Клетници (филм од 1952)
„Клетници“ (француски: Les Misérables) — филм на режисерот Луис Мајлстоун (Lewis Milestone) од 1952 година, по сценариото на Ричард Марфи (Richard Murphy), засновано врз истоимениот роман на Виктор Иго. Главните улоги ги играат: Мајкл Рени (Michael Rennie), Роберт Њутон (Robert Newton), Силвија Сидни (Sylvia Sidney) и Едмунд Гвен (Edmund Gwenn).[1]
Синопсис
уредиЖан Ваљеан, кој е жртва на неправда, упорно го прогонува инспекторот Етјен. Најпосле, Ваљеан доживува трошка човечка сомилост од љубезниот бискуп Курбе, кој му помага да го надвладее немирното минато. Но него сè уште го прогонува минатото така што неколку години подоцна непопустливиот Жавер повторно ја пронаоѓа својата мета...