Качество или квалитет (латински: qualitas) — вродени или изразени карактеристки на една личност, објект, процес или нешто друго. Таквите одлики можат да ја направат личноста или нештото различна од сите други лица или нешта, или пак може да обележува одреден степен на достигнување или совршеност. Кога се користи во однос на луѓе, поимот исто така може да означува обична лична одлика или доблест.

Поглед на триаголник за управување со проекти за квалитет

Поимот некогаш се користи како спротивен на коцептот за количество. Во науката, делата на Аристотел се однесуваат на мерење качество, додека делата на Галилео Галилеј се резултат на изучување на квантитети.

Потекло на поимот

уреди

Потеклото на поимот во македонскиот јазик соодветствува на она во латинскиот јазик. Поимот „качество“ (латински: qualitas) претставува одговор на прашањето „каков“ (латински: qualis).