Керкена (острови)
Островите Керкена (арапски: قرقنة ⓘ) — група острови кои се наоѓаат покрај источниот брег на Тунис во Заливот Габес, со координати 34° 42'N 11° 11'E. Островите се ниско поставени, не повеќе од 13 метри над морското ниво. Главните острови се Шерги и Гарби. Архипелагот има површина од 160 квадратни километри и население од 15.501 (2014)[2].
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Географија | |
---|---|
Координати | 34°42′N 11°11′E / 34.700° СГШ; 11.183° ИГД |
Површина | 160 км2 |
Држава | |
Демографија | |
Население | 15,501 (2014-04-23) |
Службен назив: Iles Kerkennah ou L'archipel de Kerkennah | |
Прогласено: | 2 февруари 2012 |
Број | 2012[1] |
Главниот град Ремла има население од 2.000 жители. Населението на островите значително се намалило во текот на 1980-тите поради сушата. Островите не можеле да обезбедат соодветен систем за наводнување и со брзото истекување на чиста вода, поради кое голем дел од населението биле принудени да заминат кон копното на Тунис.
Историја
уредиКеркена има долга историја. Домородците од Тунис и Керкена првично се населиле таму, но за време на ширењето на Римското Царство, Керкена бил користен како пристаниште и контролна точка од страна на Римјаните. Во 2 п.н.е., Октавијан Август го протерал Семпрониус Грач на островот заради неговите љубовни афери со неговата тогашна ќерка.
Во 532 година, Св. Фулгенциј изградил манастир на едно од островските места на групата[3][4].
Во Втората светска војна на 16 април 1941 година се одвила Битката за конвојот „Тријаго“.
Географија
уредиОстровите се топли и суви, со силни ветрови што преовладуваат. Ова главно се должи на неговото позиционирање во Заливот Габес, со силни морски ветрови, пренесени на копното.
Поради овие услови, на островот жителите се занимаваат со земјоделство, иако жителите на островот одгледуваат и кокошки или кози за сопствена лична потрошувачка. Риболовот е исто така клучна индустрија.
Како резултат на недостатокот на песочни плажи привлечни за туристите, туризмот е ограничен на островот. Многу жители од Тунис ги поминуваат своите одмори во Керкена, а многу повеќе богати Тунижани често градат приватни куќи на островот. Туристите доаѓаат и од европски земји. Температурите на островот се високи, со минимум 15 °C (59 °F) и често достигнуваат 48 °C (118 °F).
На север има пристаниште познато како Кратен.
Наводи
уреди- ↑ „Iles Kerkennah ou L'archipel de Kerkennah“. Ramsar Sites Information Service. Посетено на 25 April 2018.
- ↑ „Information about Kerkennah, Tunisia“. www.mediterraneanislands.org. Архивирано од изворникот на 2017-08-21. Посетено на 4 June 2018.
- ↑ G.-L. Feuille, v. Cercina, in Dictionnaire d'Histoire et de Géographie ecclésiastiques, vol. XII, Paris 1953, col. 160
- ↑ Stefano Antonio Morcelli, Africa christiana, Volume I, Brescia 1816, pp. 140–141