Контекст (списание)

Context / Контекст е меѓународно списание на Институтот за македонска литература во Скопје.

Историјат

уреди

Context/Контекст е меѓународно научно списание за компаративна книжевност и интердисциплинарни културолошки истражувања. Во него се објавуваат рецензирани и типологизирани прилози на англиски и на македонски јазик. Списанието се објавува од 1995 година, а својот сегашен профил на меѓународно списание и со овој наслов го оформи во осмиот број во 2010 година (претходните седум броја беа печатени под насловот Книжевен контекст). На страниците на Context/Контекст се презентираат студии од домашни и странски автори посветени на проблемските подрачја на современите хуманистички дисциплини, со акцент врз нивното што посестрано испреплетување и комбинирање и мултиплицираното поврзување со социо-општествениот и културен контекст.[1]

Контекст е меѓународно списание и објавува прилози на англиски и на македонски јазик. Сите текстови се рецензираат. Ракописите и редакциската преписка се упатуваат на следната адреса:

Институт за македонска литература ул."Григор Прличев" бр.5,п. фах 455 1000 Скопје Република Северна Македонија context@iml.edu.mk

Уредувачки одбор

уреди

Меѓународен уредувачки одбор на Context / Контекст:

главен и одговорен уредник, д-р Соња Стојменска-Елзесер (Македонија)

д-р Лидеке Плате (Холандија)

д-р Звонко Танески (Словачка)

д-р Маруша Пушник (Словенија)

д-р Златко Крамариќ (Хрватска)

м-р Ема Лакинска, секретар (Македонија)

Наводи

уреди