Книга за градот на дамите

Книга за градот на дамите (француски: Le Livre de la Cité des Dames) — второ и најпознато прозно дело на италијанско–француската авторка Кристина Пизанска, завршено во 1405 година. Пизанска користела француски дијалекти во пишување на книгата, но често употребувала и латинска синтакса и латински јазични правила на францускиот на кој пишувала.[1] Оваа книга бил нејзин формален одговор до популарниот Роман за розата од Жан де Мен. Кристина се спротивставила на искажаното мислење за жените од страна на де Мен создавајќи алегоричен град од жени. Таа ги брани жените набројувајќи ги познатите жени низ историјата. Тие дами се „вдомени“ во градот, односно во книгата на Кристина. Како што Кристина го создава градот, таа ја користи секоја позната дама не само како градежен материјал за ѕидините на градот или куќите, туку и како поткрепа на нејзината теза. Секоја дама додадена во градот е аргумент плус за жените како важен чинител во општеството. Таа исто така се залага за задолжително образование за жените.[2]

Илустрација од Книгата за градот на дамите

Кристина Пизанска во 1405 ја завршила и Богатството на градот на дамите (француски: Le tresor de la cité des dames de degré en degré), образовен прирачник наменет за принцезата Маргарита Бургундска. Освен едукација за жените без оглед колку се богати, дава совети и за мажените дами: „Ако таа сака да се однесува одговорно и да биде почитувана од сопругот и средината, треба да биде постојано насмеана.“[3] Освен овие две дела, Кристина го напишала и Разговор со Женан Д′Арк.[4]

Наводи уреди

  1. Forhan, Kate Langdon. The Political Theory of Chrisine Pizan. Burlington: Ashgate: 2002. Print. Women and Gender in the Early Mod. World.
  2. Allen, Prudence (2006). The Concept of Woman. Volume 2: The Early Humanist Reformation, 1250-1500. стр. 610–658.
  3. Cantor, Norman. The Medieval Reader. p. 230
  4. Willard, Charity C. (1984). Christine de Pizan: Her Life and Works. New York: Persea Books. стр. 135.

Надворешни врски уреди