Комплекс на повисока вредност
Комплекс на повисоки вредности е психолошки самоодбранбен механизам во кој чувството на супериорност на една личност се противи на чувството на инфериорност на личноста, или го прикрива.[1] Терминот го оформил Алфред Адлер во рамките на Школата за поединечна психологија. Тој го презентирал во рамките на низата од негови книги, меѓу кои и "Разбирање на човековата природа" и "Социјален интерес".
Дефиниција на Адлер
уреди"Не треба да се изненадиме ако во случаите каде што гледаме комплекс на пониски вредности, наоѓаме помалку или повеќе скриен комплекс на повисоки вредности. Од друга страна, ако го испитаме комплексот на повисоки вредности и го проучиме неговиот континуитет, секогаш можеме да најдеме повеќе или помалку скриен комплекс на пониски вредности.[2]
"Ако некоја личност е фалбаџија, тоа е само поради тоа што се чувствува инфериорно, бидејќи не се чувствува доволно силно да се натпреварува со другите на корисната страна на животот. Тоа е причината зошто останува на бескорисната страна на животот. Оваа личност не е во хармонија со заедницата. Се чини дека една од особините на човечката природа е дека поединците - и децата и возрасните - кога се чувствуваат слаби, сакаат да ги решат нивните проблеми во животот, така што ќе стекнат лична супериорност без никакво мешање на јавниот интерес. Комплексот на повисоки вредности е втората фаза по ред. Оваа фаза претставува компензација за комплекс на пониски вредности " [3]
"Комплекс на повисоки вредности е еден од начините на кои лицето со комплекс на пониски вредности може да се обиде да избега од сопствените потешкотии. Оваа личност претпоставува дека е супериорна кога таа не е, и овој лажен успех е компензација за чувството на инфериорност што таа личност не може да го поднесе. Нормалната личност нема комплекс на повисоки вредности; таа дури нема ни чувство на повисоки вредности. Таа има тенденција да биде супериорна на тој начин што таа се обидува да биде успешна; но сè додека оваа тенденција се изразува со работа, тоа не води кон погрешни проценки, кои се наоѓаат во коренот на менталните болести ".[3]
Интерпретации во модерната психологија
уредиНекои други автори сметаат дека е погрешно да се верува дека комплексот на повисоки вредности и комплексот на пониски вредности се два различни изрази на иста патологија и дека двата комплекси постојат во истата личност, бидејќи личноста со комплекс на повисоки вредности навистина верува во својата супериорност над другите.[4] Комплексот на пониски вредности може да се манифестира со однесување кое има за цел да им покаже на другите дека засегнатата личност е супериорна; поседува материјални вредности. Овие луѓе се претставуваат себеси како супериорни затоа што им недостасува чувство на адекватност. Луѓето кои страдаат од комплекс на повисоки вредности не секогаш се грижат за изгледот или суетата, бидејќи имаат вградено чувство дека се супериорни и затоа обично не се оптоваруваат со докажување на нивната супериорност кон другите. Поимот „комплекс на повисоки вредности“, во неговата секојдневна употреба, претставува високо мислење за себе. Во психологијата, ова не се однесува на чувство, туку на збир на однесувања кои укажуваат дека некоја личност верува дека е супериорна.
Наводи
уреди- ↑ - комплекс на супериорност
- ↑ Ansbacher, Heinz L., and Ansbacher, Rowena R., ed. The Individual Psychology of Alfred Adler - A Systematic Presentation in Selections from his Writings. New York: Basic Books Inc., 1956 (page 259).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ 3,0 3,1 Ansbacher, Heinz L., and Ansbacher, Rowena R., ed. The Individual Psychology of Alfred Adler - A Systematic Presentation in Selections from his Writings. New York: Basic Books Inc., 1956 (page 260).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ Kahn, Ada P. & Ronald M. Doctor. Facing Fears: The Source book for Phobias, Fears and Anxieties. New York: Checkmark Books, 2000.