Керкопорта или Циркуска порта се наоѓа на местото каде започнуваат ѕидините на Влахерна, кај палатата Константин Порфирогенит Палеолог во историскиот град Цариград, денес Истанбул, Турција. Низ оваа порта во градот навлегле првите отомански сили во 1453 година. Се смета дека самата порта по грешка била оставена отворена, па Османлиите сметале дека поради тоа што била потплно разрушена од бомбардирањето, преку неа нема да можеле да го освојат градот. Првиот муслимански бајрак бил закачен на оваа порта. Бранителите на градот успеале да ги совладат силите кои биле навлезени кон кулата но веќе било предоцна да се спречи нападот на јаничарите кои веќе ја зазеле Романовата порта. Самата порта била уништена и денеска на нејзиното место не постои никакви ѕидини или остатоци.

Керкопорта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција