Карневал во Бразил

Карневалот на Бразил (според Гинисовата книга на светски рекорди, градот Салвадор е домаќин на најголемата улична забава во светот) е фестивал кој се одржува еднаш годишно, четириесет и шест дена пред Велигден. Во одредени денови од Големиот пост, римокатолиците и некои други христијани се апстинираат од конзумирање на месо и живина па оттука и терминот "карневал" од "carnelevare" што значи отстранување (буквално, "воздигнување") на месото.[1] Се верува дека карневалските прослави водат потекло од паганскиот фестивал на Сатурналија (Satirnalia), кој прилагоден на христијанството, претставува збогување со лошите навики во периодот на верска дисциплина со цел да се практикува покајание и подготовка за Христовата смрт и воскресение.

Карневалот на Рио де Жанеиро

Ритамот, учеството и костимите се разликуваат од еден до друг регион на Бразил. Во североисточните градови Рио де Жанеиро и Саун Пауло, огромни организирани паради се предводени од страна на самба училишта. Овие официјални паради се наменети за јавно следење, додека помалите паради ("blocos"), кои овозможуваат учество на јавноста, можат да се сретнат во други градови. Североисточните градови Салвадор (Salvador), Порто Сегуро (Porto Seguro) и Ресифе (Recife) имаат организирани групи кои парадираат низ улиците а публиката има директна интеракција со нив. Овој карневал е под силно влијание на африканско-бразилската култура. Народните толпи го следат текот на trio electricos (електричното трио) низ градските улици. Исто така, во североисточниот дел, карневалот на Олинда (Olinda) се одликува со оригинални одлики, од кои дел се резултат на влијанието на венецијанскиот карневал, во комбинација со културните отсликувања на локалниот фолклор.

Карневалот е најпознатата прослава во Бразил и прерасна во настан од широки размери. Останатите активности во земјата целосно преминуваат во сенка речиси една недела, додека веселбите се интензивни, ден и ноќ, обично во крајбрежните градови. Потрошувачката на пиво изнесува 80% од годишната потрошувачка на истото а туризмот пречекува 70% од вкупниот број на посетители годишно. Владата покренува распределба на презервативи и отпочнува кампањи за подигнување на свеста во овој период, со цел да се спречи ширењето на СИДАТА.

Стиловите по земја

уреди
Стилот на Рио де Жанеиро
уреди

Модерниот Бразилски карневал води потекло од Рио де Жанеиро, од 1641 година, кога буржуазијата на градот ја воведува практиката на одржување на балови и маскембал забави од Париз. Првично, карневалот на Бразил ја имитира европската верзија на фестивалот а подоцна презема елементи со корени од индијанската и африканската култура.

Кон крајот на 19 век, cordoes (буквално "жици", гајтани или струни на португалски) започуваат да го зафаќаат Рио де Жанеиро. Тоа се церемонијални групи кои парадираат низ градските авении свирејќи на инструменти и танцувајќи. Денес, тие се познати како Blocos ( блокови ), сочинети од група на луѓе кои се облекуваат во костими или специјални маички со одредена тематика и/или лого. Блокос ( Blocos ) обично се поврзани со конкретни соседства ; тие вклучуваат ударни инструменти или музичка група како и улична придружба.

Учесници во улична забава

Парадите по блокови (улици) стануваат експресивна одлика на карневалот во Рио. Денес, тие бројат над 100 групи кај кои се забележува раст секоја година. Блокос (Blocos) можат да бидат формирани од мали или големи групи на славеници, со посебен наслов, кој не ретко се одликува со шеговита игра на зборови (Os blocos RJ, para os solteiros, sao um lugar para conhecer e ate bèijar pessoas, или "Блокос во Рио де Жанеиро, за самците, се места каде можат да запознаат па дури и да бакнат луѓе"). Исто така, тие можат да го осознаат нивното соседство или социјалниот статус. Пред да започне настапот, тие се собираат на плоштад, потоа парадираат во различни делови од градот, најчесто во близина на плажа. Некои блокос (blocos) воопшто не напуштаат една улица и имаат свое засебно место, на пример некој бар, за да привлечат гледачи. Парадите на блокос (blocos) започнуваат во јануари, и може да траат до неделата по завршувањето на карневалот.

Паради на блокос (blocos) се случуваат во речиси секое соседство низ градот и метрополитските области, но најпознати се оние во Копакабана (Copacabana), Ипанема (Ipanema), Леблон (Leblon), Лагоа (Lagoa), Хардим Ботанико (Jardim Botanico) и во центарот на Рио. Организаторите често компонитаат свои музички записи со кои се надополнува изведбата и пеењето на популарни, класични "маријачи" и самба песни. "Cordao do bola preta" ("Polka Dot Bloco"), која се движи низ срцето на историскиот центар на Рио, "Suvaco do Cristo" (Статуата на Исусовите пазуви, која се однесува на аголот од статуата кој се гледа од соседството), во близина на Ботаничката градина, се некои од најпознатите групи. Моноблоко (Monobloco) станува толку популарна што свири во текот на целата година на забави и мали концерти.

Самба училиштата се многу големи групи на изведувачи, финансирани од организации со висока репутација (како и нелегални коцкарски групи), кои работат за време на годината во рамките на подготовките за карневалот. Самба училиштата настапуваат во самба домови а нивните настапи траат до раните утрински часови. Тие се дел од еден официјален натпревар, поделен на седум дивизии, во кој едно училиште се прогласува за победник, земајќи ги предвид костимите, текот на настапот, песната (музичката тема) како и квалитетот на музиката и изведбата на бендот. Исто така, одредени самба училишта одржуваат улични забави во нивните соседства, низ кои парадираат заедно со своите следбеници.

Периодот за време на карневалот во Рио е мошне интересен, меѓутоа, исто така е и најскапиот временски интервал за посета на Рио. Хотелските соби и другите сместувалишта можат да бидат до 4 пати поскапи од редовните цени. Некои локации се масовно посетени и животот е далеку од обичен во многу делови од градот.

Маракатус (maracatus) изведувач
Стилот на Саун Пауло
уреди

Карневалот во Саун Пауло се случува во самба-домот на Анемби (Anhembi), и, исто така, има неколку организирани "фудбалски училишта". Ова е главната разлика меѓу карневалот во Саун Пауло и карневалот во Рио. Карневалските паради во Саун Пауло се одвиваат во петок и сабота навечер, за разлика од карневалот во Рио, кој се одржува во недела и понеделник навечер.

Стилот на Баија
уреди

Постојат неколку основни разлики меѓу карневалот во државата Баија и карневалот во Рио де Жанеиро. Музичките стилови се различни кај секој карневал ; во Баија постојат многу ритми во кои може да се вбројат самба (samba), самба-реге (samba-reggae), ахе (axe) итн., во споредба со Рио каде има мноштво на самба стилови : "samba-enredo" (самба-енредо), "samba de bloco" (самба де блоко), "samba de embalo" (самба де ембало), "funk-samba" (фанк-самба), како и познатиот "marchinhas" (марчинас) изведени од групите ("bandas") на улиците.

Во 80-тите, населението од црна раса ги комеморира деновите на карневалот на свој сопствен начин со силен акцент на особеностите на Јоруба (Yoruba), истовремено танцувајќи и свирејќи на инструменти по улиците. Оваа верзија на карневалот, белата елита од високата класа ја доживува како "примитивна" и на овие групи им се забранува да учествуваат на официјалниот Баија карневал, каде доминира локалната конзервативна елита. Тие се спротивставуваат на забраната и продолжуваат да ги применуваат нивните танци.

До 70-тите, во Баија, се развиваат четири основни типови на карневалски групи : Афохес (Afoxes), Триос Електрикос (Trios Electricos), "Америндиски "групи и Блокос Афрос (Blocos Afros). Афохес (Afoxes) ги користи ритмите од африканско-инспирираната религија, Candomble (Кандомбле). Тие, исто така, се поклонуваат пред боговите на Кандомбле (Candomble), кои се нарекуваат орихас (orixas). Електричното трио (Electric trio) е препознатливо по камион опремен со огромни звучници и кој има платформа на која музичарите свират песни од локални жанрови како на пример аxе (ахе). Луѓето, пеејќи и танцувајќи, ги следат камионите. "Америндиските" групи се инспирирани од западњачките филмови на САД. Групите се облекуваат како индијанци и преземаат домородни американски имиња. Блокос Афрос (Blocos Afros), или Афро групите, се под влијание на движењето Црната гордост во САД, движењата за независност во Африка, и реге музиката кои го осудуваат расизмот и угнетувањето. Овие групи се доживуваат како инспирација за обновувањето на гордоста на африканското наследство.

Стилот на Пернамбуко
уреди

Североисточната држава Пернамбуко (Pernambuco) се одликува со уникатни карневали во неговиот актуелен главен град Ресифе (Recife) и во неговиот колонијален главен град Олинда (Olinda). Нивните основни ритми се фрево (frevo) и маракатус (maracatus). Гало де Мадругада (Galo da Madrugada) е најголемата карневалска парада во светот, по бројот на учесници, според Гинисовата книга на светски рекорди. Тоа значи "петелот на зората", и, како што сугерира и самото име, парадира единствено наутро. Фрево (frevo) е Пернамбуко стил на танцување, со африкански и акробатски примеси а со оглед на неговата динамичност и неговото електрифицирање, не ретко инволвира користење на отворен чадор и чести движења со рацете и нозете.

Гало де Мадругада (Galo da Madrugada)

За разлика од Салвадор и Рио, групните натпреварувања не претставуваат дел од пролсавите во Ресифе (Recife), Олинда (Olinda) и Итамарака (Itamaraca). Наместо нив, рамо до рамо, групите танцуваат и свират на инструменти. Трокас (trocas) и маракатус (macaratus), главно под африканско влијание, започнуваат една недела пред карневалот и завршуваат една недела подоцна. Некои добро познати групи имаат шеговити имиња, како на пример : Кажи ми дека ме сакаш, проклет јајчару (со позната џиновска кукла која танцува и ја води групата), Лудиот љубовник, Гаќите на Олинда и Вратата. Се одржува 40 дена пред Големиот пост.

Стилот на Минас Гераис
уреди

Минас, исто така одржуваат значајни карневалски паради, главно во историските градови Оуро Прето (Ouro Preto), Маријана (Mariana) и Дијамантина (Diamantina). Парадите најчесто ги организираат студентски домови, што привлекува мнозинство на млади луѓе од соседните држави. Исто така, постојат и други поголеми паради во регионот, како оној во Помпеј (Pompey).

Карневалот во Минас Гераис (Минас Minas Gerais) е често препознатлив по блокос карнавалескос (blocos carnevalescos) со различни песни и стилови на фантазија, речиси секогаш пропратени со дувачки оркестар и тапани. Меѓутоа, карневалот во Минас Гераис (Minas Gerais) е првиот карневал создаден по урнекот на карневалот на Рио де Жанеиро (неколку градови имаат свои сопствени самба училишта). Подоцна, некои Ахе групи од Баија, секоја карневалска сезона доаѓаат да свират во државата.

Карневалот на градот Оуро Прето (Ouro Preto) е многу популарен меѓу студентите во оваа област. Градот има голем број на студенти, кои во текот на годината живеат во места кои се нарекуваат Republicas (изнајмена куќа која ја одржуваат и со која управуваат самите тие). За време на карневалот, Републикас (Reapublicas) се буквално преполни со станари и многу посетители кои доаѓаат од сите страни на светот. Ридовите го отежнуваат сообраќајот на бучни товарни возила, но не ги спречуваат луѓето да се забавуваат преку целиот ден и преку целата ноќ.

Сепак, некои, на карневалските прослави во Оуро Прето (Ouro Preto) гледаат како на закана за старата и историска хармонија во регионот. Според една таква личност : последните новости во индустријата од околните области, растот на населението и зголемувањето на уличниот сообраќај го загрозуваат карневалот како што се сеќаваат постарите граѓани. Причина за загрижување е уличниот карневал на Оуро Прето (Ouro Preto), привлекувајќи студенти кои доаѓаат од цел Бразил во потрага по возбуда. Студентите ги преплавуваат улиците пуштајќи гласна и дискутабилно уривачка музика.

Други стилови
уреди

Некои јужни градови како Куритиба (Curitiba), Флорианополис (Florianopolis), Камборију (Camboriu) и Порто Алегре (Porto Alegre) имаат помали самба училишта или блокос (blocos), но како и во градовите на државата Саун Пауло, се чини дека тие претпочитаат балови отколку улично танцување.

Самбодромо

уреди

Карневалските паради во Рио де Жанеиро и Саун Пауло се одржуваат во Самбодромо (Sambodromo), кој се наоѓа во близина на градскиот центар. Во градот Рио, парадите започнуваат во 20 : 00 или 21 : 00 часот (зависно од датумот) и завршуваат околу 05 : 00 часот наутро. Подземната железница на Рио де Жанеиро работи 24 часа за време на главните денови на парадите.

Точниот број на гледачи во Самбодромо (Sambodromo) може да е дури и повисок од официјалниот број на седишта, споменат подолу. Исклучок е секторот 9. Всушност, зборот "седиште" не е релевантен. Во сектор 1, овозможен е пристап на локалната заедница по симболична цена. Секторите 6 и 13 се најевтини. Секторите 3, 5 и 7 имаат еднакво добар поглед (иако меѓу нив постои разлика во цената). Сектор 9 има обележани седишта, па следствено, има помалку гужва. Централната кружна ложа и блоковите се најдобри и со соодветна цена.

Типови и капацитет на седишта

Блокови (5,992 седишта)

Специјални блокови : четири прегради меѓу секторите 3, 5, 7 и 9, со по 20 седишта во А блоковите и 18 седишта во Б блоковите. Блоковите во секторите : 3, 5, 7, 9, 11 и 4 : 24 блокови по сектор, вкупно 144 блокови. Во сектор 2, блоковите А, Б и В, од кои секој блок содржи 12 седишта, се распоредени на 3 ката.

Централна кружна ложа (вкупно 6,528 седишта)

Откриени блокови со прегради и столчиња за секој од шесте закупници, во секторите 3, 4, 5, 7, 9 и 11.

Столчиња

Во секторите 6 и 13 се сместени 4,220 столчиња. Од нив, 525 столчиња се за параплегичари и нивната придружба.

Редови на седишта (вкупно 16,804 седишта)

Откриен простор до 15,80 метри висок, каде може да се стигне преку скали. Секој од секторите 3, 4, 5, 7 и 11 собираат по 2,900 гледачи. Секторот 9 брои 2,306 седишта.

Популарни редови на седишта (вкупно 25,700)

Сектор 1 : во областа каде училиштата се организираат за парадата ; Секторите 6 и 13 - во Praca da Apoteose (Прака да Апотеосе) од каде може да се види крајот на парадата. Сектор 1 може да прими до 6,500 гледачи додека секторите 6 и 13, двата, примаат до 9,600 гледачи.

Музика

уреди
Самба
уреди

Со корени од Баија, поточно од африканските ритми, пристигнува во Рио де Жанеиро околу 1920-тата година и сè уште е еден од најпопуларните стилови на Бразил, заедно со Samba-pagode и Samba reggae (бендот Олодум од Салвадор да Баија го прославува стилот самба-реге). Од романтични самба песни (samba-cancoes), кои се пеат во баровите до експлозивни паради со тапани кои се случуваат за време на карневалот, самбата секогаш буди пријатно и весело расположение. Самбата се развива како посебен вид на музика, на почетокот од 20 век, во Рио де Жанеиро (тогашен главен град на Бразил). Во 1930-тите, група на музичари, предводени од Исмаел Силва (Ismael Silva), во соседството на Естасисио де Са (Estacio de Sa), го основаат првото самба училиште, Deixa Falar (Остави да зборува). Тие го трансформираат музичкиот жанр за да го приспособат на карневалската парада. Во оваа декада, радиото ја зголемува популарноста на жанрот низ целата земја и со поддршка на националистичката диктатура на Гетуљо Варгас (Getulio Vargas), самбата станува "официјална музика" на Бразил.

Пејачка на Ахе музика - Даниела Меркјури (Daniela Mercury)

Во наредните години, самбата се развива во повеќе правци, од нежната самба-канкао (samba-cancao) до тапанарски оркестри кои го прават саундтракот на карневалската парада. Еден од овие нови стилови е босанова (bossa nova), создадена од белци кои ѝ припаѓаат на средната класа. Популарноста на стилот постепено се зголемува, со работата на Жоао Илберто (Joao Gilberto) и Антонио Карлос Жобим (Antonio Carlos Jobim). Во шеесеттите години, Бразил е политички поделен и левичарските музичари на босанова (bossa nova) започнуваат да го намамуваат вниманието на музиката направена во favelas (сиромашни квартови). Во овој период се откриваат многу познати уметници. Имиња како Картола (Carlota), Нелсон Кавакино (Nelson Cavaquinho), Вела Гарда да Портела (Velha Guarda da Portela), Зе Кети (Ze Keti) и Клементина де Хесус (Clementina de Jesus) ги снимаат своите први албуми. Во седумдесеттите години, самбата се враќа на радијата. Композитори и пејачи како Мартино да Виља (Martinho da Vila), Клара Нунес (Clara Nunes) и Бет Карвало (Beth Carvalho) доминираат на хит парадата.

На почетокот од осумдесеттите години, откако самбата се дислоцира во подземјето, што се должи на стилови како диско стилот и бразилскиот рок, таа повторно се појавува во медиумите со музичко движење создадено во предградијата на Рио де Жанеиро. Се работи за пагода (pagode), обновена самба, со нови инструменти, на пример бањо (banjo) и тантан (tantan), како и нов јазик кој е повеќе популарен и во кој доминира сленгот. Најпознати имиња се Зека Пагодино (Zeca Pagodinho), Алмир Гинето ( Almir Guineto), Групо Фундо де Кинтал (Grupo Fundo de Quintal), Хорхе Арагао (Jorge Aragao) и Ховелина Перола Негра (Jovelina Perola Negra). Разни самба училишта се основаат низ Бразил. Самба училиштето ги комбинира танцувањето и забавувањето во ноќен клуб со збирното место на општествен клуб и ставот на заедницата во врска со волонтерските групи. За време на спектакуларниот карневал во Рио, познати самба училишта парадираат во Самбодромо (Sambodromo). Настан кој не смее да се пропушти.

Ахе (аxе) не се однесува конкретно на некој стил или музичко движење туку повеќе се однесува на употребливо брендовско име кое ги обединува уметниците од Салвадор (Salvador), кои прават музика во бразилски, карибски и африкански ритми со поп-рок пресврт, што придонесува за нивниот успех на бразилските хит паради, почнувајќи од 1992 година. Ахе (аxе) претставува ритуален поздрав кој се употребува во склоп на религиите Кандомбле (Candomble) и Умбанда (Umbada) и има значење на "позитивна вибрација". Зборот музика се припојува на Ахе, кој се користи како сленг во рамките на локалниот музички бизнис, од страна на еден новинар со намера да создаде омаловажувачки термин за претенциозниот стил на тацување.

Даниела Меркјури (Daniela Mercury) започнува да се прославува како пејачка во Рио и Саун Пауло, сè што води потекло од Салвадор се етикетира со Ахе музика. Наскоро, уметниците забораваат на потценувачкото потекло на овој термин и започнуваат да ги користат неговите предности. Саундтракот на карневалот во Салвадор, форсиран од страна на медиумите, брзо се распространува низ целата земја (преку карневалските забави во мртвата сезона), зајакнувајќи ги нејзините индустриски потенцијали и исфрлувајќи хитови низ целата година во 90-тите.

Тестирани според интензитетот на карневалската динамика, Ахе песните остваруваат комерцијален успех во Бразил во текот на минатата декада. Особено поволна за уметниците од Баија е 1998 година : вклучувајќи ги Даниела Меркјури (Daniela Mercury), Ивет Сангало (Ivete Sangalo), Чиклет ком Банана (Chiclete com Banana), Аракету (Araketu), Чеиро де Амор (Cheiro de Amor) и Е о Чан (E o Tchan) кои продале над 3,4 милиони плочи.

Микарета

уреди

Исто така, постои микарета-micareta (множина : микаретас-micaretas), како што е именуван карневалот во мртвата сезона. Микаретас од една страна се слични на карневалот во Баија а пак од друга страна доста се разликуваат од парадите на самба училиштата кои се популарни во Рио де Жанеиро. Микаретата би можела да се опише вака : за време на деновите на забава, огромен камион (наречен "трио електрико"-"trio electrico"), опремен со многу звучници и бенд одозгора, бавно се движи по улиците или некој затворен простор.

Толпата го следи електричното трио (trio electico) пеејќи, играјќи и скокајќи на звуците од музиката. За да се биде овластен за следење на камионот, мора да се плати влезница (билет) за еден од неколкуте "blocos" (блок). Блоко (bloco) е претпријатие кое се здобива со дозвола да учествува во микарета, го ангажира бендот, продава влезници и врши контрола на пристапноста.

Бразил располага со неколку микаретас (micaretas) кои, во текот на годината, се случуваат во различни градови. Тие можат да се одвиваат на улиците (традиционална микарета) или во затворен, заграден простор (микарета од затворен тип).

Трио електрико (trio electrico) во Салвадор

Безбедност

уреди

Во 1980-тите Бразил започнува да развива репутација на насилство и криминал како последица на големиот долг заради кој нема пари за неопходностите како полиција, болници и училишта. Меѓутоа, во раните 1990-ти, работите почнуваат да се менуваат, бидејќи Владата е во можност да го намали својот долг а со тоа и да вложи пари во јавните служби, тргнувајќи од полицијата. Полицајци се стационирани онаму каде што обично е детектиран проблем : градските улици, плажите итн., и стапката на криминал започнува да опаѓа. Истовремено, значително големите инвестиции во туризмот придонесуваат заштитата на туристите да стане приоритет на Владата. Туризмот во Бразил моментално е главен приоритет, и се прави сè во интерес на безбедноста и комодитетот на посетителите.

Таксито е многу безбедно и достапно насекаде, и покрај тоа што повремено се пријавува по некој инцидент. Таксито го зазема првото место кога е во прашање најчесто упоребуваното превозно средство од страна на туристите, а со оглед на ниските трошоци и практичноста, обично е и она кое најмногу се препорачува.

Иако фотографиите и видеата од карневалот на Салвадор обично не се фокусирани на полициските службеници, безбедносниот систем е присутен. Освен редовната полиција, славениците танцуваат меѓу екипа за безбедност од над 600 луѓе, обезбедена од блокос (blocos), чија функција е да ги држи под контрола толпите и да го одржува текот на движењето, во најдобар можен ред, по означениот круг. Сите приватни планови за безбедност однапред ги прегледува бразилската сојузна полиција. Во глобала, ова се функциите кои ги обавуваат безбедносните организации за време на парадата :

Носачи на јажиња : Тие ги носат јажињата кои ги одделуваат танчерите кои се приклучиле на блоко (bloco) од оние танчери кои не се регистрирани (т.н. "пуканка" веселбари), и да помогнат да се одржи темпото и спречи создавањето на потешкотии во движењето (тесно грло). Вкупно постојат околу 400 носач на јажиња.

Контролор на јажиња : Секој контролор набљудува околу 10 носачи на јажиња.

Надзорник на јажиња : Секој од нив врши надзор на околу 5 контролори на јажиња.

Раководител на дисциплина : Околу 70 раководители чекорат на чело на блокото (bloco) во улога на предводници, водат грижа за тоа танчерите да бидат на одредена дистанца од јажињата и го следат пристапот на веселбарите до возилото за поддршка.

Набљудувачи на редица : Тие ги следат редиците до бањите, регистар-касите и баровите.

инспектори на учесници : Тие се движат среде танчерите, водејќи сметка "пуканка-веселбарите" да не го окупираат просторот кој е резервиран за регистрираните танчери и внимаваат на појавата на фалсификувани костими и неовластени продавачи.

безбедносни агенти : Повеќе од 50 професионалци се движат наоколу особено во екот на блокос (blocos), подготвени да се справат со прекумерено или агресивно однесување. Тие мора да се вработени во компании одобрени од страна на федералната полиција.

Наводи

уреди
  1. „Carnival“. Online Etymology Dictionary.

Надворешни врски

уреди