Карла Фенди (12 јули 1937 - 19 јуни 2017 година) била италијанска модна извршна директорка и филатроп (или уште познато како колекционер на марки) која работела за Фенди, заедно со нејзините сестри и родители. Таа била добро позната и по нејзината филантропија.

Биографија

уреди

Карла Фенди е родена на 12 јули 1937 година во семејството на Едоардо и Адел Фенди. Имала четири сестри, Паола, Ана, Франка и Алда. Таа била во брак со Кандидо Сперони, но немала деца.

Во 1950-тите, Карла започнала да работи со нејзините сестри за Фенди, семејната продавница што Едоардо и Адел ја започнале во 1925 година. Сестрите ја изградиле компанијата од мала продавница до глобално признат бренд со повеќе линии на производи. По смртта на нивниот татко, тие отвориле сопствена верзија на продавницата Фенди во 1964 година, а една година подоцна најмиле младиот Карл Лагерфелд да го промени имиџот на брендот. Почнувајќи од 1965 година, чантите, крзната и шаловите на брендот станале и сè уште се хит во Холивуд. Во октомври 1984 година, таа одговорила на скандалот во врска со ознаката што ја користел Фенди на шоуто, „обликувана да биде силувана“, идеја првично предложена од Лагерфелд. Во 1987 година, таа ги проширила производните линии на брендот со издавањето на парфемите Фенди наречени според самиот назив на продавницата. Во 1989 година, таа ја отворила продавницата во Њујорк, прва од марката надвор од Рим во која се наоѓале сите производи на Фенди.

Додека сестрите на Карла се концентрирале на дизајнот, нејзиниот сопствен фокус бил на промоција и маркетинг. Таа станала претседател и јавно лице на дизајнерската куќа. Иако контролниот удел на Фенди бил продаден на LVMH во 2001 година, Карла Фенди останала претседател на компанијата до 2008 година и останала почесен претседател до крајот на животот.

Италијанскиот министер за култура, Дарио Франчечини, ја опишал како главен покровител на уметноста. Нејзината филантропска рака, Фондацијата Карла Фенди, била главниот покровител за неодамнешната реставрација на познатата Римска Фонтана Треви. Фондацијата исто така го обновила Театро Каио Мелисо во Сполето во 2010 година.

Откако нејзиниот сопруг починал во ноември 2013 година, нејзиното здравје се влошило. По долго боледување, таа починала во Рим на 19 јуни 2017 година, на 79-годишна возраст.