Клима во Обединетото Кралство

Обединетото Кралство се протега на повисоките средни широчини помеѓу 49° и 61° северно на западниот брег на Европа. Бидејќи Обединетото Кралство е секогаш во или блиску до патеката на поларната предна млазна струја, типични се честите промени на притисокот и нестабилното време. Многу видови на временски услови може да се доживеат во еден ден. Климата во Обединетото Кралство е дефинирана како влажна умерена океанска клима или Cfb според Кепеновиот систем за класификација на климата чија иста класификација ја дели со поголемиот дел од северозападна Европа.[1] Регионалните клими се под влијание на Атлантскиот Океан и широчината. Северна Ирска, Велс и западниот дел на Англија и Шкотска кои се најблиски до Атлантскиот Океан најчесто се најблаги, највлажни и најветровити региони на Велика Британија а температурните размери се ретко екстремни. Источните области се суви ладни и помалку ветровити, а исто така се соочуваат со најголемите дневни и сезонски промени во температурата. Северните области се генерално ладни и влажни и имаат малку поголеми температурните размери од јужните области кои генерално се топли и суви.

Климатски типови во ОК според Кепеновата класификација на климата.

Наводи

уреди
  1. Peel, M. C.; Finlayson B. L.; McMahon, T. A. (2007). „Updated world map of the Köppen– Geiger climate classification“. Hydrol. Earth Syst. Sci. 11 (5): 1633–1644. Bibcode:2007HESS...11.1633P. doi:10.5194/hess-11-1633-2007. ISSN 1027-5606. Архивирано од изворникот на 5 March 2023. Посетено на 20 December 2015. (direct: Final Revised Paper [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}.)