Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Кодек е кратенка од “кодер-декодер“ или “компресор-декомресор“ и се однесува на хардверски уред за снимање / кодирање и репродукција на видео сигнал или софтверски модул со истата функција.

Едностран DVD има капацитет од 4.7 GB, т.е собира над 4 милијарди знаци што е доволно за да се сместат прилично голема сума на книги (печатена енциклопедија Британика има 32 тома и 65.000 статии, додека на еден DVD се сместуваат над 100.000 статии.).

Сепак, снимање на аудио или видео зазема значително повеќе простор, па потребно е пронаоѓање начини да се компресира содржината, за да се смести на медиум или да се емитува “во живо“.

Постојат два фундаментално различни начини:

  • Без загуби (losless)
  • Компресија со загуби (lossy) - наречена кодирање

Аудио кодек

уреди
  • MP3
  • WMA

Видео кодек

уреди
  • MPEG 2 кодек се користи за снимање на филмови на ДВД-а, користи битрејт над 1 мегабит во секунда
  • DviX e MPEG 4 кодек кој користи малку понизок битрејт отколку MPEG 2 кодек, и во зависност од битрејтот на видеото записот што се кодира, можно е од 5 GB видео запис кодиран во MPEG 2 да се добие 500-1000 MB голем запис.
  • XviD е уште еден MPEG4 кодек, чие име е DviX читано наопаку.
  • WMV - генерирачко име за серија на Мајкрософт кодек заснован на MPEG4 стандард.

Бидејќи едно ЦД е со капацитет од 700 МБ, обично кодирање на филмови се прави на два начина :

  • На едно ЦД како 500-600 МВ на видео запис и околу 100-200 МВ аудио запис во МР3 или друг високо компресиран формат.
  • На 2 CD-а околу 1000 МВ на видео запис и околу 400 МВ аудио запис во оригинален АС3 аудио формат.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кодек