Комутација на кола

Комутација на кола е методологија на извршување телекомуникациска мрежа, во која два мрежни јазли воспоставуваат наменет канал за комуникации (коло) низ мрежата пред јазлите да можат да комуницираат. Колото гарантира целосен пропустен опсег на каналот и останува поврзан за време на траењето на комуникацијата. Колото работи како јазлите да биле физички поврзани со електрично коло.

Дефинирање на пример на мрежа на "комутација на кола" е почетокот на аналогна телефонска мрежа. Кога се телефонира од еден на друг телефон, прекинувачи во рамките на телефонските замени прават непрекинато жичено коло помеѓу двата телефона сè додека трае повиот..

Комутација на кола се разликува од Комутација на пакети кое ги разделува податоците кои треба да бидат независно пренесени преку мрежата. Мрежните врски во комутација на пакети, наместо да бидат наменети на една комуникација тие се споделуваат преку пакети од повеќе конкурентни комуникациски сесии, а како резултат се јавува послаб квалитет на услугите кои ги овозможува комутација на кола.

Во комутација на кола постојано има мало доцнење за време на врската, за разлика од пакетното, каде што пакетните низи(редови)може да предизвикаат различни неодредено долги доцнења на пакетниот пренос.Ниедно коло не може да биде деградирано од други корисници затоа што тоа е заштитено од употреба од други повикувачи сè додека колото не се ослободи и не се постави нова врска. Дури и да нема комуникација, каналот останува резервиран и заштитен од други конкурентни корисници.

Виртуелна комутација на кола е технологија на комутација на пакети кое предничи во однос на комутација на кола, во смисла на тоа што врската се воспоставува пред какви било пакети да се пренесат, а пакетите се пренесуваат по ред.

Додека комутација на кола општо се користи за поврзување гласовни(звучни)кола, концептот на наменетата насока која трае помеѓу две лица кои разговараат или јазли ,може да да ја соопшти и содржината, а не само гласот.Неговата предност е што обезбедува континуиран пренос без општи трошоци со пакети кои овозможуваат максимална употреба на достапни врски за таа комуникација. Неговата мана е што може да биде неефикасен поради неупотребениот капацитет осигуран за врска и не може да се употребува од други врски на истата мрежа.

Повик

уреди

За подесување повик и контрола( и други административни цели), може да се употребува друг сигнален канал од крајот на јазелот до мрежата. ISDN е таква услуга (сервис) кој користи одделен сигнален канал додека обичниот стар телефонски сервис (POTS) не користи.

Методот на воспоставување на врскатата и следењето на нејзиното траење и порестанок низ мрежата може исто така да користи одделен контролен канал како во случајот на врски помеѓу телефонски размени кои користат CCS7 пакет-уклучен сигнален протокол за да му соопшти на подесувачот за повик и употребува TDM за да ги пренесе податоците.

Поранешните телефонски размени се соодветен пример за комутација на кола. Претплатникот барал од операторот да го поврзе со друг претплатник, без разлика дали е истиот преносител или преку интер преносна врска и друг оператор. Во секој случај, крајниот резултат бил физичка електрична врска помеѓу двата претплатника за време на траењето на врската. Бакарната жица која се користела за врска, не можела да се користи за пренесување други повици во исто време, дури и ако претплатниците не разговарале и линијата била тивка.

Споредба со датаграм на комутација на пакети

уреди

Комутација на кола се разликува од комутација на пакети кое ги дели податоците кои треба да бидат пренесени во помали единици, наречени пакети, и кои независно се пренесуваат низ мрежата. Комутација на пакети споделува достапна мрежна врска помеѓу повеќе комуникациски сесии.

Мултиплексни телекомникациски врски врз ист физички водич бил можен долго време но сепак секој канал на мултиплексната (вишеструка)врска бил или наменет на еден повик или помеѓу два повика.

Во комутација на кола како и во виртуелната комутација на кола рутата е резервирана од почетокот до крајот на одредиштето. Комутација на кола може да биде неефикасна затоа што капацитетот е гарантиран за врските кои се подесени но не се во постојана употреба туку моментална. Како и да е, врската е веднаш достапна.

Комутација на пакети е процес на делење на порака/податок која треба да биде пренесена во помали пакети. Секој пакет е означен со све одредиште и реден број за нарачување слични пакети, На крајното одредиште, првата порака се поврзува (се составува )по точниот редослед според пакетниот број. Датаграм пакетот не бара коло за да се воспостави и дозволува многу делови на јазли да комуницираат преку ист канал.

Примери за мрежи на комутација на кола

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди