Карин Хубинет
Карин Рагнхилд Марија Хјубинет, моминско Петерсон (18 април 1966 година), е шведска новинарка и телевизиска водителка. Таа е сестра на политичарката Хилеви Енгстром .[1] Хјубинет ја започнала својата кариера како водителка на дебатното шоу Svart eller vitt, кое се емитувало на ТВ4 во средината на 1990-тите.[2] После тоа, таа ги претставувала Uppdrag granskning и Kvällsöppet, а исто така била известувач во Sveriges Radio . Таа потоа работела исклучиво за СВТ презентирајќи ги емисиите Агенда и Актуелт . Таа е член на управниот одбор на компанијата Hands on AB.[3]
Карин Хјубинет | |
---|---|
Карин Хјубинет во 2013 | |
Роден(а) | 18 април 1966 |
Занимање | Телевизиски презентер, новинар |
Кога нејзината сестра Хилеви Енгстром, која е политичарка на Умерената партија, станала секретарка за вработување по општите избори во 2010 година, Хјубинет морала да поднесе оставка од својата работа како новинар во Агенда и Актуелт.[1] Сепак, таа останала да работи во СВТ, каде што станала странски новинар за емисијата Кореспондентерна.[4] Една година подоцна таа започнала да го презентира своето ток-шоу, наречено Hübinette, кое се емитувало две сезони во 2011 и 2012 година.[2]
Карин Хјубинет се вратила на претставувањето на Агендата во 2014 година, откако програмата го променила форматот и ја додале Камила Квартофт и други како презентери.[5] Тоа значи дека доколку нејзината сестра се појави во емисија, некој од другите водителки може да ја интервјуира.[5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Karin Hübinette tillbaka till Agenda“. Посетено на 6 April 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „Karin Hübinette – tillbaka med egen agenda“. Sydsvenskan. Посетено на 6 April 2016.
- ↑ „Hands on i Stockholm AB“. Архивирано од изворникот на 2016-04-26. Посетено на 6 April 2016.
- ↑ Karin Hübinette får nytt jobb Expressen Retrieved 6 April 2016
- ↑ 5,0 5,1 „Hübinette återvänder till Agenda“. svt.se. Посетено на 7 April 2016.
Надворешни врски
уреди- Карин Хубинет на Ризницата ?