Кодрат Коринтски — христијански светец од IV век.

Свети Кодрат Коринтски
Слава 10 март

За време на гонењето на христијаните, многумина верни се разбегале по планините и пештерите. Така направила и мајката на овој Кодрат. Но токму во тоа време таа била бремена, па Кодрат е роден во шумата, па наскоро потоа умрела. Кодрат пораснал во природа и осаменост.

Според христијанското верување, кога наполнил 12 години, тој слегол во градот и таму некои добри луѓе го возљубиле и го дале на науки. Тој го изучил лекарството, та ги лекувал болните, колку со природни лекови толку, и уште повеќе, со духовна сила и со молитва, на која се привикнал од детството. Кога настанало новото гонење под Декиј, Кодрат бил изведен на суд и бил фрлен во самица. Но и пет негови другари му се придружиле нему и Го исповедле името Христово. Тоа биле: Кипријан, Дионисиј, Анект, Павле и Крискент. Сите биле влечени по улиците и од незнабожците, особено од нивните деца, со стапови и камења тепани, додека не ги довлекле на губилиштето. Тука мачениците Му се помолиле на Бога и биле со меч исечени. На тоа место избил извор вода од земјата, кој и денес се вика со Кодратовото име и потсетува на јуначката смрт за Христа на светите шесточисленици. Чесно пострадале за вистината во 2 година во Коринт, во времето на Декиј и неговиот намесник Јасон[1].

Православната црква неговиот ден го чествува на 10 март.

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 100