Кире Ричлиев (роден во Струмица) е поранешен македонски одбојкар.

Кире Ричлиев
Роден Струмица, СФРЈ денешна Република Македонија
Занимање одбојкар

Целата своја одбојкарска кариера ја поминал во екипата на ОК Струмица. Најголемиот успех како играч го постигнал во сезоната 1992/93 година, кога заедно со својот тим станал шампион на Македонија.

Ричлиев бил член на Македонската одбојкарска репрезентација[1].

По завршувањето на кариерата, тој бил долгогодишен тренер на ОК Струмица, како и на ОК Македонија. Во исто време бил и под-селектор на Македонската одбојкарска репрезентација, како и селектор на младата одбојкарска репрезентација на Македонија. Денеска е тренер на ОК Џио Струмица.

Наводи

уреди