Комора на овластени архитекти и инженери на Република Македонија

Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија e организација која ги соединува сите инженерски професии во Р Македонија. Таа е единствена инженерска Комора во Македонија која поседува јавни овластувања согласно легислативата за издавање на овластувања на инженерите за нивно професионално работење. Комората исто така потврдува странски овластувања од странски инженери кои работат во Р Македонија. Комората ја сочинуваат 12 инженерски одделенија со вкупно 2600 активни членови од вкупно 6000 членови. Комората е полноправна членка на Европскиот Совет на Инженерски Комори (ECEC), дел од Светската Федерација на Инженерски Организации (WFEO).

Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија
Основанадекември, 2007
СедиштеСкопје, Македонија Македонија
Мреж. местоkomoraoai.mk