Каранфил Дамјаноски
Каранфил Крстев Дамјаноски (1871 во Сливово, Охридско - 5 декември 1943 во Сливово, Охридско) македонски партизан и поранешен член на ВМОРО, учесник во НОБ и Илинденското востание.
Животопис
уредиКаранфил Крстев Дамјаноски е роден во селото Сливово. Во 1903 година учествувал во Илинденското востание, во реонот на Дебарца, Заедно со Смиле Војданов, Дејан Војвода, и други дебрчани. Во текот на Втората војна ја продолжил својата активност за ослободување на Македонија. Во НОБ се вклучува од 1942 година, заедно со целото свое семејство. Загинува на 5 декември 1943 година, во родното село Сливово, балистите го запалиле селото Сливово, додека убиен бил Каранфил Дамјаноски.[1]