Кафеавокожеста гулапка

Кафеавокожеста гулапка (латински Russula integra), е вид на јадлива габа од родот Гулапка. Една од огромниот род на Гулапка, се наоѓа во четинарски шуми низ Европа и Северна Америка. Со благ вкус, се јаде и се консумира во Средна Европа.

Кафеавокожеста гулапка
Научна класификација [ у ]
Царство: Габи
Оддел: Столпчести габи
Класа: Агарикомицети
Ред: Гулапковидни
Семејство: Гулапки
Род: Гулапка
Вид: Кафеавокожеста гулапка
Научен назив
Russula integra
(L.) Fr.
Кафеавокожеста гулапка
Научна класификација edit
Царство: Fungi
Колено: Basidiomycota
Класа: Agaricomycetes
Ред: Russulales
Семејство: Russulaceae
Род: Russula
Видови:
R. integra
Биномен назив
Russula integra

Опис

уреди

Шапката на почетокот е речиси обликувана како сфера и набрзо станува раширена со подигнати рабови,како пехар,на средина е вдлабната; таа е со димензии од 6-12 см широка.[1][2] Кутикулата на шапката е сјајна, варира во бојата, но обично е кафеава и обоена со виолетова, виолетова, жолта или зелена боја. Ливчињата се дебели, широко распоредени, лесно се кршат на мали парчиња, на почетокот се бели, а потоа на крајот стануваат светло жолти. Дршката е дебела и бела, но со возраста има дамки жолти или румени; достигнува висина 5-12 см долги и 2-3 см дебелина.[1][2] Месото е бело, многу цврсто,мирисот пријатен и има благ вкус.[3] Отпечатокот на спорите е жолто- окер боја, широко елипсовидено и има амилоидни брадавици.[4]

Јадливост

уреди

Авторите на Големата енциклопедија на печурките рекле дека видот има крцкава текстура и има вкус на орев. Јадлива со многу добар квалитет. Популарна е за јадење и во Северна[3] и Средна Европа. На романски, печурката се нарекува pâinişoară („мал леб“) поради нејзината јадливост и перципираниот вкус и текстура.[5] Дејвид Арора рекол дека видот е добар кога е млад. Постојат видови со непозната јадливост кои изгледаат сличности на овој вид.[4] Според една студија од 1878 година, труењето од овој вид порано било често, но сега е ретко. Студијата заклучила дека долгото готвење ги ослободува неговите отровни својства, но дека брзите кулинарски процеси не ги ослободува неговите отровни својства како што е печењето.[6]

Слични видови

уреди

На Кафеавокожеста гулапка, слична е и може да дојде до замена со Подмолна гулабка, Russula firmulaкоја е многу помала и Russula adulterina, сите имаат бело стебленце, жолти спори и цврсто месо.[2] Покрај жолтите ливчиња, овие печурки имаат мошне лут вкус за разлика од Кафеавокожестата гулапка која има сладок вкус.

Живеалиште

уреди

Дејвид Арора рекол дека видовите се широко распространети и најчесто може да се најдат расфрлани под четинари.[4] и авторите на Големата енциклопедија на печурките рекле дека видот најчесто расте во лето и во есен во иглолисни шуми во планините.[3]

Галерија

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 New York State Museum (1907). Bulletin of the New York State Museum, Issues 112-117. The University. стр. 93.
  2. 2,0 2,1 2,2 Davis, R. Michael; Sommer, Robert; Menge, John A. (2012). Field Guide to Mushrooms of Western North America. Berkeley: University of California Press. стр. 110. ISBN 978-0-520-95360-4. OCLC 797915861.
  3. 3,0 3,1 3,2 Polese, Jean-Nari; Lamaison, Jean Louis (1999). The Great Encyclopedia of Mushrooms. Chanterelle Translations, London. стр. 43. ISBN 3-8290-1728-6.
  4. 4,0 4,1 4,2 Arora, David (1986). Mushrooms Demystified: A Comprehensive Guide to the Fleshy Fungi. Ten Speed Press. стр. 101. ISBN 978-0-89815-169-5.
  5. DEX Online
  6. Multiple authors (1878). Cyclopædia of the practice of medicine, Volume 17. W. Wood and Company. стр. 941.

Надворешни врски

уреди