Магнетен квантен број

Во атомската физика,магнетниот квантен број е трет од сетот на квантни броеви(главен квантен број,азимутален квантен број,магнетен квантен број,како и спин квантниот број) кои ја опишуваат уникатноста на квантниот број на електронот и се обележува со буквата m.Магнетниот квантен број го означува нивото на енергија достапно во подслоевите.

Деривација

Има сет на квантни броеви кои се поврзани со енергетските состојби на атомот.Четирите квантни броеви n,l,m и s ја специфицираат комплетната и уникатна квантна состојба на еден електрон во атом којшто се нарекува бранова функција или орбитала.Брановата функција на Шредингеровата равенка се сведува на три равенки,кои кога ќе се решат се доаѓа до првите три квантни броеви.Затоа,равенките за првите 3 квантните броеви се сите меѓусебно поврзани.Магнетниот квантен број настана со решавањето на азимуталниот дел на бран равенката којашто е покажана подоле.

Магнетниот квантен број е поврзан со квантната состојба и е означен како m.Квантниот број m,се однесува на правецот на векторот на аголниот интензитет.На магнетниот квантен број m влијае само енергијата на електронот ако тоа е во магнетно поле бидејќи имаме отсуство на еден,сите сферични хармонии кои одговараат на различни произволни вредности на m се еквивалентни."M" исто така влијае и врз облакот на веројатноста.При дадено ℓ,m може да изнесува од - па се до ℓ.Попрецизно,за даден квантен број ℓ (го преставува азимуталниот квантен број поврзан со агол во даден момент) се добива 2+1 составени магнетни квантни броеви каде што m се движи од - до ℓ,кои го ограничуваат делот на тоталниот аголен момент заедно со должината на оската на количеството,така што тие се ограничени со вредностите на m.Овој феномен е познат како просторно количество.Тоа прв пат беше демонстрирано од страна на двајца Германски физичари,Ото Стерн и Валтер Герлач.Одкако секоја електронска орбита има магнетен момент во магнетното поле па така електронската орбитала ќе биде предмет на вртежниот момент кој има тенденција да се направи вектор L паралелен на полето.Прецизноста на електронската орбитала во магнетното поле се вика Ларморова прецизност.

За да се објасни магнетниот квантен број m треба да се започне со атомскиот електрон во аголниот момент,L,кој е поврзан со својот квантен број кој е поврзан со следната равенка: