Климатски промени и политика (книга)
Климатските промени и политиката (англиски: The Politics of Climate Change) е стручна книга од областа на екологијата чиј автор е Ентони Гиденс (англиски: Anthony Giddens), објавена во 2009 година.[1]
За авторот
уредиЕнтони Гиденс, роден 18 јануари 1938 година. е британски социолог кој е познат по својата теорија на структурата и холистички поглед на модерните општества. Гиденс се смета за еден од најистакнатите современи соработници од областа на социологијата, автор на најмалку 34 книги, објавени на најмалку 29 јазици.[1]
За книгата
уредиСо книгата, Гиденс предупредува климатските промени да се разликуваат од другите проблеми со кои човештвото денес се соочува и дека последиците по животот на земјата би можеле да бидат катастрофални ако дозволиме да продолжи неконтролирано да се одвиваат.[2]
Политичките мерки кои можат да се спроведат на сите нивоа - локално, национално и меѓународно - можат да имаат пресудно влијание за ограничувањето на глобалното затоплување, авторот наведува и изнесува многу нови идеи и предлози за разрешување на спротивните политички ставови во оваа област.[2]
Ентони Гиденс тврди дека немаме систематска политика за климатските промени. Политиката не дозволува да се справуваме со проблемите со кои се соочуваме, додека решенијата на главниот предизвикувач на ортодоксната политика, зеленото движење се погрешни. Гиденс воведува голем број на нови концепти и предлози и детално ги истражува врските помеѓу климатските промени и енергетската безбедност.[1]
Содржина
уредиПоглавја во книга: [3]
- Климатски промени, ризици и опасности
- Скептици и нивни критичари
- Глобални геофизички случувања
- Оптимисти
- Исчезнување, смалување?
- Врв на приизводство на нафта
- Максимално користење на основните средства
- Битка за ресурси
- Зелените и после нив
- Зелени
- Управување со ризиците начело на внимателност
- Одржлив развој
- Прекумерен развој
- Загадувачот плаќа
- Политика во врска со климатските промени: идеи
- Шта е сега направено
- Водач на глутница
- Пример Велика Британија
- Враќање на државно планирање?
- Планирање, некогаш и сега
- Промена на начинот на живот
- Ставање во прв план
- Политичка согласност
- Држава и општество: деловни и невладини организации
- Влијание на политичките претприемачи
- Технологије и даноци
- Технологијата и каде сме
- Улога на владата
- Отварање на нови работни места: "Њу дил во врска со климатските промени"?
- Оданочување на емисиите на гасови
- Ограничување на емисиите на гасови
- Враќање на утопијата
- Политика на прилагодувања
- Прилагодување во европскиот контекст
- Поплави во Велика Британија
- Осигурување, урагани и тајфуни
- Прилагодување: на земјите во развој
- Меѓународни преговори, Европска унија и пазар на емисије на гасови
- Големите земји во развој
- Рио, Кјото и после нив
- Улога на Европската унија
- Пазарот на емисија на гасови
- Геополитика во врска со климатските промени
- Илузорна светска заедница?
- Долна милијарда
- Нафта и геополитика
- САД и Кина
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „The Politics of Climate Change“. goodreads.com (енглески). Посетено на 20. 4. 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link) - ↑ 2,0 2,1 „KLIMATSKE PROMENE I POLITIKA“. clio.rs. Архивирано од изворникот на 07. 10. 2022. Посетено на 20. 4. 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ Gidens, Entoni (2010). Klimatske promene i politika. Beograd: Clio. ISBN 978-86-7102-357-3.