Киевско речно пристаниште

Киевското речно пристаниште (украински: Київський річковий вокзал) е главното пристаниште во престолнината на Украина Киев, кое се наоѓа на десниот брег од реката Днепар, во историскиот дел од градот.

Киевско речно пристаниште
Київський річковий вокзал
Карта
Општи податоци
ГрадКиев
ЗемјаУкраина

Оваа станица била изградена во периодот од 1957 до 1961 година, и е сместена на Поштовиот плоштад. За главни архитекти биле избрани Вадим Хопкало, Вадим Ладни и Григориј Слуцки.

Самата зграда има четири спратови. На првите два се наоѓаат администрацијата, шалтерите, гардеробите а во останатите два ресторани, пошта и кафебар.