Кидоомару
Кидоомару (鬼童丸, 鬼同丸) е они, кој се појавува во колекцијата „Кокон Чомонџуу“ од Камакура периодот, меѓу другите извори. Тој е син на Шутен-дооџи, а најголем непријател му е Минамото но Јоримицу.
Потекло
уредиИако Кидоомару е широко познат од колекцијата Кокон Чомонџии, постои материјал за него и од сликовниците за воини, како и легенди. Според усните традиции на Кумохара во Фукучијама, Кјото префектура, постои легендата дека Кидоомару е дете на Шутен-дооџи. Откако Минамото но Јоримицу го убил Шутен-дооџи, девојчињата заробени од Шутен-дооџи се вратиле дома, но една од тие девојчиња добила психичко нарушување и не можела да се врати дома, раѓајќи го детето на Шутен-дооџи во Кумохара. Ова дете имало заби при раѓање, а на возраст од 7 или 8 години фрлало камења за да убие елен или свиња како оброк. Се вели дека на крајот, ова дете станало Кидоомару, целејќи кон непријателот на неговиот татко, Јоримицу и неговата група.[1]
Главна приказна
уредиКако што е опишано во Кокон Чомонџуу, Минамото но Јоримицу е познат што го убил чудовиштето Шутен-дооџи. Кога отишол во домот на неговиот брат Минамото но Јоринобу, тој го фатил Кидоомару во тоалетот. Јоримицу му рекол на Јоринобу дека е невнимателен, па затоа требало да го оковаат они суштеството со ланци, преспивајќи во куќата на Јоринобу таа ноќ. Кидоомару лесно ги откинал синџирите и со огорченост кон Јоримицу, гледал во неговиот кревет и бдеел. Јоримицу го забележал тоа и му рекол на еден слуга: „утре, ќе го посетам храмот Курама“. Кидоомару отишол пред храмот, убил едно говедо на полето Ичихара, се скрил во неговото тело и чекал да дојде Јоримицу. Сепак, Јоримицу го забележал ова, па Уатанабе но Цуна, откако добил команда од Јоримицу, стрелал во стоката со лак и стрела. Се вели дека Кидоомару се појавил од внатрешноста на кравата и се обидел да го покоси Јоримицу, но Јоримицу го убил Кидоомару со еден удар.[2] Во збирката со „јоокаи“ слики, „Конџаку Хјакки Шууи“ од Торијама Секиен, сликата со наслов „Кидоо“ го прикажува Кидоомару седејќи во снегот, облечен во кожа од говедо, како го чека Јоримицу.[3]
Дополнителни податоци
уреди„Зентаихеики“, колекција на воени приказни, теоретизира дека овој они е напуштеното дете на Шутен-Дооџи, и првично Кидоомару бил мало дете на планината Хиеи, но се расипал како резултат на злобни дела, и затоа бил избркан од таму, за потоа да мигрира во една пештера во планините и да стане разбојник.[3][4]
Според „Шитенноо Шоотоо Ироку“ (四天王剿盗異録) на Такизауа Бакин, во една пештера во планините, Кидоомару го сретнал Хакамадаре, разбојник од колекцијата на приказни „Конџаку Моногатаришуу“, во која е прикажана сцена од натпревар на споредување на меѓусебните вештини. Делата што го опишуваат ова ги вклучуваат укијо-е цртежите како што се „Кидоомару“ на Утагауа Јошицуја и „Хакамадаре Јасусуке Кидоомару Јуцукурабе но Зу“ (袴垂保輔鬼童丸競図) на Цукиока Јошитоши.[5][6]
Наводи
уреди- ↑ 若尾五雄 (1988). „鬼伝説の研究“. Во 谷川健一編 (уред.). 日本民俗文化資料集成. 第8巻. 三一書房. стр. 111頁. ISBN 978-4-380-88527-3.
- ↑ 西尾光一・小林保治校中 (1983). 古今著聞集. 新潮日本古典集成. 上. 新潮社. стр. 409-413頁. ISBN 978-4-10-620359-6.
- ↑ 3,0 3,1 高田衛監修 稲田篤信・田中直日編 (1992). 鳥山石燕 画図百鬼夜行. 国書刊行会. стр. 219頁. ISBN 978-4-336-03386-4.
- ↑ 山屋賢一. „市原野鬼童丸“. すてきなおまつり特設資料庫. Посетено на 2008-12-14. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ 悳俊彦編 悳俊彦・岩切友里子・須永朝彦執筆 (1999). 国芳妖怪百景. 国書刊行会. стр. 94頁. ISBN 978-4-336-04139-5.
- ↑ 悳俊彦編 (2001). 芳年妖怪百景. 国書刊行会. стр. 80頁. ISBN 978-4-336-04202-6.