Камбани бијат сред Баница

македонска народна песна

„Камбани бијат сред Баница“македонска народна песна. Песната е посветена за злосторот над Македонците од село Баница во 1947 година, кога во одмазда за тоа што се бореле на страната на анти-фашистичката Демократска армија на Грција (ДАГ), биле на сила собрани пред селската црква и однесени во леринскиот затвор. Набрзо потоа, мажите се депортирани на неколку голи грчки острови, а жените и децата со пукотници избркани во планините (во селото Невеска), без да смеат да се вратат назад во своите домови.

„Камбани бијат сред Баница“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина5:02 (Петранка Костадинова)
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

Текст

уреди

-Камбани бијат сред Баница,
народот да се собере
во црква Свети Димитрија.

Делба ми прават душмани,
татковци, браќа, синови,
во пусти острови ги праќаат.

Мајки, невести, мали дечиња,
сите в' планина ги отераа,
в' планина, село Невеска.

Вас не држи село Невеска
враќајте се, еј Баничани,
враќајте се во село убаво.

Надворешни врски

уреди