Каменица (бугарски: Каменица) — една од најпродаваните бугарски компании за пиво, со седиште во градот Хасково. Основана е во 1881 година и моментално е во сопственост на мултинационалната компанија Молсон Корс. Пиварницата има широк спектар на лагер и темни пива. Нејзиниот слоган е „Мъжете знаят защо“ што во превод значи „Мажите знаат зошто“.

Пиво Каменица

Каменица имала удел од 18% од бугарскиот пазар на пиво во 2005 година.[1] Компанијата е спонзор на фудбалската репрезентација на Бугарија.

Каменица моментално има шест марки: Лесно (4,4% алкохол), Темно (6% алкохол), безалкохолни, пченично и Фреш (со вкус на лимон и грејпфрут, 2,1% алкохол).

Наводи

уреди
  1. Кръстева, Невена (2006-02-07). "Каменица" залага на нови опаковки“. Dnevnik (бугарски). Посетено на 2023-07-29.