Каматен фјучерс (англиски: Interest rate futures) — фјучерс договор кој гласи на финансиски инструмент со каматна стапка.

Одлики

уреди

Каматниет фјучерси гласат на разни инструменти кои носат камата. На пример, еден од најзастапените видови каматни фјучерси се оние кои гласат на евродоларската каматна стапка, а со кои се тргува на Чикашката стоковна берза (Chicago Mercantile Exchange, CME). Овие фјучерс-договори гласат на хипотетички евродоларски депозит во вредност од еден милион долари и со рок на достасување од 90 денови. Роковите на извршување на овие договори се третата среда од март, јуни, септември и декември, а последниот ден на тргување е два работни дена пред рокот на извршување. Сепак, овие фјучерс-договори воопшто не се извршуваат со вистинска испорака на евродоларски депозити, туку нивната исплата се врши во пари, односно на последниот ден од тргувањето се наплаќа или се плаќа добивката или загубата на сметката на инвеститорот. Цените на овие фјучерси се изразени во индексни броеви изведени од тримесечниот ЛИБОР. На пример, ако цената на еден фјучерс изнесува 93,24 тоа значи дека каматната стапка е еднаква на 6,76 %. Најмалата промена на цената е еден базичен поен чија противвредност е 25 долари.[1]

Наводи

уреди
  1. Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick, International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 231-233.