Комодски варан

голем гуштер од Индонезија
(Пренасочено од Комодски змеј)
Комодски варан[1]
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Гуштери
Семејство: Вараниди
Род: Варан
Подрод: Варан
Вид: V. komodoensis
Научен назив
Varanus komodoensis
Ouwens, 1912[2]
Распостранетоста на комодскиот варан

Комодскиот варан или комодски змеј (науч. Varanus komodoensis) е најголемиот жив гуштер Варанус комоденсис, член на гуштерите со околоп од фамилијата Варанида. Тие живеат на островот Комодо и уште на неколку соседни острови во Индонезија. Речиси доведени до истребување, тие се заштитени во денешно време. Комодските варани растат до 3 метри во должина, достигнуваат до 135 кг во тежина, а можат да живеат до 100 години. Копаат јами за живеење кои достигнуваат длабочина до 9 метри. Мршите се нивната главна исхрана, но возрасните честопати јадат и помали примероци од комодските варани. Можат брзо да трчаат, повремено напаѓајќи и убивајќи луѓе.

Гуштерот се пари еднаш годишно и тоа само во периодот јули и август се парат 3 мажјаци и 1 женка. Јајцата сенесат во специјална ископана дупка направена посебно за јајцата,потоа женката лежи на нив 9 месеци кога ќе се изведат од јајцата ти излегуваат од јацата просечната должина им изнесува 35 см. Веднаш по излегувањето од земјата малите се селат на повисоките дрва за да се заштитат самите себеси од разни животни и секако мајката.

Наводи

уреди
  1. „Varanus komodoensis“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 19 јуни 2007. (англиски)
  2. Ouwens, P.A. (1912). „On a large Varanus species from the island of Komodo“. Bull. Jard. Bot. Buit. 2 (6): 1–3.