Колиба во снег или Колиба под снег (германски - Verschneite Hütte) ― слика на Каспар Давид Фридрих, првпат изложена на изложбата одржана од Академијата за ликовни уметности во Дрезден, од која ја купил Јохан I од Саксонски.

Колиба во снег
Творец Каспар Давид Фридрих
Година 1827
Димензии 31 см × 25 см
Место Стара национална галерија, Берлин

Сликата била купена од Хуго Салм во 1924 година, а најмалку од 1933 година била во Јужна Америка. Потоа дошла на берлинскиот ликовен пазар и била купен од приватен собирач. Во 1960 година, Лотарското здружение на Берлин ја купило за Националната галерија, која го изложува во крилото Кнобелсдорф во Шарлотенбургшкиот дворец (1986-2001) и во Фридриховата соба на Старата национална галерија (од 2001 година).[1]

Кетрин Клинџер убедливо тврди дека, наместо да претставува колиба во снегот, претставената структура е влезот во рудничко окно.

Наводи

уреди
  1. Helmut Börsch-Supan, Karl Wilhelm Jähnig, Caspar David Friedrich, Gemälde, Druckgraphik und bildmäßige Zeichnungen, Prestel Munich, 1973, ISBN 3-7913-0053-9 (германски)