Јадро (информатика)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Јадро (англиски: kernel) — основни функции на еден оперативен систем. Јадрото на оперативниот систем содржи бројни функции од ниско ниво кои го управуваат начинот на функционирање на сметачот: начинот на пренос на податоците на системот, начинот на планирање на извршување на задачите во обработувачот, начинот на алоцирање на меморија, итн.
За да се разбере улогата на јадрото на оперативниот систем, корисно е да се знае што се случува кога се стартува некој програм на сметачот. На пример, кога сакаме да го стартуваме текстуалниот обработувач, се извршува сложена низа на настани. Бараниот програм (текстуален обработувач) мора да се идентификува, а поединечната податотека во која се наоѓа програмот мора да се пронајде на системскиот медиум за чување на податоци (обично тврд диск). Во системската меморија мора да се резервира слободен простор за програмата, а потоа програмот се чита од дискот и се запишува во меморијата. Потоа мора да се испланира обработувачско време за извршување на програмата од страна на обработувачот. Конечно, влезот и излезот на програмата мора да се насочува и управува.
Ако програмот работи со периферни уреди, како што се печатачи или други мрежни уреди, влезот и излезот на овие уреди, исто така, мора да се управува и форматира.