Кетонурија
Кетонурија е состојба кога во урината се присутни кетонски тела. Таа се јавува во состојби кога организмот создава поголеми количини на кетони, што е индикација дека организмот користи алтернативни извори на енергија. Такви состојби се гладување или дијабетес мелитус тип I. Производството на кетонски тела е нормален одговор на недостигот на гликоза, со цел да се обезбеди дополнителен извор на енергија од масни киселини.
Кетонурија | |
---|---|