Класицизам (архитектура)
Класицизмот и неокласицизмот се правци во архитектурата, засновани на античката европска архитектура (Грција, Македонија, Рим), дефинирана преку добиените резултати од истражувањата спроведени на археолошките наоѓалишта и книгите произлезени од нив, од кои е појаснета и општата наука за класичните редови.
Најмногу се применувала во изградба на општествените објекти, како и во станбената архитектура кај малограѓанските слоеви, во чии очи претставувала поим за достојност и монументалност. Некои теоретичари сметале дека, монументалноста е единствено можно да биде изрзена преку класицизмот. Оваа мисла се задржува подолго време низ фелата, со што станува своевремено и пречка за прогресивна мисла и развој.
Појава
уредиКласицизмот се појавува во XIX век, во Европа, како дел од колебањата во архитектурата. Во векот кога почнуваат новите можности и идеи преку новите конструктивни и индустриски можности, класицизмот се обидува да се бори против смелоста на новите правци во најава, преку еклектичната естетика.
Главни одлики
уредиКласицизмот се дефинира преку дводимензионално непросторно размислување, употреба на неразумен број на столбови и архитектонска пластика. Во антиката била битна постојаноста и смиреноста и затоа правиме разлика помеѓу класичното и класицистичкото, означувајќи состојба на духот, каде едноставноста е примарна во облиците. Еклектиката (повторување и реинтерпретација на одминати стилови) наоѓа свој простор во класицизмот преку идеологијата на империите кои ги обликуваат своите центри на моќ, со желба да ја истакнат истата преку своите градби.
Галерија
уредиИзвори
уреди„100 години МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА големите движења и мајстори„ Михаил Токарев [1] Архивирано на 5 мај 2016 г.