Кире Тодоров Митрески
Кире Тодоров Митрески (1921 во Белчишта, Охридско — 1946 во Битола) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиКире Тодоров Митрески е роден во селото Белчишта. Се занимавал со земјоделство. Во НОБ доброволно влегол на 28 август 1944 година. Како доброволец учествувал како борец во Првата македонска ударна бригада на Срем. За тоа време се разболел и бил ослободен, при што како последица од болеста починал во 1946 година во Битола.[1]