Когнитивна дисонанца

(Пренасочено од Когнативна дисонанца)

Когнитивна дисонанца (спознателна неслога) — судир во свеста, конфликт на две или повеќе нескладни верувања, идеи, убедувања или ставови, и создава непријатно чувство кај поединецот. Појавата на когнитивна дисонанца е последица на некое дејствување кое е во спротивност со личните верувања, идеали и вредности; Исто така се јавува и при соочување со нови информации што се во спротивност со верувањата, идеалите и вредностите.

Когнитивна дисонанца, биомеханика

Во Теорија за когнитивната дисонанца (1957), Леон Фестинг пишува дека луѓето се стремат кон внатрешна психолошка доследност за да функционираат во реалниот свет. Кога личноста доживеала внатрешна недоследност што води до психолошка непријатност, таа е мотивирана да ја намали когнитивната дисонанца: или преку промена на делови од сознанието за да го оправда стресното однесување; Или со додавање нови делови на сознанието што предизвикува психолошка дисонанца; И со активно избегнување на социјални ситуации и контрадикторни информации кои можат да ја зголемат когнитивната дисонанца.

Надворешни врски

уреди