Клон е шпанска ТВ новела со продукција на телевизиската куќа Телемундо од САД и Реде Глобо. Таа е римејк на бразилската ТВ новела Клон која беше емитувана на Глобо во 2001г. и на Телемундо во 2002г. Оваа ограничена мелодрама во која главните улоги им припаѓаат на Маурисио Окман и Сандра Ечевериа, обработува теми како тргување со дрога, клонирање и ислам.

Извршниот директор на Телемундо, Марк Сантана ја нарече Клон : ,, најамбициозната ТВ новела во телевизиската историја". За ова мелодрама карактеристичен е љубовниот триаголник меѓу Лукас, згоден херој, кој го предизвикува својот клон на борба за љубовта на една примамлива, егзотична жена. Како млад, Лукас се заљубува во една млада арапка, Жаде. Таа е притисната меѓу модерните вредности и нејзиното исламско воспитување. Тие се разделуваат и поминуваат две декади. Чуден сплет на околности повторно ги соединува. Потоа Жаде го сретнува клонот,кој е идентичен со Лукас, но е 20 години помлад. Таа мора да избере помеѓу човекот кој го сака и сеќавањата кои ги негува.

Римејкот дебитираше на 15 февруари 2010г..Сниман е во Фес, Мароко, а некои сцени се снимани во Средниот Исток и во Богота, каде градот Гирардот ги претставува Фес и Мајами, иако главната локација е Мајами. Во неа учествуваа неколку членови од оригиналната продукциска екипа, меѓу кои Глорија Перес, која го напиша сценариото и режисерот Хаиме Монхардим.

Телемундо ја емитува ова серија од понеделник до петок приближно повеќе од 26 недели. Како и кај повеќето нивни серии, телевизиската куќа емитува англиски превод,со алтернативно дополнително објаснување преку одредникот CC3. Како дел од договорот за продукција, Глобо се согласи на забраната да не ја дистрибутира оригиналната португалска верзија во рок од 5 години.

Снимањето на серијата ќе заврши на 31 јули 2010г. кога ќе се заврши 181-та епизода.

ТВ новелата беше продадена во 22 земји ширум светот. Во октомври 2010г. почнаа да се емитуваат последните недели од серијата Клон. Ова значи дека преостануваат помалку од 30 епизоди до крајот. Серијата заврши на 29 октомври 2010г.,а последната епизода траеше 2 часа.

Содржина

уреди

Во ТВ новелата се раскажува приказната за Жаде и Лукас. Жаде е млада жена со арапско потекло, која по смртта на мајка и треба да оди да живее во Мароко со семејството на татко и. Лукас е млад романтичар, кој има брат близнак Диего и е син на моќен стопанственик. За време на својот одмор во Мароко Лукас ја запознава Жаде. Откако ќе си разменат погледи ќе се разбуди љубовта меѓу нив и тогаш ќе започне целата приказна. Сепак, културните разлики не им дозволуваат тие да бидат заедно. Поради тоа тие бараат начин да ја остварат својата љубов, додека претходно напишаната судбина ќе ги претвори случувањата во нивните животи и оние во животите на другите ликови, во магична приказна во која никој не може да предвиди што ќе се случи следно.

Прв дел

уреди

Поради ненадејната смрт на нејзината мајка во САД 1987г. Жаде се враќа да живее во Мароко со нејзиното семејство, воопшто не помислувајќи дека ќе го најде мажот кој судбината го одредила да биде нејзина единствена љубов. Таа се чувствува присилена да ја прифати муслиманската култура која за нејзина возраст не ја познава доволно, но благодарение на нејзиниот сензуален танц, сопственик на нејзиното срце станува еден странец кој ќе се заљуби во неа на прв поглед. Така започна најдолгата и најубавата љубов.

Лукас е човек кој живее луксузно поради успехот на Леонардо Ферер,неговиот татко и влијанието на фирмите за извоз. Тој е сонувач кој посакува да стане музичар, додека неговото семејство се обидува да го убеди да се заинтересира на нивниот бизнис. Диего пак е целосна спротивност на неговиот брат близнак и е кандидат да ја наследи империјата на Леонардо. Тој е весел и претприемнички освојувач кој ќе заврши скаран со татко му, поради неговата жена.

Кога ќе дојде кај вујко Али поради неговата љубопитност Лукас ќе ги забележи убавината на Жаде и грациозноста на нејзините движења. Али е конзервативен човек кој ги брани муслиманските обичаи и е способен да се соочи и со целиот свет со цел да се соочи со оние кои не се благословени да бидат муслимани. Вујко Али и Абдул, кој е уште покозервативен и поортодоксен од Али, ќе станат непријатели на љубовта на Жаде и Лукас и како што налага нивната култура, нема да дозволат таа да биде со странец и да ги прекршат правилата на Куранот. Така тие ќе ги договорат браковите на двете внуки на Али со Саид и Мухамед,внуците на Абдул.

За несреќа на Леонардо, Диего умира во несреќа кога оди да ја посети неговата девојка Мариса, ситуација која ќе стане пречка на љубовта која вети дека ќе се справи со правилата на Божјиот закон. Лукас, со болка, ја одложува својата љубовна афера со Жаде, што ќе ја присили, посрамена и со скриен грев, да се омажи со Саид.

Лукас и Жаде за првпат се разделени во последниот обид кој се чини смртоносен. Лукас го зазема местото на својот брат во компанијата и во срцето на неговата девојка Мариса, со која по кратко време и ќе се ожени. Во меѓувреме, во Мајами, научникот Августо Албиери потресен поради смртта на Диего (која се случи на 24 јануари 1988г.) тајно го клонира Лукас, со што создава во матката на една жена Дора,чија најголема желба е да држи бебе во своите раце, еднаков генетски клон на Диего, Даниел. Сето тоа, индиректно, ќе направи легендарната љубов на Жаде и Лукас да се претвори во магична легенда, напишана од судбината.

Сепак, оваа грешка од минатото нема да ја заврши љубовната приказна меѓу Лукас и Жаде и тие повторно ќе доживеат една битка за нивната љубов. Мариса и Лукас се разделуваат, сè додека не ја дознааат веста за нивната ќерка која ќе ги натера да се смират.

Втор дел

уреди

Приказната доживува пресврт 20 години подоцна, кога Лукас заменувајќи го својот брат, со неговата девојка Мариса ја добива ќерката Наталија, со која се гордеат како нејзините родители така и нејзиниот дедо поради нејзиниот академски успех, но таа повеќе не се чувствува среќна бидејќи додека другите се забавуваат таа учи сама во нејзината соба. Покрај сите нејзини проблеми дедо и и најмува возач, поранешен борач, кој се вика Александар и кон кој чувствува голема омраза која постепено ќе се претвори во интензивна љубов и тие ќе започнат врска. Мариса не дозволува нејзината ќерка да се омажи со некој од пониска класа но тие ќе се спротивстават на тоа. При обидите да ја сокрие нивната болка таа ќе почне да конзумира алкохол и дрога, што ќе биде голем удар во нејзиниот живот.

Клонот Даниел исто така е пораснат и чувствува голема огорченост кон неговата мајка бидејќи го оттргнала од Албиери за кој мисли дека му е татко. Дора и нејзината мајка за Даниел повеќе сакле едноставен отколку луксузен живот, а потоа морле да се иселат поради доктор Албиери, па Даниел ќе избега за да го најде, а Дора ќе продолжи да одговара на вашите прашања.

Жаде веќе станала мајка и мора да го задржи Саид за да ја научи својата ќерка на нивните обичаи. Саид ќе потпише договор со фирмата Ферер и ќе отпатува со своето семејство. Жаде и Лукас повторно ќе почувствуваат желба да бидат заедно ,но за да го постигнат тоа ќе мораат да поминат низ тешки тестови, особено откако Даниел ќе се појави во животот на Жаде. Свртувајќи го вниманието кон нив, Лукас и Даниел ќе имаат сериозни проблем во своите животи…

Крај

уреди

Ескобар не може повторно да се смири со Клара и по неколку обиди ќе се откаже. Тогаш Луис, пријателката на Анита ќе го заведе, ќе си поигра со него и ќе му каже да си најде некоја што стварно вреди.

Наталија, откако ќе го роди бебето, ќе има проблем со дишењето, но ќе и биде подобро и ќе оздрави. Мариса ќе побара да ја однесат во клиника за зависници за да спречи да му наштети на бебето. Наталија оди на рехабилитација и по подолго време успева. Таа секојдневно ја продолжува борбата со помош на Александар, нејзиното семејство и нејзиниот кум Енрике. Веќе закрепната,заедно со Фернандо отвора клиника за зависници од дрога која се вика Паула, како нивната другарка-зависничка која веќе не ја видоа.

Мариса и сите останати се согласуваат Лукас да оди да живее со Жаде во куќата покрај патот. Мариса оди тажна на плажата и сретнува еден човек кој ќе ја насмее, така ќе започне една искрена и голема љубов која ќе ја направи среќна.

Дора го тужи Леонардо и сите одат кај неа дома да прослават, но Даниел го нема. Потоа Мигел новото момче на Дора, и кажува да не се секира бидејќи тој секогаш се враќа. Даниел во страв дека ќе го убијат Албиери (бидејќи настојуваат да го пратат во затвор) ,го следи Албиери во пустината, каде Албиери му вели дека не се согласува и двајцата продолжуваат да се шетаат низ пустината.Тоа е последната сцена во која се појавуваат тие двајца.

Луиза и новинарката која сакаше информации за клонот, го бараат Албиери. Луиза бидејќи сака повторно да биде со него, а новинарката бидејќи сака да докаже и да му покаже на светот дека постои клон, затоа што никој не и верува.

Алисија, веќе е далеку од главните ликови,таа станува слугинка и се обидува да го освои својот шеф.

Мухамед и Латифа живеат среќно со своето семејство. Момчето на Самира решава да стане муслиман за да може да биде со неа. Мухамед ја прифаќа врската и го подучува.

Назира побегнува со Пабло и живее среќно со него.

Саид бидејќи сака да ја види среќна Хатиџа и дозволува секоја недела да се гледа со Жаде. Тој зема уште една жена која секојдневно се кара со Ранија, но е еднакво среќен на негов начин. Карла и нејзината мајка одат на плажа и бараат следна жртва која ќе ја измамат. Кристина и Леонардо имаат близнаци и се започнува од почеток во куќата на Ферерови. Вујко Али ќе се ожени со Зорајда и ќе живеат среќно. Таа ќе направи во куќата да нема веќе караници и да има мир. На крај Али повторно ќе ја прифати Жаде.

Жаде и Лукас живееја среќно, нивната љубов никогаш не престана, дури и беше посилна отколку пред 20 години…и ќе остане таква…