Кирил и Методиј - 1.000 денари (кована пара)
Кирил и Методиј — кована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 1,000 денари.[1][2]
Кирил и Методиј | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Серија | Икони на светци |
Номин. вредност | 1,000 денари |
Метал | сребро (Ag) 925 |
Тежина | 500 гр |
Димензии | 135 x 90 мм |
Облик | правоаголен |
Раб | мазен |
Издадена | 2014 |
Цена | 49.000 денари |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето од монетата е претставена слика на манастирот „Свети Наум“ во Охрид и седум светци над него - светите Кирил и Методиј и нивните пет ученици. На долниот дел од монетата има натпис „Република Македонија“ на македонски јазик. На горниот дел, на десната страна, е прикажан Грбот на Република Македонија, а на левата страна е прикажан апоен од „1000 денари“ на македонски јазик. Во средината, во горниот дел е претставена годината на издавање „2014“, а во средниот десен дел од монетата има ознака „Ag925“ и „500 g“.
Опачина
уредиГлавната содржина на опачината е портрет од Свети Кирил и Свети Методиј, а над нив се претставени нивните имиња во сребрен натпис „Св. Методиј“ на левата страна и „Св. Кирил“ на десната страна со кирилско писмо на македонски јазик. Периметарот на опачината е затворен со украсни црти во златна боја.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Соопштение на НБРМ“. 27 март 2014. Посетено на 8 јануари 2018.
- ↑ „НБРМ ги промовираше кованите пари за колекционерски цели“. 1 август 2014. Посетено на 8 јануари 2018.