Сметачки посредувано општење

Сметачки посредувано општење — определен како и секоја општење размена која се појавува при употреба на два или повеќе мрежно поврзани компјутери.[1] Иако поимот традиционално упатува на оние општења кои се појавуваат како сметачки посредувани формати (како на пример инстант пораки, е-пошта, соби за дискусија), исто така упатува и на други форми на текстуално засновани интеракции како што се текстуалните пораки.[2] Истражувањата за сметачки посредуваното општење најчесто се посветуваат на општествените последици добиени од различните сметачки поддржани комуникациски технологии. Многу од неодамнешните изучувања ги вклучуваат семрежно заснованите општествени мрежи поддржани од друштвена програмска опрема.

Опсег

уреди

Научниците од различни области го изучуваат феноменот кој може да биде опишан под општиот поим за сметачки посредувано општење. На пример, многу од нив користат социопсихолошки пристап до сметачки посредуваното општење преку испитувања како човечките суштества ги користат „компјутерите“(или дигиталните медиуми)за да управуваат со меѓучовечките интеракции, да ги обликуваат впечатоците, и да ги обликуваат и поддржуваат врските.[3][4] И покрај тоа што современото истражување се движи кон гледиштето дека сметачки посредуваното општење треба да се проучува како општење вметнато во секојдневниот живот, овие изучувања често се фокусираат на разликите помеѓу online и offline интеракциите[5]. Друг огранок од истражувањата околу сметачки посредуваното општење ја разгледува употребата на паралингвистички особини како што се емоции, прагматички правила како што е последователното зборување[6], секвенциски анализи и организација на разговорот[7][8], и разновидните социолекти, стилови, регистри или збир на терминолошки особини на оваа средина (види Leet- алтернативна азбука на англиски јазик користена воглавно на семрежјето). Во овој контекст изучувањето на јазикот обично се темели на текстуалните форми на сметачки посредуваното општење и понекогаш се разгледува како „сметачки посредувана дискурзивна анализа“.[9] Начинот на кој луѓето комуницираат во професионалната, социјалната, и образовната средина широко варира во зависност не само од околината туку и од начинот на општење во кој самото тоа општење се појавува (во овој случај тоа е општење преку сметачи или други информатички и технологии). Изучувањето на општењето преку стекнување на соработка со заеднички работни производи се нарекува сметачки поддржана соработка и вклучува само некои од интересите на сметачки посредуваното општење. Популарните облици на сметачки посредуваното општење ги вклучуваат е-пошта, видео, аудио или текстуалниот разговор (текстуалните конференции ги вклучуваат инстант пораките), bulletin boards - компјутерско системска програмска опрема која им допушта на корисниците да се поврзат и логираат во системот користејќи терминал (влезно излезните уреди тастатура и монитор образуваат терминал) програма, list-servs - мала програма која автоматски праќа пораки до многукратните e-mail адреси на e-mail листата и MMOs - масивна online игра. Овие форми се менуваат многу брзо со развитокот на новите технологии. Доста популарни станаа и weblogs, како и размената на RSS (навистина едноставна синдакција), кои им овозможија подобро на корисниците секој од нив да „стане сопствен издавач“.

Гледишта

уреди

Општењето што појавува во сметачки посредуван облик има дејство врз многу различни интеракциски погледи. Некои од нив, кои заслужиле посебно внимание во образовната литература вклучуваат впечатливо развивање, измама, групна движечка сила, слободно и посебно развивање. Сметачки посредуваното општење се разгледува и споредува со други комуникациски медиуми преку одреден број на погледи кои се смета дека се универзални за сите облици на општење, вклучувајќи ги (но не и ограничувајќи ги) синхронизацијата, трајноста, и анонимноста. Спојувањето на овие погледи со различните облици на општење задолжително варира. На пример, инстант пораките се внатрешно синхронизирани, но не се трајни, што значи дека една порака го губи целото значење ако се затвори дијалог кутијата, освен ако нема логирачка постава или мануална можност самиот разговор да се копира и да се зачува. Од друга страна пак е-пораките се бавни во синхронизацијата додека се очекува одговорот, но имаат висока трајност откако испратената и примената порака е зачувана. Сметачки посредуваното општење има одлики што го одделуваат од другите видови на комуникациски медиуми, а тука влегуваат краткотрајноста, нејзината мултимодална природа и нејзиниот релативен недостаток на управувачки закони на однесување[10]. Сметачки посредуваното општење ја има способноста да ги совлада физичките и социјалните ограничувања на другите облици на општење и поради тоа дозволува интеракции помеѓу луѓето кои физички не го делат истиот простор. Анонимноста, а донекаде и приватноста и безбедноста повеќе зависат од текстот и поединечната програма којашто се користи или пак од мрежното место кое што се посетува. И покрај тоа, повеќето истражувања на ова поле ја потврдуваат важноста за согледување на физичките и социјалните преплетувања на овие фактори и покрај техничките „ограничувања“.

Видови

уреди

Сметачки посредуваното општење може да се подели на синхронизирани и несинхронизирани облици. Во синхронизираното општење сите учесници се на линија во исто време, додека несинхронизираното општење се случува во безвременско ограничување.

Изучување на јазик

уреди

Сметачки посредуваното општење се дискутира во изучувањето на јазикот, бидејќи им дава можности на изучувачите на јазикот да го вежбаат својот јазик[11]. На пример,Warschauer[12] спроведе неколку истражувачки студии врз користењето на е-пораките односно создаде дискусионен совет составен од различни јазични средини. Warschauer[13] потврди дека информатичката и комуникациската технологија „ја спои историската поделеност помеѓу говорот ... и пишувањето“. На тој начин се зголеми грижата околу истражувањето за читањето и пишувањето на L2 (учењето на генерациите што следуваат) точно навреме за порастот на семрежјето.