Киберпсихологија
Киберпсихологија (позната и како семрежна психологија или интернет-психологија) — област во развој која ги опфаќа сите психолошки феномени поврзани со новите технологии. Кибер доаѓа од зборот кибер-простор - дигиталниот свет на компјутерски мрежи, посебно Интернет.
Преглед
уредиКиберпсихологијата го проучува човековиот ум и однесување, како и начинот на кој технолошката култура, посебно виртуелната реалност и друштвените медиуми влијаат врз нив.[1] Редовните истражувања се фокусираат на ефектот на Интернет и кибер-просторот на психологијата на поединците и групите. Некои популарни теми се: онлајн идентитет, онлајн односи, типовите на личности во кибер-просторот, психолошки трансфер во односот кон компјутерите, зависност од компјутери и Интернет, регресивно однесување во кибер-просторот, онлајн родовата идентификација итн. Психологијата на медиуми е нова психолошка дисциплина во развој. Друштвото за психологија на медиуми и технологија во рамките на Американската психолошка асоцијација (АПА) вклучува и многу кибер-психолози.[2]
Додека статистичките и теоретски истражувања во оваа област се насочени кон користењето на Интернетот, киберпсихологијата исто така вклучува и изучување на психолошките ефекти на киборзите, вештачката интелигенција и виртуелната реалност. Иако некои од овие теми на прв поглед спаѓаат во доменот на научната фантастика, тие забрзано се претвораат во научни факти, пред сè преку интердисциплинарните студии во полето на биологијата, инженерството и математиката. Киберпсихологијата останува отворена за подобрувања, вклучително и изучување на природата на тековните и идни трендови во третманот на психичките нарушувања поврзани со технолошкиот развој.
Наводи
уреди- ↑ Blascovich, Jim; Bailenson, Jeremy. Infinite reality: avatars, eternal life, new worlds, and the dawn of the virtual revolution (1. изд.). New York: William Morrow. ISBN 0061809500.
- ↑ „Society For Media Technology & Psychology“. 2017.