Карпошовата буна (роман)
„Карпошовата буна“роман за животот на Карпош — роман за деца од македонскиот писател Видое Подгорец. За првпат, книгата била издадена во 1983 година. Пишувана била од 1977 до 1983 година.
Автор | Видое Подгорец |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | роман |
Издадена | 1983 |
Медиум | печатено издание |
Содржинa
уредиРоманот се состои од две книги со 15 и 12 глави, а дејствието го раскажува омнисцентен раскажувач. „Карпошовата буна е романизирана биографија на бунтовничкиот крал Карпош. Видое Подгорец со ова свое дело, дава исклучителен придонес кон приближувањето на читателот за историските случувања на ропскиот живот на Македонецот, но и борбата за подобар живот и бунтовноста на народот. Преку својот специфичен начин на раскажување Видое Подгорец, го оживува ликот на кралот на Куманово, неговите соборци и дава широка слика на случувањата од историјата. Историските факти се дадени преку темелно истражување, а портретирањето на ликовите е длабоко и човечно, со што им се дава во исто време и универзален карактер. Со оваа книга на Подгорец, Карпош децата освен како историска личност, го доживуваат и како јунак. Романот започнува со пролог/ запис на безимен монах од времето после Карпошовата буна. страдањето и неволјите на народот кој востанал. Секоја од главите има свој наслов, со кој се најавува содржината на главата.
Изданија на книгата
уредиРоманот „Карпошовата буна“ има доживеано неколку изданија, како:
- Прво издание од 1983 година
- Второ издание од 1988 година: Во 1988 година, книгата била објавена како издание на издавачката куќа: „Наша книга“. [1]
Наводи
уреди- ↑ Видое Подгорец, Карпошовата буна, Наша книга, Скопје, 1988.