Канабидиол
Канабидиолот (скратено е CBD, КБД) спаѓа во групата на супстанции наречени канабиноиди кои природно се појавуваат во растенијата канабис. За разлика од тетрахидроканабинолот TХК, кој е најпознатиот канабиноид, КБД ги нема истите психоактивни ефекти бидејќи директно не ги стимулира СВ1 и СВ2 канабиноидните рецептори.[1] КБД се наоѓа во скоро сите сорти на канабис. Содржината на супстанцијата во растението варира од количина во трагови до околу 95% од присутните канабиноиди.
Историја
уредиПрвите обиди за изолирање на активната состојка од канабисот датираат од 19 век. Канабидиолот за прв пат беше подетално проучуван во 1940 година во Минесота. Хемиската формула на КБД е добиена со одвојување од дивиот коноп. Неговата структура и стереохемија беа официјално дефинирани во 1963 година.
Ефекти
уредиВо 2017 година Светската здравствена организација ја прогласи КБД за состојка што не предизвикува зависност, со добар безбедносен профил и со терапевтски придобивки.[2]
Од 2019 година, се појавија докази дека канабидиолот има значителни невролошки ефекти врз луѓето[3][4] и се користи во САД и во Европската унијаза за лекувањето на одредени видови на епилепсија (Dravet синдром, синдром Lennox-Gastaut, туберозна склероза).[5][6] Постојат широко распространети тврдења дека КБД исто така помага во лекувањето на дијабетес и Паркинсонова болест, но нема научни докази за таквите ефекти на канабидиолот.[7][8]
Во септември 2019 година, Светската антидопинг агенција (ВАДА) го отстранува КБД од листата на забранети супстанции.[9]
Наводи
уреди- ↑ „Cannabidiol displays unexpectedly high potency as an antagonist of CB1 and CB2 receptor agonist“. researchgate.net. Посетено на 2022-03-31.
- ↑ „A World Health Organization perspective on cannabidiol (CBD)“. openaccessgovernment.org. Посетено на 2022-03-31.
- ↑ „Clinicians' Guide to Cannabidiol and Hemp Oils“. mayoclinicproceedings.org. Посетено на 2022-03-31.
- ↑ „Cannabinoids for the treatment of mental disorders and symptoms of mental disorders: a systematic review and meta-analysis“. thelancet.com. Посетено на 2022-03-31.
- ↑ „FDA Approves First Drug Comprised of an Active Ingredient Derived from Marijuana to Treat Rare, Severe Forms of Epilepsy“. fda.gov. Посетено на 2022-03-31.
- ↑ „Epidyolex“. ema.europa.eu. Посетено на 2022-03-31.
- ↑ „USE OF CANNABIDIOL (CBD) FOR PD SYMPTOMS“. apdaparkinson.org. Посетено на 2022-03-31.
- ↑ „CBD & Diabetes“. diabetes.org. Посетено на 2022-03-31.
- ↑ „Marijuana FAQ“. usada.org. Посетено на 2022-03-31.