Кинеска глицинија
Кинеска глицинија (латински: Wisteria sinensis) — листопаден, повеќегодишен ползавец од родот Wisteria, по потекло од Кина, од провинциите Гуангси, Гуејџоу, Хебеj, Хенан, Хубеј, Шенси и Јунан. Иако е ползавец, може да се формира и во облик на дрво, со брановидно стебло и висечки гранки.
Кинеска глицинија Wisteria sinensis | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Plantae
|
Колено: | Magnoliophyta
|
Класа: | Magnoliopsida
|
Ред: | Fabales
|
Семејство: | Fabaceae
|
Подсемејство: | |
Род: | |
Врста: | W. sinensis
|
Биномен назив | |
Wisteria sinensis |
Галерија
уредиМоже да порасне до висина од 20 до 30 метри. Листовите се сјајни, зелени долги 10-30 сантиметри и широки 9-13 сантиметри. Цветовите се бели, виолетови или сини, со 15-20 гроздови во пролет, кои обично цветаат во средината на мај.
Одгледување
уредиИако потекнува од Кина, нашироко се одгледува во САД. Таму била пренесена во 1816 година и набрзо станала едно од најпопуларните градинарски растенија, токму поради нејзините цветови. Меѓутоа, во некои делови на Соединетите Држави почнала неконтролирано да се шири поради поволната клима, слична на онаа во Кина.[1] Еден примерок од Сиера Мадре дава еден и пол милион цветови на гранките кои надминуваат 150 метри[2] во должина за време на цветањето.
Галерија
уреди-
Цвет
-
Плод
Наводи
уреди- ↑ „Wisteria sinensis (Sims) DC“. Natural Resources Conservation Service, United States Department of Agriculture. Посетено на 13 декември 2014.
- ↑ Save your orchards and ornamental trees. New York, N.Y: [s.n.] 1884.
Литература
уреди- Jiang, Yifan; Chen, Xinlu; Lin, Hong (2011). „Floral Scent in Wisteria: Chemical Composition, Emission Pattern, and Regulation“. Journal of the American Society for Horticultural Science. 136 (5): 307–314.
- Zhang, Shu-yong; Xia, Jiang-bao; Zhou, Ze-fu; Zhang, Guang-can (1 септември 2007). „Photosynthesis responses to various soil moisture in leaves of Wisteria sinensis“. Journal of Forestry Research. 18 (3): 217–220. doi:10.1007/s11676-007-0044-6.
Надворешни врски
уреди- Кинеска глицинија на Ризницата ?