот повик немал ефект . Рускиот претседател Борис Елцин прогласен ден на жалост за жртвите во Чеченија. Според шефот на Меѓународниот Црвен Крст во Грозни, поголемиот дел од градот бил миниран, и покрај тоа што имало големи воздушни напади .

Преговори (11-14 август)
уреди

На 10 август, генералот Олег Лобов бил отпуштен и на негово место бил поставен Александар Лебед. Убеден дека една воена победа во тој момент за Русија е невозможна, тој одлучил да влезе во преговори со сепаратистите. Во ноќта на 11 август 1996 година, Лебед ги започнал преговорите со Алсан Масхадов.

Прекин на огнот (14-19 август)
уреди

На 14 август, чеченските сили речиси целосно го контролирале Грозни. Руските сили одбиле да се вратат во градот и се статиционирале на аеродромот. Во градот останале уште околу 2,000 руски војници, кои во недостиг на храна и муниција биле осудени на пропаст. Под овие околности, Лебед успеал да договори прекин на огнот.

Обнова на борбата и ултиматум (19-20 август)
уреди

Изненадувачки, на 19 август генералот Поликовски издал ултиматум кон бунтовниците да во рок од 48 часа го напуштат Грозни. Во случај на одбивање, нападите кон градот ќе се одвивале од сите правци со сите расположливи средства. Заканата резултирала со масовна паника меѓу цивилното население. Така, воздушните и артилериск напади започнале во раните утрински часови на 20 август. Во нападите, руските сили уништиле цели станбени блокови и најмалку една болница.

Крај на војната
уреди

Генералниот Лебед, сепак, успеал да се спречи натамошно крвопролевање во Грозни, додека руската офанзива во јужниот дел на планините продолжувала. По враќањето во Чеченија на 20 август, тој наредил прекин на огнот и се вратил на разговори со лидерите на бунтовниците, потпомогнати од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. На 22 август 1996 година, Русите се согласиле да ги повлечат сите своите сили во Чеченија. На 30 август 1996 година, Лебед и Масхадов потпишале договор, со кој бил ствен крај на војната.

По војната
уреди

По потпишувањето на договорот за крај на војната, биле потпишени уште два договори помеѓу Чеченија и Русија. Во средината на ноември 1996 година, Елцин и Масхадов потпишале договор за економска соработка и репарација на чеченското население кое било погодено од конфликтот. Во февруари 1997 година, Русија, исто така одобрила амнестија за чеченските сепаратисти кои учествувале во војната во Чеченија во периодот од декември 1994 и септември 1996 година.

Шест месеци по потпишувањето на договорот, на 12 мај 1997 година, новиот чеченски претседател, Аслан Масхадов отпатувал за Москва каде заедно со рускиот претседател Борис Елцин потпишале формален договор за мир меѓу двете земји и чеченскиот претседател се обврзал да дејствува доколку се појават било какви нови чеченски формации.

Сепак, за помалку од две години, некои од поранешните главни соработници на Масхадов, предводени од командантите Шамил Басајев и Ибн ал-Катаб, ја започнале инвазијата во Дагестан во летото 1999 година, а наскоро по ова Русија презела воени мерки врз Дагестан со кое започнала Втората чеченска војна.

Последици
уреди

Според Генералштабот на руската војска, во конфликтот загинале 3,826 војници, 17,892 биле повредени а 1,906 се водат како исчезнати . Според НВО, авторитетен независен воен неделник во Русија, најмалку 5,362 руски војници загинале за време на војната, 52,000 биле повредени и 3,000 се исчезнати . Според Унијата на мајките чии војници загинале во конфликтот, бројот на руските убиени војници е околу 14,000 врз основа на информации од ранетите војници . Во 2009