Комисија за човекови права на Обединетите нации
Комисијата за човекови права на Обединетите нации (UNCHR) била функционална комисија во рамките на целокупната рамка на Обединетите нации од 1946 година, сè додека не била заменета со Советот за човекови права на Обединетите нации во 2006 година. Таа била подружница на Економско-социјалниот совет на ООН (ECOSOC) и исто така била помагана во својата работа од Кабинетот на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (UNOHCHR). Комисијата била главниот механизам на ООН и меѓународен форум кој се занимавал со промоција и заштита на човековите права.
На 15 март 2006 година, Генералното собрание на ООН гласало со убедливо мнозинство да се замени Комисијата со Советот за човекови права на ООН.[1]
Историја
уредиКомисијата била основана во 1946 година од Економско-социјалниот совет на ООН и била една од првите две „функционални комисии“ формирани во рамките на раната структура на ООН (другата е Комисијата за положбата на жената ). Таа била тело создадено под условите на Повелбата на Обединетите нации (конкретно, според член 68) на која сите земји членки на ООН се потписнички.
Таа за првпат се состанала во јануари 1947 година и формирала комитет за составување на Универзалната декларација за човекови права, што била усвоена од Обединетите нации на 10 декември 1948 година.
Телото поминало низ две различни фази. Од 1947 до 1967 година, тоа се концентрирало на промовирање на човековите права и помагање на државите во елаборирање договори, но не и на истражување или осудување прекршители на човекови права.[2] Тоа бил период на строго почитување на принципот на суверенитет.
Во 1967 година, Комисијата го усвоила интервенционизмот како своја политика на работење. Новата политика значела дека Комисијата исто така истражувала и давала извештаи за прекршоци на човекови права.
Комисијата го одржала својот последен состанок во Женева на 27 март 2006 година и била заменета од Советот за човекови права на Обединетите нации во истата година.
Мандат
уредиКомисијата за човекови права имала за цел да испитува, следи и јавно да известува за состојбите на човековите права во одредени земји или територии, како и за значајните прекршоци на човекови права ширум светот.[3]
Наводи
уреди- ↑ „UN creates new human rights body“. BBC. 15 март 2006.
- ↑ „Brief historic overview of the Commission“. United Nations Human Rights Council. Посетено на 7 февруари 2020.
- ↑ „Administrative Committee on Coordination (ACC)“ (PDF). Administrative Committee on Coordination (ACC). Архивирано од изворникот (PDF) на 19 февруари 2014.