Херц
единица за честота по СИ
(Пренасочено од Килохерци)
Херцот (Хц, Hz) претставува стандардизирана единица за мерење честота (честота).
Дефинирање
уредиЕден Херц буквално значи „еднаш во секунда“, 100 Херци означува „100 пати во секунда“ и така натаму. Оваа единица може да се употреби за било кој периодичен настан. На пример: За часовникот може да се каже дека отчукува со 1 Hz, или дека човечкото срце отчукува со 1,2 Hz. Оваа единица го има добиено името по германскиот физичар Хајнрих Рудолф Херц.