Кафеав аргус
Кафеавиот аргус (Aricia agestis) е пеперуга од видот на синци. Се наоѓа на скоро цела територија на Европа па сè до Кина.[1]
Кафеав аргус | |
---|---|
Мажјак | |
Мажјаци | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Aricia |
Вид: | Кафеав аргус |
Научен назив | |
Aricia agestis (Denis & Schiffermüller, 1775) |
Подвидови
уреди- A. a. agestis, Јужна и Средна Европа
- A. a. calida Chavignerie Италија, Мала Азија
- A. a. azerbaidzhana Obraztsov, 1935 Кавказ
- A. a. nazira (Moore, 1865) Хималаи, Памир
-
Женка, примерок сликан во ОК
-
Женка, примерок сликан во Италија
Опис
уредиОвој вид на пеперуга во основа на горната страна на крилјата ја има кафената боја. Во средината на телото има темносина или црна нијанса. Самите краеви на крилјата се бели, а покрај рабовите на крилјата има портокалови дамки со црни зеници во долните предели на дамката. Антените се црно-бели. Долната страна на крилјата се во кремаста боја, со присуство на слични портокалово-црни дамки. Покрај нив има и бројни црни и бели окца, кои варираат по големина и облик.[2]
Биологија
уредиЈајцата на пеперутката се полагаат единечно на листови од растенија. Типичната ларва на пеперугата е зелена со бледи линии од страна и секогаш има мравки околу неа. Хибернира како возразна ларва и преминува во фаза на кукла следната пролет. Има две генерации годишно во јужни предели. Возразните единки летаат од мај до јуни и потоа од јули до септември. Во северните краеви има една генерација годишно со период на летање од јуни до јули.[3]
Поврзано
уреди„Кафеав аргус“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Funet
- ↑ Seitz in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
- ↑ Learn about butterflies