Кинен Ајвори Вејанс
Кинен Ајвори Десума Вејанс (роден на 8 јуни 1958 г. во Њујорк) [1] ― американски глумец и режисер. За првпат се истакнал како водител и креатор на хумористичната серија Во живи бои (In Living Color) која се емитувала од 1990 до 1994 година. Продуцирал, режирал и/или напишал сценарио за неколку филмови, почнувајќи од Hollywood Shuffle (1987) каде се јавува како ко-сценарист.
Вејанс во 2019 | |
Роден(а) | Кинен Ајвори Десума Вејанс 8 јуни 1958 Њујорк, САД |
Образование | Универзитетот Таскеги |
Занимање |
|
Активен период | 1979–денес |
Деца | 5 |
Награди | 1990-Еми награда Исклучителна вариетет, музичка или комична емисија Во живи бои (како извршен продуцент) |
Во многу негови филмови, како глумци се јавуваат неговите браќа и сестри.
Страшен филм (2000) во режија од Вејанс, бил филм со најголема заработка режиран од Афроамериканец дотогаш. Од 1997 до 1998 година, бил водител на ток-шоуто Шоуто на Кинен Ајвори Вејанс.[2] Бил судија во осмата сезона од До последен комичар (Last Comic Standing).
Живот и кариера
уредиКинен Ајвори Вејанс е роден на 8 јуни 1958 година во Њујорк[3] во семејство со 10 деца.[4] Се запишал на Универзитетот Таскеги,[5] но еден семестар пред дипломирањето, го напуштил факултетот за да се посвети на комедијата.[6]
Во 1980 се преселил во Лос Анџелес.[7] Таму почнал да глуми во телевизиската серија За љубов и чест (For Love and Honor).[7] а се појавил и во Хил Стрит блуз (Hill Street Blues).
Вејанс популарност стекнал со филмот Hollywood Shuffle во кој ја толкува главната улога, а исто така се јавува како ко-сценарист.[7] Успехот на филмот му овозможило да собере пари за да го создаде филмот I'm Gonna Git You Sucka.[7] Радиодифузната компанија Фокс на Вејанс му понудиле да води своја емисија.[8]
Вејанс го создал, пишувал сценарио и глумел во емисијата, под наслов Во живи бои (In Living Color), скеч-комедија која се емитувала на Фокс од 1990 до 1994 година.
Филмографија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Keenan Ivory Wayans“. PBS. Посетено на August 17, 2021.
- ↑ Braxton, Greg (August 3, 1997). „Will 'Hip' Equal 'Hit'?“. Los Angeles Times. Посетено на 2011-11-06.
- ↑ Stated on Finding Your Roots, January 19, 2016, PBS
- ↑ Johnson, Martin (January 18, 2016). „Finding Your Roots: Shonda Rhimes, Maya Rudolph and Keenen Ivory Wayans Learn Shocking Facts About Their Families“. The Root (англиски). G/O Media Inc. Посетено на 23 February 2022.
- ↑ Laurence, Robert P. (April 13, 1990). „Is prime time ready for rudeness? Fox's new comedy 'In Living Color' will offend some, tickle others“. The San Diego Union. стр. E1.
- ↑ McIntyre, Mike (February 16, 1989). „Keenen Wayans gambles and wins on an offbeat 'Sucka'“. The San Diego Union. стр. E3.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Hughes, Mike (April 13, 1990). „Laughing with 'Living Color'“. USA Today. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „laughing“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „New Fox Show Pokes Fun at Black Stereotypes“. Greensboro, North Carolina: Greensboro News & Record. Associated Press. April 12, 1990. стр. B6.
Надворешни врски
уреди- Кинен Ајвори Вејанс на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Keenen Ivory Wayans at The Interviews: An Oral History of Television